Воздухопловен Винг и ПВО на Република Македонија

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
ПВО - Баталјон за противвоздушна одбрана (каде што се функционира совршено и се е во најдобра кондиција вистински пример)

4 ПАТ 20/3 мм. На 28 и 29 април преземени се и 36 ПАТ 40 мм М-12 од работните организации “Рафинерија“, „Охис“, и “Железара“.
Во 1993 година единицата е пополнета со ПА топови 20/3 мм и со ПАТ 40 мм М-12.
Во 2000 година единицата е пополнета со шест рачни радио станици П-210 и 12 автоматски телефони а во 2001 година извршен е прием на нови РС за ПВО “СТРЕЛА-10М“ и ИГЛА.
На 19.07.2001 година почна процесот на опремување на единицата со современи средства за ПВО, со пристигнувањето на ракетните системи “СТРЕЛА-10М“. Во годинава единицата располага со 4(четири) товарни м/в ИВЕКО, 2 м/в ИЛТИС и м/в ЛАДА РИВА. Што се однесува до опременоста единицата располага со современи средтва за врски......
Oна што го имаме како ПВО е застарено и соодветно за извршување на борбени дехјствија во 50 сетите или 60 сетите години, но не и денес.
ПАТ (против авионскиот топ 20/3 е бивш ЈНА модел М55 А3Б1 кој е всушност копија (или лиценца) на француски модел од хиспано суиза од втора светска војна и кој се вградваше и во ловците од втора светска војна (спитфаер), со колиматорска нишанска справа во која рачно (од око и одприлика) командирот на оделението ги мести параметрите за оган (насока, нагиб и брзина на целта. Во ЈНА во почеток на 80 десетите веќе е воведен ПАТ 20/3 А4 со нова нишанска справа (Галилео) и уред за управување на топот како и самоодна варијанта БОВ 3 но и тие се далеку зад современите потреби. Маните му се нишанска справа (која не може да се користи ноќе), бавна почетна брзина на зрно и за денешни услови мал домет и во вертикала и во хоризонтала мал калибар неефикасен посебно против летала дизајнирани за напад на цели на земја и кои се оклопени на виталните делови.

ПАТ 40мм м1 (не е М12, М12 беа хаубици) е противавионски топ oд Шведско потекло (Бофорс) и е модел од 1934 година, во ЈНА уште на почеток на 80 десети е заменуван со современ Бофорс 40мм Л70 со радар (Жирафа) и ласерски обележувач и мерач на целта. маните на М1 се застарена нишанска справа (исто со рачни параметри, двајца нишанџии кои рачно ја придвижуваат цевката, еден по хоризонтала друг по вертикала.

Игла, е модел на СССР од 80 десетите, и по карактеристики е многу слична на тогашниот Стингер од американско потекло но денес се смета за застарена во борба против современи летала и би имала мошне мал или никаков ефект врз современ борбен авион кој маневрира или испушта ИЦ мамки. Игла има во себе уградено глава за детекција на ИЦ мамки но тој беше ефикасен пред 20-30 години за тие контрамерки. Денес во главном неа ја користат разни герилски и терористички групи и упеваат тук таму да соборат воглавном транспортен авион или хелихоптер од заседа, на далечина од 5 и висина до 3 километри, но во борбени услови, каде неприателот би очекувал ПВО активности, мислам дека не би била ефикасна

Стрела 10 е самооден ПВО систем од СССР дизајниран и произведен на крај на 60 сети и почеток на 70сети години. Модифициран е неколку пати последен пат (колку шпто знам крај на 80 десети), водењето миу е инфрацрвено/оптичко, последните модели и ултравиолетово (не знам кој точно модел го има АРМ) а дометот му е околу 5 километри хоризонтално и околу 3 километри вертикално

Колку што знам АРМ имаше и нешто од ракетни системи Стрела (и тоа првите модели не подоцнежните Стрела 2М кои се доста подобрени) имаше и 20/1 мм т.н. партизанец (ист топ како и 20/3 само со една цевка и комплицирано нишанење и придвижување на цевката
Воглавном денешното оружје на АРМ за ПВО е она што ЈНА го имаше а некои и ги заменуваше во 80 десетите, затоа не може да се каже ни дека е современо ни дека е модерно.

Она што му фали на еден систем за ПВО да биде ефикасен се уреди за откривање на целите, уреди за јавување на податоци и современи уреди за борба, како и стратегија за ПВЗ (против воздушна заштита)
Јас не знам дали и што АРМ има од уреди за откривање и идентификација на целта, без нив ПВО е сведена на војник покрај топови (или ракетни лансери) кој гледа во небото и одеднаш ќе викне “ЕНЕЕЕ ГООО ИДИИИИ!!!“ За да се собвори со постоечките топови 20 и 40 мм некој треба да јави дека
1.се наближува целта
2. насока на целта
3. брзина на целта
4. висина на целта
тие податоци се внесуваат во постоечките нишански справи и се отвара оган кога че влезе во зона на дејствување. Вака, без тие податоци секој командир од око и отприлика ќе речи “клајте брзина 300, далечина 700, агол, 15.....“„ па ккако на лото ако ги погоди сите бројчиња - може и да ја погоди целта. Сето тоа кај 20мм мора да го одреди за 10 секунди, да се внеси во следните 5 секунди и имаат 3 секунди време да отвараат оган, се на се 20 секунди акција во кои авион кој лета со 300м/с ќе пролета 6 километри. И после тоа мора сместа да се бега и напушта положајот оти за 5 минути на него ќе се истури дожд од напалм и касетни бомби.
Сличен случај е и со ракетните системи, ни еден од нив нема свои уреди за откривање на цел (радари, ИЦ, акустични) туку се базираат на податоци од некој војник со двоглед кој се пули во небото наоколу и се прашува “Птица ли е... авион ли е...“

Од уреди за откривање на цели најпознати се радари, голема и долга тема, али накратко, емитуваат радиобранови кои се одбиваат од целта се враќаат во приемната антена и врз база на одбиениот сигнал се добива податок за висина, далечина, брзина на целта. Радарите работаат во активен начин , значи емитува сигнали кои лесно се откриваат и веднаш се на мета на напад, за нив се развиени и посебни ракети кои одат директ на изворот на зрачењето. Постојат и контејнери кои се подвесуваат на авионот а кслужат да го попречуваат сигналот од радарот, или да праќаат лажни податоци, постојат и посебни авиони наменети за електронска борба и попречување, откривањена радарски сигнали. Од друга страна пак и радарите развиваат свои методи на отпорност на попречувања (фреквенциски скокови, кодирања на сигнали...) радарските станици се штиотат со орудија за борба против ракети, обично противракетни системи или повеќецевни артилериски орудија........
Постојат и други уреди кои се поотпорни како ИЦ и акустични кои работаат на систем на откривање на топлотен одраз на леталото, тој не емитува сигнали, не може да се открие на тој начин, но е помалце ефикасен и со помал домет, акустични уреди претежно се наменети за откривање на хелихоптери а можат и авиони, во своите бази на податоци имаат “звучни отпечатоци“ на повеќе модели па может да откријат и тип на летало, насока и далечина, колку што се сеќавам некои од тие модели во почеток на 90 сетите може да откријат хелихоптер до 20 километри далечина...
Друг сегмент кој е витален се средствата за врски, џабе ти е да имаш современи радари и современи артилериски и ракетни орудија ако нема кој да ги пренесе податоците од еден до друг сегмент и тоа мошне брзо, значи уреди за врски отппорни на прислушкување и попречување, со можност за дигитален пренос на податоци за да се добие на ефикасност и брзина, на пример, ловец бомбардер кој лета на границата на брзина на звук (300м/с) тој за 5 минути ќе помини 90 километри. Или скоро цела воздушна линија на Македонија. во тие 5 минути треба да биде откриен, детектиран, пренесени податоци до команди, од таму дадени наредби до единици, орудијата подготвени за дејство и да се дејствува.

Да не пишам сега за ПВЗ кој можеби во вакви услови и вавква состојба со опрема и орудија ни е најбитен, али доста е за овој пост и толку
 
Последно уредено:
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657

Убаво си напишал, кога ќе се погледне ние како држава имаме стара опрема и вооружување, најдобриот Mi-24 е од 1984 година, патем имаме и таква единица за воздушно наведување и јавување па вечер ќе објавам повеќе детали за неа но има застарена опрема, да не излеземе од темата Србија за време на бомбардирањето собори F-117, погоди F-16 и што се фалат погодила B2 и тој паднал во Хрватска па таму било блокирано додека да го средат местото имало и докази, сето тоа го направиле со застарена технологија, знам дека нашата и нивната се разликуваа, но од кај знаеш можеби ќе се најде, највеќе напишав затоа што ја одржуваат опремата. Инаку имаме вкупно 21 Стрела.
 
а бе се и сешто се кажува, а за Б2 многу малку е веројано дека летал над Југославија а камоли дека собориле, најмногу погодиле крстаречки летала и дронови, имаат погодено доста авиони кои преживеале и се вратиле во базата, потврдено званично е соборен еден ф117 и еден ф16
Не можеш така да правиш оценка, ти фалат параметри
НATO изврши за 78 дена 18.000 борбени летови, (башка уште 8.000) неборбени, над Југославија се извршени 8.800 борбени дејствија. Изгубија 2 авиони во борбени и неколку во неборбени мисии. Тоа е многу многу многу слаб резултат и процент од севкупно употребени авиони и борбени налети. Тоа е процент од 0,022%. успешност Повеќе летала изгубија НАТО силите при дефекти и незгоди вон борби од колку во борбени услови. Од друга страна Југославија (србија и Црна гора) изгубија речиси целокупно воено воздухопловство и то најмногу на земја ниту летнати да извршува задачи. Во Србија беше овлечено и концентрирано речиси сето оружје и опрема на ПВО од ЈНА и пак не можеше да нанеси макар поголем број на губитоци на НАТО силите. Тоа кажува колку е застарена и неефикасна опремата која ја имаа а замисли ние ја имаме опремата која ЈНА веќе во 80 десети почна да ја заменува со помодерна и ја префрла во резервен состав и територијална одбрана.
 
Целта на коментарот ми беше, на среќа можеби ќе се погоди нешто. Моментално опремата која ја поседуваме е колку да се каже дека имаме ПВО.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Oна што го имаме како ПВО е застарено и соодветно за извршување на борбени дехјствија во 50 сетите или 60 сетите години, но не и денес.
ПАТ (против авионскиот топ 20/3 е бивш ЈНА модел М55 А3Б1 кој е всушност копија (или лиценца) на француски модел од хиспано суиза од втора светска војна и кој се вградваше и во ловците од втора светска војна (спитфаер), со колиматорска нишанска справа во која рачно (од око и одприлика) командирот на оделението ги мести параметрите за оган (насока, нагиб и брзина на целта. Во ЈНА во почеток на 80 десетите веќе е воведен ПАТ 20/3 А4 со нова нишанска справа (Галилео) и уред за управување на топот како и самоодна варијанта БОВ 3 но и тие се далеку зад современите потреби. Маните му се нишанска справа (која не може да се користи ноќе), бавна почетна брзина на зрно и за денешни услови мал домет и во вертикала и во хоризонтала мал калибар неефикасен посебно против летала дизајнирани за напад на цели на земја и кои се оклопени на виталните делови.

