Внимавај што посакуваш - може да ти се оствари...

Член од
13 јули 2007
Мислења
35
Поени од реакции
0
SAKAM DA KAZAM KRATKA POGOVORKA .....SEKOGAS GLEDAJ GO SVOETO NIKOGAS NE GLEDAJ VO TUGJOO.....POZZZ DO SITE
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Мислам дека во поговоркава не станува збор за нашите лични, недостижни желби кои би не` направиле среќни, туку повеќе за онаа злочестата страна во секој од нас. :) Кога на пример, во афект и нервоза ќе посакаш нечија смрт или на некого да му биде причинета болка за да пати... Свесно не сакаш никому да му наштетиш, ама сите имаме моменти на очај, на фрустрација, кога оној што ни ја причинил нервозата, посакуваме да плати за тоа...
Замислете секој пат кога тивко во себе ќе му упатиме на некого таква некоја „клетва“ што свесно не ја ни мислиме сериозно, истото да се исполни... :) Затоа е тоа „внимавај“. :)

Од друга страна, држи вода и тоа дека некои желби кои ги имаме подобро да не се исполнат... Зошто не сме свесни што ќе ни донесе она што мислиме дека ќе ни донесе среќа. :)
 

Zbratko

The Shrink
Член од
3 јануари 2006
Мислења
875
Поени од реакции
17
Внимавај што посакуваш-може да ти се оствари... (Повиситиниот од ова здрваје) ... Порано не верував во вакви раоти али сега ... од кога мене ми се оствари тоа што посакував ... многу внимавам
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
39
Поени од реакции
0
ednostavno e toa, barem spored mene i ne e nekoja filozofija, zoshto sekoe zivo sushtestvo bara/saka novi predizvici, a zelbata pred da ti se ispolni e predizvik neli??? ne e samo nesto zamisleno i vo pajazinta na nasiot mozok, tuku se ke napravis za da ti se ostvari celta/predizvikot/zelbata, pa taka veke po samoto ispolnivanje dobivas soznanie deka mozes da postignes mnogu poveke i ednostavno vo mozkot dobivas informacija...a zosto da ne!?!
 

BlAcK_MamBa

:: Living by my own rules ::
Член од
25 март 2007
Мислења
431
Поени од реакции
5
Ovaa recenica znaci da vnivavame shto posakuvame, poradi toa shto ona sto go posakuvame nekogas moze da se pokaze kako pogresno i otkoga ke se ispolni da se kaeme.


100% ova e tocnoto tolkuvanje. siguren sum
 

e4e

Член од
20 јули 2007
Мислења
63
Поени од реакции
0
Реченицава ја слушам прв пат,но мислам дека ако нешот силно сакаме или посакуваме ке СЕ ОСТВАРИ.мене ми се остарува векееееееее
 
Член од
25 ноември 2007
Мислења
68
Поени од реакции
0
внимавај што посакуваш може да ти се оствари затоа што многу често не сме свесни што посакуваме.за многу нешта во животот мислиме дека ке не направат срекни се додека не ги добиеме.
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
внимавај што посакуваш може да ти се оствари затоа што многу често не сме свесни што посакуваме.за многу нешта во животот мислиме дека ке не направат срекни се додека не ги добиеме.
Точно. Затоа што ние луѓето сме такви и такви сме биле отсекогаш. И да сме богати, сакаме уште повеќе пари. И да најдеме работа каква што сме посакувале, порано или покасно, се заситуваме од неа... Кога посакуваме да бидеме сакани од одредена личност битно ни е само да сме сакани зошто тоа ни е потребно во моментот, не размислувајќи дали си одговараме и дали постои реална шанса да успееме...
...заради тоа што само посакуваме без да сфатиме дали тоа што го сакаме всушност ќе не направи среќни и дали она кон што тежнееме ќе не исполни
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Секогаш цели кон повисоки нешта , тоа ќе ти биде водилка во животот, но знај да уживаш во тоа што го имаш во моментот. :toe:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ovaa recenica znaci da vnivavame shto posakuvame, poradi toa shto ona sto go posakuvame nekogas moze da se pokaze kako pogresno i otkoga ke se ispolni da se kaeme.
100% ova e tocnoto tolkuvanje. siguren sum
Па и јас мислам дека тоа е точното толкување. Понекогаш можеме да го добиеме она што сме го посакале, меѓутоа повеќе потсвесно, отколку свесно. Ова е предупредување, да пазиш, да им посакуваш добро на луѓето, ако нешто ти згрешат, да не им земаш за лошо, да си посакуваш добро на себеси...
Понекогаш потсвеста може да биде зезната работа, да мислиме дека посакуваме едно, а во неа да биде врежано друго.
Кakо што спомна некој, да си ја скротиме нашата "злочеста страна":wink: .
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Често налетувам на оваа реченица и никогаш не сум ја сфатила потполно.Дали откога ќе ни се оствари тоа што сме го сакале или сонувале,наеднаш сфаќаме дека всушност тоа и не е многу убаво?Дека она што сме го сакале и не е така како што сме го замислувале,без разлика дали се работи за животот,љубовта,кариерата...

