Пак се потврдува дека на булеварот на пешачки, пешакот мора да ја изгуби предноста за проаѓање, односно да проаѓа само кога нема возила, затоа што кога има возила оној што го пропушта креира мртов агол и опасност по секој еден учесник во сообраќајот.
Тоа што ти го пишуваш, за булеварите и протокот, ок е. Но ова за губење на предност не ти е во ред, посебно на Партизанска каде од 2те страни имаш згради и голема концентрација на население и бизниси. По твоево кога на Партизанска не работат семафорите, пешак ќе ја пројде кога ќе се расчисти гужвата, а тоа е после 18ч.
За другите работи што ги објаснуваш, баш поради сите тие фактори, шоферите каде има концентрација на население, треба да возат под 60, а не како оправдување да бидат, затоа што автомобил = оружје.
Шоферите што не застануваат пред пешачки, кога во другите ленти застанале, таквите би требало а ги начека џандар, на камера, веднаш некоја голема казна, пред да бидне некој проблем
Суштината е сите ние, шофер, пешак, велосипедисти (90% од точкариве се посебно ретардирани и надркани) како учесници
мора да внимаваме.
Во случајов, што корист од тоа што законот е на страната на жртвата и преживеаниот? Еве и Владе што вика во право биле....
Treto pesakot e sekogas vo pravo, posebno na pesacki. Sekogas.
Во право да. Ама што фајде од тоа бе Владе...
Пешаците треба да се највнимателни, зашто се работи за сопствениот живот. Многу пати сум бил сведок како луѓе проаѓаат на пешачки (и јас неколку пати сум поминал ко зомби) зјапајќи во мобилниот, наместо да биде "буден" и да гледа дали колите застанале/намалиле брзина. Не знаете кој седи позади воланот, дали внимава и дали возилото е исправно.
Ако не дај боже дојде до судар, што ако ви исплати оштета и одлежи во затвор, кога од ударот цел живот ќе имате здравствени (физички и психички ) проблеми, кои со пари не се решаваат. Во конкретниов случај, што ако законот е на страната на паров...
Девојката бог да ја прости, жива и фамилија, ама нема враќање, а толку и од нејзината фамилија. Дечкото цел живот ќе му останат психичките трауми. Шоферов, ќе одлежи некоја година и толку, ама ќе продолжи животот за него и фамилијата.