Поговорката
"Внимавај што посакуваш-може да ти се остави"
Ја сваќам на три начина
1. Понекогаш некои работи изгледаат прекрасни,изгледаат толку мили,ама таинствени така што немаш никаква шанса да достигнеш до нив,не би земал пример бидејќи има многу различни ситуации,од предмети,до човечки суштества,па до животни,па и до секс фантазии. Најлесно да се објасни овој начин го кажаа во некој од погорниве постови односно одкога ќе го достигнеш тоа што си го сакал/а,веќе нема да ти изгледа интересно,па дури и може да си ја чукаш главата зошто толку работа за ништо и какво привлекување било тоа кога си блиску до него/неа или предметот или што и да е,не ти се допаѓа веќе.
2. Понекогаш некои работи изгледаат прекрасни,изгледаат толку мили и таинствени,само што овој пат имаш некаква шанса да стигнеш до нив,ама работата е што не секогаш тоа што го гледаш од надвор е исто и од внатре,овде поконкретен сум за личност,бидејќи таа личност можеби и знаела дека си го посакувал/а и намерно сака да те повреди
3. Да посакаш нешто лошо да му се случи на некој твој пријател,или пак да добиеш нешто што не си заслужил(си правел лоши работи да стигнеш до посакуваното),потоа долго време ќе те јаде потсвеста како си можел тоа да го направиш,и колку луѓе си повредил за да добиеш нешто,што и онака знаеш дека друг ќе го изработи подобро од тебе(или друг ќе ја одигра неговата улога со нештото повешто од тебе)....
На крај краишта,треба прво да размислиш пред да превземеш било каков чекор околу било што,бидејќи од едно здраво може покасно да те силува личноста која постојано ти намигнуваше низ град и по која се попали(ова го зборам за женските),или пак за машките да стремат да земат некоја игра за компјутер од 10 000 денари,многу славна е,сите ја играат а ти не знаеш каква е,и после испаѓа некоја глупост што ни на крај памет не би ја инсталирал на компјутер а не па да ја играш.....Значи решението ова да не се случи е размислувањето пред да го направиш чекорот,бидејќи цел живот ти треба да изградиш тоа што си,ама можеш за 1 секунда да го одземеш сето тоа,или некој друг да го направи тоа поради твоето невнимание,за третиот начин пак,ти си оној од кој луѓето треба да внимаваат,бидејќи никој не знае што се ќе направиш за да стигнеш до твојата цел. :smir: