Возачи Vs. Пешачи, каква ни е состојбата?

Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Епа ако го лупнеш и заврши во болница ќе лапне некој денар :D.
Иначе ако нема пешачки слободно гази :icon_mrgr:
не ги лажи луѓето да газат зошто в затвор ќе скапат,било или не било пешачки ако удриш пешак ќе сносиш одговорност !
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Мене повеќе ме нервираат возачите кога сум и јас возач, кога сум пешак ги знам какви се и им давам предност. Во Скопјето се на се солидни се возачите, по другие градови им купишта неписмена раја сообраќајно неедуцирана.
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Не е лошо бе. Освен исклучоци (и таксисти) другиве почитуваат предност. Повеќе од 5-10 секунди на пешачки немам чекано последно време.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Мене ми се смешни пешаците кога протрчуваат на пешачки и само погледнуваат накај тебе да не си будала па да им тргнеш нагло.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Некои возачи не сфаќаат дека и тие понекогаш се пешаци па прелетуваат ко луди...а некои пешаци не сфаќаат дека зебрата им дава право односно предност да поминат пред автомобилите, но, не им дава предност да изиграваат манекени/ки и на две ленти пешачки да им треба време од 1 мин за да го поминат.

Кога сум возач, секогаш застанувам зошто имам ептен етички настроен татко, па сум научил од него да ги почитувам пешаците уште како мал (пред да положам) а кога сум пешак, чекам да се раслисти па поминувам улица...не се бутам и не се правам наудрен, демек пешачки е мора да застане....се праев порано па ме качи една будала на хауба. Работава, поспоро оди/вози...побрзо стигни.

Како и да е, мислам дека состојбата се подобрува и се учиме да се цениме обострано, чест на исклучоци.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Прееска праев бекфлип пошо на типот со беемвето не му се застануваше на пешачки.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Кога денеска не ми сопра крајлсер на пешачки, едноставно не очекувам веќе некој друг да ми сопре на пешачки..
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Добра тема, штета што е подзаборавена.

Јас сум бил и од двете страни но она што ммене лично ме иритира е тоа што кај нас постојат навистина дебили кои мислат дека улиците им се рели стази за тркање. Исто така младата генерација на возачи тотално не почитуваат правила посебно навечер кога се излегува по клубовите на враќање често пати не рецкаат дали е црвено тие поминуваат без да размислат. Другата страна што е навистина лоша тое се камиказите - пензионерите кои ги мрзи да одат до семафор или пешачки премин туку тие се одлучуваат да преминат каде стигнат што и со мала брзина да возиш многу лесно можеш да ги полеташ. Посебно место зелено пазарче во Скопје тука е вистински хаос исто така и кај градежен факултет а за во Чаир па да не правиме муабет бидејќи е тек таму е вистинскиот хаос и камикази со чајчињата во рака претрчуваат ама ни лево ни десно не гледаат. Ако ги удриш е тек тогаш ќе зажалиш што си влегол во кола. Генерално земено ни едните ни другите не почитуваат правила решение високи казни за поминување каде што не е обележано и тоа е тоа.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Состојбата во сообраќајот е таква каква што е затоа што сака да се помине ефтино т.е градоначалниците појма немаат од олеснување на пешаците и возачите и најчесто го одбираат најлошото т.е најефтиното решение, а тоа е семафори и знакови за пешачки.
Не сум возач, но често се возам со ЈСП автобус, па знам дека многу иритира кога ќе застане на пешачките каде свети црвено, а нема човек да помине и тоа што на секој 20-30 метри има пешачки или семафор.
Како пешак, па ме иритира чекањето на семафорите и по 2-3 минути за да можеш да поминеш една улица, едноставно пешачењето го сецкаш исто како возачите што го сецкаат возењето.
Тоа сецкање предизвикува нервози, а нервозите предизвикуваат сообраќајки. Да се разбереме, не може од Велес до Ново Лисиче да е 25 минути, а од Ново Лисиче до Карпош 2 да е 40 минути. Кретенски е да прошируваш булевари, улици и потоа на нив да поставуваш пешачки и семафори на секој 20-30 метри затоа што така најефтино ќе поминеш.
Во скопје голем дел од раскрсниците може да се направат кружни текови, голем дел од пешачките да се направат подземни, помеѓу булеварите освен бетонски жардињери да се постават и метални барикади од 2 метри и ќе го снема тоа сецкање во движењето, а со тоа и нервозите, а исто може да се зголеми брзината на движење на автомобилите на 80 км/h.
Тоа е win-win ситуација и за возачите и пешаците, ама очигледно најмалку пари од провизија се добиваат од вакви проекти.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Факт е дека некад возачите не ебаваат жива сила.Ама реално пешаците се уште побезобразни,човече алоо како скокаат на партизанска преку тревнатата површина ко индијанци,а исто е и овде кај нас,а само на два метра имаш пешачки:tapp:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Од возачка перспектива има стварно дувнати пешаци што не ни погледнуваат дали има кола туку едноставно си проаѓаат и мора да пазиш и за таквите. Од друга страна пак, има и несовесни возачи кои во одреден сплет на околности (моменти на невнимание од едната страна) можат да те удрат.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
мене на возачки испит во град ме соборија бидејќи не сум пропуштил две жени. Ситуацијата беше вака, тие доаѓаа од спротивна насока (движејќи се по тротоарот) на + крстосница (со 4 патишта), а јас требаше да свртам лево т.е. да им го пресечам правецот на движење. Тие можеби ќе ја поминеа улицата на пешачкиот премин, а можеби и ќе свртеа лево ( нивно десно) па јас проценив дека ќе поминам пред нив и не застанав. Откога свртев лево и го поминам пешачкиот премин овие 2те чафки откога свртеа десно наместо да продолжат по тротоарот тие ми го пресекоа патот и ќе ги згазев. Буквално како самоубијци ми излегоа на патот, а воопшто и не погледнаа на сообраќајот. Доколку застанев пред крстосницата а тие свртеа десно, ќе ми одземеа бодови поради кочење на сообраќај.
И откога комисијата ми рекоа дека сум паднат им го реков ова и ми рекоа : Таква ти била среќата.
Еден мој пријател папаше казна во Скопје бидејќи не пропуштил пешак на крстосница. ,,Пешакот‘‘ стоел на тротоарот и потоа продолжил по тротоарот без да згазне на асфалтот, а полицајциве му рекле на пријателов дека требало да застане, па ако пешакот му рече да помине тогаш да помине.
Патем за пешак се смета оној кој стапнува или се движи по пешачки премин, а не оној кој стои на тротоар пред пешачки премин. Жално што нашиве полицајци не го знаат тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom