Воздухопловен Винг и ПВО на Република Македонија

Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Знам дека има повеќе вакви теми, но ниту една од нив нема ништо детално и немаат никаква тежина, затоа решив да отворам ваква тема, и се надевам дека доколку нешто сум згрешил некој ќе ме надоплолни , а со тоа ќе имаме тема која ќе биде убаво да се следи.

Историја
По завршувањето на Втората светска војна, Македонија стана составен дел на социјалистичка федеративна Република Југославија.
Југосновенската Народна Армија, како воружена сила на југословенската федерација го користеше ареодромот Петровец (Александар Велики)како база на военото воздухопловство и против воздушната одбрана. Пред распадот на југословенската федерација, ареодромот петровец беше седиште на 98. Авијациска бригада на југословенското воено воздухопловство во чиј состав се наоѓаа три ескадрили:
241.Ловечко бомбардерска авијациска ескадрила со јуришини авиони од типот J-22 Orao
247.Ловечко бомбардерска авијациска ескадрила со авиони J-21 Jastreb
354.Извидничка авијациска ескадрила со авиони IJ-21 Jastreb
Воздухопловната база беше седиште и на повеќе наменските хеликоптери SA.341 Hera–Газела како и на неколку клипни авиони од типот Utva 66.
Базата беше од големо значење за одбрана на јужните делови на Југословија од непријателите од Варшавскиот договор Народна Република Бугарија на исток и Нато пактот Република Грција од тие причини воздухопловната база Петровец беше заштитена со мобилни земја воздух ракетни системи од типот 9M9 kub како и земја воздух ракетни системи од типот S-125 Neva.
По референдумот одржан на 8 септември 1991 година е изгласано Република Македонија да биде самостојна држава, а тоа резултира со повлекувањето на Југословенската Народна Армија која со себе го повлекува и сето вооружување во 1992 година си заминува и 98 ловечко –бомбардерскиот полк и се сместува во новата матична база Лаѓевци во близина на Краљево, Република Србија.

Почеток
По започнувањето на воените судири во Хрватска и во Босна и Херцегновина, Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно донесува резолуција со која под ембарго за увоз и извоз на оружје и воена опрема се ставени сите републики од поранешната југословенска федерација. Ембаргото претставува силен удар за АРМ, военото воздухопловство со цел да го одржи високо стручниот и професионален кадар набавува еден авион Utva 66и четири авиона Utva 75.
на 10 април 1992 година првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров ја потпиша Одлуката број 60 за формирање на Команда на Воено Воздухопловство и Противвоздушна Одбрана. - Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана го сочинуваа: команда на военото воздухопловство и противвоздушна одбрана, авијациска бригада, лесен артилериски ракетен полк ПВО, полк ВНЈИН и воздухопловна база.


Согласно Планот за летање од 09 јуни 1992 година, изработен за летачкиот ден 10 јуни 1992 година, како прва македонска посада кои полетаа беа старешините мајор Илијевски Дане и капетан Александар Манев, со авион од типот Утва-75 во периодот од 10.15 до 10.35 часот во пилотажна зона Драчево. Во чест на тој историски настан, 10 јуни традиционално се слави како ден на македонското воено воздухопловство.

1994 година Македонија купува четири транспортни хеликоптери од типот Mi-17 заради наметнатото ембарго се обоени со бела боја.

Во 1996 обединетите нации го тргаат ембаргото за Македонија, и сите четири хеликоптери преминуваат во военото воздухопловство и се обоени со маскирна боја.
1995 година Македонското воено воздухопловство купува четири авиони Zlin 242L (со евиденциски број VAM-102, Z3-DCN) од Чешката Република, а со тоа ги пензионираUtva 66 и 75. Авионот Злин е двосед и е погоден за обука на пилоти, акробатско, навигационо, инструментално и ноќно летање, летање во формација и борбени маневри. Беа презентирани на јавноста на 28 јуни 1998 година на ареомитингот во Стенковец, Скопје.

1999 година за време на тренажна мисија во Мантово се сруши еден Zlin 242L и покрај тешките повреди за среќа пилотот успешно заздравување се врати на своите задачи.

Неизвесност
Желба за опременување на македонското воено воздухопловство со авиони и хеликоптери отсекогаш постоела, но секогаш нешто се испречувало на патот кон нивната реализација најчесто тоа се финансиите еве дел од најавите:
1996 година командантот на военото воздухопловство Миле Манолев најавува купување на четири борбени авиони од типот Aero L-39 Albatros купувањето не се реализира поради немање финансиски средства.
1998 година Република Турција на нашата земја и нуди донација на 20 борбени авиони од типот Northrop F-5a/b freedom fighter, но поради скапата модернизација, оваа донација не е реализирана.
1999 година република Бугарија и нуди донација на 12 борбени авиони од типот MiG-21bisи 12 борбени хеликоптери од типот Ми-24Д но поради нивната истрошеност, е одбиена оваа донација.
2000 година Република Македонија добива сериозна понуда од СР Германија која нуди донација на 16 лесни хеликоптери од типот MBB Bo 105 (4 тренажни Бо-105CB, 8 против оклопни Бо-105P и 4 извиднички Бо-105M) во пакет со лесни повеќе наменски хеликоптери од типот УХ-1Д хјуи. Зошто не е реализирана понудата причините не се познати.
2000 година се појавуваат информации дека имало преговори со Украина за набавка на една ескадрила на борбени хеликоптери од типот Ми-24 во пакет со неколку Ми-8, но за жал преговорите биле прекинати.
Во тој период има идеи да не постои Македонско Воено Воздухопловство туку да биде формирана управа за трагање и спасување.

2001 година.
Албанските терористи започнуваат војна во Република Македонија, проследени со големи човечки загуби, најчесто од нагазните мини се јавува голема потреба за транспорт со хеликоптери, военото воздухопловство поседува четири хеликоптери од типот Mi-17 кои не можат да одговорат на потребите на армијата.
Украина донира четири транспортно-борбени хеликоптери од типот Mi-8МТ (кои го опслужуваа украинскиот контигент на КФОР).

Грција донира два лесни-повеќенаменски хеликоптери од типот Bell UH-1.
И покрај донациите се јавува потреба за борбени хеликоптери и авиони кои ќе даваат поддршка на копнените сили. За таа цел купени се десет хеликоптери Mi-24B

и четири Su-25 како и земја воздух ракетни системи од типот Igla-1 и Strela-10 за засилување на противоздушната одбрана.
17 Март 2001 Македонско Воено Воздухопловство претрпува загуба на еден транспортен хеликоптер Mi-17 поради силен ветер при слетувањето се сруши на попова шапка при што еден припадник го загуби животот.
25 март 2001 година македонските безбедносни сили започнуваат голема воена операција , а македонското воено воздухопловство ги употреби Mi-8МТ кои користеле ненаведувани 57mm и 80mm ракети. Тоа е за прв пат во историјата на Република Македонија летало на македонско воено воздухопловство да учествува во борбени дејствија.
Јуни 2001 Арачиново, македонско воено воздухопловство го изведува најжестокиот напад во кој учествуваат четири Mi-24B два Мi-8МТ по што албанските терористи развејуваат бели знамиња.

20 јуни 2001 година пристигнуваат четири борбени авиони од типот Су-25 три едно седи и еден двосед.
24 јуни 2001 година во 10:40 часот Su-25 полетува во извидничка мисија над арачиново. Тоа е за прв пат во историјата на Република Македонија борбен авион да полета од воздухопловната база Петровец.

За време на војната во повеќе конбинирани акции имаат учествувано Мi-24B и Su-25 со тактика од советската армија за врема на воената интервенција во Авганистан.

26 ноември 2001 е промовиран на јавноста 501.Падобрански Специјален Одред (ПСО) Соколи. Елитната специјална единица се држела во тајност која во кординација со другите специјални единици на АРМ има учествувано во неколку молскавични акции против албанските терористи во танушавци, матејче и радуша.

Македонско Воено Воздухопловство набавува два хеликоптера Мi-24К кои се наменети за извидување на бојното поле и за корекција на артилериски оган, леталото е опремено со моќни камери и современ компјутерски систем . Хеликоптерот не може да користи противтенковски наведувани ракети, но ја задржува можноста да дејствува со митралезот и со ненаведувани воздух-земја ракети. Мислам дека ја има претставувано Македонија на вежба во Франција кој бил единствен од таков тип.
Летачки сквадрони:
101. авијациски сквадрон опремен со три авиони „Злин 242Л” и четири авиони „Су-25“
201.борбен хеликоптерски сквадрон опремен со 12 хеликоптери „Ми-24“ - Формирана е Против Околопена Хеликоптерска Единица (ПОХЕ).
301. транспортен хеликоптерски сквадрон опремен со два хеликоптери „УХ-1Х“, три хеликоптери „Ми-17“ и четири хеликоптери „Ми-8МТ“.
2002 ГОДИНА - Новата организациска структура која стапи на сила доведе до реорганизација и промена на Авијацискиот баталјон во Воздухопловен ВИНГ.
2003 година се модернизира Антонов Ан-2 за потребите на падобрански специјален одред Соколи кои по нивното спојување со Волците, Ан-2 е повлечен од употреба.

1 март 2004 е повлечен од употреба и последниот Су-25.
2004 година тренажниот сквадрон на воздухопловниот ВИНГ во својот состав доби дополнителни два авиона од типот ЗЛИН-242Л и еден четворсед ЗЛИН-143Л. Воздухопловниот ВИНГ овие авиони ги изнајми од Управата за цивилна воздушна пловидба (УЦВП), со што во својот состав имаше седум школско-тренажни авиони.
2005 година во присуство на високи претставници на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, како и на претставници на израелската компанија Elbit SISTEMS Ltd., официјално беа промовирани првите пилоти-инструктори за оперирање со системот за ноќно летање (ANVIS/HUD-24) на АРМ. Тој систем планирано беше да биде вграден на хеликоптерите Ми-24 и Ми-17.
2005 до денес периодично од употреба се повлекуваат и Мi-24 до сега се повлечени вкупно осум.
2008 Трагична година за Република Македонија, воздухопловството и семејствата на настраданите. Во текот на годината се случи воздухопловната несреќа со хеликоптерот Ми-17 со евиденциски број ВАМ - 304 на ден 12 јануари 2008 година, во месноста Катлановско Блаце. Животот го загубија сите 11 припадници во хеликоптерот од вВИНГ.
2012 година воздухопловна бригада преминува во состав на Здружената Оперативна Команда. Воздухопловна бригада и нејзините сквадрони.

Сквадрон на борбени хеликоптери

Сквадрон на транспортни хеликоптери

Баталјон за противвоздушна одбрана

Баталјон за воздушно наведување и јавување

Флајт за обука и тренинг

Сквадрон на воздухопловно техничко одржување

Денес
Од останатите четири Mi-24 два се целосно модернизирани(Александар), а два делумно(Јасмин), Mil Mi-8/Mi-17 Hip дел се модернизирани од Elbit. Bell UH-1 не се активни.
Набавени се и Bell 206 за тренинг на пилотите и се во склоп на центарот за обука на пилоти
битно е да се напомене дека има и два симулатори за Ми-17 и Ми-24 кој се направени во соработка со Елбит и се наоѓа во рамки на касарната Страшо Пинџур.
 
Последно уредено:

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Имаат опција за НВГ. Едниот од нив несрекно го изгубиме во Катланово.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.749
Поени од реакции
42.341
do koe deredze dojdovme, u 2001 bar imavme avijacija a sega nisto. Od 12 samo 4 mi-24ki se aktivni i toa kojznae u koja sostojba, avioni jok. Za koja potreba centar za obuka na piloti i toa 50 milioni vreden koga nemas nikakvi letala, poeftino ke gi cini da gi prakjaat vo stranstvo da gi obucuvaat profesionalci u taa oblast i so tie pari ke se obnovese eden del od letalata.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
do koe deredze dojdovme, u 2001 bar imavme avijacija a sega nisto. Od 12 samo 4 mi-24ki se aktivni i toa kojznae u koja sostojba, avioni jok. Za koja potreba centar za obuka na piloti i toa 50 milioni vreden koga nemas nikakvi letala, poeftino ke gi cini da gi prakjaat vo stranstvo da gi obucuvaat profesionalci u taa oblast i so tie pari ke se obnovese eden del od letalata.
Ti gi broeshe pa znaesh
Zvanicno ARM si ima 8 vo aktivna sluzhba, se drugo e prashanje na procenka
so Mi-24 K se zaebale shto gi kupile 2001 zasto se nadzhiveani koncept od 1970.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.749
Поени од реакции
42.341
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.315
Поени од реакции
7.055
болештина да те фати за леталава :facepalm: не дај боже да ни затребаат одново,ќе се најдат други,но земја без функционална армија во секое време спремна да одговори на предизвикот,не е држава во никој случај
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Od cetiri Mi-24 samo 1 e letase pred desetina dena, a i kaj transportno-borbenite ne e sjajno.
 
Последно уредено:

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Луге дај баталете бројки ние не сме сср па имама 500 дивизион па еден више мање.
не прајте кеиф на душмани.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Какви хеликоптери, какви борбени авиони, сега у тренд е крадењe, пардон градење пениски игралишта по селана, да има добитокот кај да се разоноди...
(знам оти ќе папам казнени за ова али јебига, морав)

он: И да се функционални леталава, кој би управувал со нив? Зарем има обучен кадар? И ако да, на што се обучува тој кадар? Јер, нели, авионите и хеликоптерите р'ѓосуваат (и којзнае дали од 2001-ва навака се "загреани" воопшто) под ведро небо, наместо во хангар!

п.с Секоја чест за постот, вовед за мерак!
 
D

Deleted member 53418

Гостин
За темата секоја чест :D

Моментално на некое најдолно ниво ни е армијата од коа постои независна Македонија
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.486
Јас искрено овде гледам повеќе амблеми, отколку функционални воздухопловни летала.
Мораме да превземеме нешто во врска со тоа.
На жалост, не чекаат мрачни воени времиња.
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Поради ограничувањето до 20 слики, вчера кај ЈНА сакав да ставам слики од авионите, хеликоптерите и ПВО кои биле во базата Петровец па затоа ќе ги објавам тука, во текот на денот ќе објавам слики од ПВО на Македонија.
98. Авијациска бригада на југословенското воено воздухопловство во чиј состав се наоѓаа три ескадрили:
241.Ловечко бомбардерска авијациска ескадрила со јуришини авиони од типот J-22 Orao

247.Ловечко бомбардерска авијациска ескадрила со авиони J-21 Jastreb

354.Извидничка авијациска ескадрила со авиони IJ-21 Jastreb

Воздухопловната база беше седиште и на повеќе наменските хеликоптери SA.341 Hera–Газела

како и на неколку клипни авиони од типот Utva 66.

Mобилни земја воздух ракетни системи од типот 9M9 kub

S-125 Neva.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom