Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
Не знаев дека Трамп воопшто излегол од политика.
 
Малку е долго али дава одговори на многу добри прашања
 
Едиствена причина шо кријат и не држат во неизвесност е да можат да го зголемат буџетот за рисрч.
Замислете кога утре ке ги прашаат каде се толку и толку пари шо фалат. Нормално ке речат истражувавме за вонземјани. Нема како да не им веруваш, нема како да докажеш дека лажат.
Ова го прават у своја корист.
Само се надевам дека познатите уфолози ќе се докопаат уште до некои информации па да ги натераат у тесно.
Се надевам во мојот животен век ќе се дознае!
 
Колку и да изгледа лошо видеото, битно е да се напомене дека ова е дел од другите две видеа на УСС Омаха, односно Флир снимката од леталото кое влага во вода, радар снимката од леталата и на крај визулениот дел односно оваа снимка од истите летала, сето тоа снимено од специјалниот тим на Морнарицата 'Вајпер тимот'...
Автоматски споено мислење:

Еве ги сите три видеа од истиот настан за оние кои ги интересира:


 
Последно уредено:
За мене лично најлогично ми е ова просто да е напредна цивилизација.
 
Си гледал Fringe?

Имам почнато, ја баталив.

Не, шала на страна. Доколку е точно тоа дека со леталата можат да го деформираат време-просторот односно да произведат антигравитационо поле, зошто не би можеле и да креираат wormholes иако тие се само теоретски концепт? Јас не реков дека со сигурност потекнуваат од тука, туку дека е една од можните теории како резултат на технологијата што ја поседуваат, барем од она што го има зборено Боб Лазар.
 
Дали некој размислувал околу тоа дека "вонземјаниве" што не посетуваат можеби се луѓето од иднината?
А што ако животните околу нас се луѓето од минатото?? Си размислувал на таа тема?
 
Дали некој размислувал околу тоа дека "вонземјаниве" што не посетуваат можеби се луѓето од иднината?

најверојатно патници од паралелен универзум. Ко у стар трек ентерпрајз епизодата.
 
Вчера до 5ам гледав во живо панел на Дискавери се дискутираше репротот и снимките, учествуваа Ник Поп, Корбел, Кнап, Пилоти, Астрофизичари... Се бутка се повише и повише во јавноста идејата за Вонземјани или некоја цивилизација на земјата или повеќе димензионални ентитети, луѓе од иднината... Се бутка темава меинстрим.

Од 25 јуни има рок 90 дена конгресот да добие нов репорт...
 
Некој го ставил панелот што одеше на Дисковери во живо, видеото е unlisted веројатно за да не го избришат...
 
Еве некој Мише снимил УФО над Охрид, баш кај што мислев дека би имало вакви појави, сепак го имаме едно од најдлабоките езера во Европа...

Она што е интересно е дека оваа снимка направена во 2018 (може е и порано направена но тогаш е прв пат објавена) многу наликува на последната снимка објавена од Џереми Корбел, ова е страшно добро видео според мене:


Споредете го со снимката од Вајпер Тимот на Морнарицата што ја објави Корбел:

Истите портокалови две светла кои трепкаат
62E7K7j.jpeg


Исто ова може слободно да се поврзе со случајот во Агудила во Порто Рико, една од најдобрите снимки на УФО


Снимка од 2013 година, во истата година на истото место снимени се и овие летала:

Феноменот е присутен и во Македонија, Охриѓаните нека гледаат убаво над Езероно и нека снимаат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom