Влијаењето на професорот врз сакањето на предметот?

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Огромно е влијанието на професорот врз сакањето на предметот, дали еден предмет ке го сакаме зависи од неговото однесување и начинот на предавање на тој предмет. Најмногу сакам (незнам како да ги кажам) еден вид средни професор (не се ептен строги, добро се однесуваат со учениците но сепак има ред на неговиот час и може да се научи нешто). Некако тие професори ми даваат мотив да седнам да научам, на пример ако извадам добра оценка по предмет на тој професор тој почнува да те фали да вели дека си добар, а јас тоа го свакам како одговорност да продолжам да го учам тој предмет и да вадам добри оцени т.е да ги оправдам неговите очекувања.
А оние построгите професори мислам дека учениците повеќе од страв кон нив ги учат лекциите отколку за желба да се научи нешто.
А оние пак така пофлексибилните и порелаксирани профероси на чии часови не се знае кој јаде кој пие, е тие пак самите си прават учениците да не им учат (си велиш ај бе сега тава ќе учам нема грешка).
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Огромно е влиаењето на професерот врз предметот. Ако професорот не создаде да има натпреварувачки дух помеѓу учениците се паѓа во вода.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Најмногу, според мене, дали ќе сакаме и мразиме еден предмет зависи од професорот. Во основно, многу сакав хемија и учев, ем затоа што беше интересен материјалот ем затоа што ми се допаѓаше како предава професорката! Но, во средно тотално друга приказна! Материјалот беше ист, само малку пообемен, ама професорката беше real bitch. Ако станала на десна нога, ти знај за 3, ти става 5. Ако станала на лева нога, ти колку сакаш знај, поголема оценка од 3 не ти става. И заради неа го замразив предметот.
 
Член од
3 февруари 2007
Мислења
293
Поени од реакции
30
Ogromno e vlijanieto na profesorot za da go zasakas ili zamrazis predmetot. Eve na pr jas i vo osnovno i vo sredno imam dobar profesor matematika i mn mi odi i ja sakam, a fizika na pr i vo osnovno i vo sredno profesorite ne mi bea dobri i sea vrska nemam fizika. A isto i makedonski vo osnovno imav fenomanalna profesorka, koja me nauci da gi sakam jazicite i taka ne nauci na gramatikata sto sega i vo son da me skornis znam da napravam sintaksicka i morfoloska analiza, a vo sredno prva i vtora imav dobar profesor, treta zanikade, a cetvrta, lele profesorkata po makedonski mi e idol. Kako zboruva toa na casot ke ja naucis lekcijata,no uzivas dodeka taa raskazuva,nesto fantazija. Ima disciplina na casot sto e mnogu vazno i site ja pocituvaat, i mi se place koga ke pomislam deka uste malku ke odam na fakultet i nema da mi predava.
 

naum_spaseski

Стружанец
Член од
25 јануари 2007
Мислења
534
Поени од реакции
2
Влијанието е многу големо! Мојата наставничка по македонски, на секоја писмена работа ми даваше или 3+, или 4-, ништо погоре, ништо подолу. Од 5-то, па се до осмо беше истото. Првите 2-3 состави што ги напишав на писмените беа мои, а се другото тетка ми од Куманово ми праќаше состави (со кои што братучеди ми добивале 5-ки), ги учев напамет, и пак иста приказна.. почнав да го мразам предметот, зашто нонстоп велеше дека сум слаб, дека не читам книги, а многу сакам да читам и се трудам да постигнам резултати.
Еве, сега во средно немам проблеми. Професорката си е ОК (закон професорка имам, немам што да се пожалам) и ми се врати љубовта кон тој предмет.
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Голема улога има професорот за да го засакаш или замразиш некој предмет.Тој треба да се труди да ти го напрај часот и предметот интересен,да воведе некој нови,интересни а не застарени методи,да ги натера учениците и надвор од часот да истражуваат.Јас мразам историја ама еден професор така интересно предаваше шо ми беше ќеф да седам на часој,а кога ми се смена професорот кога дојде друг уште поќе го замразив предметот.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Најнормално дека е важно.Тој учебник е напишан а професорот е тука да го презентира на најдобриот можен начин.Ако не успее тоа да го направи нема да биде сакан ниту професорот ниту предметот.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Се зависи од тоа колку труд ќе вложи професорот во презентирање на предметот и колку внимание ќе им посвети на учениците во совладувањето на материјата. Значи улогата е огромна!
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
како и сите други ијас ќе кажам дека има влијание професорот со сакањето на предметот

еве на пример кај мене многу сакав италијански ама имав професорка што незнаеше воопшто да предава, тс. цело време предаваше на иалијански а ние почетници ништо не ја разбиравме, уште го сакам јазикот ама нејќам да го учам со таква професорка
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
14
Поени од реакции
0
Vlijanieto na profesorot vrz sakanje na predmetot e definitivno klu4na rabota. Dokolku profesorot e nekoj......znajte....olicetvorenie na zloto (lol)...se razbira deka predmetot ke bidi omrazen. No ne e sekoj slucaj takov, no sepak pogolemiot del e taka.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.226
Поени од реакции
954
Многу влијае професорот.Имало професори заради кои што сум го замрзувала предметот што го предаваат,а се случувала и обратната ситуација.
Ако професорот знае да те мотивира,да те заинтересира,ќе имаш барем почит кон предметот.
Се разбира има луѓе кои едноставно имаат одбивност од на пример математика,физика...,но сепак професорот може барем да допринесе да појавиш заинтересираност.
Видовитата Crazy in action :)

Да, барем кај мене влијае. Во прва и трета година по хемија имав една професорка која воопшто не ја сакав, многу лошо објаснуваше, зборуваше 300 на саат и не дај Боже да ја прашаш за нешто нејасно, уште толку ќе ти искомплицира! На тестовите едвај кој добиваше 5-ки и четворки, повеќето имаа единици и двојки па остануваа и на полагање. Никогаш не ми се седеше на час кај неа ниту ми се учеше хемија дома, кога гледав во тетратка што сум напишал - не знаев што сум напишал :pos2: Не се знаеше кога предава, кога испрашува, дали да учам кај неа или да се фокусирам на друг предмет, кога ќе земеше да испрашува, испрашуваше долгорочно и на табла и секогаш по 2-3 пати ја пребришувавме таблата оти нон-стоп ЧКРТАШЕ нешто нејасно! И на крај ми остана единствена тројка во свидетелство кај неа:)

Затоа во втора по истиот предмет имавме една друга која беше сосем различна од оваа, жената беше многу драга и супер објаснуваше и по неколку пати, беше толерантна кога некој доцнеше, тестовите беа значително поинаку составени отколку кај првата и кај неа истуркав до 4 :)
 

E*V*I*L~G*I*R*L

>>>uvek tu<<<
Член од
2 декември 2007
Мислења
192
Поени од реакции
5
Кај мене мн. влијае заитересираноста за предметот врз основа на професорот.
Еве на пр. денес имавме педагогија од една професорка метро и дваесет
и предаваше ши предаваше едно време ни постави прашање за нешто шо таа требаше да ни го кажи оти сега се запознаваме со предметот и нормално дека и да знаеме нема да крениме рака оти не знајме дали то треба да се кажи и постои можност да се избрукаме пред сите.И типката цела минута чекаше да се јави некој и после зеде да се заканва дека ние ќе бидиме прва генерација шо ќе полага устен колоквиум кај неа.Продолжи со предавање надолго нашироко и не кажа шо ни треба од сето то за да го учиме-и нормално глата чкртајнци.
Додека пак, асистентката нејзина ни ги држи вежбите е злато од чоек - можам слободно да кажам дека ни кажваше кој прашања би се паднале на колоквиум и се задржа стрикно на тие термини да ни ги разјасни за да немаме проблеми.+то е то шо ни треба за струката.

Затоа денес на предавање решив да си го пуштам мозокот на лер, а за лекцијата ќе се концентрирам на вежбите.
Ме теши то шо има начин да го засакам предметот- а тој е асистентката. Според то знам дека нема да имам проблем со овој предмет, со оглед на то шо сум личност шо не можи со сила да научи некој предмет.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Влијае.
Има т.н. професори кои делуваат ладнокрвно и незаинтересирано. Влегува, вергла пола саат, предава, си кажува тоа што има, и штом кога завршува часот - низ врата, чао пријатно. Многу и`/му е гајле дали некој слушал, внимавал или разбрал. Баш ја боли. Без никаков израз, цртите на лицето уопште не и` мрдаат (не дај боже да се насмее), као да и` е сеедно и ако падне мртва следниот момент. Епа и мене ми е бе. За предметот.

Ме пиздат професори на кои буквално од километар им` се познава по суратот дека не си ја сакаат професијата и аналогно, не ја работат како што треба. Не смее така.
Не е моја работа што проблеми си има, не е негова работа да ги носи на час.
И ја имам, па не изгледам како да ќе се џитнам од камени.
Јас од тој човек треба да учам. Не само предметот, имам да учам многу од него. Ако тој одбива да комуницира со мене, многу ми е жал, ама мене ми е мозокот така програмиран да како реакција, ми создава одбивност кон се` поврзано со него, па и предметот.

Не барам од професорот/ката да пие кафе со мене (иако се десило, не еднаш :icon_lol: ), да биде константно несериозен или окезен како се` да му е потаман 24/7, ниту да се однесува со мене како со прва другарка. Да, сакам да имам добри и пријателски односи со него/неа, што е можно и без да се наруши релацијата професор - ученик. Топла вода.:vozbud:
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
znaci vo moeto "dolgogodisno" iskustvo ... sum voocil deka ima "stimuliracki" , "ambiciracki" i "demoraliziracki" ...
-stimuliracki : onie koi se ok , koi znaat da te nateraat da si citkas da si vadis zabeleski , prosto korelacija "ucenik - daskal" , vo vistinska smisla .
-ambiciiski : koga znae deka moze da te motivira da dades 150 % od sebe si , znae da napravi vistinski "profesionalec , strucnjak .... " odnosot tuka e mozebi "daskal - student , ucenik" = poveke od drugarski / momentalno mojot odnos so mojot profesor po rezija , se obiduva da motivira , se obiduva da te natera da "misles" da "sakas" i da si konstantno posveten za "idninata" - profesijata ...
- demoraliziracki : tip sto najveke go nesakam , oddamna bese toa pred godini i godini dodeka bev vo sredno , se "raspravav" so idioti sto mislea deka se : podgotveni da sozdavaat kadar , ama so kompleksite od svojata kuka ili od svoite deca ... koj im e*e majkata .....

najbitno e pred se da te gledaat kako covek , da ne se zamisluvaat deka se "alfa - omega" .... ako eden den predavam nekade , sigurno deka decata na koi ke im bidam "ucitel" ke sakaat da se druzat so mene , ke sakaat da "dojde casot moj" a ne da mrazat ili zad grb da te plukaat , ili da te namavaat .
ova se razbira e mojot stav na nestava :)
pozZ
 
E

Elipsis

Гостин
ima nekoi mnogu dosadni profesori so samo zbora i zbora i zbora niso da objasna uboo samo toa so e napisano kazue i toa mnogu monotono ti doagja da zaspies na cas
 

Kajgana Shop

На врв Bottom