Мажот бизнисмен, и испраќа факс на жена си:
-Мила , верувам дека ќе ме разбереш, сега кога ти си веќе на 54 години, имам извесни потреби , коишто ти не можеш повеќе да ги задоволиш.
Јас сум многу среќен со тебе, сметам дека си прекрасна сопруга и искрено се надевам дека нема да реагираш болно кога ќе разбереш, дека откако ќе го добиеш факсот , ќе бидам во хотел со Ванеса, мојата 25 годишна секретарка. Но не се секирај, ќе си дојдам дома пред полноќ.
Кога мажот пристига дома, наоѓа белешка врз масата:
- Миличок, го добив твојот факс и многу ти благодарам за пројавената загриженост.
само да ти напомнам, дека и ти исто си на 54 години. И ти додека ја читаш оваа белешка, јас сум во хотел со Мишел, мојот тренер по тенис, којшто, како и твојата секретарка , има исто 25 години.
Така да освен што си бизнисмен, имаш завршено и математика, па ќе можеш лесно да разбереш, дека си одговараме баш по ова прашање , но .... со една мала разлика: 25 влегува повеќе пати во 54, отколку 54 во 25... Па според тоа, не ме очекувај по рано од утре!