зурла, ти како рамноземјаш како би реагирал еве ако сретнеш вонземјанин? Како ќе го објасниш тоа?
Не сум дел од муабетов но и од темава, ама ај малце да ја „размрдаме„.
Начелно, средбата со вонземјани се одвива на 2 начини:
- средба со вонземјани кои ептен..ама ептен не‘ сакаат (како Земјани) и ептен сакаат да ни помогнат да не останеме во средниот век, онака „затуцани„ и
- средба со вонземјани кои ги третираат луѓето како заморчиња.
И во двата слуачи, човековата средба со вонземјани, кои реално постојат, но не на начин на кој популарно ни ги прикажуваат преку медиумите, остава штетни последици во човековата психа.
Тоа нема врска со рамната Земја...
Напросто, не е лесно и едноставно да се сретнеш со супериорно битие, кое ти мисли и ти чини зло, и кое со самото негово присуство шири и пренесува негативна енергија (зло) врз луѓето кои имале (не)прилика да се сретнат со вонземјани.
Сами по себе, вонземјаните не се никави дојденци од иднината и од некоја друга галаксија, туку тоа се „...духовите од поднебесието...„, односно вонземјаните се всушност отпаднатите/темните ангели, кои се исфрлени од Небесата во материјалниов Свет. Нивната улога односно цел во своето присуство во овој Свет се состои во ловењето на што повеќе човекови души и нивно гарантирано носење во пеколот.
Реалните средби со вонземјаните се детаљно опишани и во популарна и во Црковна литература и се прилично слични по суштина, иако различни по толкување.