Вистинско другарство, постои ли?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да, постои вистинско другарство.
Ако некој те зезнал или повредил, значи не ти бил искрен и вистински пријател.
Се разбира дека и јас сум налетувала на такви, но сум премногу среќна што имам покрај мене, во мојот живот, луѓе кои секогаш можат да се потпрат на мене, а и јас на нив.
Секогаш сме тука едни за други. И ако треба и во оган би одела за нив.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Postoi li drugarstvoto....postojat li vistinski dugai na svetov ili sekoj si gleda samo za sebe....mi teba vase mislenje na temava.

Iskeno spored mene denes ne postoi iako nekogas mozebi postoelo denes retko ke sretnes nekoj vistinski drugar.Mozebi ti se pavi dugar za da postigni nesto....no vistinskiot drugar se pepoznava vo najlosoto ...koga ke ti pomogne. Sto mislite ....postoi li?:smir:
Имам милион пријатели, личности со кои што да речеме сум блиска се повеќе од прстиве на двете раци, но најдобри пријателки, абе и тоа имам.

Викица моја, заедно сме 8 години, со неа пораснав, беше покрај мене од најлошото до најдоброто, а тие што ме познаваат знаат дека кај мене лошото е навистина лошо.Тоа што таа девојка го има напревно за мене, од какви места се ме има вадено, со какви опасни луѓе се има расправано за мене, буквално го има ризикувано она што никој за никого на денешно време не би го ризикувал ... друг да бил на нејзино место до сега многу пати ќе се откажел од мене.Секогаш кога плачам, се јавувам кај Викица, и од едниот до другиот крај на Велес се има случено да дојде за 5 мин. само за да ме види.
Тоа оди во двата правци, имам трчано на штикли до кај неа до дома затоа што не била океј, а да бидам реална, тешко е мене да ме натераш на штикли да го претрчам Велес.
Там Там исто, како што знае она да ме крене, никој не знае, 3 години сме заедно, само она може да ми ја лупне една(буквално) и да рече Аман собери се!
Цеца, која секогаш кога ми е лошо е тука за мене, толку многу пати ме има извадено од глупости, премногу се за да ги бројам и притоа не се случило да заборави нешто поврзано за мене.

Тоа се луѓе кои, ми го прават животот полесен, поубав, пообоен, луѓе кои што ме трпат кога сум депресивна, философски настроена или еуфорично среќна.

Најдобрите пријатели, исто, Станче посебно, еххх тешко е да ме истрпи човек мене кога имам ПМС или да ми прости за сите мали саркастични коментари кога ќе се решам да бидам злобна.

Така да, да, вистинско пријателство постои и секој ден одново има луѓе кои што тоа ми го докажуваат и ме сакаат и ме мазат и ме пазат дури и кога знам да бидам промискуититна садистичка кучка.

:devojce:Ги обожавам моите пријатели!
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Секако дека постои. Убавото чувство кое го дава другарството какво што имам јас му го посакувам на секој кој не верува дека постои.

Најблиските другарки ми се како дел од семејството и безусловно ги сакам и им верувам. Сме изградиле речиси совршен однос кој се надградува постојано. Постои огромно разбирање меѓу нас и немам чувство на страв од разочарување, целосно им верувам. Подобро да не навлегувам, нема да можам да запрам со пишување ако почнам.

Нема нешто поубаво од вистинско другарство во вистинска смисла на зборот.

И во добро и во лошо си ги сакам еднакво

:heart1: :heart1: :heart1: :heart1:
 
Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Постои, дефинитивно постои. Имам четворица најдобри другари и многу сум среќна што ги имам, не знам што и правела без нив, стварно. Има многу луге што мислат дека имаат вистинско другарство , но за жал се лажат и не ја знаат вистинската вредност на вистинското другарство.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Ако некој те зезнал или повредил,значи не ти бил искрен и вистински пријател.

ако некој те зезни или повреди немора да значи дека ти е (не)пријател, нити па тој што ќе ти помогни дека ти е пријател.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
ако некој те зезни или повреди немора да значи дека ти е (не)пријател, нити па тој што ќе ти помогни дека ти е пријател.
Точно се согласувам,но коментарот се однесуваше на тоа дека многу луѓе се разочаруваат од своите пријатели или се разочаруваат од луѓето,ако некој ги повреди и веднаш го донесуваат заклучокот дека нема вистински пријатели,што се разбира не е така.
Некогаш се случува некој да те повреди ненамерно,а се разбира и многу луѓе помагаат бидејќи очекуваат услуга во возврат,што се разбира не е вистинско пријателство.
Вистинските пријатели се познаваат во најтешките моменти.Во моментот кога светот ти се распаѓа,они не си одат,туку остануваат покрај тебе секогаш.Би оделе и во оган.
Не е поентата да имаш милион луѓе покрај тебе,само за да кажеш дека ги имаш и да се смееш со нив,а во моментот кога ти е најтешко да ти го завртат грбот.
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
38
Поени од реакции
0
Postoi.
Ja poveke veruvam u masko- zenesko drugarstvo.
moite 3 drugari me obaozavaat,cuvaat i sekogas se tuka za mene.
gi znam 10 godini,sme se karale(sve e toa normalno)

vo ime na vistinata-eden mi e bivs,ali i posle vrska postoi drugarstvo

ali zatoa vo zeni ne gledam prijatelki-samo konkurencija,iskoristuvanje,manipulacii

takvi sme zenskite,losi...
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Постои ..
Со мојата најдобра другарка сме заедно од мали нозе и знае за мене повеќе од јас самата ..
Имаме исти ставови и мислења за се`..Најважно од се` можам да и верувам и она мене ...
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Ваљда постои, само не кај мене.
Копиљ сум уште, затоа изгледа.
 

kitty cat

Е за инает!
Член од
18 март 2008
Мислења
12
Поени од реакции
1
daaaaa kolku samo POSTOI zosto sum pocustvuvala...ustvari go custvuvam uste se nadevam ke go imam za CELzivot zosto ne bi mozela da si go zamislam zivotot bez niv bes mojte SRCKI sto se sekogas so mene.......ako gi nemam niv ke nemam NISTO....VE SAKAMMMMMMMMMMMMMMM NAJMNOGU NA CEL SVET
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Вистинско другарство, постои ли?
Да, постои!

кики напиша:
...Најдобар другар, пријател не е некој со кого постојано излегуваш, туку е некој кој е тука за тебе кога ти е потребен.
Колку е добро кажано ова!

Имам повеќе луѓе во моја околина кои што можам да ги наречам пријатели но, само една ми е најдобра другарка.
И некои работи само на неа и` ги кажувам, на другите не. А исто и она :)(ми кажува иако и` е кажано да не кажува :))

И да
Crazy in Love напиша:
Вистинските пријатели се познаваат во најтешките моменти.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
13
Поени од реакции
1
Со оглед на досегашното искуство неможам да кажам дека постои вистинско другарство. Долго време сум верувал во тоа но очигледно сум бил само во заблуда. Сега имам некои 3-4 другари кои се далеку од вистински, но се дружам бидејќи не е едноставно да се изолирам иако се поретко ги барам. Јас секогаш сум вложувал многу во другарство и сум погазувал сопствени принципи понекогаш само за да има некаков компромис. На многу луѓе сум им помогнал во животот и секогаш сум им бил во близина кога им било тешко и сум по природа лојален карактер. Но, најтрагично од се е тоа што од тие луѓе што сум бил фер со нив, да ми мислат најлошо и да ми завидуваат. Јас никогаш не сум барал противуслуга за некоја моја услуга, доволно ми е само да се благодарни, а они покрај све и тоа го плукат! Некој пред мене напиша дека тој што нема вистински пријатели е несреќен човек. Тоа е апсолутна и сурова вистина за жал. На тој еден тип шо многу му имам помогнато ми љубомореше кога идев со една женска, не дека му се свиѓаше нешто туку едноставно несакаше да сум среќен! Од кога таа ми раскина бев долго време повреден (и сеуште има останати последици), а тоа копилето беше пресреќно, ми идеше да го задавам со голи раце, али ај не вреди да се замарам со такви гадови. Има уште доста примери да набројувам за "другари" кои секогаш ми го свртеле грбот, ме оставиле на цедило, испаднала најголеми арогантни и себични гомна и лицемерни гадови, но не се замарам повеќе. Јас знам да бидам прилично толерантен но за све има граници и по природа сум злопамтило така да никогаш не заборавам да вратам за нанесените повреди, навреди и неправди...:nenene:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom