Еднаш веќе пуштив пост ама некако пак забегуваат дискусииве па еве пак, овој пат посериозно за да можат некои и да научат нешто.
Животот не може да се појави на било кое небесно тело. Има низа астономски параметри кои требаат да бидат задоволени. Живи суштества може да се појават само на оние планети кои кружат околу ѕвезди со спектрален тип подоцнежен од F0. Анализата пак на ѕвездената ротација покажува дека само ѕвезди од спектрален тип F2 може да имаат планетарен систем. Спектралниот тип е основен критериум на интензитетот на спектралните линии. Се означуваат со O, B, A, F, G, K, M. При премин од еден во друг тип има 10 подтипови и се бележат со додавање на број од 0 до 0 кон буквата која го означува основниот тип. Пример A9, F0, F4, F7, G0 итн. Нашето Сонце е спектрален тип G2. Температурата на ѕвездите се мснува според типот. Така за тип О е 40-50 илјади келвини па се до 3000 К кај тип К. Значи доколку земеме дека планетарните системи околу ѕвезди помеѓу F2 и K5 се погодни за живот тогаш само кај 1-2% од сите ѕвезди во нашата галаксија можеме да очекуваме живот. Знаеме дека бројот на ѕвездите во нашата галаксија се проценува на 150 милијарди следствено 1-2 милијарди потенцијални кандидати само во нашата галаксија. Самите планети треба да имаат атмосфера и хемиски елементи за почеток на живот. Исто така и темепратурата не смее да се менува во големи интервали. Во однос на ова планетите кои кружат во близина на ѕвездата и планетите кои се многу одалечени се непогодни за живот. Ексцентричноста на движењето не треба да биде многу голема. Крајна граница е 0,2. Земјата на пример има ексцентричност на движење од 0.016730 што е блиску до идеален круг. Масата на планетата не би требало да биде помала од 0,4 земјини маси за да зачува атмосфера но не поголема од 2.35 маси заради силата на тежата. (пример Марс има 0.11 земјени маси). Периодот на ротација треба да е помал од 96 земјени часа односно 4 земјени денови. Исто така староста на ѕвездата околу која би кружела планетата не би требало да е помалку од 3 милијарди години. Масата на ѕвездата треба да е помала од 1.43 сончеви маси. Ѕвездите со големи маси живеат кратко зошто брзо ја потрошуваат својата енергија. Долната граница е 0.72 Сончеви маси поради диспророрција помеѓу сјајот и бавната ротација.
Овде ги наведов основните карактеристики кои ми текнуваат а има многу повеќе. Јас имам изведено и математичка формула на пресметка за потенцијална веројатност на живот а бројот на потенцијални кандидати го напишав во минатиот пост.