Некоја баба во автобус му вели на момче што седело:
- Дете, ај стани јас да седнам. нозете ме болат, а ти си млад ќе постоиш.
Момчето пак ја прашува бабата:
- А ти бабо, како мала си станувала на постари?
Бабата гордо:
- Да, секогаш.
Детето:
- Е, затоа сега ќе те болат нозете.
-----------------------
отишла русокоса да врати книга во библиотека, па вели
- знаете оваа книга воопшто не ми се допаѓа. нема никакво дејствие, а и ликови има едно чудо, не можев ни едно име да запамтам!
- аха, значи вие сте ни го земале телефонскиот именик!
- што е разликата помеѓу ирска свадба и ирски погреб?
- еден пијаница помалку.
---------------------------
Трпе чека пред шалтер.
- Вашето име?
- Т-т-т-т-т - трпе Стружанчев.
- Вие пелтечите, не ве разбрав баш најдобро?
- Не пелтечам мори, кумот пелтечел.
---------------------------
Се вработил Мујо во музеј и на крајот на првиот работен ден оди кај шефот:
- Шефе, ќе бидете многу задоволни од мене. Работам овде само еден ден, а веќе продадов два Пикаса и еден Рембрант.
---------------------------
Трпе отишол во Бугарија на шопинг. Ја паркирал колата, и на шофер шајбната напишал "внатре нема ништо вредно".
Кога се вратил од шопинг, што ќе види, колата обиена, скршени џамови, внатре се испретурено и нашол едно ливче на кое пишувало:
"Ас сам должен да проверам.!"
---------------------------
Во авион на сред лет пилотот и се обраќа на патниците:
- Дами и господа, еден од нашите мотори откажа, меѓутоа не грижете се, имаме уште три мотори, едноставно летот ќе трае еден час повеќе.
После половина саат повторно обраќање:
- Уште еден мотор откажа, летот ќе трае два часа подолго... можеме да летаме и со два мотора.
Еден час подоцна, повторно пилотот:
- За жал уште еден мотор откажа, ќе доцниме три часа... не грижете се, се уште имаме еден мотор.
На ова една плавуша се обраќа на човекот до неа:
- Ако изгубиме уште еден мотор, останавме цел ден во воздух!.