за ова ќе раскажам едан прикаска... можда некој ја знае...
~си бил еден човек, кој долго шетал низ пустината под жешкото сонце. здравото расудвање почнало да го напушта и одеднаш почнал да гледа фатаморгани. така одеднаш здогледал една огромна палма (секако таа била само во неговите мисли) и седнал под неа да се одмори. потоа си помислил: е сега колку ќе беше убаво да имав и вода да се напијам, да се освежам малце... и така одеднаш пред него се создала вода и тој се освежил. потоа помислил: сега не сум жеден, ама добро би ми дошло нешто за јадење, кога пред него се појавила трпеза со секакви јадења и нормално се најал... најпосле посакал: да имав и кревет да се одморам... и оп, ете го креветот... легнал и почнал да размислува: ах колку ми е убаво... сега уште да имаше еден тигар да ме изеде... и натаму можете да претпоставите што се случило...
што не` учи приказнава?
на еден нереален начин, реално ни кажува дека се` е во нашите глави. се` што ќе посакаме, ако навистина го сакаме, ќе се оствари!