Војната на патиштата

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.400
Поени од реакции
1.261
Ќе полежи две години и после останатите 3 ќе го пуштат на условно..Крв да му изнаебам на судијата поткупен..
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Е во едно друго општество(социјализам)по кое 90% од луѓето плукаат ова го немаше.

Во сегашново посрано општество ќе украдеш 5м евра,1м ќе дадеш на судијата,1м на јавниот обвинител,1м на полицијата и нешто ситно на адвокатот а остатокот ќе го трошиш по една година откако ќе излезеш од затвор или поголема веројатност е додека си на условно да уживаш со остатокот од еврата.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Таткото на прегазената студентка: Некој друг возел, него го штити „јак“ човек



Таткото на студентката од Крива Паланка која во април беше прегазена на булеварот „Партизански одреди’, кај Универзална сала во центарот на Скопје, се сомневаат дека возачот што сам се пријави, ја возел „хондата“ и се убедени дека некој друг бил зад воланот, некој кој го штити некој „јак човек во државава“.

Родителите на дваесетгодишната Фросина Цековска во петокот се во обвинителството каде ги читале исказите на сведоците на несреќата и ги гледале снимките од камерите кои снимале за време на несреќата. И по пет месеци сé уште истрагата е во тек и нема поднесено обвинение за сообраќајната несреќа.

Според таткото на девојката, Љупчо Цековски папиларните линии од отпечатоците на воланот не се совпаѓале со папиларните линии на отпечатоците на дваесет ишестгодишниот скопјанец кој сам се пријави дека ја предизвикал несреќата.

„Истрагата е насочена против лицето кое се пријавило, но има јаки сомнежи. Недостигот од папиларни линии, бришење на воланот, наоѓање разни отпечатоци на седиштата. Не се совпаѓаат папиларните линии на воланот со папиларните линии на убиецот. Сто отсто друг е“, рече Цековски во изјава за медиумите.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
http://www.time.mk/c/ce63193964/gnevni-roditelite-na-frosina-na-sloboda-e-ubiecot-na-nasata-kerka.html

После 5 месеци излагат у јавност
се дига бука уште у сам старт пола и повеќе од луѓево не ни знаат за што станува збор
Само едно не ми е јасно како спие тој нели го јаде совест бе нели го гризе нешто унатре нели има чуство на вина матер ви ебам бе

200че


+

Обиколницата околу Скопје ќе се затвори од 7 септември, активисти загрижени за еколошкото влијание
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Oној што во наркотизирана состојба згази жена пред некој месец кај ТЦ Зебра во центарот на Скопје доби зaтворска казна од само 5 години иако овде во овој случај истовремено се направени повеќе сериозни прекршувања на законот, поседување и конзумирање на наркотици, возење на моторно возило под дејство на истите, предизвикување општа опасност за сите учесници во сообраќајот и најстрашното дело убиство на случаен пешак ... за толку кривични дела му е дадена максимално најниската казна, исто како оној што со нож го уби лани матурантот во Ѓорче Петров, мислам дека го осудија 3 или 5 години вкупно така нешто ... какви се овие прениски казни за сторени најтешки кривични дела убиства на луѓе !
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.813
Поени од реакции
17.030
Oној што во наркотизирана состојба згази жена пред некој месец кај ТЦ Зебра во центарот на Скопје доби зaтворска казна од само 5 години иако овде во овој случај истовремено се направени повеќе сериозни прекршувања на законот, поседување и конзумирање на наркотици, возење на моторно возило под дејство на истите, предизвикување општа опасност за сите учесници во сообраќајот и најстрашното дело убиство на случаен пешак ... за толку кривични дела му е дадена максимално најниската казна, исто како оној што со нож го уби лани матурантот во Ѓорче Петров, мислам дека го осудија 3 или 5 години вкупно така нешто ... какви се овие прениски казни за сторени најтешки кривични дела убиства на луѓе !
1.Газење на човек се смета за убиство само ако има мотив , и е со отворена намера (а имаше и таков случај).
2.Случајот со матурантот мислам има елементи на самоодбрана, бидејќи убиениот и такому го бркале крадецот,
3. Што се однесува до висина на казните, познат е случајот од 1993 кога платениот убиец го ликвидира директорот на пошта од охридско и неговата сопруга, и тоа во повторен обид, предходно само го ранил. Тој и формалниот ( не вистинскиот налогодавач) се осудени на 15г затвор и си ги одлежаа, случајот се затвори.
4. Кога сме веќе кај платените убиства - ликвидации, случајот ликвидација на цело семејство во 90-тите (бизнисмен од источна Македонија) е затворен пред неколку години од Јанкуловска со образложение дека нема заинтересирани ? ; имено единствениот преживеан, ќерката, која не била дома кога се случила локвидацијата избегала во УСА и не била заинтересирана за откривање на сторителите !!
( всушност се плаши за својата сигурност) ... б.т.в., има познат случај на ликвидација во Скопје, случај Ровер, па се трткаат по судови и апелации.... а јас се сеќавам дека по тоа имаше и една ликвидација во Капиштец, со експлозивна направа беа убиени 2ца луѓе, дојде многу полиција а во близина во ресторанот имало во тоа време и дипломати. Но ништо од овој случај, иако имаше и видео касета која еден граѓанин ја сними од прозор и ја даде на А1, полицијата дојде во А1 и им ја одзема а случајот не се реши, туку и се стави под тепих, а и медиумите не пишуваат повеќе
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.471
Поени од реакции
84.888
СТОП ЗА УБИСТВАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Дали истрагата за Давид ќе се одолговлекува како и истрагата за Фросина?

Полицијата денеска треба да соопшти нешто повеќе за сообраќајната несреќа во која во петокот вечерта загина 13-годишниот Давид од скопската населба Аеродром. По социјалните мрежи веќе почнаа шпекулациите дека истрагата за сторителот и на ова убиство, како и она на студентката Фросина од Крива Паланка, ќе се одолжува.



Полицијата веќе го предаде возилото на М.Л. (47), возачот на возилото „фиат пунто“ кое на Илинденска во петокот го усмрти малиот Давид, на вонреден технички преглед. Засега нема никакви информации за резултатите од увидот. Се надеваме дека нема да ја слушнеме информацијата дека камерите од семафорите не работеле, како што е информацијата за сообраќајката во која загина Фросина на булеварот „Партизански одреди“.

Додека и тоа не биде сторено, очевидци на настанот по социјалните мрежи веќе пишуваат дека немало траги од кочење, дека семафорот само сигнализирал со жолто светло, дека М.Л. зборувала на мобилен, дека се работи за санитарна иснпекторка која некој ќе сака да ја заштити, дека возилото било службено...

Тринаесетгодишниот Давид од скопската населба Аеродром се движел со велосипедот на раскрсницата кај фонтаната во Градски парк и велат дека улицата ја поминувал на пешачки премин кога во него удрило „пунто“. Еден час подоцна, во Ургентниот центар во Скопје малиот Давид почина.

Истрагата треба да покаже со која брзина се движел автомобилот, дали имало траги од кочење, дали скопјанката била под дејство на алкохол, дали детето поминувало на пешачки премин... Многу прашања на кои јавноста очекува брз одговор.

„Стоп за убиствата во сообраќајот!Стоп за убиствата на пешаци и велосипедисти!“, порачаа во саботата на местото на убиството на Давид револтирани граѓани.

Истрагата за загинувањето на Фросина трае повеќе од 5 месеци. На 3 април на булеварот Партизански одреди во Скопје загина 20-годишната Фросина Цекоска од Крива Паланка. Денеска, на 21 септември, се уште нема обвинение. Членовите на нејзиното семејство се сомневаат дека некој влијателен човек ги прикрива доказите за убиството. Полицијата само соопшти дека Љ.Б. било лицето кое ја возело „хондата“ со која Фросина беше покосена.

На разговор во обвинителството на таткото на Фросина, Љупчо Цекоски, му биле покажани снимки од времето на сообраќајната несреќа од претходниот семафор, но не и од семафорите каде што се случила несреќата.


По претходниот разговор во обвинителството Цекоски изјавил дека верува дека биле бришени отпечатоци од воланот и дека некој друг управувал со возилото. „Некој јак човек стои зад ова“, изјави тогаш Цекоски.





Божиновски тврди: Го најдов убиецот на Фросина од Крива Паланка?!

апр 28, 2015Доказ.МкЦрна Хроника


Новинарот Зоран Божиновски на својот фб профил обзнани основани сомневања кој би можел да е типот кој со 160 на саат ја усмрти младата Фросина неодамна кај Универзална сала, Доказ интегрално го објавува ставот со напомена дека не влегува во тврдењето дали е вистинит истиот, но заради поттик на истрагата во РМ го актуелизираме:

Do večerva uspeav da doznaam deka kolata so koa brutalno e pregazena FROSINA C. od Kriva Palanka e sopstvenost na SAŠO BALANČEVSKI (vidi slika!). Vo moment na nesrekata se naodjal na sovozačkoto mesto, a voziloto go upravuval visok funkconer na MVR DPMNE, čie ime ušte ne go znam…..

Liceto što podocna se prijavilo vo policija ne e vozačot vinoven za pogibijata, tuku lice koe se dogovorilo so storitelot da go prevzeme deloto na sebe, za početna suma od 20.000 evra i natamu za sekoja godina zatvor koja ke mu bide (možebi!) dosudena, da dobie ušte po 10.000 evra…..


Slučajot nema da bide rasvetlen dodeka so policijata rakovodi Gorde ŠUPRAJŠ. Lično garantirala maksimalna zaštita na vinovnikot i na dobrovolecot koj pred javnosta izigruva DUBLER, so inicijali…..
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.471
Поени од реакции
84.888
Таткото на Давид се сомнева дека случајот може да остане нерасчистен, возилото било службено, од АХВ
прочитано 5,267 пати
21-09-2015 21:41:13


Велосипед научил да вози во училишниот двор од најрана возраст. Често се случувало со друштво да замине во градскиот парк. Трианесетгодишниот Давид Анѓеловски во петокот со велосипедот не се врати дома. Беше прегазен на булеварот Илинденска, пренесуваТелма.






Фиат „Пунто“ кое се движело од правец на владата, налетало на момчето кое во тој момент се наоѓало во втората коловозна лента на пешачкиот премин кај градската фонтана. Од ударот со десното крило велосипедотодлетал педесетина метри, а Анѓеловски останал да лежи повреден на асфалтот. Таткото на Давид, уверува – „Мојот син ги знаеше и ги почитуваше сообраќајните правила“.

Тврди, дека со возилото управувала жена со инцијали М.Л. кои ги потврди и полицијата. Поради емотивната состојба во која се наоѓа тој не можеше да деде изјава пред камерата, но тврди дека возачот воопшто не го забележала Давид на пешачкиот премин.

Меѓу некролозите е и овој од семејството Лукаревски тие не се роднини на Давид, а таткото се сомнева дека тоа е семејството на жената која го прегази.






Траги на кочење немаше ниту на булеварот. Според него возилтоот е службено, на Агенцијата за храна и ветринарство каде што е вработена. Па затоа се сомнева дека и овој случај може да остане нерасчитен, а правдата задоцнета или воопшто да ја нема.

Очевидците кои за сега сакаат да останат анонимни за Телма потврдуваат дека во тој момент на семафорот трпкало жолто светло, што пак според Сашко Анѓеловски е една и од причините за инцидентот. Оваа ситуација е честа на буелварот „Илинденска“.

„Владините и други државни функционери се најчеста причина за нефункционирањето на зелениот бран на булеварот „Партизанска“. Повеќепати дневно владината служба за протокол во соработка со сообраќајната полиција ги исклучуваат семафорите за да помине некој функционер кој оди до своето работно место и назад“.

Ваквиот став на градоначалникот Коце Трајановски кажан неодамна како да не ги предупреди надлежните од МВР

За Телма од кабинетот на Трајановски, денеска велат дека град Скопје ги обезбедил сите услови за одвивање на сообраќајот на булеварите. На Илинденска е поставена соодветна светлосна сигнализација, коловозот е обележан, булеварот е проширен, а има соодветни пешачки и велосипедски патеки. Се останато е во надлежност на МВР велат од град Скопје. Скопјани револтирани поради се почестите сообраќајни несреќи.

Давид е 66-та жртва во сообраќајна незгода за последните 6 месеци. Повеќето од случаите не се процесуирани и стојат во фиоките на обвинителството и судовите. Многу родители скршени од болка ја чекаат правдата и се надеваат на правично судење. Сликите од Давид се на социјалните мрежи што предизвика револт и спонтани граѓански протести.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Процедурава со која стокава светска си оди дома/на работа и притоа се блокираат сите улици поради давање предност и гасењето на семафорите треба да се укине. Поглупо нешто немам видено.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Маја Лукарева - инспектор за храна и ветеринарство
Една од низата што ќе поминат неказнето, и паќ ќе го загрозуваат животот на учесниците во сообраќајот. За ваквите само родителот да си ризикува 15 години од животот (и онака уништен) и да ја прати таму горе да му бара прошка на детенцето.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.450
Поени од реакции
39.081
И еве сега ја знаат која е со име со презиме , зошто таткото не направи покољ? Стварно не ги разбирам некои луѓе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom