Се регистрирав на форумов само од една причина, во саботата (13.08.2011) бевме со другарите на една викендичка оддалечена неколку километри од Зелениково. Околу 23ч. со еден другар видовме светла точка на небото која се движеше со мала брзина, најпрвин мислев дека е метеор, но поради брзината на движење и подолгото останување на небото со светлина од ист интензитет помисливме дека можеби е авион, но отпадна и таа теорија поради тоа што светлата на авионите обично светкаат. Имаше кратка сугестија дека можеби е сателитот на Google Earth меѓутоа беше премногу ниско за да биде сателит. Како и да е, продолживме да разговараме, и кога после 10тина секунди пак погледнав на небото точката ја немаше. Му покажав на другарот, и двајцата бевме зачудени, но кога тој продолжи да ми објаснува, негледајќи во небото, светлата точка се појави повторно... направи толку брзо движење со траекторија слична на од y=2sin2x и ја снема од небото.
Последните неколку дена барав да не има некој објавено за ваква случка но не најдов ништо па решив да напишам тука ... ако има уште некој што видел ... нека напише
Јас првпат таа светла точка (претпоставувам дека зборуваме за истата, посјајна од околните ѕвезди, ако се загледа човек ќе види дека постојано менува бои, црвена, жолта, зелена, сина... и обично е статична, како поминува време така и таа ја менува позицијата на хоризонтот а понекогаш прави нагли движења за пак да се врати во иста позиција по извесно време) ја забележав првпат на 10 Јуни годинава и ја имам снимано и со апарат, (со макс зум и со изместување на фокусот се забележуваат многу подобро трепкањата и боите на објектот) а одтогаш навака веќе ми стана и досадно да ја гледам, ја има секој вечер, во Скопје се забележува обично после 21:00 часот и се гледа на мојата локација (поради околни згради, куќи, облачност) до некаде 0100-0130 а некогаш и пократко, во град источно од Скопје се забележува од стемнување па понатака (повисока надморска височина, почисто небо, понеосветлена околина-надвор од населено место).
Не сум сигурен дека секој вечер може да се забележи движење на објектот (треба да се набљудува подолго време) но впечатлива е брзината со која објектот ја менува позицијата и исчезнува за кратко од видикот за после да се врати пак на истата стара позиција.
Споредено со било која ѕвезда на хоризонтот овој објект е посветол и се приметува промена на боите и пулсирање, трепкање. Најдобро може да се примети кога во близината прелетува авион тогаш се гледа дека шемата на трепкање е поразлична од таа на светлата од авионите а и боите се поразлични и обично значително посветли.
Исто така во споредба со авионите овој објект е статичен, не ја менува позицијата доддека авионите за кратко време се губат од видик.
Видеата уште ги немам закачено на интернет, сакав да побарам повеќе инфо за да не се брукам за џабе ;-)
ако има интерес, ќе пробам во наредните денови да ги преработам и да ги закачам (бидејќи се full HD баеги големи фајлови се).
И јас го имам покажано на до сега некои 10-на луѓе на различни места, во различни денови за да чујам нивни мислења и обично и тие не знаат што би можело да биде.
Некои викаат дека е некој сателит но тоа според мене отпаѓа бидејќи уште немам видено било чив сателит кој што се забележува со голо око и кој што постојано емитира светлост во различни бои со различен интензитет.
Заборавив да кажам, објектот може да се види во Скопје ако се гледа високо на небото околу 2100 и потоа се движи во правец југ југозапад запад отприлика.
Источно од Скопје, објектот на стемнување се гледа некаде во правец југ-југоисток и потоа се качува високо и продолжува југ-југозапад-запад.
Поздрав