Тоа се вика тидел лок и најголем дел од големите сателити на Јупитер и Сатурн се такви...прочитај зошто и како се случува тоа ако те интересира.
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Tidal_locking
Да, токму така. И секако, пред неколку векови тоа не се знаело. Денес се знае. Пред неколку векови не се знаело дека земјата се наоѓа во т.н. зелена зона, сега се знае. Некако сосема случајно на земјата има вода, се мисли дека одирале комети од мраз. Сосема случајно имаме еден сателит и една ѕвезда, сонцето. Сосема случајно ух...клетки, да. Рибозоми, ризозоми, органели, дрн...
Дали на некоја од тие планети ги има елементите од земјата? На некои да на некои не. Зошто? Затоа што сакаат да откриваме дел по дел, затоа што нѐ создале, со цела хармонија што е околу нас. За некого богови, за некого Бог, за некого вонземјани. Ги има. Постојат. А ние постоиме, претпоставувам, само за извор на енергија, за којшто не сме свесни и за којшто се зборувало на милиони теми... емоционална волна ќе кажам, тоа е она за што постоиме ние. Една обична оаза сред пустина, една обична лабораторија, извор на енергија. Тоа е човештвото, огромен извор на енергија која од време на време ја жнеат газдите (огромни војни или природни катастрофи носат милијарди емоции) или ја крадат ситни патници (помали војни или природни катастрофи).
Не знам зошто но сѐ уште мислам дека тие, вонземјаните такоречи, можат да разберат телепатија помеѓу луѓе или сон на луѓе но не можат да разберат говор или пишана комуникација помеѓу луѓе (Нимрод најверојатно бил случаен патник низ оазата). Мислам дека сме водени, издигнувани, уништувани, помагани итн од различни видови вонземјани со различни цели. Ние имаме пет сетила. Замислете суштества таму некаде, со стотици сетила, со вековен животен век, со сѐ....
Премногу глупаво е да не веруваме во таква интелигенција.