Што мислите вие?Како ја разбирате оваа реченица?
Непотребно предупредување за да се исплашиме од моментот на постигнување на целите, да не останеме без истите.
Секогаш добро знам што сакам, кои се предностите, кои се последиците ... секогаш внимавам.
И без некој да посочи.:hihih:
 

PoisonGrl

~Malo crveno~
Член од
8 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
2
Мислам дека се однесува дека некогаш не ги сакаме правилните работи во животот, или појасно дека кога посакуваме нешто не сме свесни кои лоши страни ги носи тоа со себе.
Прост пример што ми текнува е ако некоја цура сака да ослабне по секоја цена и се разболи заради тоа. Да ќе ослабне, но по која цена?
Нешто во тој контекст....така ја разбирам реченицата.
 
Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Па јас го разбирам дека ако нешто посакуваме и откако ќе ни се оствари може да забележиме подоцна дека не е всушност тоа што сме мислеле дека е порано, пред да посакаме, бидејќи работите што ги немаме и силно што ги посакуваме секогаш изгледаат совршени.
 

латас

паметен глупак
Член од
5 август 2007
Мислења
128
Поени од реакции
0
за ова ќе раскажам едан прикаска... можда некој ја знае...

~си бил еден човек, кој долго шетал низ пустината под жешкото сонце. здравото расудвање почнало да го напушта и одеднаш почнал да гледа фатаморгани. така одеднаш здогледал една огромна палма (секако таа била само во неговите мисли) и седнал под неа да се одмори. потоа си помислил: е сега колку ќе беше убаво да имав и вода да се напијам, да се освежам малце... и така одеднаш пред него се создала вода и тој се освежил. потоа помислил: сега не сум жеден, ама добро би ми дошло нешто за јадење, кога пред него се појавила трпеза со секакви јадења и нормално се најал... најпосле посакал: да имав и кревет да се одморам... и оп, ете го креветот... легнал и почнал да размислува: ах колку ми е убаво... сега уште да имаше еден тигар да ме изеде... и натаму можете да претпоставите што се случило...

што не` учи приказнава?
на еден нереален начин, реално ни кажува дека се` е во нашите глави. се` што ќе посакаме, ако навистина го сакаме, ќе се оствари!
 

samantha

who's tha boss?
Член од
16 октомври 2007
Мислења
196
Поени од реакции
1
Koga posakuvame nesto ne razmisluvame sto moze da se sluci propratno so ostvaruvanjeto na taa zelba .a uste poveke dali imame sila i energija da go izdrzime toa.
No mislam deka najgolemiot problem ne e sto posakuvas , tuku kako go posakuvas.
Tipicen primer... Sigurno site ili barem poveketo ste bile na Sv.Naum vo Ohrid.Tamu ima eden bunar , kade vikaat deka ako frlish paricka i zamislish zelba ke ti se ostvari.
Taka jas zamisliv da ja najdam so ljubovta na mojot zivot(takov,yakov i takov) .I zamislete go najdov ama i go izgubiv.naravoucenie vo zelbata ispustiv da kazam deka sakam i da go zadrzam t.e da ostane vo mojot zivot.

Zvuci malku retardiranko,ama razmislete go nacinot na koj ste gi zamisluvale rabotite...duhot od lambata e BUKVALIST

hahahahaha!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom