Јас првпат таа светла точка (претпоставувам дека зборуваме за истата, посјајна од околните ѕвезди, ако се загледа човек ќе види дека постојано менува бои, црвена, жолта, зелена, сина... и обично е статична, како поминува време така и таа ја менува позицијата на хоризонтот а понекогаш прави нагли движења за пак да се врати во иста позиција по извесно време) ја забележав првпат на 10 Јуни годинава и ја имам снимано и со апарат, (со макс зум и со изместување на фокусот се забележуваат многу подобро трепкањата и боите на објектот) а одтогаш навака веќе ми стана и досадно да ја гледам, ја има секој вечер, во Скопје се забележува обично после 21:00 часот и се гледа на мојата локација (поради околни згради, куќи, облачност) до некаде 0100-0130 а некогаш и пократко, во град источно од Скопје се забележува од стемнување па понатака (повисока надморска височина, почисто небо, понеосветлена околина-надвор од населено место).
Не сум сигурен дека секој вечер може да се забележи движење на објектот (треба да се набљудува подолго време) но впечатлива е брзината со која објектот ја менува позицијата и исчезнува за кратко од видикот за после да се врати пак на истата стара позиција.
Споредено со било која ѕвезда на хоризонтот овој објект е посветол и се приметува промена на боите и пулсирање, трепкање. Најдобро може да се примети кога во близината прелетува авион тогаш се гледа дека шемата на трепкање е поразлична од таа на светлата од авионите а и боите се поразлични и обично значително посветли.
Исто така во споредба со авионите овој објект е статичен, не ја менува позицијата доддека авионите за кратко време се губат од видик.
Видеата уште ги немам закачено на интернет, сакав да побарам повеќе инфо за да не се брукам за џабе ;-)
ако има интерес, ќе пробам во наредните денови да ги преработам и да ги закачам (бидејќи се full HD баеги големи фајлови се).
И јас го имам покажано на до сега некои 10-на луѓе на различни места, во различни денови за да чујам нивни мислења и обично и тие не знаат што би можело да биде.
Некои викаат дека е некој сателит но тоа според мене отпаѓа бидејќи уште немам видено било чив сателит кој што се забележува со голо око и кој што постојано емитира светлост во различни бои со различен интензитет.
Заборавив да кажам, објектот може да се види во Скопје ако се гледа високо на небото околу 2100 и потоа се движи во правец југ југозапад запад отприлика.
Источно од Скопје, објектот на стемнување се гледа некаде во правец југ-југоисток и потоа се качува високо и продолжува југ-југозапад-запад.
Поздрав