Влијанието на социјалните мрежи во врска или брак? * разведени и сингл жени после 35та

Дали социјалните мрежи имаат улога во еден брак или врска?

  • Да

    Гласови: 67 76,1%
  • Не

    Гласови: 21 23,9%

  • Вкупно гласачи
    88
Член од
22 август 2022
Мислења
448
Поени од реакции
1.571
Има една инфлуенсерка дури и стенд ап што има и се фали со нејзиниот брак кажуваше како кога се фатиле со со долгогодишниот другар а сега маж седнале да направат договор. Вика, јас никад во живот телефон нема да ти земам во моја така, затоа све што е бивша, потенцијална идна, бивш флерт, потенцијален иден флерт, почнат незавршен флерт или која било што нејзиното постоење може да ме натажи да избришеш. Вика, бројката тогаш падна за едно 350 заследени.

Многу се фалеше со подвигов, јас искрено не би, не зашто не сум љубоморна, посесивна и љубоморна знам да бидам но тоа досега ништо не ми дало, само ми одземало. Но, два момента ми се допаднаа, прво што отворено си кажала што ѝ смета колку и да изгледа апсурдно, поарно да се знае, а второ зашто оставила на него да направи нешто. Верност е bare minimum и не планирам да молам за истата. Особено поаѓајќи од мојата лојалност што партнерот секогаш знаел каде со кого и во кој временски интервал сум, оти тоа е грижа од негова и почит од моја страна.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.528
Поени од реакции
33.722
Што добро за една врска или пак брак излегува од истото? Даваш до знаење на друга личност дека ти се допаѓа тоа што го гледаш (за мене лично емоционално варање), покажуваш делумна непочит спрема сопствениот партнер, даваш причина за некој/а од спротивен пол да ти пишува и да створиш револт со истото кај сопствениот партнер, или пак грешам?
Би рекол грешиш.

Според мене мешаш две теми, импактот од социјалните мрежи и генералните аргументи против нив ги користиш кога збориш за врски и брак за да го појачаш ефектот.

Ќе се осврнам повеќе на врски и брак и без да се осетиш нападнато би рекол дека таквото толкување на социјалните мрежи ти доаѓаат од огорченост и ниска самодоверба во комбинација со посесивност. Огорченостa ти е од тоа дека знаеш дека луѓето не живеат секој ден како едно стори постирано од плажа или у одело (just go to the wedding brah) или дека не изгледаат девојките цело време 10/10 филтерисани и тоа е во ред, сите знаеме, не откриваш топла вода и треба да преминеш од хејт во да ти е мило што некој одвоил време, пари, внимание да се осети поубаво, битно или како и да е. Не ми се философира општо за мрежите но мораш против огорченоста и да пробаш да ја видеш позитивноста и да се радуваш повеќе за другите, бидејќи веќе си го направил првиот чекор ставајќи се во нивни чевли.

Емоционалното варање ти е најголемиот проблем тебе на кој треба да работиш. Тоа е преголема несигурност за да го проектираш, си се запрашал ли ти што толку носиш на масата за кај твојот партнер органски не се роди мисла или општа привлечност кон некого? Не смее да признае дека некој е привлечен одедннаш само оти се согласила да се фатите? Влажен сон и одма под мач, а? Кое право ти дава таква посесивност? Ти женската не ја гледаш како свој, посебен човек со очи и хормони туку како твоја кукла на дување што ја поседуваш. Каков дисреспект збориш бе другар, за луѓето ли ти е гајле што ќе кажат ако турила срце некаде па драмаш било голем дисреспект? Самиот збориш за почит а си земаш за право на ДРУГ човек да му забрануваш и диригираш што му е дозволено да прави на неговата социјална мрежа па мора да помине низ пиар тим? По дефиниција не почитуваш.

Не смеете да имате толку фрагилно его и цела врска, брак да ви зависи од кој сте лајкнале или кој они лајкнале? Да чекате да одат да мочат за да провериш телефон е толку срамно… Лајкам деколтиња, пишам со колешки, бивши, форумџики и не го кријам телефонот, ако снема батерија за читање го зима, банкарства буџет го зима, да отиде до маркет го зима… и обратно, воопшто не ми е битно ако лајкнала six pack на плажа од некој за прост пример, бидејќи постои доверба. Комуникацијата е клучна, ако праев драми колку и се пуштале до сега ќе умрев од стрес, се смееме кога добива дик пикс, у бар идам да мочам се враќам двајца чекаат ред да и прозборат и да и се пуштат. Колку пати сум ја барал касно дека сум се тргнал на страна да откачам некоја и се смееме на кој начин девојки прават чекор итн. Половина самодоверба ми доаѓа од неа и цела смисла на постоењето и таа знаејќи го тоа мислиш ќе се загрижи оти сум лајкнал деколте да чека да заспијам за да провери чие е? :)

Со среќа ако единствен инструмент за да задржиш некоја да не те напушти е да ја ставиш под клуч и правила на однесување закачени у спална. Докомплетирај го изгледот и god speed!

IMG_2718.jpeg
 
J

joli1

Гостин

Го почитувам твоето мислење.

Не би рекол дека се работи за никаква несигурност или ниска самодоверба (затоа што ни со едното, ниту пак со другото имам ниту сум имал проблем), а за посесивност сметам дека истото е природно (во граници на нормала), поготово кога се работи за љубов и за партнер.

Истотака немам никаков проблем со тоа некој да се среди, или пак партнерката до мене да е убава до тој степен да добива погледи од други мажи, ако ништо друго, истото би било повеќе некој егобуст од причина што имам партнер/ка која што другите луѓе ја сметаат за атрактивна и (можеби) би сакале да ја имаат, дали за врска, дали за нешто еднократно.

Задоволен сум од тоа што јас носам на маса во една врска, а и сметам дека е природно други луѓе кои што не ти се партнери да ги сметаш за убави и атрактивни, сево ова е ептен биолошки и истото не значи дека личноста некого вара со тоа што смета дека личност од другиот пол е атрактивна, мислам дека тука комплетно не ме сфати што сакам да кажам.

Едно е ти да фрлиш поглед на некого и истиот да ти е биолошки атрактивен, сево ова е во ред, истотака е во ред слика на тип/ка разголена да ти се допаѓа, проблемот според мене е во тоа кога на истиот, без воопшто меѓусебно да се познавате или пак имате минимален контакт и слично му даваш до знаење дека тоа што го гледаш ти се допаѓа, што реално ништо бенефицијално не носи во една врска или брак, или пак можеби носи според тебе?

Немам јас проблем со објективна убавина на луѓе, ако ништо, и јас самиот признавам и немам проблем да дадам комплимент на мажи и пријатели кои што знаат убаво да се средат, кои водат грижа за сопствениот изглед и слично, повторно не ме разбра.

Никаде не реков дека единствен начин за да задржиш некоја да не те напушти (нешто невозможно) е да ја ставиш под клуч, туку едноставно отворив тема за влијанието на социјалните мрежи врз врските и браковите пошто е делумно очигледна корелацијата на порастот на корисници на социјални мрежи со се почестите разводи, но нејсе.

Некако целиот пост ти е комплетно вадење од контекст на сето тоа што го имав кажано со некои набедувања за некаква несигурност, фрагилно его и слично, можеби тебе во ред би ти било во ред женска ти или пак жена ти да доаѓа дома во четири сабајле мртва пијана излезена сама со колега од работа, но сепак на мнозинството и не би им било во ред, а тоа не е поради некоја несигурност. :)
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.413
Поени од реакции
2.394
Не знам што е чудно што сакам да проверам месенџер кај мм, мислам сакам да знам со кој пишува и што. Зарем вашите жени не ве проверуваат? Не им е гајле за вас, затоа. :cenzura:
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.281
Поени од реакции
16.297
Не знам што е чудно што сакам да проверам месенџер кај мм, мислам сакам да знам со кој пишува и што. Зарем вашите жени не ве проверуваат? Не им е гајле за вас, затоа. :cenzura:
Не, туку има нешто шо се вика доверба.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.359
Поени од реакции
4.712
За некој којшто плука по жениве какви биле, премногу имаш познавање од цаки за дискретно шврљање.:D Мала шала, не се лути.

Ја не чепкам по туѓи телефони.
Не оти сум некој ангел на правдата, туку оти ми е испод чест да трошам време. Барем маживе лесни се за приметување кога прават нешто. Не мал дел се несмасни во криењето, не оти се нешто за греотичка, туку колективна меморија, научени да не мора да кријат или лажат оти машко е, му се може. Со женски деца, нарочито во традиционални и повеќе рестриктивни патријархални фамилии не е така. Знае како да направи совршено алиби од 14 години. Оти, научена е дека, женско е, срамота е. Што е срамота? Па скоро све. Од бордо кармин до дечко пред факултет. Женско си.

Што се прави ќе исплива на површина, не си арчете живци, па некои дури и пари на апликации и чуда за следење. Мажи / жени коишто сајбер шврљаат не вредат за таа мака. Без пасивна агресија, отворено, ми смета селфиња со деколте/шо следиш многу провокативни, сакам да знаеш. Толку. Никому не му изигравајте тренер или учебник како треба. Ако по таква ситуација не знае како треба, не ви го/ ја треба.
...за да биде човек добар лажго треба да има одлична меморија...а тоа мнозинството го нема :)
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.697
Поени од реакции
23.757
Не знам што е чудно што сакам да проверам месенџер кај мм, мислам сакам да знам со кој пишува и што. Зарем вашите жени не ве проверуваат? Не им е гајле за вас, затоа. :cenzura:
Која е поентата на врската ако треба да трчаме еден по друг како мали деца за да се пазиме да не направиме некоја глупост на страна ?!
За две возрасни лица (тука мислам на психички и емотивно возрасни) мислам дека нема потреба од љубомори и однесување типично за петнаесетгодишњаци.
Башка луѓето за разлика од животните имаат свест. Затоа животните не влегуваат во врска и не прават свадби.
 
J

joli1

Гостин
vie ja pravite ljubomorata i posesivnosta vo normalni razmeri kako da e nešto lošo, iako dvete se odličen pokazatel deka seušte postoi ljubov vo brak ili pak vrska.

nema sigurno da ljubomori partner koj što nema ljubov sprema partnerkata i obratno.

zamisli partnerot ili partnerkata e onaka indiferentna i voopšto nikogaš ne pokažala barem minimalna ljubomora vo vrska, mene toa mi e suludo.

i ne, pošto jebiga forumov e takov i moram da naglasam, ne zboruvam za ekstremna ljubomora, tuku za zdrava ljubomora vo eden brak ili vrska.

Која е поентата на врската ако треба да трчаме еден по друг како мали деца за да се пазиме да не направиме некоја глупост на страна ?!
За две возрасни лица (тука мислам на психички и емотивно возрасни) мислам дека нема потреба од љубомори и однесување типично за петнаесетгодишњаци.
Башка луѓето за разлика од животните имаат свест. Затоа животните не влегуваат во врска и не прават свадби.
dokolku dvajcata vo eden brak ili vrska se zreli togaš dvajcata kje pazat na postapkite se so cel da ne ja narušat doverbata kaj partnerot.

koga vekje kaj eden od niv e narušena poradi postapkite na drugiot partner, prirodno e ličnosta kaj kogo e narušena doverbata da bara partnerot ili partnerkata istata doverba da ja zasluži, dali preku objasnuvanje na situacijata poradi koja što ja izgubila doverbata, dali preku proverka na telefon, itn.

ona što mene mi e delumno suludo e moabetot za nekoja privatnost na telefon koga se raboti za ličnost u koja što bukvalno si vlezen pri seksualen interkurs, znači povekje ja cenime privatnosta na našite telefoni otkolku privatnosta na telata na partnerite ili partnerkite.

ili vo prevod, spieš, jadeš zaedno, imate seks i možda zaedničko potomstvo, decava ni se zaednički, ama ovoj telefon e moj i moja privatnost? lol.

dokolku ne krieš ništo što bi ja zagrozilo vrskata ili brakot, togaš vo što bi bilo problemot da i go dadeš telefonot na partnerkata i istata da se uveri deka somnežot i e nepravilen, da ja zajakne doverbata vo vrskata i vo tebe i da prodolžite so životite.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.253
Поени од реакции
10.893
Имањето/немањето фејсбук, инстаграм и други модерни апликации нема да го спречат човекот што сака да изневерува да продолжи да го прави тоа. Не е како да изневерувањето беше помалку застапено пред социјалните мрежи, само имаше различни начини за тоа.

Социјалните мрежи дефинитивно ни ја олеснија работата да останеме поврзани со луѓето кои ни значат, дури и кога сме физички разделени од нив. И мислам дека тоа е и првичната замисла за тоа како треба да функционираат истите. Така што, потребата што е можно повеќе луѓе да имаат увид во вашите активности и да бараат валидација за тоа е скроз погрешно, да не речам еве дека е и психолошки проблем, ако веќе сте ја надминале возраста на која природно и се препишува тоа (младост и хормони).

Јас многу ретко објабувам фотографии на инстаграм, ништо претерано, дури сега моментално немам слики ниту со дечко ми. Мене ми е поважно да дадам приоритет на искуствата од реалниот живот, отколку да го правам тоа на интернет.

Како ќе влијаат социјалните мрежи на врските, дали позитивно или негативно мислам дека највеќе зависи од возраста и зрелоста на две единки кои одлучиле да стапат во врска.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.157
Поени од реакции
1.127
Интересна тема за дискусија. Социјалните мрежи дефакто ја зголемуваат можноста за неверство. Нормално, си останува тоа дека луѓето што сакаат да изневеруваат, ќе најдат начин да го направат тоа. Но кога станува збор за оние што се на граница или што немаат лесен пристап до други луѓе, тогаш е друга приказна.
Поради тоа сметам дека луѓето треба да имаат различно однесување на социјалните мрежи во зависност од тоа дали се во сериозна врска или не.
За мене, не е нормално девојка со која сум во сериозна врска да става разголени слики на instagram. Мислам има исклучоци, пример девојка ти е фитнес тренер, спортист, итн. Ама ако девојка ти е правник и кога одите на одмор те тера да ја сликаш по бикини, за да закачи слика на која 50 луѓе ќе и пишат, тогаш нешто не е како што треба.
Исто како што девојка ти ќе ти се лути ако во диско земеш да манијачиш други жени, така ќе ти се лути и ако земеш да лајкаш/коментираш на слики на рандом жени на инстаграм. Ако јас земам и пишам на некоја на инстаграм, тоа е еквивалентно на тоа да и пријдам во живо.

Всушност, ова се сведува на:
1.Социјалните мрежи немаат негативен ефект на луѓето што не сакаат/не се склони/немаат потреба од неверство.
2.Социјалните мрежи имаат негативен ефект на луѓето што се на граница за неверство и оние што се склони кон неверство. Им ја зголемуваат веројатноста тоа да го направат.

За крај би рекол дека социјалните мрежи се многу корисни за првата група на луѓе. Им дава дополнителна информација за тоа дали некој припаѓа на втората група или не. Порано кога ќе запознаеш некој, не знаеш ништо за него. Сега можеш да отвориш профил и за 5 минути да собереш информации за кои порано ќе ти требале месеци.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.313
Поени од реакции
40.106
Еве малце научно, повише пола од жените имале златна резерва ако сопругот одненадеш снема пари или ја изгуби работата.

Член од
17 септември 2022
Мислења
728
Поени од реакции
1.759
Темава ја почнувам после неколку месечна дискусија со пријатели и пријателки, како и со познаници, но и како резултат на некои мои претходни животни искуства.

Сметам дека она што се занемарува денес е влијанието на социјалните мрежи во секојдневниот живот на луѓето, па така и влијанието на социјалните мрежи во врските, браковите, како и во дејтањето и пред истото.

Се со цел да се поттикне дискусија во темава и форумашите и форумашките да го кажат сопственото мислење за оваа тема, ќе ги споделам моите мисли и ставови во врска со ова прашање, а истовремено ќе очекувам од форумашите со меѓусебна почит да разговараат на оваа тема, да споделуваат мислења и искуства и да го почитуваат мислењето на соговорниците, како и тоа да бидат објективни во нивните постови.

Јас лично сметам дека социјалните мрежи се нешто налик пазар3, реклама5 и слични сајтови за рекламирање, само што во овој случај се работи за саморекламирање т.е рекламирање на сопствениот живот како и на сопствениот изглед се со цел добивање одредена количина на пажња и/или валидација од најблиските и (најчесто) спротивниот пол, како и обид за издигање на сопствениот социјален статус во општеството завиткано како платформа која служи за меѓусебна дигитална интеракција со содржини кои најчесто само го губат времето на индивидуата, ствараат комплекси кај одреден тип на луѓе, даваат некоја нереална слика за многу животни прашања, но и истовремено најчесто освен проблеми и детрименталност, ништо друго не носат во животот на двајца кои се во врска или пак во брак.

Многу луѓе со кои што имам разговарано на оваа тема, без разлика на полот, одбиваат да признаат дека најчесто валидација и/или пажња често бараат по пат на социјални мрежи, преку постирање на краткотрајни сториња, постирање слики од самиот себеси и слично, како да е воопшто погрешно да тражиш пажња, а според мене воопшто и не е е се додека примарен извор на добивање на пажња, валидација и самодоверба не ти се социјалните мрежи, сметам дека човечка природа е да тражиш пажња и валидација од луѓето во својата околина и најблиските, но за истото треба да си свесен наместо тие работи да ги правиш скроз потсвесно.

Проблемот настанува кога ваквите навики продолжуваат во една врска или брак - секојдневно или пак често постирање на селфи сториња, постирање на провокативни (за спротивниот пол) слики, лајкување на слики на луѓе кои не ти се блиски или пријатели, а се од спротивен пол, враќање на пораки на луѓе од спротивен пол кои очигледно имаат поразлични тенденции од тоа да бидете пријатели и углавном дигитално тражење на пажња и валидација од луѓе кои што не се твојот партнер/ка.

,,ама бррат ммногу си несигурен!1! зашо ти мислиш има врска тоа шо ќе стае лајк или стае слика од сам/а себе!?!11?" - секој од нас на социјалните мрежи дневно му излегуваат милион мажи/жени (зависно од полот) кои што биолошки ни се атрактивни, но со самото ставање на лајк или било каква реакција на тие постови, ние даваме дознаење на личноста која што ја има постирано сликата дека ни се допаѓа тоа што го гледаме (најчесто личноста која што е на сликата), а истовремено според мене и покажуваме непочит спрема сопствениот партнер со истото, како и даваме причина за личноста на која што и имаме лајкнато да старта конверзација со нас, нели?

Што добро за една врска или пак брак излегува од истото? Даваш до знаење на друга личност дека ти се допаѓа тоа што го гледаш (за мене лично емоционално варање), покажуваш делумна непочит спрема сопствениот партнер, даваш причина за некој/а од спротивен пол да ти пишува и да створиш револт со истото кај сопствениот партнер, или пак грешам?

Се почести се емоционалните превари, како прва скала пред и самиот чин на сексуална превара и уништување на заедницата, дали брак дали врска во која што си вложувал труд и најбитното - време.

Нажалост се почесто и почесто приметувам дека профилите на голем број на луѓе кои што се ептен активни на социјалните мрежи воопшто и не ни укажуваат дека имаат партнер/ка, најчесто за да дознаеш дека имаат партнер/ка потребно е да отвориш некоја од сликите и swipe-аш едно четири слики кои што се lust trap најчесто и оп, слика со партнерот и станува ептен очигледно дека истата личност и не е толку зафатена колку што можеби делува, или можеби е, но сигурно дава дојам дека не е кога партнерот го крие после четири други lust trap слики од самиот или пак самата себеси, лајкува слики на луѓе кои што воопшто ги нема сретнато во живот, а се од спротивен пол, итн, итн.

Да не го должам многу затоа што би сакал да се наддодадам со некои дополнителни мои мислења во темава чим се развие дискусија, сепак сметам дека најголемата причина за неуспех на денешните врски како и причина за најголемиот дел од разводи, превари и слично се социјалните мрежи.

Ме интересира ваше мислење, дали социјалните мрежи имаат позитивно или негативно влијание врз една врска или брак?
А можеби соц медиите само повеќе ја откриваат човековата природа? Повеќето се у брак врска со погрешна личност и живеат во тивка мизерија.. се помириле да бидат со некој за да преживеат подобро... Колку ги знам кои требало да се разведат... одамна.
 
Член од
5 март 2023
Мислења
432
Поени од реакции
1.743
Еве малце научно, повише пола од жените имале златна резерва ако сопругот одненадеш снема пари или ја изгуби работата.

ова чичко моцарт со месеци го зборува,па ме направија женомрзец јбг only women,children and dogs are loved unconditionally, a man is only loved under the condition that he provides something,а златната резерва најлесно ја наоѓаат преку социјални мрежи
 
Последно уредено:

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.413
Поени од реакции
2.394
Што значи „дупло„? Со двајца, два пати или дупла пенетрација?
Ха ха, јако вицкасто, ме пресмеа, јако развиена смисла за хумор имаш
Автоматски споено мислење:

ова чичко моцарт со месеци го зборува,па ме направија женомрзец јбг only women,children and dogs are loved unconditionally, a man is only loved under the condition that he provides something,а златната резерва најлесно ја наоѓаат преку социјални мрежи
За танго треба двајца, варалици има и мажи и жени, мажите вараат и имаат швалерки повеќе. Плус повеќе жени има на нашево поднебје, цел Балкан, сите бивши екс ју држави,што им олеснува во варањето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom