СЕТИ: Вонземјани
ќе ја нападнат Земјата во ноември
Американските научници од малку познатата програма „Потрага по вонземјена интелигенција“ (СЕТИ) тврдат дека во ноември вонземјани од планетата „Зееба“ ќе ја нападнат Земјата и ќе долетаат со три огромни вселенски бродови.
Најголемото летало ќе има пречник од околу 320 километри, нагласи еден од експертите на СЕТИ, Џон Малеј.
- Моментално три летала се наоѓаат кај Јуптер. Минувајќи од нивната актуелна брзина на движење тие до Земајта ќе стигнат на есен оваа година - тврди Малеј.
Според неговото мислење, леталата со обични телескопи ќе можат да се видат некаде во ноември, кога ќе го поминат Марс.
Малеј наведува дека научниците ја информирале американската Влада за претстојната посета на вонземјаните и тврди дека од следниот месец САД ќе ги информираат своите жители во врска со можен напад на вонземјани.
Тој смета дека жителите на Земјата можат да се одбранат од нападот на вселенските бродови кои доаѓаат од планетата „Зееба“.
Ова е типичен пример на македонско професионално новинарство, грижливо проверени извори и така натаму.
Нормално, на
сајтот на СЕТИ, штама.
...исто, многу ми се допадна изразот "малку познатата" СЕТИ (во првата реченица).
Новинаров изглеа живее у друга димензија.