Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Мене не ме интересира дали со овие загуби во опрема и луѓе, им се исплати на Русите, со вакво темпо да освојуваат.
Ја не мислам дека темпото е споро.

Какви и да се загубите на Русите, ние секојдневно гледаме напредок на мапа, во Донбас. Тоа е факт.

Бил Клинтон се бунеше за спориот напредок. Може да се види и да пресмета, колку е спор тој напредок. Откога ги освоија Изјум и Попасна, до сега, колку у просек напредуваат Русите и според тоа колку време ќе им треба да се спојат. Тоа ни од далеку не гарантира точна проценка, затоа што ако колата почне да се тркала низбрдо, брзината друга ќе биде. Но, сепак, може да се види, отприлика, ако продолжат со ова темпо, кога ќе ги опколат.

Исто, он од книга соопшти како се прави офанзива и тоа е ок, но, не приемтил никаква разлика од прва до втора фаза. Не приметил разлика во употребата на артилерија, природата и карактеристиките на линиите на снабдување и др.
Све тоа на купче го ставил. А има има разлика од прва до втора фаза.
1.А што би било за тебе споро темпо
2.дали мислиш дека единствен показател дека загубите имаат стратешко влијание е ако не успеат во донбас?
3.дали болдов може да го образложиш подетално
honest questions без задни намери
исто мислам дека исплатливоста на сето ова неможе да излезе од математиката и е не сериозно да се отпише од генералната слика само оти не одговара
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.024
Поени од реакции
83.448
1.А што би било за тебе споро темпо
2.дали мислиш дека единствен показател дека загубите имаат стратешко влијание е ако не успеат во донбас?
3.дали болдов може да го образложиш подетално
honest questions без задни намери
1. Споро темпо е тоа кое нема да може да се подржи стратешки. Мене, сега за сега, не ми личи дека, во оваа фаза, Русите ги имаат истите проблеми со логистика, како во прва.
Види вака - секој ден гледаме напредок. Толку.
Ти викаш имаат мнооогу губитоци Русите, ја гледам секој ден нови освоени места. Која е функцијата на нанесување на губитоци на непријателот, ако не е спречување на остварување на неговите цели во војната? Сигурно поентата на нанесување губитоци не е за да му се смееш на противникот дека ти имаш, а он нема.
Кога ќе сопрат со напредокот во Донбас, кога ќе почнат во Донбас Украинците континуирано да ослободуваат села, наместо да губат села, тогаш би се видело дека руската машина е издишана. Кога не би успеала операцијата во Донбас, сметам дека Русија нема да има потенцијал за трета офанзива. Човечки потенцијал, пред се (освен ако не мислат да прават општа мобилизација). И можеби, во тој случај, привремено би завршила војнава, но со доста територии зијан за Украина. Тоа дека Украина ќе ги истера Русите од своја територија е една од најнаивните фантазии во украинскиот камп, кој изобилува со такви.

2. Да. Поточно, ако не успеат во остварување на целите на војната. Донбас е тука клучен, лесно се објаснува тоа.

3. Всушност и најавив дека ќе зборам за тоа, како продолжение на овој пост. Тоа би било поопширно.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Ме потсети на клипов бе да си ибиш векот :ROFLMAO:

Иначе у таа твојата стручна литература сигурно има фраза и за долга војна. Она долга како long covid нешто.
Само не како на САД у Авганистан, што целта им испадна дека им е да ги донесат прогресивните талибанци на власт.
Туку оваа е со точно определени цели, кои што ги имаш на секој брифинг на РФ, и истите ќе бидат, а и полека но сигурно се остваруваат. Да, педа по педа ама ако пратиш секојдневно, можеш да го следиш тој напредок.
прво, фала за клипот, ме насмеа, иако мене ме тролаш
второ
општо познато е дека Авганистан е поголем fuck-up и од Виетнам, па интересно е што споредуваш Америчка глупост во планирање со Руска глупост во планирање. Тотален промашај.
трето
Авганистан беше Light footprint intervention без резервен план Б. Од кога планот пропадна, дваесет години америте без компас лутаа во просторот.
Целта на Авганистан беше оправдување за интервенција во Ирак. А целта на Ирак беше да пропадне државата Ирак за да не извезува толку нафта. Исто како Либија, Алжир, Египет и Сирија. Уништи ја конкуренцијата, крени ја цената на нафтата.
Авганистан беше тотален промашај а Ирак е делумен успех, ама ова е стратегија а не тактика.
така можеби функционира во некоја читанка за воена академија, но у пракса не иде така работата.
У пракса функционираше во двете ирачки војни, во втората битка за Грозни, во Панама, во Гренада, во Либија два пати, во Југославија 99, во Украина 2014 за Крим и Донбас....
изговор си е изговор, кога високата команда ќе усере изговор си има секогаш
Русите боледуваат од некаков синдром на контролирано уништување, во смисла дека сакаат да освојат територии, но со минимална материјална и уште поважно, најминимална - по можност и никаква - колатерална штета.

Немаат завршено американска воена школа за брзо да свршуваат со осиромашен ураниум и килимско бомбардирање.

И јас сум изненаден од самиот почеток, цивилно население протестира пред тенкови и успеваат да извадат живи глави од такви места, не ми текнува да сум видел такви сцени во Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, Јемен, Сомалија и слични места каде што американскиот пламен на слободата и демократијата има изгорено се` и сешто.
Русите тепих го направија и Вилниус, и Грозни, и Алепо, и Хомс, и Хама и Мариупол, ама ај ќе си намигаме.

Поткалибарно зрно со осиромашен ураниум е измислен од Русите и користен секојдневно од сите страни без исклучок, дури и АРМ на Северџанија во Т72. Она што сега америте го викаат hvapfsds ( high velocity armour piercing fin stabilized sabot) или кратко Sabot го измислија светите ти Руси за Т62 со 100мм топ. Ѕверска работа од зрно, Америте го препознаа потенцијалот и направија цела доктрина околу него. Ама ни Русите не се цвеќе за мирисање, глупердите војуваа околу Чернобил, Алооо Чернобил.
Русите се побрутални од Американците во војување и во доктрина. Американците војуваат почесто па затоа изгледаат побрутални, оти сегде носот го мешаат, во крв се до рамења.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
прво, фала за клипот, ме насмеа, иако мене ме тролаш
второ
општо познато е дека Авганистан е поголем fuck-up и од Виетнам, па интересно е што споредуваш Америчка глупост во планирање со Руска глупост во планирање. Тотален промашај.
трето
Авганистан беше Light footprint intervention без резервен план Б. Од кога планот пропадна, дваесет години америте без компас лутаа во просторот.
Целта на Авганистан беше оправдување за интервенција во Ирак. А целта на Ирак беше да пропадне државата Ирак за да не извезува толку нафта. Исто како Либија, Алжир, Египет и Сирија. Уништи ја конкуренцијата, крени ја цената на нафтата.
Авганистан беше тотален промашај а Ирак е делумен успех, ама ова е стратегија а не тактика.

У пракса функционираше во двете ирачки војни, во втората битка за Грозни, во Панама, во Гренада, во Либија два пати, во Југославија 99, во Украина 2014 за Крим и Донбас....
изговор си е изговор, кога високата команда ќе усере изговор си има секогаш

Русите тепих го направија и Вилниус, и Грозни, и Алепо, и Хомс, и Хама и Мариупол, ама ај ќе си намигаме.

Поткалибарно зрно со осиромашен ураниум е измислен од Русите и користен секојдневно од сите страни без исклучок, дури и АРМ на Северџанија во Т72. Она што сега америте го викаат hvapfsds ( high velocity armour piercing fin stabilized sabot) или кратко Sabot го измислија светите ти Руси за Т62 со 100мм топ. Ѕверска работа од зрно, Америте го препознаа потенцијалот и направија цела доктрина околу него. Ама ни Русите не се цвеќе за мирисање, глупердите војуваа околу Чернобил, Алооо Чернобил.
Русите се побрутални од Американците во војување и во доктрина. Американците војуваат почесто па затоа изгледаат побрутални, оти сегде носот го мешаат, во крв се до рамења.
Колку и да сака да се прикаже, па дури колку и да посакува Путин така да биде, Руската политика и геостратегија не е континуитет на Советската. А Советската доктрина имаше влијание во првата Чеченска војна, после тоа ја напуштија таа брут форс доктрина на војување. Види ја втората Чеченска војна, Грузија, Сирија... за Украина рано е сеуште да се каже, да видиме прво како ќе се одвива, но и покрај силните обиди на западната пропаганда секој потез на Украинците да се прикаже како победнички, веќе се надзира победата. Не се знае само точно на каква скала ќе биде.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Колку и да сака да се прикаже, па дури колку и да посакува Путин така да биде, Руската политика и геостратегија не е континуитет на Советската. А Советската доктрина имаше влијание во првата Чеченска војна, после тоа ја напуштија таа брут форс доктрина на војување. Види ја втората Чеченска војна, Грузија, Сирија... за Украина рано е сеуште да се каже, да видиме прво како ќе се одвива, но и покрај силните обиди на западната пропаганда секој потез на Украинците да се прикаже како победнички, веќе се надзира победата. Не се знае само точно на каква скала ќе биде.
Јас мислам обратно од тебе ама не е се така црно бело.
Доктрината е за џабе ако не еволуира и тоа се примети измеѓу двете чеченски војни многу јасно.
Доктрината не може да се смени радикално ако не го смениш вооружувањето и структурата по формација.
Вооружувањето дизајнирано по советска доктрина не се смени а не се смени ни персоналот по формација. Ја модернизира а тактиката и делумно оперативното делување.
Геостратегијата е друг момент и независен од првите две.
Ако беше цел, а не е, падот на Зеленски и нацистите, таа победа нема да ја видите.
Ако беше цел Украина да се унаказа и да и се одземат новонајдените нафтени и гасни полиња, целта е веќе остварена. Остатокот е излез од борбените дејствија и да се продаде до крај глупата приказна за денацификација.
Путин е најпаметен прагматичар во поновата историја, мислам дека и овој пат маестрално изигра ама го изневери војската многу
 
filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
338
Поени од реакции
399
И јас сум изненаден од самиот почеток, цивилно население протестира пред тенкови и успеваат да извадат живи глави од такви места, не ми текнува да сум видел такви сцени во Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, Јемен, Сомалија и слични места каде што американскиот пламен на слободата и демократијата има изгорено се` и сешто.
Вуковар замисли да протестираа не времето
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Поткалибарно зрно со осиромашен ураниум е измислен од Русите и користен секојдневно од сите страни без исклучок, дури и АРМ на Северџанија во Т72. Она што сега америте го викаат hvapfsds ( high velocity armour piercing fin stabilized sabot) или кратко Sabot го измислија светите ти Руси за Т62 со 100мм топ. Ѕверска работа од зрно, Америте го препознаа потенцијалот и направија цела доктрина околу него. Ама ни Русите не се цвеќе за мирисање, глупердите војуваа околу Чернобил, Алооо Чернобил.
Русите се побрутални од Американците во војување и во доктрина. Американците војуваат почесто па затоа изгледаат побрутални, оти сегде носот го мешаат, во крв се до рамења.
Е па во таа туѓа крв во која се дават американците лежи зајакот.

Кога силеџија се прави силен на кого сака, колку сака и до кога сака, прашање на време е кога ќе се соочи со отпор, бидејќи сепак луѓето не трпат до бескрај, секогаш има граница на теророт која човечкиот мозок може да ја истрпи, а откако силеџијата ќе ја премине и таа граница, следуваат последици за неговите/нејзините силеџиски постапки.

Затоа Русите не се прават силни кога и каде ќе им текне бидејќи очигледно си имаат поставено граница, Кинезите уште помалку, додека Британците, Французите и швабите изгледа се задоволни да им бидат привезок на американците, притоа заборавајќи дека како што им следува дел од пленот во случај на победа, така ќе им следуваат и одговорноста и цехот за плаќање во случај на пораз.

Единствени мирољубиви војски можат да бидат тие кои не убиваат, а САД и Русија не спаѓаат во таква категорија на вооружени држави.
 
Не сум те сметал за романтичар, мирољубиви војски.
исти срања се и едните и другите, ама како шо рече шапшалот Рамсфелд "војуваш со она што го имаш не со она што го посакуваш"
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Не сум те сметал за романтичар, мирољубиви војски.
исти срања се и едните и другите, ама како шо рече шапшалот Рамсфелд "војуваш со она што го имаш не со она што го посакуваш"
Јас не сум романтичар, туку токму спротивното - реалист сум.

Во случајот со Русите, можеш да кажеш дека војуваат со тоа што го имаат, но дефинитивно не со се` што имаат. Сепак се обидуваат да ја задржат војната на регионално ниво.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Јас мислам обратно од тебе ама не е се така црно бело.
Доктрината е за џабе ако не еволуира и тоа се примети измеѓу двете чеченски војни многу јасно.
Доктрината не може да се смени радикално ако не го смениш вооружувањето и структурата по формација.
Вооружувањето дизајнирано по советска доктрина не се смени а не се смени ни персоналот по формација. Ја модернизира а тактиката и делумно оперативното делување.
Геостратегијата е друг момент и независен од првите две.
Генерално се сложувам со ова, но ако го пратиш развојот на воената техника на Русија, може да се каже дека имаше пресврт некаде 2004-2005, кога доста од иновациите наменети за конвенционално војување беа запрени и се удри фокус на тактичкото и стратешкото вооружување. Додека конвенционалното се фокусираше на одредени конкретни сегменти.

Ако беше цел, а не е, падот на Зеленски и нацистите, таа победа нема да ја видите.
Ако беше цел Украина да се унаказа и да и се одземат новонајдените нафтени и гасни полиња, целта е веќе остварена. Остатокот е излез од борбените дејствија и да се продаде до крај глупата приказна за денацификација.
Путин е најпаметен прагматичар во поновата историја, мислам дека и овој пат маестрално изигра ама го изневери војската многу
Е со ова не се слагам. Знам дека сум еден од ретките на форумов, ама јас ја застапувам тезата дека првата фаза е доста успешна и дека северниот фронт беше само маневар. Има многу индикации кои го потврдуваат тоа. Да почнеме од почеток.

1. Цел фокус на Американското разознавање беше на северната граница. Цело време САД збореше дека ќе се нападне од северот и цело време видеата што се пуштаа на трупање на воена технинка беа од северната граница. Се створи впечаток дека Русија ќе удри на Киев.

2. Проблеми со логистика на 100 километри од граница? Огромни конвои со возила со оперативен радиус на дејство од 500-1000 километри останале без бензин на 100 километри од граница? Додека на Југ, каде што реално логистиката би требало да е потешка, цела логистика тече како подмачкана. А најчудна работа за еден заглавен конвој од такви размери е како исчезна преку ноќ.

3. Нема никакви сериозна офанзива за влез во Киев, ниту пак за Харков. Во цел тој масивен северен дел (појасот Харков-Киев) учествува не повеќе од 30К војска. Единствена сериозна воена активност е првиот ден завземање на аеродромот и Чернобил. Додека на југ офанзивата си тече без посериозен застој.

Првата фаза беше фокусирана на триаголникот Керсон, Мариопол и Енергодар. Стратешка задача: поврзување на Донбас со Крим.

Дури и цела западна пропаганда на подценување на Русите во оваа операција е во корист на Русија. Украинското раководство осоколено од лажна надеж и лишено од секаква објективна слика на случувањата, се подлабоко загазува во тињата и губи се повеќе од својата територија засекогаш. Не викам дека Украинците не се борат со висок морал и спремност за жртва, ниту пак дека Русија нема жртви. Меѓутоа она што се случува на терен со она што го прикажува западот, нема врска едно со друго. Украина веќе е на апарати, тоа што следи е брутално соочување со вистината која ќе ги девастира вољата и моралот на Украинскиот народ. Да не збориме за изгубениот воен потенцијал на земјата. Можеби ќе им прати западот уште оружје, но кој остана обучен да го користи?
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.886
Поени од реакции
12.994
Може некој да објасни тука на темава од воен аспект што и како би изгледал тој Руски успех на Украина?
Во првава фаза, втора, трета.
Како тоа изгледа?
Баш еве нека земе некој и нека објасни.
Дека тоа анализите ова не чини, овде се повлекуваат, овде го примиле е само продолжување на лаењето на твитераши што пушка во живот не виделе.
Дајте алтернатива, за да не се ложиме на руска пропганда која вели дека тера се по план.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.390

Многу едноставно...ќе го завземат тоа што го наумиле( Новоросија...или делот што фали во споредба со Царска Русија) и ќе објават дека се исполнети целите на операцијата
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.731
Поени од реакции
33.980

Фасцинатно видео, дрон снима директно на украински ров додека руски војници се приближуваат и напаѓаат од поинт бланк со гранати. Долу во ровот се гледа украински војник кој појма нема дека на 2-3 метри се противниците... Шокирачки е како немаат стража а рововите се длабоки, над глава, и противнициве им доаѓаат буквално на пар метри.

Воедно и страотно банални умирања се ова, трагедија. Ги оставаат да гинат и да бидат топовско месо.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Е со ова не се слагам. Знам дека сум еден од ретките на форумов, ама јас ја застапувам тезата дека првата фаза е доста успешна и дека северниот фронт беше само маневар. Има многу индикации кои го потврдуваат тоа. Да почнеме од почеток.
Што знам, вака од временска дистанца ми делува дека Русите ги нападнаа силно од сите страни во првата фаза за да им дадат до знаење на Украинците дека не се шалат и подобро да го обноват Минскиот договор кој истече на 21 февруари доколку сакаат да избегнат војна.
Нели прво месец дена им кружеа на граница но тоа не ги заплаши доволно па на крај им влегоа. Можеби се надеваа дека украинската армија ќе направи некаков пуч и ќе склучат примирје за да си ја зачуваат државата, но тоа не се случи.

Кога видоа дека овие се спремни да гинат, а они влегоа со премалку војска на северот, се повлекоа и сменија стратегија. Тој јуриш на почетокот скапо го платија со многу жртви и не верувам дека им беше баш по план.
Не ја отфрлам опцијата дека нападот на североисток им беше комбинација на маневар да задржат што повеќе украинска војска подалеку од јужниот фронт и воедно да ги присилат на нов Мински договор.

За да биде оваа теза точна, тоа значи дека разузнавачките служби гадно потфрлиле и системот им е трул одвнатре. Инфициран со неспособњаци кои дошле на позиции ради корупција и непотизам и саботери кои ги насанкале дека во Украина ќе се предадат чим видат руски тенк. А како што може да видиме саботажи им се дешаваат во многу градови внатре во Русија исто така.

Мислам дека има вистина во муабетите дека многумина од армијата и ФСБ завршиле во затвор и се прават чистки низ цела држава, што и не е така лошо. Подобро е да се изгорат сега и да се средат внатрешно него ли во иднина во не дај боже поголем конфликт да влезат со смкнати гаќи.

Вторава фаза им оди многу подбро и е само прашање на време кога Донбас ќе падне. И во Сирија одеше пополека и некои битки траеа со месеци или години, ама на крајот ги добија.
Тука ќе видиме колку загуби ќе можат да трпат Украинците, премногу мртви имаат. Најверојатно ќе се држат цврсто се додека Русите не ги освојат Славјанск и Краматорск.

Но прво треба да завршат со Лисчанк и Северодонетск. Кога ќе паднат овие две утврдени места би требало да има брз напредок неколку дена околу околните села и гратчиња како со Попасна што се случи.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.731
Поени од реакции
33.980
Сѐ е разрушено, страшно... :(

Kajgana Shop

На врв Bottom