Влијаењето на професорот врз сакањето на предметот?

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Значи што мислите - дали ако професорот се однесува убаво -има трпение, принципиелен е, отворен, искрен кон учениците, дали учениците повеќе ќе го сакаат или ценат тој предмет?

Кај мене е секогаш така - ако ми се допаѓа професорот, без разлика дали ми оди тој предмет едноставно ми е убаво да го слушам и ми е убаво да гу учам истиот. Имам еден куп примери, каде што едвај чекам да појдам на час, бидејќи е многу интересно, едноставно професорот знае да направи убава атмосфера за работа! Во исто време да не насмее и да не научи. Али за жал таков борј на професори денес е многу мал.

Вие шо мислите?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу влијае професорот. Имало професори заради кои што сум го замрзувала предметот што го предаваат, а се случувала и обратната ситуација.
Ако професорот знае да те мотивира, да те заинтересира, ќе имаш барем почит кон предметот.
Се разбира има луѓе кои едноставно имаат одбивност од на пример математика, физика... но сепак професорот може барем да допринесе да појавиш заинтересираност.
 
Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Ако имав добри професори по математика, денес сигурно ќе студирав математика. НО, предметот ми е трауматизиран од самите професори и ми се гади кога ќе ми текни на математика.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Се разбира, многу влијае односот на професорот кон учениците за да придонесе да го засакаме предметот и со задоволство да присуствуваме на часовите или да предизвика контра ефект.
Но, не секогаш е така. На пример јас не ја сакам математиката па било кој професор да ми предава не верувам дека ќе ме заинтересира до толку за предметот, но барем може да ги направи интересни часовите и да се труди целиот клас да постигнува успеси или барем да нема негативни оценки.
Во основното имав професор по географија кој знаеше да ги натера учениците да седнат и да научат, дури и оние најслабите во клас (имаше и такви што буквално не знаат да читаат, читаа како првачиња а тој ги натера да раскажуваат и да покажуваат на карта се што треба). Знаеше да внесе хумор во предавањето, да разговара слободно со учениците и надвор од наставната програма. Го почитував и секогаш ќе го паметам.
А се случувало и да почувствувам одбивност кон англискиот поради тогашната професорка, но после одредено време сфатив дека од нејзиниот метод иако строг најмногу научив и ја запознав основата. Тогаш не сакав ни да чујам за нејзе и за предметот, а сега сум и многу благодарна за знаењето што ни го пренесе.
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Секако дека влијае, и многу би било поубаво кога би предавале помлади професори, наместо, да не речам “дртала“ што ни дома не можат да им го поднесат климаксот, а не па пубертетлии на кои им вријат хормоните. Не викам дека професорите во години не знаат да развијат однос со младите, но сепак климакс+пубертет и не е баш добра комбинација.
А освен тоа, подобро би било така од причина што тазе дипломирани студенти би наоѓале работа, наместо да дремат дома со дипломите во фиока.
 
ANDZI

Fashion is my opsession
Член од
5 февруари 2007
Мислења
833
Поени од реакции
6
Дефинитивно има врска...Јас имам пример за два професори.Едната професорка која според мене предава најважен предмет-македонски, има трпение сваќа дека нас ни е многу тешко и не ние само најзиниот предмет за учење.Се труди колку што може да ни ги олесне испрашувањата,и ни најавува предвреме.Со неа јас и мојот клас имаме отворен и пријателски однос...Додека најголем проблем ни е професорка која ни дава по 60 страни за учење за два дена,воопшто не ја интересира дали ние можеме да го постигнеме тоа..Јас лично кога ке почне нејзиниот час,почнувам да се потам,се тресам од страв...Заради неа јас неможам да го поднесам предметот.Тоа не би можела да го наречам авторитет,затоа што таа ни влева само страв,а додека кон другата професорка имаме страшна почит.
 
Па да, најчесто кој такви дигнати професори, најчесто има недисциплина на часот, а кај другите зе знае време за смеа, време за работа и дисциплина во класот!

Се разбира, многу влијае односот на професорот кон учениците за да придонесе да го засакаме предметот и со задоволство да присуствуваме на часовите или да предизвика контра ефект.
Но, не секогаш е така. На пример јас не ја сакам математиката па било кој професор да ми предава не верувам дека ќе ме заинтересира до толку за предметот, но барем може да ги направи интересни часовите и да се труди целиот клас да постигнува успеси или барем да нема негативни оценки.
Во основното имав професор по географија кој знаеше да ги натера учениците да седнат и да научат, дури и оние најслабите во клас (имаше и такви што буквално не знаат да читаат, читаа како првачиња а тој ги натера да раскажуваат и да покажуваат на карта се што треба). Знаеше да внесе хумор во предавањето, да разговара слободно со учениците и надвор од наставната програма. Го почитував и секогаш ќе го паметам.
А се случувало и да почувствувам одбивност кон англискиот поради тогашната професорка, но после одредено време сфатив дека од нејзиниот метод иако строг најмногу научив и ја запознав основата. Тогаш не сакав ни да чујам за нејзе и за предметот, а сега сум и многу благодарна за знаењето што ни го пренесе.
Значи сепак, и ако не ти оди математиката може професорот да те натера да ја засакаш барем и да ти биде интересно на час нели?
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Значи сепак, и ако не ти оди математиката може професорот да те натера да ја засакаш барем и да ти биде интересно на час нели?
Не може да направи баш да ја засакам или да имам желба да го продолжам понатамошното образование во таа насока, но може да направи да не бидат досадни часовите до тој степен како што ми биле од секогаш и побрзо да минува времето.
 
Slatka_Mala

devoid of concept
Член од
15 февруари 2006
Мислења
477
Поени од реакции
11
Значи што мислите - дали ако професорот се однесува убаво -има трпение, принципиелен е, отворен, искрен кон учениците, дали учениците повеќе ќе го сакаат или ценат тој предмет?

Кај мене е секогаш така - ако ми се допаѓа професорот, без разлика дали ми оди тој предмет едноставно ми е убаво да го слушам и ми е убаво да гу учам истиот. Имам еден куп примери, каде што едвај чекам да појдам на час, бидејќи е многу интересно, едноставно професорот знае да направи убава атмосфера за работа! Во исто време да не насмее и да не научи. Али за жал таков борј на професори денес е многу мал.

Вие шо мислите?
Кај сите е така и забележав дека горе-долу мислењата на темата се движат во истиот правец. Одбивноста спрема некој предмет си постои уште пред постоењето на некој одбивен, монотон или грозен професор кој го предава истиот, ама колку и да ви е одвратен предметот, ако професорот ви е погоден, сепак секој би се трудел повеќе - не да биде гениј во тоа поле на науката, ама барем да ги задоволи критериумите за повисока оценка.
Многу е жалосно кога предмет кој не интересира го запоставуваме заради професорот кој не ни се допаѓа. Мене лично ми се има случено целосно да затупам по некои предмети баш зошто професорот не барал многу од нас или зошто сум почнала да се инатам со некој професор преку моето неучење.
Од друга страна, сум била сведок на забележително зголемување на успехот на целиот клас по одделни предмети кога, на пример, ни доаѓале професори на замена по тој предмет и многу ми е мило за тоа. Има нешто во тие луѓе што остава белег кај сите нас години после средбата со нив, нешто што те тера засекогаш да ја паметиш дефиницијата за култура, или кога се распаднало римското царство, или изведувањето на Питагоровата теорема...Кога би биле сите професори такви...:raz:
 
Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
Дефинитивно има врска...Јас имам пример за два професори.Едната професорка која според мене предава најважен предмет-македонски, има трпение сваќа дека нас ни е многу тешко и не ние само најзиниот предмет за учење.Се труди колку што може да ни ги олесне испрашувањата,и ни најавува предвреме.Со неа јас и мојот клас имаме отворен и пријателски однос...Додека најголем проблем ни е професорка која ни дава по 60 страни за учење за два дена,воопшто не ја интересира дали ние можеме да го постигнеме тоа..Јас лично кога ке почне нејзиниот час,почнувам да се потам,се тресам од страв...Заради неа јас неможам да го поднесам предметот.Тоа не би можела да го наречам авторитет,затоа што таа ни влева само страв,а додека кон другата професорка имаме страшна почит.
да ми даде толку за учење нема да ја погледнам книгата не па да учам,... ке станам ке си одам од нејзинио час...
да се надоврзам на темата, има врска професорот, но многу малку ги има како шо кажа Наде, има некој професори еден ден ке ти го направат часот интересен а др, ден има да пукнеш од досада секоја помината минута ке ти се гледа како цел саат
 
kLiNkA

Ponosna Hrvatica
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.116
Поени од реакции
5
и тоа стварно влијае... најпрво зависи од професорот, дури и да не ми е толку интересен, можеби поради на односот на професорот да ме заинтригира тој предмет... а доколку не ми одговара предавањето на професорот/ката или самиот/а професор/ка тогаш уште повеќе губам желба за самиот предмет, и дури воопшто не ми се учи
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Да влијае многу.Ако професорот е добар и непосреден се создава една врска меѓу него и учениците која ги поттикнува повеќе да се трудат иако нормално не мора да значи дека сите ќе го засакаат тој предмет.Но па доколку е лош и премногу строг се созава одбивност кон него па и кон предметот.
 
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
Zavisi no ne do tolku. Ima dosadni predmeti, ili predmeti sto ne ti odat pa sekako ke ti bidat dosadni, i ke gi mrazis.
No ima i predmeti kade sto profesorot e srog i te matretira na nekoj nacin, no ti sepak go sakas predmetot. Mene profesorkata po biologija me maltretirase i ke me maltretira i ovaa godina, ja mrazam nea, no ne i predmetot.
No sepak se soglasuvam deka najcesto spored odnosot na profesorot gi birame omilenite predmeti, i toa se najcesto predmeti kade sto profesorot bara malku i e poobar, ili poveke ni dozvoluva.
 
IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
големо, да не речам огромно влијание но според мене не и толкаво за да замразиш некој предмет што го сакаш.
 
еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Ехее, влијанието е неизмерно големо. По моево четиригодишно средношкослко искуство, најомилени предмети и предмети на кои најмнофу се трудам се токму од професорите кои во почетокот без најстроги, кон кои чувствувам почит меѓутоа почит која веќе не се граничи со страв туку со уште поголема инвентивност и љубов кон предметот. Одвратни ми се професорите кои се секогаш релакс и не им е гајле за ништо, токму поради тоа што си го деградираат предметот, а и поради тоа не фаќам книга за нивниот час.
Професионалноста на професорот влијае суштински и врз мојата професионалност како ученик.

Е сега, иклучок е кога многу го сакам предметот, тогаш малку зависи од професорот. Но сепак, доколку сакаш да се покажеп, а професорот се обраќа со невнимание, тогаш и оваа желба ќе умре.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom