Вонредно генерално собрание на ФФМ: Илчо Ѓорѓиоски едногласно избран за претседател на ФФМ!

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
На пресконференцијата некни излегоа претседатели на 10 општински фудбалски сојузи против Хари, денеска па делегатите од тие сојузи гласаа за Хари:facepalm:. Овој човек никад нема да го сменат.
Тоа е релноста јак е ко путин :) шала на страна стврно е не победлив се додека платини е главен хари ќе си седи у фотељата тоа е релноста за жал
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.336
Поени од реакции
8.388
На пресконференцијата некни излегоа претседатели на 10 општински фудбалски сојузи против Хари, денеска па делегатите од тие сојузи гласаа за Хари:facepalm:. Овој човек никад нема да го сменат.
oti taka mislis ?
http://ffm.com.mk/aktivnosti/odrzhano-redovnoto-generalno-sobranie-na-ffm-2612
od ova sto go procitav gledam deka ne usvoile toa sto sakal
Делегатите на Собранието го прифатија предлогот да не се гласа за промените и дополнувањата на Статутот на ФФМ со што оваа точка беше симната од дневниот ред
hari i vo go ebaa planot ova e samo prv cekor(samar) za nego i ako ne se trgni sam ke go smenat so sila
--- надополнето: 28 април 2012 во 17:08 ---
ps.samo zaeban e majmunot sto odma si nadopolnuva so novi delgati ete denes opnal uste novi 5 garant negovi luge taka da ke bidi tesko za da go smenat no nadezta posledna umira
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.336
Поени од реакции
8.388
Досие ФФМ (1): се „војува“ само за парите, фудбалот е само параван

30
АПР 2012​
11:59​



Делегатите гласаат „ЗА“ се додека имаат личен ќар, а кога тоа ќе престане – веднаш менуваат табор
Откако во саботата се одржа редовното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија на кое не се случи ништо драматично, станува јасно дека војната, прозивките и клеветењата што ги чувме во последните десет дена воопшто не биле за доброто на фудбалот, туку само за доброто на сопствениот џеб на тие што сакаат промени, но и на тие што се бранат да останат во фотелјите. Правило е опозициски делегати да стануваат тие што во одреден момент нема да го добијат тоа што го планирале (читај: пари), па веднаш го менуваат таборот, се гледаат попреку со довчерашните сојузници, реагираат на небулози кои до вчера им биле сосема нормални. И се тоа поради личен ќар. Секако, чест на исклучоци, кои едвај можат да се избројат на прстите од едната рака. Но и тие кутрите, се претопени во масата профитери што се гласачка машина – било за едната или за другата страна.
Затоа, и едните и другите изгледаат смешно кога се фалат дека се залагаат за унапредување на фудбалот, за професионални стандарди, за лиценцирање на клубови, за репрезентација која ќе носи успеси, а сето тоа е само параван да се дојде (или остане) до касата на федерацијата која за 2011 година остварила приходи од 464.619.708 денари (7,55 милиони евра), потрошила324.308.421 денари (5,27 милиони евра) и заштедила 140.411.287 денари (2,28 милиони евра).
Смешно изгледа кога полемиката на неколкумината опозициски делегати во саботата беше околу деловникот и Статутот на Собранието на ФФМ, а кога дојде точката од дневниот ред за изгласување на завршната сметка на Федерацијата за 2011 како и на буџетот за 2012 година – сите молчеа и си гласаа.
А во завршната сметка за ланската и во буџетот за оваа година може да се видат куп недоследности, расипнички трошења, плаќање на небулозни суми за сосема споредни (нефудбалски работи). Но, за тоа никој не расправаше, напротив, само се креваа раце, а никој не праша дали е превисока сумата од 600.000 евра потрошена за режија на ФФМ, дали е претерана сумата од 350.000 евра која е исплатена на судии, делегати, контролори, во време кога клубовите едвај живуркаат, дали не е расипништво сумата од 800.000 евра потрошена за патувања и пречек на странски делегации…
МКД.МК во наредните неколку дена ќе обелодени што и како се трошело во ФФМ во 2011 година и колку од тие средства биле оправдани или не…
http://www.mkd.mk/28784/sport/dosie-ffm-se-vojuva-samo-za-parite-a-fudbalot-e-samo-paravan/
Досие ФФМ (2): А-тимот ем најмногу нѐ срами, ем троши како светски првак

01
МАЈ 2012​
16:27​

Македонската фудбалска репрезентанција е најголем „трошаџија“ според завршната сметка наФФМ за 2011 година. Тимот кој во последните две години упорно се труди што повеќе да не посрами низ цела Европа, селекцијата која почна да губи од аматери како што се Луксембург, а притоа никој да не понесе одговорност за тоа – во 2011 година „потрошила“ 53.485.975 денари (870.000 евра). Оваа сума е наведена во завршната сметка на ФФМ за 2011 година и тоа за „организација на натпревари на сениорскиот тим“.


Фудбалерите од А-тимот станаа најголем загубар
Сумата која ја трошат нашите најдобри фудбалери е уште поголема ако се знае фактот дека во неа не се вметнати платата на селекторот (во 2011 година селекторуваа и Мирсад Јонуз и Џон Тошак) и хонорарите на тренерите од стручниот штаб. Ако се соберат и овие расходи, тогаш се доаѓа до сума од еден милион евра, сума што воопшто не е мала и може да се споредува со трошоците на големите европски репрезентации.
Во 2011 година, поради новиот правилник на наградување на репрезентативците не им беа исплаќани премии за евентуалните победи, но затоа пак, секој фудбалер добиваше по 1.500евра за повик, сума, која исто така е ретко висока, за европски, камо ли за балкански рамки.
Исто така, А-тимот, кој во минатите години знаел да биде и најголем извор на приходи на ФФМ, лани, „заработил“ само 21.448.602 денари (350.000 евра), приходи од продажба на влезници и од ТВ права.
Македонските фудбалски репрезентативци и оваа година ќе бидат најголеми „трошаџии“, зашто според буџетот, кој исто така беше без никакви полемики прифатен од страна на делегатите на собранието на ФФМ, избраниците на Џон Тошак ќе потрошат 700.000 евра, од кои најголема ставка е платата на Велшанинот и хонорарите на луѓето од стручниот штаб – 250.000 евра. Со оглед на тоа што на домашно тло македонските репрезентативци годинава ќе играат само три меча (еден пријателски и два квалификациски), значи дека и 2012 година А-тимот ќе биде најголем загубар.
За сите овие огромни суми за македонски рамки, на собранието одржано во неделата, никој од делегатите не побара расправа и образложение за трошоците, но затоа пак, опозицијата се замараше со споредни работи, како што се Статутот на ФФМ и деловникот за работа…
http://www.mkd.mk/28940/sport/dosie-ffm-2-reprezentacija-na-makedonija-najgolem-zagubar/
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.336
Поени од реакции
8.388
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=C20666CBDE5BDD43A5C209EB678C50F7

Десет ОФС бараат вонредно собрание на ФФМ
Во рок од десет дена ФФМ треба или да го закаже Собранието, што според иницијаторите е предвидено за 16 јуни, или да го одбие барањето
Миодраг Мицковиќ
Иницијаторите за смена на актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со несмалено темпо ја продолжуваат својата борба за разрешување на претседателот Харалампие Хаџи-Ристески. Поведена е нова постапка за вонредно собрание во македонската куќа на фудбалот што, според нив, треба да се одржи во рок од 45 дена како што стои во се' уште важечкиот статут.

Според последните информации иницијаторите за смена на раководството на ФФМ веќе имаат собрано барања од десет општински фудбалски сојузи (ОФС) заверени со потписи и печати што се доставени до федерација и во кои се бара да се свика вонредно собрание со две точки на дневниот ред: првата за однесува за разрешување на претседателот на федерацијата Харалампие Хаџи-Ристески и и втората е усвојување на новиот статут на ФФМ.

Потпис на иницијативата до вчера ставија општинските сојузи на Скопје, Куманово, Велес, Штип, Свети Николе, Кисела Вода, Струмица, Демир Хисар, Пробиштип и Кочани. Меѓу потписниците ги нема сојузите на Битола, Валандово и Тетово бидејќи за нив се' уште нема судска разрешница иако нивните претставници беа на последната прес конференција во хотелот „Холидеј-Ин“ пред редовното собрание во Охрид и бараа смена на актуелниот претседател.

Нови потписници се ОФС на Пробиштип, Кочани и Демир Хисар, а како што сме известени во текот на наредните два дена барање за вонредно собрание ќе поднесат и сојузите на Кичево, Кавадарци, Македонски Брод, Ресен, Кратово, па дури и Прилеп, од чија база доаѓа претседателот Хаџи-Ристески.

Во Македонија постојат 26 општински фудбалски сојузи. Иницијаторите ќе имаат поддршка за свикување и одржување на вонредно собрание на повеќе од половина на членките со што целата процедура добива легитимност и е во склад со Статутот на ФФМ. Останува да се види дали ќе се приклучат и ОФС на Гевгелија, Гази Баба, Струга, Охрид, Липково, Гостивар.

Според статутот, фудбалската федерација мора да се изјасни во рок од десет дена дали го прифаќа барањето за свикување на Вонредно собрание и доколку одговорот е позитивен истото да го закаже во рок од 45 дена. Доколку не одговори или не го прифати барањето, иницијаторите заедно со општинските сојузи самостојно ќе закажат вонредно собрание што според нивните прогнози би се одржало најдоцна на 16 јуни.

За оваа иницијатива се известени ФИФА и УЕФА, Централниот регистар на Република Македонија за да се провери кој од сојузите е регистриран и може со своите претставници да присуствува на вонредното собрание. Дури потоа, доколку на ова вонредно собрание Хаџи-Ристески биде разрешен од претседателската функција во што се убедени поднесувачиоте на иницијативата, ќе се свика ново вонредно изборно собрание на кое ќе биде избран нов претседател на федерацијата. Во тој период меѓу двете вонредни собранија, општинските сојузи ќе можат да истакнат свои кандидати за нов претседател.

Засега од ФФМ нема коментар за иницијативата за свикување на вонредно собрание, бидејќи се' уште, како што велат, ги немаат и официјално добиено барањета на сојузите за да можат да ги разгледаат и да донесат било каква одлука. Во секој случај, не очекува бурно фудбалско лето....
Дрита на прагот на Прв
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Опозицијата до ФФМ: Со нас се 25 од 26 општински сојузи

Фудбалската опозиција која не се согласува со режимот на Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Хари Хаџиристески порача дека се водат разговори со 25 од вкупно 26 општински фудбалски сојузи пред вонредното собрание на 23 јуни.

- На 23 јуни ни се потребни 59 делегати да го кренат својот глас против Хаџиристески и да му се изгласа недоверба, а ние имаме повеќе од доволно. Веќе ги испративме поканите до сите 117 делегати, а контактираме и со УЕФА, од каде бараме логистичка подршка за спроведување на собранието што ќе се одржи во хотелот “Александар Палас“. Разговараме со 25 општински фудбалски сојузи како членки на ФФМ и од нив единствено само со Гевгелија не можеме да стапиме во контакт. Кај другите ОФС имаме или целосна или делумна подршка - изјави Стојанче Златановски, претседателот на ОФС Куманово на денешната средба со новинарите.

Тој истакна дека очекува опструкции од претседателот Хаџиристески и дека и натаму опозицијата нема профил на кандидат кој би го водел македонскиот фудбал.

- Сите одлуки од 24 април 2011 што ги донесе ФФМ па до денес ќе бидат прогласени како неважечки затоа што се донесени под нелегитимен статут, а истовремено 52 проценти од фудбалерите во домашното првенство не се регистрирани во КОМЕТ-системот. Во моментов противкандидат немаме, затоа што целта е друга, а тоа е да му се изгласа недоверба на Хаџиристески. Потоа ќе се работи според статутот, а тоа значи дека секој ОФС ќе има право да си предложи свој кандидат. Тој ќе биде избран на 28 јули на изборно собрание а потоа ќе биде претседател се до редовното собрание наредната година. Значи, прво ќе биде претседател околу една година, а за понатаму ќе видиме дали таа личност ќе остане на чело, во зависност ако ќе се покаже - рече Златановски.

Од опозициските општински сојузи порачаа дека Хаџиристески нема да ги урне нивните планови со неодамнечното поднесување дисциплински мерки против делегатите само заради тоа што поднеле барање за вонредно собрание.

- Нема да не заплаши Хари со неговите дисциплински мерки. Ако е маж нека дојде на собранието па таму нека ја води битката со свои аргументи. Нашето барање е легално и ќе се спроведе, без разлика на тоа како мисли Хаџиристески. Се знае дека барање за свикување на собрание се поднесува само со печат и потпис, така пишува во статутот и друго ништо не е потребно - наведе делегатот Иван Путилин. (А.К.)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8BD08FC0D9222141B4312DAED73474B6

So gospod napred koj i da se ovie sto barat promena vo fudbalot gi podrzuvam , poloso nemoze da bide od ova sto momentalno ni e servirano kako Makedonski Fudbal.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.336
Поени од реакции
8.388
http://www.intervjua.com.mk/mk/zapis.asp?id=1363&kategorija=1

Перо Момировски, спортски новинар без влакна на јазикот
08.06.2012
ВРЕМЕ Е ЗА ЧАО ХАРИ И ЦИЛЕ, А И ЗА НЕКОЛКУ ДРУГИ
Иако обично го сметаат за забава и „споредна работа“, спорот е многу важен сегмент од општеството. Пред се’, затоа што претставува одраз на генералните состојби во државата. Ако тука нешто „опасно смрди“, значи дека и гниењето земало опасни размери. Перо Момировски е речиси две децении спортски новинар, наскоро ќе стане првиот магистер од оваа област во Македонија, и е еден од оние кои без ракавици зборуваат за тоа што се случува со домашните спортски федерации...

На 23 јуни ќе се одржи вонредно собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за кое е најавена смена на претседателот Хари Хаџиристески. Досега тој се покажуваше отпорен на ваквите обиди, а ги имаше неколку. Ќе падне ли овој пат?
Според моите сознанија Хари е готов, иако примопредавањето ниту ќе биде мазно, нити лесно. Во моментов течат интезивни преговори надолж и попреку низ Македонија и тоа не само по спортски, туку и по политички линии. За оние што не се најупатени, во минатата недела опозиционерите кои конечно имаат сосема солидна бројност, до тој степен се заглавија, што постоеше опасност и од поделба на државата по етно-фудбалски граници, што ќе беше вистиски дебакл. Во истовреме и групата, која владее во ФФМ веќе не е монолитна, се разјадува, разградува и прашање е со кој состав Хари ќе се спротивставува на вонредното собрание. Маневарот што на итната седница на УО, во минатиот петок (1 јули) го приреди претседателот е знак дека и тој е свесен оти тлото му бега под нозе, особено што, прво тимот му беше десеткуван, а и тој, се слуша, манифестирал зголемена нервоза. Со барањето дополнителна документација од носителите на иницијативата за вонредно заседание на највискиот форум сега се купува време во обид да се исползува до крај или да се продаде кожата најскапо. Мислам дека е доволно. Не сум особен антихариевист, но сметам дека една декада е премногу, а и основните параметри велат дека е вистински тајминг за промени.
Многу се зборува за т.н. „фудбалска мафија“, која е наводно раширена низ сите сегменти поврзани со најпопуларниот спорт, и чиј единствен интерес се парите. Колку има вистина во тие тези за “мафијата“, како функционираат тие шеми и за какви суми станува збор?
Не знам дали нашата фудбалска има структура слична на сицилијанската и неаполската мафија, но принципите се исти. Имате капо, имате конселиере, има мал милион војници, делумно вљубени во Кумот, делумно тука и со таква понизна сервилност, поради елементарен интерес. Средства, според стандардите во ова наше општество има сосема доволно. Мора да се признае дека Хари за разлика од Ѕинго (Љубисав Иванов) или Ламбе (Арнаудов) внесе, односно донесе, неколкукратно повеќе европски пари. Проблемот е што буџетот, кој во минатите десет години варира меѓу четири и шест милиони евра е сепак недоволен да се унапреди фудбалот, инфраструктурата и кадарот, а притоа првично да се води сметка за задоволување на личните потреби и желби. Тој начин на функционирање, со тендери за свои, со патувања, проекти, грантови за наши, со галантност типична за персони кои се свесни дека времено располагаат со ничии пари, сега ќе им пресуди. Или барем ред е да биде така.
Дали се разликува според нешто друго, освен сумата донесена во касата на ФФМ, владеењето на Хаџиристески од тоа на Ламбе Арнаудов или Љубисав Иванов Ѕинго?
Разликата е, пред се’, во обемот на финансиите, што не е малку, бидејќи тие создаваат моќ. Ѕинго грабаше нешто ситно, директно од ФФМ, но затоа преку тогашниот првак Силекс, фаворизиран од него, оствари одличен профит. Ламбе немаше свој фаворит - веројатно беше занесеник или пак одработуваше партиска агенда. Тој не се инсталира доволно во фудбалските кругови за да остави белег. Хари е специфичен. Го победи Дарко Панчев во директен дуел, што му го поткрепи ореолот, брзо создаде конекции со валидни луѓе во Европа и на крај, се откажа од својата Победа за да се одржи. Ѕинго играше круто, на сила, додека Хари е попрефинет, вистински играч. Излезе дека инаетот својствен за поднебјето од кое потекнува и западната шминка што си ја нафрли, е добра комбинација.
Зошто УЕФА го толерира криминалното трошење на нејзините пари? И ним ли им се поважни гласовите од националните федерации, т.е. функциите, отколку легалното работење? Дали и во Европа корупцијата е навлезена толку длабоко во фудбалот?

Не би се осмелил да ја обвинам УЕФА за нашите проблеми, и колку овде и да се фабрикува некаква фаворизација на екипата на Хари за сметка на некакви гласови во минатото или за во иднина. Искрено сметам дека тоа не е најточно и оти досега, едноставо, немаше критична маса за промени. Наскоро УЕФА ќе се сврти кога ќе увиди дека расположението и односот на силите внатре во собранието се променети. За многумина сега приоритетно е присуството на гостин од Нион (седиштето на УЕФА) на 23 јуни. За мене тоа е второстепено, бидејќи ако не дојдат на датумот, ќе слетаат два дена подоцна. Не е Македонија африканска или азиска колонија, па УЕФА овде да создава црна дупка. Тие чинам, нема да си дозволат ништо од спектарот санкции затоа што првенствено ним не им конвенира наше отстранување.
Од оние што покажале амбиција да ја преземат ФФМ, си препознал ли кај некого искрена намера да направи нешто добро за македонскиот фудбал или и кај нив основен мотив се парите? Овде, пред се’, мислам на бивши фудбалери, кои често се наведуваат како потенцијален спас. Меѓутоа, не е исто да се даваат или бранат голови, и да се води сериозна организација?
Приврзаник сум на профилот: богаташ, менаџер, докажана спортска мецена. Јас го гледам ликот, но штета што можеби тој не се видел во улогата на лидер на функционална спортска компанија каква што несомнено е ФФМ. Фудбалското име создадено на терен, со репрезенативно или евро-реноме, не треба да биде пресудно. Секако, на одредени позиции треба да се искористат знаењата и контактите, иако, да потсетам дека нашите искуства со големите имиња досега не беа најсреќни.
Според оние што ги следат состојбите, ситуацијата не е многу подобра ниту во повеќето други спортови. Се зборува дека успехот на кошаркарите и на ракометарите само ги покри состојбите во тие организации, кои исто така се далеку од добри.
Секаде стихијно, никаде врз изграден концепт. Фудбалската организација е во фокусот, бидејќи како плод на таквиот приод, односите се најлоши, лигите на работ на одржливост, а репрезентативните резултати катастрофални. Со по еден исклучок, кој ни е во свежо сеќавање, иста е ситуацијатата и во кошарката и во ракометот. Проветрување им треба и на МКФ и на РФМ, и претпоставувам дека наесен ќе се случи. Чуден е овој наш спортски свет. Додека се наметнуваат, се кандидираат, смислено делуваат како јагниња, со визии за просперитет, небаре ќе се борат за Нобелова награда. Кога потоа ќе ги именуваат или изберат, прво што има паѓа на памет е дека се од Господ дадени, незаменливи и вечни. Персонифицирани во Кралот сонце (Луј 14.) нашите локални кошаркарски и ракометни императори сметаат дека „федерација, тоа сум јас “ . Никој веќе не се занимава со идеи, напредок, земски спортски проблеми. Амбициите ги внесоа во мачна обврска да водат сметка за општествена дејност, а тие не можат ни за самите себе.
Се согласуваш ли со прогласувањето на спортистите за „национални херои и јунаци“ по некој успешен настап? Во недостиг на други убави вести, на народот му треба нешто добро, па макар и четврто или петто место на некое европско првенство, па не е чудно да излезе на улица за да ги поздрави тие што му приредиле неколку радосни моменти. Но, колку има политичка манипулација во сето тоа, а подоцна заборавање на оние што во еден момент биле многу славени?
Можеби и претеравме со фразите што ги искористивме, иако да бидам искрен уживав, и тоа семејно во прославите. Јасно е дека четврто и петто место на Европско првенство не се злато или сребро, што ќе ни направи проблем ако некој во догледно време освои медал. Ги потрошивме суперлативите, нема веќе градација. Но добро, да бидеме искрени, во оваа фаза од нашата државност ни беше потребно да внесеме малку победнички дух во нашата генетска низа. Што се однесува до политичкиот маркетинг преку спорт, скептик сум и не верувам дека некој паѓа на ситни спинови. Не треба да се потценува гласачкото тело, општо народот.
Случајот на Перо Антиќ со „ФИРОМ“ предизвика многу осуди, и по некое опрадување. До која страна си ти поблиску? Неговото објаснување дека така му наредила ФИБА е тешко прифатливо, зашто ФИБА не може да нареди нешто такво, бидејќи ФИРОМ не е име не држава, туку акроним на референца. Сосема е јасно дека на тоа инсистирале Грците, сопственици на неговиот клуб. Мислиш дека можел некако да ја ескивира непријатната ситуација?
Перо е импулсивен дечко. И тоа премногу. Штета што тој самиот или некој од блиските не се сети и не го предупреди предходно дека таквото претставување ќе му создаде проблем, зашто веројатно ќе го решеше елегантно на барем три начина. Мене лично многу поиндикативен ми е делот со умирачката за грешно-мислениците. Дека бил под стрес, не се сомневам, дека сакал да се вади исто, но не се сеќавам дека спортист од калибар на Антиќ, поголем или помал, се послужил со клетва и тоа кон своите. И уште нешто ме мачи. Зошто тие што ја презентираа изјавата десет дена подоцна не го пресекоа парчето на крајот? Колку и да не сакам ме наведува на еден неспортски израз - специјална војна.
Кошаркарите останаа последна надеж дека ќе имаме претставник на Олимпијадата во Лондон со учество обезбедено низ квалификации и исполнување норми (двајцата пливачи се со вајлд карта). Што работи Македонскиот олимписки комитет (МОК) во изминатите години? За две децении независност имаме само еден бронзен медал, од борач „увезен“ од поранешните советски републики. За споредба, во периодот од 1976. до 1988. македонски спортисти на сите Игри, во континуитет, освојуваа по една до три медали (Аце Русевски, Благоја Георгиевски, Шабан Сеиди, Шабан Трстена, Реџеп Реџеповски, Стојна Вангеловска...).
Навивам за кошаркарите, но како најнепосредно внесен и целосно информиран мора да предупредам дека во Каракас ќе биде многу потешко отколку во Литванија. Пресилна конкуренција, НБА играчи, евролигашко искуство. Прво, не знам дали ние можеме да одиграме таква одбрана, второ, ќе не’ прочитаат, и трето, ротацијата ни е тенка. Но сепак, шансата е тука. Таа за нас и за репрезентативците е несекојдневна и играм на картата - мотив до небо. За МОК веројатно ќе треба да се повторувам, зашто важи истото како и за ФФМ, МКФ, РФМ. Ако тие треба да бидат некаква водилка во нашиот спорт - не се ни близу, и тоа така е десет години наназад. Да не се разбереме грешно, не сум јас некаков спортски анархист, кој би рушел се’ што е етаблирано, но повторно за милиметар стагнација следува шут карта. Во тој контекст за Циле (Васил Тупурковски, претседател на МОК) и неговите - фала и пријатно, и тоа веднаш. Друго прашање во продолжение е како МОК треба да функционира, кој да донира, од каде тие силни средста неопходни за поместување од оваа нулта точка до која се доведовме или не’ доведоа.
Работиш во телевизија „Алфа“ и од она што го следиме како еден од ретките имаш полна слобода да се осврнуваш, да анализираш и коментираш за состојбите во нашиот спорт, што е раритет во македонското новинарство.
Засега се’ е ОК. Тие имаат доверба во мене, а јас не ја злоупотребувам позицијата за свои потреби. Нигде не сум портпарол, делегат, не сум член на комисија, не патувам на одмор на туѓи сметки. И да сум негде инволвиран тоа го чинам бесплатно и со задоволство. Од друга страна, сега веќе долго сум во работата и ми мина стравот кој ги следи помладите за тоа што ќе речат, односно што ќе сторат споменуваните во критиката.

Наскоро ќе станеш првиот магистер по спортско новинарство, па од тој аспект, каква според тебе е состојбата во тој дел од медиумите? Вие најчесто не сте дел од опширната дебата која ја водат политичките журналисти.
Состојбите во спортскиот дел во нашите медиуми е катаклизмична. Со повлекувањето на Александар Стиков и Милорад Стојмановски нема школа, никој не работи, а бројката на спортски новинари расте од ден на ден. Факултетот за новинарство не се занимава со таква дејност, веројатно затоа што и таму егзистираат пракомунистички апаратчици, кои сметаат дека нашиот сегмент се сведува на 1-1 и 2-2. Рефлексија на тој приод е генерална неписменост и просечна оценка 2 минус. Има и за чиста петка, ама не вреди кога поголемиот дел не би го минале ниту основниот тест од македонска граматика, од однос кон читател/гледач/слушател или од најелементарното - спортот. Не ме чуди воопшто што сме потценети и што сме така лесно менливи. Според мојата прогноза, ако нешто не се смени, наскоро овде ќе замре вештината спортски новинар и тоа ќе го работат тие што се на деск, во информативна или кој знае, можеби и чуварите.
Три сезони го пренесувавте на „Алфа“ шпанското првенство. Веќе нема да го имаме, како што ги нема англиското, германското и некои други кои ги гледавме порано. Што се случува со откупот на телевизиските права за најатрактивните шампионати?
Со оглед на тоа што јас не менаџирам, не би можел да навлегувам во генезата на процесот кој долго ни се закануваше, а од есен ќе стане реалност. Квалитетен клубски фудбал, со ислучок на два меча, ќе следиме само преку кабелските оператори, бидејќи правата за преноси и техничките услуги станаа прескапи за локаните телевизии, кои не можат да ги покријат трошоците. Секој таков потфат станува ризик и логично е од позиција на сопственик на ТВ-куќа да се оградите, па и да се откажете од програма која има фитбек кај гледачите, но ве носи во загуба.
Гледачите што се претплатени на некој кабелски оператор ќе имаат можнот да ги следат тие првенства преку канали од регионот, со српски коментар. Не е мал бројот на оние што тоа го доживуваат како подобра опција.
Не се согласувам, па и колку да звучи нескромно, ќе нагласам дека во Македонија барем заега има сосема добра и квалитетна коментаторска екипа. Со оглед на можноста на неколку Олимпијади, Светски и Европски првенства да ги следам, гледам и слушам во живо големите имиња од светските сервиси и уште повеќе, од телевизиите во нашето опкружување, тврдам дека овде постои потенцијал. Нема да се вбројам, но гарантирам дека во моментов од ова парче Балкан на кое, за жал, ретко во живо се случува врвен спорт, ќе составам една кошаркарска, можеби и ракометна коментаторска постава, која ќе биде подобра од сите соседски или ако сакате, од сите поранешни југословенски републики. Јасно ми е дека дел од овдешните фанови се приврзаници на другите опции и немам ништо против. Не ми е јасно само што чинат сите тие политичари или членови во Советот за радиодифузија што се удираат в гради со македонштина, а ќе дозволат јазична хегемонија, една нова асимилација на јазикот што ќе има сериозни последици. И јас сум можеби носталгичен за предходната држава, во неа впрочем растев, но не можам да разберам како некој сега не’ враќа 50 години наназад да учиме српско-хрватски.
На прагот сме на европското првенство во фудбал. Кои репрезентации ќе ги гледаме во финалето?

Нема да соопштам ништо ново ако речам дека Шпанија и Германија се ТОП фаворити, а Холандија и Франција се во вториот ред. Ги сакам селекциите што имаат играчи, барем по еден, кои знаат го фудбалот во неговата основна верзија: дриблинг, шут, долга топка, кратко проигрување, штос. Според тие критериуми Португалија и Хрватска, значи Роналдо и Модриќ се можни изненадувања, и тоа за самиот врв. Тие што практикуваат физикус повеќе од потребното, на сметка на инвенцијата (Ирска, Данска, Полска, Украина, па и Англија) за десет дена ќе се пакуваат.

Миодраг Мишолиќ

;)
 
G

grande-juve

Гостин
Ова е од Миленко на фејсбук, се поизвесно е дека ќе славиме нов празник во Македонија...

Денеска во 15.00 часот Харалампие Хаџиристески отиде да поднесе оставка на функцијата Председател на ФФМ. Ама, ја згреши зградата. Оставката отиде да му ја поднесе на Орце Камчев!!!???
Остваката ја поднесува откако сите општински комитети, дури и прилепскиот на чело со Манта, му свртеа грб.
Грб му свртеа и оние што толку верно му го дудлаа со години: газдата на Црешево Топче од Пробиштип, Благој Истатов, Лазар Нанев, Манта...
Верни на Хари, до последен момент, останаа: Игор Климпар (за кратко секретарување со ФФМ уштека 400.000 евра у џеб), Миле Спирковски, Анѓел Бунгуров и Илија Јовков.
Во сабота, Собрание на ФФМ.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Ако го сменат хари ,Вардар ќе игра Лш :pos:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.336
Поени од реакции
8.388
Ова е од Миленко на фејсбук, се поизвесно е дека ќе славиме нов празник во Македонија...

Денеска во 15.00 часот Харалампие Хаџиристески отиде да поднесе оставка на функцијата Председател на ФФМ. Ама, ја згреши зградата. Оставката отиде да му ја поднесе на Орце Камчев!!!???
Остваката ја поднесува откако сите општински комитети, дури и прилепскиот на чело со Манта, му свртеа грб.
Грб му свртеа и оние што толку верно му го дудлаа со години: газдата на Црешево Топче од Пробиштип, Благој Истатов, Лазар Нанев, Манта...
Верни на Хари, до последен момент, останаа: Игор Климпар (за кратко секретарување со ФФМ уштека 400.000 евра у џеб), Миле Спирковски, Анѓел Бунгуров и Илија Јовков.
Во сабота, Собрание на ФФМ.
Дај боже да е така ама Миленко колку што има прави информации толку имаше и грешки во неговите објави сепак останува да се надеваме дека хари-мајмунот ќе замине и ќе дојде прав(фудбалски) човек на негово место !
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.022
Поени од реакции
637
Дај боже да е така ама Миленко колку што има прави информации толку имаше и грешки во неговите објави сепак останува да се надеваме дека хари-мајмунот ќе замине и ќе дојде прав(фудбалски) човек на негово место !
Само да не се вмешаат пак уефа, пред 5 години Хари беше сменет тие го спасија ( тогаш вонредното собрание беше легитимно , тие го прогласија за нелигитимно) ништо чудно иста приказна да биде пак.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.336
Поени од реакции
8.388
Само да не се вмешаат пак уефа, пред 5 години Хари беше сменет тие го спасија ( тогаш вонредното собрание беше легитимно , тие го прогласија за нелигитимно) ништо чудно иста приказна да биде пак.
Не ми се верува дека и сега ќе го спассуваат ,колку што имам информации на хари му е загарантирано место во уефа и фифа за да учестува и да биде член во некој нивни таму органи се разбира до колку вистина се повлече и не оди пред тоа во затвор
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Мислим дека нема ништо од ова да има, не е прв пат. А и ако излезе така, не гледам некој кој би го заменил и би работел како што треба. Све лопов до лопов, исти к*р кој и да дојде. Таму не се борат кој да го среди фудбалов, се борат за фотељата и за парете кои што ќе ги изналапаат. Нас додека не ни забранат фудбал со закон на 5 до 10 године и додека не ги испопикаат во затвор сите што крадеа до сега, истата песна ќе се свири уште долго време у ФФМ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom