Штетно е тоа верување, едно е утеха па Говинда верува у реинкарнации... друго е да се уфилмаш дека си индиго, се тоа ти објаснува и зашто тебе не те разбира никој, склоностите кон депресија... али па и спешл паурс имаш.... па го засилува егоцентризмот до таа мера да е штетно за перцепцијата на реалноста.... колку такви посебни без акција во светот сега има.... а некој толку се уфилмува да се снима како со телекинеза мрда хартија.... ги активирал својте индиго паурс со декалсификација на пајнијл глендот, кој шо у старт не му бил до толку калсифициран пошто нели е индиго он.....
Мои пријатели со синче во аутистичен спектар не работат воопшто со него, бидејќи мајката верува длабоко оти оно е кристал чајлд, и ко такво е чисто и посебно... па си има свој посебен развоен пат и не му се мешаат.... она знае пошто она е индиго...
Па тоа отвара врати на одење по констелации надвор од државата.... цела индустрија се создава за нју ејџ булшитот.... само заради утеха...
Штетно е Н.... треба да се верува во нешто за да не се влезе во нихелизам... но подобро да се верува во нешто не толку опасно...
Инаку порано ејлиенс владеев, секоја вечер си легнував со Coast To Coast Am... Џорџ Нори ово оно... сега не знам како да гласам... да или не... дека небитно е тоа за пелените, регистрацијата на колата, нови зимски гуми.... дефокусирање е, а шит нидс ту би дан....