Значи пред да се распричам,распишувам на темава,ќе ве замолам да си ги задржите коментарите од типот „Ќорава си,ти се причинило,ваква си,таква си“ за себе.:smir:
Вака:
Пред некој ден со другарка бев во Тинекс,купувавме тоа што купувавме и на каса нормално застанавме за да платиме.Имаше жена пред нас и моравме да почекаме малку.Наеднаш се врти женава и јас само ја погледнав во очи.Имаше некоја чудна боја на очите,ептеен кафена накај црна.Никогаш немав видено таква необична боја на очи,и кога ја погледнав почуствував нешто што неможам да го опишам,некој ептен голем немир и најискрено се извадив од памет.
Додека чекавме,оваа цело време се вртеше и гледаше накај мене онака страшно,а јас само давав една таква насмевка „Се смеам за да не заплачам од страв.:jaj:“.Друго стварно незнаев што да направам во таа ситуација.
Некако ајде и ние дојдовме на ред,и искуцаа на женава се што купи и оваа толку споро си ги зимаше работите од касата,а таа што работеше таму изгледа примети дека со оваа нешто не е во ред па затоа не и кажа “Г-ѓо мрднете малку“.
И сега,додека си ги собираше стварите,се заврте пак погледна накај мене и ја отвори ќесата толку силно што сите погледи се вперија во неа,а мене малку ми фалеше да паднам во несвест.:nesvest:
После 5 мин. собра се што купи и дојде нашиот ред [Не ни се веруваше].:uvo:
Спакувавме и ние се тоа што пазаревме,излагаме од Тинекс и оп женава чекаше надвор,на паркинг.:ija::ija::ija:
Кога ја видов пак,крвта ми се смрзна,оваа пак почна да ме гледа и си помислив дека во секој момент ќе дојде и дека ќе ми мавне една,почнав да брзам накај дома,а и другаркава со мене.
Цел ден после тоа бев исплашена,ни сама незнаев од што,самата нејзина појава ми донесе некое ептен чудно чуство.
Сето ова немаше да биде волку чудно ако 2 дена по ред не ја сонувам истава ама скроз истава жена како нешто ми вика,ама неможам да разберам што.
Се губи после 5 минути,ама после пак се појавува.
Ме плаши,стварно ме плаши и се надевам дека денес пак нема да ја сонувам.
Ќе полудам више.:nerv:
Да кажам дека не верувам во работи од тип “Ѓаволи,духови или слично“,ама неможам да ја објаснам женава.
Језива е стварно...