- Член од
- 1 мај 2015
- Мислења
- 477
- Поени од реакции
- 657
Сквадрон на транспортни хеликоптери
Почеток
Со одлуката на претседателот на Република Македонија, Македонското Воено воздухопловство беше формирано на 10. Април 1992.
Во својот состав имаше: Команда на Военото воздухопловство, Воздухопловна бригада со авијација, транспортен хеликоптерски сквадрон и борбен хеликоптерски сквадрон.
Пилотската обука се извршуваше на Утва-75.
За Сквадронот на транспортни хеликоптери, на 28. Јуни 1994 година беа набавени четири транспортни хеликоптери од типот Ми-17. Оттогаш основната и борбената обука се извршуваше на овие хеликоптери.
Сквадронот на транспортни хеликоптери извршуваше мисии на транспорт, ВИП транспорт, гасење на пожари, вежби на ПзМ, медицинска евакуација, барање и спасување и други мисии.
Во текот на 2001 година, сквадронот на транспортни хеликоптери беше опремен со уште четири хеликоптери од типот Ми-8.
Сквадронот на транспортни хеликоптери учествуваше во 4 ротации на мировна мисија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, во време од јули 2006 до јули 2008 година.
Мисија:

- Спроведување на обука, тренажа на летачкиот состав и одржување на потребната борбена готовност за извршување на задачи во согласност со начелата за употреба на транспортни хеликоптери;
- Подготовка на персоналот за учество во операции за поддршка на мирот, водени од НАТО и ЕУ;
- Во координација со останатите сквадрони, учествува во извршување на задачи во согласност со мисијата на вбр.
- Воздухопловна поддршка на копнените сили со тежиште на транспорт;
- Вршење на барање и спасување, како и медицинска евакуација на повредени и ранети;
- Одржување на достигнатиот степен на тренажа, обуки и преобуки според потребите на единицата;
- Изведување на вежби за извежбување и оспособување на сквадронот за извршување на наменските задачи;
- Извршување на мисии ноќе, со употреба на системи за ноќно летање;
- Обука на нов летачки персонал и персонал за одржување и опслужување на летањето;
- Изучување на стандардите на НАТО и странски јазици со цел интероперабилност и вклучување на екипажи во операции на НАТО и ПзМ;
- Операции за поддршка на МВР во справување со закани по безбедноста на РМ;
- Подигање на психо-физичката подготвеност на составот, согласно со Упатството за физичко воспитување и насоките на воздухопловно-лекарската комисија;
- Оспособување и извежбување за безбедно ракување со личното пешадиско вооружување.