ПАТ 40мм м1 (не е М12, М12 беа хаубици) е противавионски топ oд Шведско потекло (Бофорс) и е модел од 1934 година, во ЈНА уште на почеток на 80 десети е заменуван со современ Бофорс 40мм Л70 со радар (Жирафа) и ласерски обележувач и мерач на целта. маните на М1 се застарена нишанска справа (исто со рачни параметри, двајца нишанџии кои рачно ја придвижуваат цевката, еден по хоризонтала друг по вертикала.

Игла, е модел на СССР од 80 десетите, и по карактеристики е многу слична на тогашниот Стингер од американско потекло но денес се смета за застарена во борба против современи летала и би имала мошне мал или никаков ефект врз современ борбен авион кој маневрира или испушта ИЦ мамки. Игла има во себе уградено глава за детекција на ИЦ мамки но тој беше ефикасен пред 20-30 години за тие контрамерки. Денес во главном неа ја користат разни герилски и терористички групи и упеваат тук таму да соборат воглавном транспортен авион или хелихоптер од заседа, на далечина од 5 и висина до 3 километри, но во борбени услови, каде неприателот би очекувал ПВО активности, мислам дека не би била ефикасна

Стрела 10 е самооден ПВО систем од СССР дизајниран и произведен на крај на 60 сети и почеток на 70сети години. Модифициран е неколку пати последен пат (колку шпто знам крај на 80 десети), водењето миу е инфрацрвено/оптичко, последните модели и ултравиолетово (не знам кој точно модел го има АРМ) а дометот му е околу 5 километри хоризонтално и околу 3 километри вертикално

Колку што знам АРМ имаше и нешто од ракетни системи Стрела (и тоа првите модели не подоцнежните Стрела 2М кои се доста подобрени) имаше и 20/1 мм т.н. партизанец (ист топ како и 20/3 само со една цевка и комплицирано нишанење и придвижување на цевката
Воглавном денешното оружје на АРМ за ПВО е она што ЈНА го имаше а некои и ги заменуваше во 80 десетите, затоа не може да се каже ни дека е современо ни дека е модерно.

Она што му фали на еден систем за ПВО да биде ефикасен се уреди за откривање на целите, уреди за јавување на податоци и современи уреди за борба, како и стратегија за ПВЗ (против воздушна заштита)
Јас не знам дали и што АРМ има од уреди за откривање и идентификација на целта, без нив ПВО е сведена на војник покрај топови (или ракетни лансери) кој гледа во небото и одеднаш ќе викне “ЕНЕЕЕ ГООО ИДИИИИ!!!“ За да се собвори со постоечките топови 20 и 40 мм некој треба да јави дека
1.се наближува целта
2. насока на целта
3. брзина на целта
4. висина на целта
тие податоци се внесуваат во постоечките нишански справи и се отвара оган кога че влезе во зона на дејствување. Вака, без тие податоци секој командир од око и отприлика ќе речи “клајте брзина 300, далечина 700, агол, 15.....“„ па ккако на лото ако ги погоди сите бројчиња - може и да ја погоди целта. Сето тоа кај 20мм мора да го одреди за 10 секунди, да се внеси во следните 5 секунди и имаат 3 секунди време да отвараат оган, се на се 20 секунди акција во кои авион кој лета со 300м/с ќе пролета 6 километри. И после тоа мора сместа да се бега и напушта положајот оти за 5 минути на него ќе се истури дожд од напалм и касетни бомби.
Сличен случај е и со ракетните системи, ни еден од нив нема свои уреди за откривање на цел (радари, ИЦ, акустични) туку се базираат на податоци од некој војник со двоглед кој се пули во небото наоколу и се прашува “Птица ли е... авион ли е...“

Од уреди за откривање на цели најпознати се радари, голема и долга тема, али накратко, емитуваат радиобранови кои се одбиваат од целта се враќаат во приемната антена и врз база на одбиениот сигнал се добива податок за висина, далечина, брзина на целта. Радарите работаат во активен начин , значи емитува сигнали кои лесно се откриваат и веднаш се на мета на напад, за нив се развиени и посебни ракети кои одат директ на изворот на зрачењето. Постојат и контејнери кои се подвесуваат на авионот а кслужат да го попречуваат сигналот од радарот, или да праќаат лажни податоци, постојат и посебни авиони наменети за електронска борба и попречување, откривањена радарски сигнали. Од друга страна пак и радарите развиваат свои методи на отпорност на попречувања (фреквенциски скокови, кодирања на сигнали...) радарските станици се штиотат со орудија за борба против ракети, обично противракетни системи или повеќецевни артилериски орудија........
Постојат и други уреди кои се поотпорни како ИЦ и акустични кои работаат на систем на откривање на топлотен одраз на леталото, тој не емитува сигнали, не може да се открие на тој начин, но е помалце ефикасен и со помал домет, акустични уреди претежно се наменети за откривање на хелихоптери а можат и авиони, во своите бази на податоци имаат “звучни отпечатоци“ на повеќе модели па может да откријат и тип на летало, насока и далечина, колку што се сеќавам некои од тие модели во почеток на 90 сетите може да откријат хелихоптер до 20 километри далечина...
Друг сегмент кој е витален се средствата за врски, џабе ти е да имаш современи радари и современи артилериски и ракетни орудија ако нема кој да ги пренесе податоците од еден до друг сегмент и тоа мошне брзо, значи уреди за врски отппорни на прислушкување и попречување, со можност за дигитален пренос на податоци за да се добие на ефикасност и брзина, на пример, ловец бомбардер кој лета на границата на брзина на звук (300м/с) тој за 5 минути ќе помини 90 километри. Или скоро цела воздушна линија на Македонија. во тие 5 минути треба да биде откриен, детектиран, пренесени податоци до команди, од таму дадени наредби до единици, орудијата подготвени за дејство и да се дејствува.

Да не пишам сега за ПВЗ кој можеби во вакви услови и вавква состојба со опрема и орудија ни е најбитен, али доста е за овој пост и толку
Let3 одлична анализа , малтене генералштабна , ама таму сега имаш збир на мали џокици и дурдубаци кои некои амери ги тапшаат по рамена колку се добри, па само предат е се погледнуваат во огледало за потврда.......па џаба ти трудот, освен за појаснување на јуношиве овде, дека најдобра инвестиција е да веруваме во точноста на информацијата за тоа дека Господ ги чува будалите и Македонците.
Се друго е фрлена пара у ветер...;)
Убаво си напишал, кога ќе се погледне ние како држава имаме стара опрема и вооружување, најдобриот Mi-24 е од 1984 година, патем имаме и таква единица за воздушно наведување и јавување па вечер ќе објавам повеќе детали за неа но има застарена опрема, да не излеземе од темата Србија за време на бомбардирањето собори F-117, погоди F-16 и што се фалат погодила B2 и тој паднал во Хрватска па таму било блокирано додека да го средат местото имало и докази, сето тоа го направиле со застарена технологија, знам дека нашата и нивната се разликуваа, но од кај знаеш можеби ќе се најде, највеќе напишав затоа што ја одржуваат опремата. Инаку имаме вкупно 21 Стрела.
не се занесувај , тоа Ф117 е соборен по методата пи-пута-око и успешно нагодување на бројчињата на лото.
Очајната среќа на американскиот пилот да не ја спомнуваме....:sneaky:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Целта на коментарот ми беше, на среќа можеби ќе се погоди нешто. Моментално опремата која ја поседуваме е колку да се каже дека имаме ПВО.
Teшко дека ќе не остат и на среќа да ги годиме, секој наш сосед знае шо имаме каде е стационирано и кои дострели ги има. Ќе исфрлат бомби од 3500 метри, ќе лансира ракета од 7000 метри ќе не извидува од 6000 метри - надвор од дофати на ПВО....
И за мали земји и армии постојат ефикасни системи за ПВО, за овие 25 години не е изграден таков систем а можеше пополека и по етапи, а сме се врзале за опрема од бивша ЈНА застарена пред 30 години, неа ја одржаваме, на неа се тренираме, со неа правиме планови а знаеме дека е неефикасна..... Сите до сегашни војни и конфликти кажуваат, дека прв и најсилен удар иди од воздух, и коге ќе ти го освојат ннебото - после можат да прават шо сакаат, и безбедно да се движат на земја, и да те држат под постојан притисок и да ти уништат се шо ти е од значај и за војска и за економија... да те вратат назат во камено доба...
Денес потреба за еден современ ПВО систем за Македонија изгледа беспотребен, нели сме во окружување со НАТО и ЕУ земји и кандидати за ЕУ, немаме реално никаква закана дека некој наш сосед ќе не нападне... но последните век два истоија ина овие простори а и пошироко кажуваат колку лесно и брзо се менува целокупна воена и политичка ситуација, за 10 години од 1910-1920 се распаднаа древни и моќни царства во големи битки и борби, (Отоманско, Австроунгарско, Германско, Руско...) настанаа нови држави нови граници нови политики и претеннзии... пола век подоцна од 1940-1945 Европа пак беше во воена стихија и покрај мирниот период и постоење на Женевските институции, се освојуваа земји, се водеа војни, битки, борби.... пола век подоцна пак драстична глобална промен, се распаѓа СССР и паѓаат влади и режими низ цела источна европа, се фомираат нови општества доаѓа до крвави граѓански војни во Југославија, тензии и конфликти во СССР..... денес имаме голема криза на блискиот исток која веже ја ччуствуваме и ние.... да не должам значи историјата е склона на големи и нагли промени свака част и на НАТО и ЕУ но треба ние да си водиме сметка и планови и како би се одбраниле и браниле сами без или со мала помош од страна[DOUBLEPOST=1441803457][/DOUBLEPOST]
Let3 одлична анализа , малтене генералштабна ,
Ко ќе се сменат времињата ќе те поставам за мој аѓутант и ордонанс, ќе имаш преубава униформа полна со сребрени петлици и златни гајтани, црни високи чизми и свечена капа со пердуви, и заедно ќе сркаме коњак гледајќи на мапата и со еден потег на рака ќе фрламе цели дивизии на кланица!
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
ПАТ 40 милиметри поклон беа од Кралство Британија на Кралство Југославија :icon_lol:. Гаѓавме и ние во Криволак ама не нема на список, регрути...

ПАТ 40 и ПАТ 20 милиметри се користени во борбени дејствија во битката за Арачиново, гаѓани се цели на земја, од рид Курило над тоа селата Стајковци, Бујковци Миладиновци.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ко ќе се сменат времињата ќе те поставам за мој аѓутант и ордонанс, ќе имаш преубава униформа полна со сребрени петлици и златни гајтани, црни високи чизми и свечена капа со пердуви, и заедно ќе сркаме коњак гледајќи на мапата и со еден потег на рака ќе фрламе цели дивизии на кланица!
......ти бе дома , поголемка збирка оловни војничиња имаш сигурно, барабар со збирката мапи, коњаци и исклучиво кубански цигари....:):)
Веојатно и собраните дела на Клаузевиц и Сун Чу
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
......ти бе дома , поголемка збирка оловни војничиња имаш сигурно, барабар со збирката мапи, коњаци и исклучиво кубански цигари....:):)
Веојатно и собраните дела на Клаузевиц и Сун Чу
и урамена фотографија од Мајнштајн![DOUBLEPOST=1441807159][/DOUBLEPOST]
ПАТ 40 милиметри поклон беа од Кралство Британија на Кралство Југославија :icon_lol:. Гаѓавме и ние во Криволак ама не нема на список, регрути...

ПАТ 40 и ПАТ 20 милиметри се користени во борбени дејствија во битката за Арачиново, гаѓани се цели на земја, од рид Курило над тоа селата Стајковци, Бујковци Миладиновци.
Имаше неколку типови на 40мм, во зависност од каде се набавени, имаше од англија и од америка, али мислам дека претежно се добиени после војната иако имаше 40мм топови во состав и на партизанските единици најверојатно добиени од сојузниците. Англија имаше лиценца за на Бофорс М1 али мислам дека до 1940 немаше некое позначајно производство зато што англичаните правеа измени, модофикации на топот така да тешко да можеше Англија да и покони на Југославија некоја количина на истите
 
Последно уредено:
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Баталјон за воздушно наведување и јавување

Темелите на Македонското воено воздухопловство се поставени на 6-ти Април 1992 година, кога Македонскиот претседател Киро Глигоров ја потпиша одлуката број 60 за формирање на Команда на Военовоздухопловство и противвоздушна одбрана.
Првиот работен ден со нова организациско-формациска структура на п.ВНЈИН (полк за воздушно набљудување, јавување и наведување) беше на 10-ти Април 1992 година во касарната Н.Х.С. Пинџур.
На 1-ви март 1994 година пристигна и првиот регрут-војник во пВНЈИН- Јонче Јангеловски.
Во текот на 1995 година вредно е да се каже дека единицата е опремена со набљудувачки радар “OAR M-61” од југословенско потекло, преземен од аеродромот во Охрид, како и инсталирање и опремување на првиот оперативен центар на ВВ и ПВО и пуштање во работа на набљудувачкиот радар.
Во текот на 1998 година извршено е поврзување со воениот и цивилниот сегмент т.т. обезбедено е добивање на податоци од Контрола на Летање “Петровец”.
Во текот на 2001 и 2002 година е извршена промена на формациската структура на единицата од полк на ниво баталјон. Во истиот период единицата е опремена со донација од француската морнарица, и тоа со два радари DRVN 2C произведени во 1958 година. Во исто време поставена е радарска позиција “Велигден ” во Битола.
На 1-ви март 2006 година единицата беше трансформирана од бВНЈ во Оперативен Центар за Воздушно Набљудување (ОЦВН) и беше директно под ГШ на АРМ.
Од поновата историја вредно е да се напомене дека единицата влезе во процес на модернизација на целокупниот систем за работа. За таа цел Министерството за Одбрана, ГШ на АРМ и стручни лица од единицата формираа Интегриран Проектен Тим за реализација на проектот за Национален центар за воздушно набљудување и командување.
Во завршна фаза е изградбата на новиот оперативен центар за ВНЈ според сите стандарди на НАТО. Во тој Центар ќе се инсталира опрема од каде ќе се водат сите воздухопловни операции на национално ниво.
Во однос на регионалната соработка, единицата учествува во АСДЕ (Air Situation Data Exchange) програмата. Со АСДЕ програмата предвидена е размена на радарска слика со податоци за ситуацијата во воздушниот простор помеѓу Р. Македонија и НАТО (односно соседна земја која е членка на НАТО, во случајов Р. Грција).
Мисија:
• Воздушно набљудување и јавување на заинтересираните корисници за ситуацијата во воздушниот простор,
• Навремено откривање и следење на непријателските средства за напад од воздушниот простор,
• Известување на вооружените сили за целите во воздушниот простор,
• Радарско обезбедување на борбените дејства на единиците за ПВО.
Задачи:
• Непрекинато набљудување на воздушниот простор на сите височини,
• Откривање на цели на максимални далечини а според можностите на опремата,
• Следење на откриените цели и сопствената авијација,
• Собирање, обработка и прикажување на податоците за ситуацијата во воздушниот простор на РМ во цВНЈ.

Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Во текот на 1995 година вредно е да се каже дека единицата е опремена со набљудувачки радар “NAR M-61” од југословенско потекло,
Оригиналниот назив е OAR M-61 и правен е во “Руди Чаевец“ по лиценца на Thompson од 1951 година, радарот го одржуваше од Битола... мислам дека беше постар водник прва класа, плавец беше, инаку радарот е “лампаш“ ме чуди како се уште работи и како го одржуваат
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Оригиналниот назив е OAR M-61 и правен е во “Руди Чаевец“ по лиценца на Thompson од 1951 година, радарот го одржуваше од Битола... мислам дека беше постар водник прва класа, плавец беше, инаку радарот е “лампаш“ ме чуди како се уште работи и како го одржуваат
Има и понов Во истиот период единицата е опремена со донација од француската морнарица, и тоа со два радари DRVN 2C произведени во 1958 година.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Има и понов Во истиот период единицата е опремена со донација од француската морнарица, и тоа со два радари DRVN 2C произведени во 1958 година.
M61 e понов, лиценцата од Томпсоновиот радар од 1951 е добиена мислам 1957 а почнато е со производство 1960, вкупно се направени 12 радари М61
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Сквадрон на воздухопловно техничко одржување

Сквадронот за воздухопловно техничко одржување е формиран 1992 година, со формирањето на военото воздухопловство и против воздушна одбрана. (ВВ и ПВО). Активно почнува да функционира со одржување на воздухопловите Утва 66 и 75.
Интензитетот на работа се зголемува со пристигнувањето на хеликоптерите Ми-17 во 1994 година и авионите Злин 242Л во 1996 година. 2001 година по доаѓањето на хеликоптерите Ми-24 и авионите Су-25 дел од персоналот беше на обука во Р.Украина по што се зголеми нивото на обученост на персоналот.
Персоналот е обучен за одржување и опслужување на Ми-8, Ми-17, Ми-17В5, Ми-171, Ми-24, УХ-1Х, Су-25, Злин 242Л, Злин 143Л и Ан-2.
Во поглед на одржувањето и опслужувањето на воздухопловите денеска имаме соработка и им помагаме на МВР и ДЗС и ЦОП.
Мисија и задачи:
Мисијата на единицата е да ги одржува воздухопловите во меѓуремонтниот ресурс, опслужување на летањето и снабдување со ВУМС и резервни ВТМС и ТМС.
Под одржување на воздухопловите се подразбира периодични прегледи (50ч ПП, 100 ч ПП, 200 ч ПП), замена на витални делови, поправка и замена на подсклопови, склопови, агрегати и системи на воздухопловите. Конзервација и чување на неоперативните воздухоплови.
Под опслужување на летањето се подразбира снабдување со воздухопловни горива, мазива, масти и гасови, земско напојување на воздухопловите, привлекување и отстранување од полетно слетните површини при неисправност, осветлување и наведување на писта.
Под снабдување се подразбира складирање, чување и дотур на воздухопловни убојни материјални средства и складирање, чување и дотур резервни ВТМС и ТМС.

[DOUBLEPOST=1441886537][/DOUBLEPOST]Флајт за обука и тренинг

Флајтот за обука и тренинг е единица која се оформи во јули 2012 година, потчинета е на командата на вбр, уште е во фаза на трансформација и пополнување со кадар.
Единицата располага со обучен кадар за одржување и опслужување на воздухопловите.
Мисија и задачи:
Мисија на флајтот за обука и тренинг е:
Враќање и одржување во тренажа на летачкиот кадар, и во координација со останатите сквадрони да учествува во реализацијата на задачите во согласност со мисијата на вбр.

[DOUBLEPOST=1441886683][/DOUBLEPOST]Аблемот
[DOUBLEPOST=1441887718][/DOUBLEPOST]Во овие моменти во реонот на аеродромот „Александар Велики“ на тренажна мисија се Bell 206
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
хмм, ништо повеќе од мојот аероклуб во шеесеттите години, дури и декалите гледам се ептен НАТО потпикнувачки....:cool:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom