Војната на патиштата

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
БМВ-то ми изгледа дека го има удрено на пешачкиот ама го нема префрлено преку хауба туку зашто е висока колата, чоеков има отидено доле испод тркала, најверојатно затоа и браникот е паднат доле. Дистанцата каде е застаната колата и починатиот одговара на удар на пешачкиот.

И на видеото од Канал 5 се гледа дека полицајците обележуваат и мерат кај пешачкиот премин.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.619
Поени од реакции
5.134
Дур не направат минимална казна затвор од 15 години за усмртување на пешак на пешачки премин, ова ќе се дешава... за жал.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.541
Поени од реакции
62.434
Само сакам да потенцирам дека увек постои шанса џипот да е препордаден пред да се нафрлате сите на таблоидите..
100% сигурност дека таа возела. Џипот го имаат повеќе од 10 години. Има 1% шанса дека го ПРЕ-продале.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.271
Поени од реакции
973
Нашите улици се дизајнирани да има вакви дешавки. Едноставно е немаме сообраќај ова не личи на ништо. Калабалак тежок сме. Баш прееска возев од Лисиче, Кисела Вода, Пржино, Црниче, Водно, Козле и пак до Кисела Вода. Ние луѓе немаме сообраќај имаме буткање. Башка да не зборам дека од Кисела Вода до Водно нема пешачки луѓето на улица одат со колички за деца паркирано кој кај му прдне, се буткаат да поминат.

Мое мислење е дека допрва почињаат несреќиве. Ќе гледаме цел живот вакви несреќи. Сите индикации кон тоа водат. Нема спас за нас.

Жално.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.423
Поени од реакции
4.253
Нашите улици се дизајнирани да има вакви дешавки. Едноставно е немаме сообраќај ова не личи на ништо. Калабалак тежок сме. Баш прееска возев од Лисиче, Кисела Вода, Пржино, Црниче, Водно, Козле и пак до Кисела Вода. Ние луѓе немаме сообраќај имаме буткање. Башка да не зборам дека од Кисела Вода до Водно нема пешачки луѓето на улица одат со колички за деца паркирано кој кај му прдне, се буткаат да поминат.

Мое мислење е дека допрва почињаат несреќиве. Ќе гледаме цел живот вакви несреќи. Сите индикации кон тоа водат. Нема спас за нас.

Жално.
Една фатална мана е што ја имам обзервирано поќе пати:Семафори во празен од. Т.Е. особено на партизанска, заради лошо синхронизирање, семафоров седи на зелено, а најблиските коли(осим 5-6 заостанати) се 500-700 метри оддалечени. За пешаци црвено...кои 70% го игнорираат. Едниве се фрустрираат, другиве се глупираат и накрај двајцата испаѓаат непромислени и следи сообраќајка.
Друга работа е катастрофа дизајнот за некои раскрсници.
Едноставно не. Не се наменети за луѓе ни за коли.
И секако..полицијата. Ќоја позаинтересирана е да пуни квота него да засилува закон. На која и фалат возила...
Постои време...околу 4-5 саатот попладне, се монтираат сите цајкани околу некои раскрсници во центар (судска-мавровка, кај железничка, ист гејт, државна, и апсолутно се затиња сообраќајот. Не знам дали они го прават или заради идиоти што се прават паметни и блокираат лента...
или двете...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Памтите кога Обиџуко Пајакот се фалеше дека 2020-та сме имале најмалку сообраќајки и најмалку жртви?

Е па еве го сега потпаролот на МВР во живо на вести истото го повтара како папагал, при што го занемарува фактот дека во 2020-та имавме неколку месеци дневно и ноќно ограничување на движење кога 90% од населението не смееше да излезе од дома.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.482
Поени од реакции
2.351
Пешачкиов едноставно не треба да постои. Еден од најнебезбедниве во цело Скопје. Подобро да направат надземен премин на тоа место, и онака има доволно простор за такво нешто.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Иначе, да не бидам после војна генерал, ама треба и пешаците малку повеќе да внимаваат дури и кога поминуваат на пешачки.
Не бе па ти, нема потреба, возачот е секогаш кривиот, внимавал пешакот или не внимавал. Не ги читаш другиве?
не верувам дека пешакот бил толку мрднат да рипне од позади елките.
Нема толку мрднати пешаци не зафркавај возачот е крив.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Па многу веројатно по џипов и таблициве да стане збор за шипуринка, кој ја би искористил ситуација и би му проверил од каде приходи за ваков џип.
И освен тоа, да се маваат со камења автобусите за Сарај, Арачиново и Студеничани и да се запалат неколку продавници во Ѓорче, за да биде правдата задоволена.

Инаку треба пешачките премини да бидат видливи, а не да ти се кријат пешаци позади зеленила, жардињери, столбови, бандери, има безброј замки по градот.
И тие што се паркираат пред пешачки премин.
И тие што стапнуваат на пешачки премин без воопшто да остават впечаток дека имаат намера да поминат, одеднаш се фрлаат на пешачки премин како што одат по тротоар.
И тие со точаци и тротинети залетани со полна брзина.

Шоферот ја следи брзината на возилото, знаците, ретровизорите, пешаците... не е едноставно.
 
Последно уредено:
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.148
Поени од реакции
35.201
12208739_10206616010412831_9132326906562057586_n.jpg



Сликава е од пред 6-7 години, а локацијата е само на 100тина метри од денешната локација каде што е удрен пешакот. По тоа што гледам слично е годиштето како на господинов од сликава, и ако стварно ги прерипал жардињерите за да помине улица, тогаш не знам што да кажам. Треба да се слушне и другата страна.

Дека немаме сообраќајна култура немаме, ама дека и како обични пешаци сме говеда од луѓе сме. Поминуваат каде им дојде, прерипуваат огради и слично и после гинеле пешаци, епа ако се наогаш во средишниот дел од булеварот пополнет со цвеќиња и пробуваш да поминеш улица тогаш извини ти не си пешак, ти се одзема тоа право, ти си една обична будала.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.423
Поени од реакции
4.253
Шо се десило во ново лисиче?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Screenshot_20220126_200847.jpg

Ништо чудно стариот да прелетал во нинџа стил иако возачот е со БМВ камион.Пошо поназад на некои мислења се коментираше дека шириме стереотипи, за мамини тстини деца со бесни коли.
Дедето ќе да глумел Супермен во случајов.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.811
абе видов слика на фб, напред џипот не е чепнат. Доле браникот е скршен само. Еве линк

Едно сценарио, рипал па паднал и на него налетал џипот. Но како што веќе рекоа, зошто некој таму би скокал жардинера, пешачки има на неколку метри.
Замисли сега да имаа дешкам снимка во колата... Веднаш ќе знаевме што се десило. Ама во Р. Македонија наводно снимањето со камера во кола било строго забрането, или така барем некои тврдат (пошто јас закон за тоа не сум видел).
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.148
Поени од реакции
35.201
Што правиме тогаш во ваков случај? Ако до сега беа татини синчиња, издрогирани, пијани што газеа луѓе на пешачки, сега во случајов е жена што не верувам дека била издрогирана и пијана и дивеела низ улиците на Скопје. Дали ќе ја ставиме во исти кош со другите "убијци" и ќе и судиме исто, само затоа што на некој индијанец му текнало да прерипува жардињери, наместо да помине на пешачки премин?

Ако веќе се радикализираат законите за возачите, тогаш треба дупло да се радикализираат законите за пешаците.

Не дај боже, но секој може да се најде во ваква ситуација, да ти изирпа некој од страна од која не очекуваш и да го оставиш на место.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom