Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.277
Oна што го имаме како ПВО е застарено и соодветно за извршување на борбени дехјствија во 50 сетите или 60 сетите години, но не и денес.ПВО - Баталјон за противвоздушна одбрана (каде што се функционира совршено и се е во најдобра кондиција вистински пример)
4 ПАТ 20/3 мм. На 28 и 29 април преземени се и 36 ПАТ 40 мм М-12 од работните организации “Рафинерија“, „Охис“, и “Железара“.
Во 1993 година единицата е пополнета со ПА топови 20/3 мм и со ПАТ 40 мм М-12.
Во 2000 година единицата е пополнета со шест рачни радио станици П-210 и 12 автоматски телефони а во 2001 година извршен е прием на нови РС за ПВО “СТРЕЛА-10М“ и ИГЛА.
На 19.07.2001 година почна процесот на опремување на единицата со современи средства за ПВО, со пристигнувањето на ракетните системи “СТРЕЛА-10М“. Во годинава единицата располага со 4(четири) товарни м/в ИВЕКО, 2 м/в ИЛТИС и м/в ЛАДА РИВА. Што се однесува до опременоста единицата располага со современи средтва за врски......
ПАТ (против авионскиот топ 20/3 е бивш ЈНА модел М55 А3Б1 кој е всушност копија (или лиценца) на француски модел од хиспано суиза од втора светска војна и кој се вградваше и во ловците од втора светска војна (спитфаер), со колиматорска нишанска справа во која рачно (од око и одприлика) командирот на оделението ги мести параметрите за оган (насока, нагиб и брзина на целта. Во ЈНА во почеток на 80 десетите веќе е воведен ПАТ 20/3 А4 со нова нишанска справа (Галилео) и уред за управување на топот како и самоодна варијанта БОВ 3 но и тие се далеку зад современите потреби. Маните му се нишанска справа (која не може да се користи ноќе), бавна почетна брзина на зрно и за денешни услови мал домет и во вертикала и во хоризонтала мал калибар неефикасен посебно против летала дизајнирани за напад на цели на земја и кои се оклопени на виталните делови.
ПАТ 40мм м1 (не е М12, М12 беа хаубици) е противавионски топ oд Шведско потекло (Бофорс) и е модел од 1934 година, во ЈНА уште на почеток на 80 десети е заменуван со современ Бофорс 40мм Л70 со радар (Жирафа) и ласерски обележувач и мерач на целта. маните на М1 се застарена нишанска справа (исто со рачни параметри, двајца нишанџии кои рачно ја придвижуваат цевката, еден по хоризонтала друг по вертикала.
Игла, е модел на СССР од 80 десетите, и по карактеристики е многу слична на тогашниот Стингер од американско потекло но денес се смета за застарена во борба против современи летала и би имала мошне мал или никаков ефект врз современ борбен авион кој маневрира или испушта ИЦ мамки. Игла има во себе уградено глава за детекција на ИЦ мамки но тој беше ефикасен пред 20-30 години за тие контрамерки. Денес во главном неа ја користат разни герилски и терористички групи и упеваат тук таму да соборат воглавном транспортен авион или хелихоптер од заседа, на далечина од 5 и висина до 3 километри, но во борбени услови, каде неприателот би очекувал ПВО активности, мислам дека не би била ефикасна
Стрела 10 е самооден ПВО систем од СССР дизајниран и произведен на крај на 60 сети и почеток на 70сети години. Модифициран е неколку пати последен пат (колку шпто знам крај на 80 десети), водењето миу е инфрацрвено/оптичко, последните модели и ултравиолетово (не знам кој точно модел го има АРМ) а дометот му е околу 5 километри хоризонтално и околу 3 километри вертикално
Колку што знам АРМ имаше и нешто од ракетни системи Стрела (и тоа првите модели не подоцнежните Стрела 2М кои се доста подобрени) имаше и 20/1 мм т.н. партизанец (ист топ како и 20/3 само со една цевка и комплицирано нишанење и придвижување на цевката
Воглавном денешното оружје на АРМ за ПВО е она што ЈНА го имаше а некои и ги заменуваше во 80 десетите, затоа не може да се каже ни дека е современо ни дека е модерно.
Она што му фали на еден систем за ПВО да биде ефикасен се уреди за откривање на целите, уреди за јавување на податоци и современи уреди за борба, како и стратегија за ПВЗ (против воздушна заштита)
Јас не знам дали и што АРМ има од уреди за откривање и идентификација на целта, без нив ПВО е сведена на војник покрај топови (или ракетни лансери) кој гледа во небото и одеднаш ќе викне “ЕНЕЕЕ ГООО ИДИИИИ!!!“ За да се собвори со постоечките топови 20 и 40 мм некој треба да јави дека
1.се наближува целта
2. насока на целта
3. брзина на целта
4. висина на целта
тие податоци се внесуваат во постоечките нишански справи и се отвара оган кога че влезе во зона на дејствување. Вака, без тие податоци секој командир од око и отприлика ќе речи “клајте брзина 300, далечина 700, агол, 15.....“„ па ккако на лото ако ги погоди сите бројчиња - може и да ја погоди целта. Сето тоа кај 20мм мора да го одреди за 10 секунди, да се внеси во следните 5 секунди и имаат 3 секунди време да отвараат оган, се на се 20 секунди акција во кои авион кој лета со 300м/с ќе пролета 6 километри. И после тоа мора сместа да се бега и напушта положајот оти за 5 минути на него ќе се истури дожд од напалм и касетни бомби.
Сличен случај е и со ракетните системи, ни еден од нив нема свои уреди за откривање на цел (радари, ИЦ, акустични) туку се базираат на податоци од некој војник со двоглед кој се пули во небото наоколу и се прашува “Птица ли е... авион ли е...“
Од уреди за откривање на цели најпознати се радари, голема и долга тема, али накратко, емитуваат радиобранови кои се одбиваат од целта се враќаат во приемната антена и врз база на одбиениот сигнал се добива податок за висина, далечина, брзина на целта. Радарите работаат во активен начин , значи емитува сигнали кои лесно се откриваат и веднаш се на мета на напад, за нив се развиени и посебни ракети кои одат директ на изворот на зрачењето. Постојат и контејнери кои се подвесуваат на авионот а кслужат да го попречуваат сигналот од радарот, или да праќаат лажни податоци, постојат и посебни авиони наменети за електронска борба и попречување, откривањена радарски сигнали. Од друга страна пак и радарите развиваат свои методи на отпорност на попречувања (фреквенциски скокови, кодирања на сигнали...) радарските станици се штиотат со орудија за борба против ракети, обично противракетни системи или повеќецевни артилериски орудија........
Постојат и други уреди кои се поотпорни како ИЦ и акустични кои работаат на систем на откривање на топлотен одраз на леталото, тој не емитува сигнали, не може да се открие на тој начин, но е помалце ефикасен и со помал домет, акустични уреди претежно се наменети за откривање на хелихоптери а можат и авиони, во своите бази на податоци имаат “звучни отпечатоци“ на повеќе модели па может да откријат и тип на летало, насока и далечина, колку што се сеќавам некои од тие модели во почеток на 90 сетите може да откријат хелихоптер до 20 километри далечина...
Друг сегмент кој е витален се средствата за врски, џабе ти е да имаш современи радари и современи артилериски и ракетни орудија ако нема кој да ги пренесе податоците од еден до друг сегмент и тоа мошне брзо, значи уреди за врски отппорни на прислушкување и попречување, со можност за дигитален пренос на податоци за да се добие на ефикасност и брзина, на пример, ловец бомбардер кој лета на границата на брзина на звук (300м/с) тој за 5 минути ќе помини 90 километри. Или скоро цела воздушна линија на Македонија. во тие 5 минути треба да биде откриен, детектиран, пренесени податоци до команди, од таму дадени наредби до единици, орудијата подготвени за дејство и да се дејствува.
Да не пишам сега за ПВЗ кој можеби во вакви услови и вавква состојба со опрема и орудија ни е најбитен, али доста е за овој пост и толку
Последно уредено: