Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.734 79,1%
  • Не

    Гласови: 458 20,9%

  • Вкупно гласачи
    2.192

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.134
Поени од реакции
9.806
Погледнете го небото преку телескоп
И заклучете дека земјата е топка? На пример од каде знаеш каков е изгледот на земјата?
Автоматски споено мислење:

После смрт нема ништо нема бог нема рај нема пекол и земјата не е рамна.
Докази? По која основа ова го заклучи туку-така? Би требало да имаш 5 метра долг пост за да го образложиш ова...
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.782
Поени од реакции
26.794
Во која смисла мислиш еволуцијата е толку брза кај човекот и врз основа на што заклучи дека еволуцијата кај човекот е брза, кога официјалната историја е каша попара?

Кога веруваш во изјавите на официјалната медицина за обичниот народ, нормално дека така ќе размислуваш. Но за среќа наша, постоеле доктори, научници кои биле чесни, морални и несебични, па успеале да покажат и докажат како функционира нашето совршено тело, како и зашто доаѓа до одредени дисбаланси во човечкото тело, а и кај животните. Човечкото тело зашто не може да се гледа како возило за духовните сили :toe:.
Не е тоа баг во системот, туку баш напротив, човечкиот систем е совршен и направен да се прилагодува на конкретни ситуации.
Не ќе да е баг, посебно не од толку напредни вонземјани. Напредни вонземјани и багови, не иде заедно.

Во право си за сегашниот човек со сегашните сфаќања дека не се вклопува. Но тоа не значи дека претходните цивилизации не живееле според природните закони.
Твоево тврдење (и за еволуцијата ако мислеше на физички изглед) е исклучиво на база од материјален аспект. Зашто толку цврсто го негираш постоењето на духовниот дел, тоа си е твој личен избор. Јас лично, сум против сегашните религиски институции, но тоа не значи дека го негирам постоењето на духовниот свет, посебно кога многу полимати низ историјата го признаваат неговото постоење.
Тој твој избор "случајно" е ист со на "луѓето во црно" да ги снема досегашните религии и само технологија.

Еве едно објаснување врска не вклопувањето, а има повеќе, врска нашето функционирање спротивно од сите природни правила и закони:

Само материјално без симбиоза со духовниот аспект во друга крајност ќе не однесе, односно веќе не носи.
Сегашните духовни, религиски институции како што кажа се само институции. Врска си немаат ни со религија а уште помалце со духовност (освен ако материјалното богатство не се смета за духовност на новото време).
Кога сме на темата религија имам едно прашање. Дали си верник ?! Реторичко е. Не мора да ми одговориш ако не сакаш.
Како што те разбрав по постовиве веруваш во вонземјани.
Макар и 0.01 % како што напиша предходно.
Размилси колку ти се косат двете размислувања дека истовремено и бог не создал на планетава/плочава/желки, китови whatever и дека таму некаде во вселената има исто така живот ама што не го создал господ. Кој е тој друг господ што создава таму живот ?

Сега да ти реплицирам за Дарвин.
Како ќе го објасниш фактот дека последниве 10 000 год официјално човекот создава и живее во цивилизација а предходно буквално 300 000 год знае само за камења и стапови ?
Ова се историски факти каде што не може на 10000 археолошки локалитети низ цел свет да се лажира дека секој предемет е стар највеќе 10 000 год.
Дисклејмер :Секако на ова има исклучоци што ја побиваат и оваа теорија дека така еден ден некој мајмун решил ќе направам град и ќе создадам цивилизација на исто ниво со модернава. Но тоа е друга тема на разговор.

За чудо или не модерниот човек, Хомо Сапиенс се смета дека е стар баш 10 000 год кога почнуваат да се појавуваат првите цивилизации и баш во ост период кога сите останати хомоси изумираат.
Дисклејмер: како изумираат и од што тоа е исто друга тема на муабет.

Ако одиме по твојата теорија или чива и да е што ја застапуваш дека отсекогаш сме биле вакви, зошто тогаш на древнине народи не им текнало оваа сегашна технологија да ја применат и тогаш, туку им требало време да ја развијат што значи пак тоа се знаци на еволуција ?

За ова на крај пак ќе се навратам на почетокот на постот. Знаеш ли колку се косат една со друга теориите дека господ не создал и дека сме еволуирале од мајмуни/вонземјани не клонирале ?

Ти кажав кои се нелогичностите. Ако сме толку идеална божја креација како што буквално секоја света книга тврди, зошто не сме барем физички здрави кога психички и ментално веќе сме отидени у курац ?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.887
Поени од реакции
42.575
Сега да ти реплицирам за Дарвин.
Како ќе го објасниш фактот дека последниве 10 000 год официјално човекот создава и живее во цивилизација а предходно буквално 300 000 год знае само за камења и стапови ?
Ова се историски факти каде што не може на 10000 археолошки локалитети низ цел свет да се лажира дека секој предемет е стар највеќе 10 000 год.
Дисклејмер :Секако на ова има исклучоци што ја побиваат и оваа теорија дека така еден ден некој мајмун решил ќе направам град и ќе создадам цивилизација на исто ниво со модернава. Но тоа е друга тема на разговор.
па низ времето човекот научил да работи со метали и да прави машини, затоа се развива многу побрзо последниве 10к години. Тоа е нормална работа, и вонземјаните сигурно не научиле одма како се градат вселенски бродови и слично.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.782
Поени од реакции
26.794
Креаторите кои би требало да се многу поинтелигентни од нас, да се разликуваме и во физичкиот изглед, оти не креираат суштества кои би биле и ментално и физичко исти на нив?

Кога нашите креатори (намерно или ненамерно не направиле со баг?), ќе решат да "излезат од плакарот" , прво што треба да ги прашаме е, дали планетава е рамна или округла :D
Интересно размислување.
Кога веќе пак сме на темата за други создаватели или вештачки забрзувачи на еволувијата и на IQ - то зошто не пробаш да размислиш вака :
Зошто тие создаватели да не направат слични или исти на нив ако утре се под закана да ги откриеме, да се побуниме и недајбоже да ги уништиме ?
Зошто да не не направат робови каде што нема да бидеме оковани со физички пранги туку ќе бидеме оковани со ментални пранги ?
На крај краева причата со матрикост може е нашата реалност создадена од нив. Се ќе ни направат да ни изгледа идеално и дека сме боговите во универзумот за да можат тие да си црпат од планетава што и да им треба без ние да сме свесни за тоа.
Автоматски споено мислење:

па низ времето човекот научил да работи со метали и да прави машини, затоа се развива многу побрзо последниве 10к години. Тоа е нормална работа, и вонземјаните сигурно не научиле одма како се градат вселенски бродови и слично.
Ок а зошто толку брзо се развива последниве години а првите години (98% од човековото постоење) доста му биле камен и стап ?
Зошто нема и каде е балансот, не е малце чудно што нашиве братучеди од џунглите уште користат камен и стап за разлика од нас?
Со вторава реченица ме пресмеа. :pos:
Зошто мислиш дека и тие потекнуваат од некои мајмуни и дека и нив им требало 10 000 год да измислат струја, компјутери, чипови ?
Тие може имаат сосема друга перцепција за целата реалност.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.334
Поени од реакции
7.698
Сегашните духовни, религиски институции како што кажа се само институции. Врска си немаат ни со религија а уште помалце со духовност (освен ако материјалното богатство не се
Е добро де, ама како тоа го негира постоењето на духот и душата?

Кога сме на темата религија имам едно прашање. Дали си верник ?! Реторичко е. Не мора да ми одговориш ако не сакаш.
Како што те разбрав по постовиве веруваш во вонземјани.
Макар и 0.01 % како што напиша предходно.
Размилси колку ти се косат двете размислувања дека истовремено и бог не создал на планетава/плочава/желки, китови whatever и дека таму некаде во вселената има исто така живот ама што не го создал господ. Кој е тој друг господ што создава таму живот ?
Класичен верник не сум (претходно сум бил класичен атеист), но верувам во постоење на духовен /нематеријален свет.
Сметам дека таму некаде далеку во универзумот постојат планети каде има живот, но не верувам дека тука дошле и туку така ги снемало.

Ако верувате дека вонземјани не креирале, тогаш тоа е спротивно со процесот еволуција. Не може и јаре и паре.

Не ми се косат размислувањата, бидејќи еве да речеме дека нас не креирале вонземјани, тогаш се поставува прашањето кој па нив ги креирал?

Тоа со бог не знам во која смисла го сфаќаш ти, но од тоа што имам читано најприфатливо ми е постоење на еден универзален центар од каде се потекнува. Прочитај нешто од полиматот Волтер Расел (The Universal One) многу јасно и едноставно има објаснето.

Сега да ти реплицирам за Дарвин.
Како ќе го објасниш фактот дека последниве 10 000 год официјално човекот создава и живее во цивилизација а предходно буквално 300 000 год знае само за камења и стапови ?
Ова се историски факти каде што не може на 10000 археолошки локалитети низ цел свет да се лажира дека секој предемет е стар највеќе 10 000 год.
Дисклејмер :Секако на ова има исклучоци што ја побиваат и оваа теорија дека така еден ден некој мајмун решил ќе направам град и ќе создадам цивилизација на исто ниво со модернава. Но тоа е друга тема на разговор.
Ако ги земеш во предвид старите градби кои ги има низ планетава и сегашниве (од пред 3 века градени)
кои се посовршено и покомплицирано изградени?
Не може 100% верба да даваш на историски факти, кога и самиот знаеш некој си играл курташак со историјата.
Најпрост пример се остварувањата на Филип и Александар Македонски. Историјата не учи дека со магариња и коњи успеале да стигнат до Индија, а успат и да војуваат, и да градат градови, и што се ни ти знам.

Постојат траги од цели градови под вода, или врз нив обраснати густи шуми, или па покриени неколку метри со песок. Значи што и како било пред 6-7.000 години не можеме со сигурност да тврдиме. Дали имаш објаснување како тие древни градови функционирале со 1000ци жители, ако биле само со стап и камен.
Edward Leedskalnin сам успеал да го изгради Coral Castle во Флорида, а немал машинерија на располагање.

Врска древните народи зашто не ја користеле сегашнава технологија, е лесно. Бидејќи нашата сегашна технологија е целосно спротивна од природните закони, односно се базира на експлозија и центрифугално движење, а последиците од тие 2 процеси се негативни и за човекот и за планетата. Доколку дозволат според принцип на имплозија и центрипетално движење, кои се во согласност со функционирањето на самата планета, тогаш ефектите би биле позитивни. За ова можеш подетално да читаш кај Viktor Schauberger, оној истиот кој нацистите го земале да им конструира оружја и најверојатно е првиот во поново време кој изградил летало што не функционира со согорување на гориво.

Ако сме толку идеална божја креација како што буквално секоја света книга тврди, зошто не сме барем физички здрави кога психички и ментално веќе сме отидени у курац ?
Човечкото физичко тело е совршено конструирано и ти кажав дека постојат научници кои тоа го докажале, не се само теории и алегории од книги.
Тоа што сме ментално отидени и Волтер Расел и Виктор Шаубергер и Рудолф Штајнер пред 100 години го предвиделе и објаснале зашто до ова ќе дојде. Плус ментално сме отидени бидејќи одредена каста тоа им е главната цел, за да може тие да бидат елитата која ќе паразитира.
За некои полесно е да веруваат дека универзалното нешто (бог) ќе засука ракавите, заборавајќи дека имаме слободна волја и ние сме одговорни, а за други па полесно е:

Зошто тие создаватели да не направат слични или исти на нив ако утре се под закана да ги откриеме, да се побуниме и недајбоже да ги уништиме ?
Зошто да не не направат робови каде што нема да бидеме оковани со физички пранги туку ќе бидеме оковани со ментални пранги ?
Зашто би ги уништиле ако сме како нив или па би се бунеле?
Е тоа за робови држи вода, ама прво да откриеме и да се согласиме што е тоа што го сакаат, што им треба.
Но исто за робови, самите ние луѓе со сегашните сфаќања кои нели се доста затупени, совршено самите себе си се подјебаваме.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.887
Поени од реакции
42.575
Интересно размислување.
Кога веќе пак сме на темата за други создаватели или вештачки забрзувачи на еволувијата и на IQ - то зошто не пробаш да размислиш вака :
Зошто тие создаватели да не направат слични или исти на нив ако утре се под закана да ги откриеме, да се побуниме и недајбоже да ги уништиме ?
Зошто да не не направат робови каде што нема да бидеме оковани со физички пранги туку ќе бидеме оковани со ментални пранги ?
На крај краева причата со матрикост може е нашата реалност создадена од нив. Се ќе ни направат да ни изгледа идеално и дека сме боговите во универзумот за да можат тие да си црпат од планетава што и да им треба без ние да сме свесни за тоа.
Автоматски споено мислење:

Ок а зошто толку брзо се развива последниве години а првите години (98% од човековото постоење) доста му биле камен и стап ?
Зошто нема и каде е балансот, не е малце чудно што нашиве братучеди од џунглите уште користат камен и стап за разлика од нас?
Со вторава реченица ме пресмеа. :pos:
Зошто мислиш дека и тие потекнуваат од некои мајмуни и дека и нив им требало 10 000 год да измислат струја, компјутери, чипови ?
Тие може имаат сосема друга перцепција за целата реалност.
Каква перцепција имаат? Они на дрво им растат вселенски бродови? Све е прогрес низ векови. Сеа они може тој прогрес го доживеале пред еден милениум, ние сега еве живиме у време каде што има услови за развој и напредок.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.782
Поени од реакции
26.794
Каква перцепција имаат? Они на дрво им растат вселенски бродови? Све е прогрес низ векови. Сеа они може тој прогрес го доживеале пред еден милениум, ние сега еве живиме у време каде што има услови за развој и напредок.
Кажи ми само што те наведува да мислиш дека и тие се еволуирани од нешто ?
Од каде ти е оваа перцепција ? :pos:
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.134
Поени од реакции
9.806
Сметам дека таму некаде далеку во универзумот постојат планети
Според твоја пресметка каде точно е тоа некаде во универзумот? Пореално би било дека тие т.н "планети" се наоѓаат негде на земјата отколку во т.н "бесконечен универзум". Самиот англиски збор "plane" значи рамнина. Тогаш произлегува дека "планета" попрво се однесува на некој физички свет овде на земјата отколку на небото.
@PROROKOT ако најдеш време посвети овде време барем за еден пост за да ја однесеш темава на повисоко ниво. Би сакал да знам кои се твоите размислувања во врска со "некои далечни планети таму некаде во универзумот" дали се сложуваш со размислувањето на @Bafra
Автоматски споено мислење:

Имаш еден куп докази кои денес лежат по музеи, 8 милиони сведоци кои тој работен вторник беа на лице место тоа утро, али еве видео на јутуб е поважно.
Кои музеи ? Напиши конкретно барем за еден доказ.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.782
Поени од реакции
26.794
@The Savior ако Пророкот е некој верник поубаво нека не тагне во некоја тема во форумот Религија за Почетокот на Човекот, Теории за постанокот...овде да се навратиме на темата вонземјани.
Во 1954 год НЛО се појавило во Италија над фудбалски стадион за време на натпревар. Повеќе од 10 000 луѓе го виделе ова.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.134
Поени од реакции
9.806
@The Savior ако Пророкот е некој верник поубаво нека не тагне во некоја тема во форумот Религија за Почетокот на Човекот, Теории за постанокот...овде да се навратиме на темата вонземјани.
Во 1954 год НЛО се појавило во Италија над фудбалски стадион за време на натпревар. Повеќе од 10 000 луѓе го виделе ова.
Жити се? А зошто до сега на ниту еден друг натпревар над некој стадион не се појавило? Се појавило тогаш кога се уште немало телевизија и критички печат или мисла. Па нели меѓу првите т.н "летачки тањири" се конструирани од фашистичка Германија? Па зар не е по веројатно дека можеби такво нацистичко летало се појавило во 50-те над стадионот? Никој од нас не бил сведок на тој настан и никој нема да го потврди ова што го објави. Од каде знаеш дека е вистина? Докази нема. Сведоци нема. Овој твојот пост е ист или сличен како на @Ingvar од претходниот пост бар неговиот случај е од поново време за разлика од твојата приказна. Едноставно нема никакви докази веќе цел свет сфати дека американците ги измислија "вонземјаните" само за да шират страв и да ги контролираат нациите а посебно Америте со тој т.н "Нов Светски Поредок".
Автоматски споено мислење:

Од Пентагон ли се собрани парчињава докази? Каде имаш видено толку ниско да лета патнички авион? Само немој да ми напишеш на филм :pos:

Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.382
Поени од реакции
38.795

Џабе е гледаш, толку ти е капацитетот на резонирање. Едноставно мозокот сам одбива да ја прими информацијата како релевантна и факт, и бира опција која е апсурдна.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.099
Поени од реакции
9.528
Човечкото физичко тело е совршено конструирано и ти кажав дека постојат научници кои тоа го докажале, не се само теории и алегории од книги.
Не баш, еден од аргументите кој оди у прилог на ген. инженеринг се уствари 6000 синдроми кај човекот. До душа најверојатно си играле и со други животни, овие што ни се од корист денеска и у минатото како и најверојатно со некои видови растенија. Стапалото на човекот е далеку поинфериорно од хуманоиди кои чекореле два милиони години на планетава пред да се појави модерниот човек и неговите роднини од типот на Кромањонец на пример. Ја лично го гледам и човечкиот дигестивен систем у комбинација со вилицата, дожината на цревата и можноста за синтеза на одредени есенцијални супстанции, апсорпција и можност да се најдат како храна, како проблем.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.134
Поени од реакции
9.806
Џабе е гледаш, толку ти е капацитетот на резонирање. Едноставно мозокот сам одбива да ја прими информацијата како релевантна и факт, и бира опција која е апсурдна.
Да ама не ми одговори на прашањето. Дали си сигурен дека во Пентагон мавнал патнички авион и каде се деловите од авионот? Тие делови што ги објави можат да бидат било кои тоа е како примерот со каменот најден на месечината кој на крај искочи дека е фејк приказна.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.055
Поени од реакции
5.236
Да ама не ми одговори на прашањето. Дали си сигурен дека во Пентагон мавнал патнички авион и каде се деловите од авионот? Тие делови што ги објави можат да бидат било кои тоа е како примерот со каменот најден на месечината кој на крај искочи дека е фејк приказна.
Падот од кулите од СТЦ е толку пати анализиран од стручњаци од разни градежно-технички области, што само наивни можат да „веруваат„ дека беа срушени од авионски удари, иако самите кули се проектирани и градени (раните ‘70-ти години) за да издржат удар од тогашни патнички авиони.

Но, ако ја гледаме „сликата„ малку пошироко, ќе увидиме дека и Виетнамската војна беше иссценирана со лажното потопување на воен чамец во реката Меконг, или како што војната против Садам беше лажирана со непостоечки отрови...Кулите беа повод за инвазијата на Авганистан, од каде Америте елегатно киднаа...

Некој овде дебело лаже....
Автоматски споено мислење:

@PROROKOT ако најдеш време посвети овде време барем за еден пост за да ја однесеш темава на повисоко ниво. Би сакал да знам кои се твоите размислувања во врска со "некои далечни планети таму некаде во универзумот" дали се сложуваш со размислувањето на @Bafra
Автоматски споено мислење:
Не го следам муабетов, така да посочи што е поточно прашањето...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom