Можно е со оглед на тоа дека имаме Против воздушна одбрана(ПВО) од стар тип, и тие што ги има прашање е дали се распоредени или се паркирани во некој хангар имаше дискусија за нив на
2 и
3. Доколку се распоредени прашање е на кое место се распоредени на која надморска висина со оглед на тоа дека имаат мал домет за да биде соборен авион кој ќе бомбардира од голема висина. Може да биде детектиран но ќе не може ништо да се преземе и доколку биде откриен се сомневам во тоа да биде откриен и типот на леталото и неговите карактеристики на дејствување.
Доколку би бомбардирал Македонија има неколку стратешки позиции кој би биле бомбардирани, а со тоа и онеспособени, и потоа само ќе патролира над небото и ќе дава поддршка на копнената војска која би навлегла на територијата, а воедно и ќе ја онсепособува нашата војска.
Но со оглед на тоа дека Македонија има потпишано стратешки договор со САД кој ја гарантира безбедноста на цела територија на Македонија, нај веројатно ќе имаме поддршка од најблиската база Бонстил. Исто така скоро сме членка на НАТО ќе имаме поддршка и од нив.
Доколку би биле и SU-25 активни прашање е дали ќе може да одговорат на нападот затоа што зависи со каков тип на авион ќе треба да се спротивстави.