Бугарски научници контактирале со вонземјани?
26.11.2009 - 13:11 |
Група бугарски научници се убедени дека вознемјаните се присутни на планетата Земја и тврдат дека стапиле во контакт со нив.
- Вонземјаните се тука околу нас и цело време на набљудуваат, вели заменик-директорот на бугарскиот Институт за вселенски истражувања, Лечезар Филипов.
Тој тврди дека научници од неговиот Институт работат на дешифрирање на комплексна низа на симболи кои им ги пратиле вонземјаните како одговор на 30 нивни прашања.
Според Филипов, научниците од Институтот анлизираат 150 цртежи направени на полиња ширум светот, за кои веруваат дека претставуваат одговори на поставените прашања.
Филипов тврди дека вонземјаните не се непријателски расположени, туку дека „сакаат да ни помогнат, но се уште не сме доволно зрели за да стапиме во контакт со нив“.
- Дури и седиштето на Католичката црква, Ватикан, се согласува со тврдењето дека постојат вонземјани, истакнува Филипов.
Според него, луѓето нема да можат да воспостават конткат со вонземјаните преку радио бранови, туку само преку моќта на умот.
- Нема сомнеж дека луѓето ќе воспостават директен контакт со вонземјаните за 10 до 15 години, потенцира Филипов, додавајќи дека вонземјаните го осудуваат „аморалниот однос на луѓето кон природата“.
нема лабаво со бугарите :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: