Воздухопловен Винг и ПВО на Република Македонија

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Vo voen pogled efektivite vo Skopje ne be abog znae shto za razlika od Prishtina.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Брука!
Треба да се сокриеме...дефинитивно!
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Битно споменици и фонтани Скопје изобилува они ке не бранат не се секирајте, Вечниот Лидер ја предвидел оваа ситуација само ние да ќутиме он ќе не однесе во Валхала
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Битно споменици и фонтани Скопје изобилува они ке не бранат не се секирајте, Вечниот Лидер ја предвидел оваа ситуација само ние да ќутиме он ќе не однесе во Валхала
Оваа состојба не е од сега, може да се каже со сигурност дека по војната ниту една влада не се грижи за армијата ова се случува во сите родови, за жал.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Оваа состојба не е од сега, може да се каже со сигурност дека по војната ниту една влада не се грижи за армијата ова се случува во сите родови, за жал.
Дефинитивно си во право за ова но сепак задњиве се 10+ горе цицаат млеко и мед со мал прст немаат мрднато за армија модернизација никаква да не збориме за нешто покрупно последно што прочитав се со партиски книшки дури и во Волците влегле .....
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Факт е дека членки на нато имаат и ги користат Su-25, кај нас тоа е оправдување дека не смееме да ги користиме, се што требаше е да се надградат.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Batk odogovorot e vo Budzhetot pola budzhet e stavka plati.
Tocka da se kupi ne e na red za zhal do sega.
Za ponataka ke vidi me.[DOUBLEPOST=1441712966][/DOUBLEPOST]Ako MVR prividno ima pogolem budget ista pesna granicna brigada od ARM premina vo MVR i sega e ista pesna kuburat.
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Дефинитивно си во право за ова но сепак задњиве се 10+ горе цицаат млеко и мед со мал прст немаат мрднато за армија модернизација никаква да не збориме за нешто покрупно последно што прочитав се со партиски книшки дури и во Волците влегле .....
Јас ништо не спорам Su-25 е паркиран таму од 2004, од 2005 до мај 2015 се повлечени 8 Mi-24 што значи ни се потребни големи реформи а пред се членските книшки и врските да се укинат и да се бават луѓе кои се стручни, ако не ќе немаме војска а со тоа и држава.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.947
Поени од реакции
1.498
Добив прашање, дали повлечените Su-25 и Mi-24 се во Украина, не се и секој може да види преку google maps дека се тука, еве и слики.























Ова е жалосно, воздухопловниве летала се распаѓаат како старо железо.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Прво @Iceman. браво друже за темава секоја чест и на сликите . Македонија неможе да си дозволи да има јако Воено Воздухопловство со Советски авиони и хелихоптери. Поради тоа што претендираме да бидеме члекнка на НАТО(поради таа дебилна политиката на така речените политичари во МК) ние ке треба да купиме западњачки авиони кои што 1 кошта како два годишни буџета на АРМ . Финансиски можеме да бидеме пресреќни и на ова водзухопловство што го имаме сега за сега.А за подобри времиња ако најдeме нафта негде низ државава :D се знае 4 ЈАК-130 и 2 Миг--29 на Петровец и мирна глава :)
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Што ке направиш со МиГ-29 .
Со 2 ракети Р-27 со кого ке се закачаш дај не с ешали.
2 авиона идат у пар во рутинско патролирање ( AIR-POLICING) кога ке загусти се актвира винг.
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657

ПВО - Баталјон за противвоздушна одбрана (каде што се функционира совршено и се е во најдобра кондиција вистински пример)

Развој
Групата старешини која работеше на изработката на формациите на единиците и командите на АРМ, по осамостојувањето на Република Македонија, ја изработи и формацијата на лесниот артилериско ракетен полк ПВО.
На поставувањето на формацијата, на изборот на старешините и нивното распоредување на соодветни должности работеа: пполк.Стоименов Митко, мајор Арсов Анче, з1к.Спасов Стојчо и пв1к.Сиљановски Сашо. Првиот работен ден на полкот започна на 06.април 1992 година во касарната Петровец со првиот состанок на старешините од полкот. Должноста на командантот на полкот во текот на 1992 година до 13.11.1993 година ја вршеше мајор Арсов Анче покрај својата редовна должност – началник на штабот, застапник на Командант на полкот, додека формациското место командант беше непополнето.
Веднаш со започнувањето на работата во единицата, старешините почнаа со подготовките за прием на нови војници во полкот кој отпочна на 15 април 1992 година, кога во полкот пристигна и првиот војник – Ристов Илија Цане, од Кавадарци, роден на 26.01.1972 година. Во наредните пет дена, до 20 април 1992 година, во единицата се примени вкупно 55 војници од кои 52 македонци и 3 турци.
Обуката на војниците започна на 27 април 1992 година.
Првата генерација војници на АРМ ја дадоа свечената обврска на 09 мај 1992 година во касарната “Илинден“.
Првото гаѓање цели на земја со АРЕ ПВО изведено е на 16 јуни 1992 година на полигонот Криволак.
На 13.11.1993 година на формациското место командант на полкот ПВО дојде потполковник Стојановски Миле.
На 01 март 1994 година донесена е нова мирновремена формација на ларп ПВО со која е замената старата. Во 1994 година командант на ларп ПВО се уште беше потполковник Стојановски Миле. На 17.11.1994 година за началник на штаб должност прими потполковник Ристов Христо. Во текот на 1994 година изведени се гаѓања со пешадиско вооружување. Изведено е гаѓање цели на земја со артилериско вооружување (ПАТ 20/3 мм и ПАТ 40 мм) на полигонот Криволак.
Во 1995-1996 година командант на ларп ПВО е потполковник Стојановски Миле. Во месец Април во 1996 година во полкот ПВО се формира ЦО на родот АРЕ ПВО за потребите на АРМ, каде се почна со БОиВ на војниците во периодот на обука на поединец. Со тоа практично старешините на полкот ПВО почнаа да работат по новата МФ. Во месец октомври-1996 година е формиран и дивизионот ПВО, каде ќе се реализира БОиВ на единици.
Пополнетоста на полкот се зголеми со добивање на 1 м/в ТАМ 4500 и 5 м/в ИВЕКО 80.17.Центарот за обука пополнет е со 12 ПАТ 20/1мм М-75.
На ден 01.09.1997 година должноста “Командант“ на полк ПВО ја прими потполковник Јовчевски Атанас.
На ден 26.08.1998 година должноста “Командант“ на полк ПВО ја прими потполковник Арсов Анче.
Животот, работата и обуката на командата и единиците на 3.бнПВО во текот на 2001 година е реализирана во два периода и тоа:
- во првата половина од годината единицата сеуште функционираше како полк ПВО, во кој се обучуваа војници од ЦО ВВиПВО и војници во дивизионот ПВО, како и постојана ангажираност на единицата во услови на зголемени мерки на б/г во обезбедувањето на а.Петровец, касарната Чојлија и други објекти на територијата (Дренов Дол, караула Гошинце и Умин Дол).
- во втората половина од годината единицата е преформирана во 3.баталјон .
- Извршена е предислокација на единицата од а.Петровец во касарната Чојлија.
- На ден 15.20.2001 отпочнат е процесот на професионализација на единицата со приемот и обуката на професионалните војници (во тој период извршен е прием на 37 професионални војници).
На ден 08.09.2001 година единицата од полк ПВО се трансформираше во баталјон, а центарот за обука на ВВ и ПВО продолжи да функционира во составот на командата за обука.
На 06.11.2001 година извршено е примопредавање на должноста Командант на 3.бнПВО помеѓу вршителот на должноста мајор Митриновски Ѓорѓи и потполковник Илиевски Славе.
Во текот на 2002 година извршени се детални подготовки и изработена е најновата формација на 3.баталјон ПВО (мирновремена и воена).
До месец јуни 2003 година Командант на единицата беше потполковник Славе Илиевски, а потоа должноста ја прими потполковник Блаже Ристов.
Во истата година имаше и трансформација на единицата според новата формација, со што голем дел од персоналот премина во редовите на МВР и граничната полиција.
До месец ноември 2004 година Командант на единицата беше потполковник Блаже Ристов, а потоа должноста времено ја прими мајор Љупчо Георгиевски.
Во 2005 година 3.бнПВО е трансформиран во баталјон ПВО каде како командант должноста ја прими мајор Јаким Николовски.
Во 2007 година, согласно партнериските цели изработен е предлог план за формирање на деклариран вод за ПВО и истиот заживеа 2010 година, со отпочнување на подготовките за вежбата Македонски Блесок 07 кога и званично се одобрени сите документи за водот. Командир на водот е капетан Илиев Кирил. Наменет е за ПВО на командното место и единиците на средната пешадиска борбена група (СПБГ). Истиот брои 42 лица.
Во 2008,2009 I 2010 година реализирани се гаѓања со п/в (подготвителни и единечни), гаѓањата со ПАТ 20/3 мм и гаѓање со ЛПРС Игла. Во сооработка со ВС на Р.Словенија организирано е стационарно логорување со боеви гаѓања на цели во ВоП со ЛПРС Игла и реализирана е вежбата ПРЕДИЗВИК 08.
Во горенаведеното се гледаат почетоците на ПВО, започнувајќи како полк, девизион, 3.бнПВО, како во 2011 година тој е веќе самостоен баталјон ПВО со командант пполк.Илиев Зоран за веќе во 2012 година баталјон ПВО е во рамките на воздухопловната бригада со командант-мајор Трајче Денчевски.
Што се однесува до опременоста на бПВО, таа се реализирала по следното: на 23 април 1992 година се донесени првите 2 ПАТ 20/3 мм. Истиот ден од РШТО-Скопје превземени се уште 4 ПАТ 20/3 мм. На 28 и 29 април преземени се и 36 ПАТ 40 мм М-12 од работните организации “Рафинерија“, „Охис“, и “Железара“. Во месец август 1992 година, променето е личното вооружување на единицата, воведени се наместо ПАП, ППШ М-41.
Во 1993 година единицата е пополнета со ПА топови 20/3 мм и со ПАТ 40 мм М-12.
Во 2000 година единицата е пополнета со шест рачни радио станици П-210 и 12 автоматски телефони а во 2001 година извршен е прием на нови РС за ПВО “СТРЕЛА-10М“ и ИГЛА.
На 19.07.2001 година почна процесот на опремување на единицата со современи средства за ПВО, со пристигнувањето на ракетните системи “СТРЕЛА-10М“. Во годинава единицата располага со 4(четири) товарни м/в ИВЕКО, 2 м/в ИЛТИС и м/в ЛАДА РИВА. Што се однесува до опременоста единицата располага со современи средтва за врски.
Во 2002 година единицата е пополнета со: санитетско возило, теренски и патнички м/в, додека во 2003 година единицата е обезбедена со три цистерни за вода кои ги задоволуваат потребите на истото.
Почнувајќи од формирањето на бПВО па до 2012 година, бПВО во 2012 година располага со 5 товарни м/в ИВЕКО, 1м/в ЛАДА САМАРА, 3 теренски м/в Пинцгауер, 2 теренско м/в ПУХ и 1 цистерна за гориво ДАФ, 1 Ландровер-Дефендер 110 земен на реверс од 2.мпбр., 8 СЛО-10М и 1 ОТ-Леонидас и 4 ПАТ 20/3мм.
Мисија:
Изведува противвоздушна одбрана на елементи од борбениот распоред на единиците и командите на АРМ, објекти од посебно значење за одбраната на Република Македонија на мали височини во заштита и одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.
Задачи:
1. Планирање:
  • Анализа на односот меѓу воените потреби и воените ресурси.
  • Имплементација на прашање во врска со НАТО стандарди.
  • Унапредување и развој на персоналниот менаџмент, разузнавање, контраразузнавање, безбедност и заштита на сили, организација, подготовка во и спроведувањето на оперативните способност и борбената готовност, логистичката поддршка, обуката, финансиската поддршка и цивилно воената соработка.
  • Доставува предлози за донесување на стручни правила и упатства од делокругот на употребата, внатрешниот ред и односите во вршењето на службата во АРМ и други стручни правила и упатства.
  • Подготовка на предлог планови за опрема и модернизација.
2. Планирање и употреба:
  • Анализа, планирање и изработка на должности за употреба на единицата или нејзини делови.
  • Координација и контрола на плановите на потчинетите единици.
  • Планирање и реализација на мерки, активности и постапки за подигање на нивото на борбена готовност согласно проценетата борбена готовност и добиените наредби.
  • Контрола на достигната борбена готовност на потчинетите единици.
  • Планирање и реализација на мерки, активности и постапки за поддршка на силите на МВР во справување со асиметрични закани.
  • Планирање и реализација на активности и постапки за поддршка на централната и локалната власт во справувањето со елементарни непогоди.
  • Оперативна употреба на единицата, односно нејзини делови, и по наредба на вбр.
  • Подготовка и извршување на мобилизација.
  • Мобилизациска проценка.
  • Изработка на предлог за мобилизациски развој.
  • Изработка на план за мобилизација.
  • Изведување на мобилизација на единицата или нејзини делови.
  • Постигнување и одржување на б/г.
  • Превземање и спроведување на мерки на готовност на бПВО и мерки за нивно извршување.
  • Контрола на борбена готовност на единиците и превземање на мерки за нејзино подобрување.
3. Планирање и спроведување на обука и вежби:
  • Планирање, организирање и контрола на обука за достигнување и одржување на потребното ниво на борбена готовност на единиците.
  • Обука на персоналот за учество во мултинационални операции и мисии за одржување на мирот и борба против тероризмот.
  • Учество на вежби со НАТО и коалиционите партнери.
  • Планира и обучува персонална декларирани единици.
  • Планирање, организирање и изведување на вежбовни активности.
  • Оценување на баталјонот.
4. Планирање и спроведување на персонален менаџмент:
  • Планирање, организирање и спроведување на обука и индивидуална професионална изградба на персоналот.
  • Планирање поставување и преместување на персоналот.
  • Административна поддршка за менаџирање со персонал.
5. Разузнавање, контраразузнавање и заштита на силите:
  • Поддршка на системот за разузнавање и контраразузнавање во АРМ и координација со организациони единици на надлежните институции во системот во зоната на одговорност.
  • Учество во планирањето, организирањето и подготовката за спречување на асиметрични закани насочени кон одбраната на Република Македонија.
  • Анализа и проценка на можните безбедносни закани кон и од персоналот и МТС.
  • Реализација и мерки, активности и постапки за заштита на тајните податоци.
  • Планирање и спроведување на мерки и активности за откривање и спречување на вршење на кривични дела.
6. Логистичка поддршка:
  • Планирање, координирање, реализација и контрола на логистичката поддршка (снабдување, одржување, движење и транспорт, медицинска поддршка и инфраструктура).
  • Анализа на состојбите во снабдувањето со сите класи на материјали.
  • Преземање на мерки за одржување на нивото на залихи.
  • Одржување на материјални средства.
  • Здравствено згрижување на персоналот.
  • Планирање и организација на транспорт за потребите на единицата.
  • Менаџирање со капацитетите за сместување, одржување,објекти за складирање и друга инфраструктура.
7. Организирање и подготовка на КИС:
  • Изработка на план за организација и реализација на врските за поддршка на командувањето и контрола со потчинетите единици.
  • Спроведување на мерки, процедури и активности поврзани со организацијата на системот за криптозаштита.
8. Планирање на финансиски средства:
  • Подготовка и учество во изработка на финансискиот план.
  • Реализација на финансискиот план.
9K38 Igla






PAT 20/3 mm







9K35 Strela-10



 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Батиња ние сме најбрзорастечка економија у Европа, шо не ви е јасно ?
Значи ако ни притреба ние одма можеме да купиме 10-15 авиони, ама само да се плукало, ова не чинело она нечинело.
Башка ако можеле у ВВ2 сојузниците да им праат заебанции на немците со тенкови и авиони на надувување, зошто да не можеме ние у Скопје така да им праиме со споменици ?
Ама толку се разбирате у стратегија и вие...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom