Вистинско другарство, постои ли?

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Проблемот е во тебе, негде грешиш, секако грешката не можеш да ја исправиш со лутење туку со трпение и истражување. Пробај размислувај вака, стави се на нивно место пробај да размислуваш објективно и погледни се себеси. Што тебе би ти сметало кај себеси да си на нивно место ?

Можеби си напорна, можеби не си пријатна личност за дружење, можеби имаш некои карактеристики за кои не си свесна.. треба да го имаш тоа во предвид, објективноста е многу тешка работа, да се критикуваш себеси.
Премногу искреност?
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.749
Поени од реакции
4.516
Е па сум мислела дека имам толку!!!!! Повеќе машки , али испадна ниеден другар да немам:oops:
Кај пријателите најважна категорија е квалитет, а не квантитет.
Еден вистински е како 1 милион квази-пријатели.
Повеќето луѓе имаат максимум 10 пријатели или што викаат на прсти да ги изброиш.
Доколку имаш повеќе од ова сметај се за ептен богата или преиспитај се кои ти се вистински пријатели.
Затоа не жали подобро е сега да си дознаеш отколку подоцна кои ти би пријатели, а кои правеле фаци ;)
--- надополнето: 13 мај 2013 во 15:19 ---
Зошто ја би имала доверба во некого, еве ова ми е 3 ти пат отворено да разговарам со "пријатели" и повторно да се јадат секакви лања, без око да им трепне дека си им помогнал.
Сега шо праиме?
Ќе бараш нови.
Постојат луѓе кои имаат таква среќа вистинските пријатели сами да дојдат околу нив.
Друг тип на луѓе се оние кои добро го проценуваат човечкиот карактер и покрај сите маски кои се носат денес.
И на крај се оние(како во твојов случај) кои наоѓаат пријатели со процес на испробај и згреши(trial & error ).

За жал последниов начин е најгруб и може да те остави со „лузни“ ама резултатот е ист ако грешиш и учиш од грешките можеби малку подоцна, но ќе си најдеш пријатели вредни за твоето друштво.

Од друга страна ако не учиш од грешките ќе си биде се по старо ти ќе бидеш разочарана и најверојатно пријателите ќе бидат само од интерес.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Премногу искреност?
Абе види, искреноста се цени но тоа иде заедно со духот на расположение кој го носиш.
ЈАс на пример сум искрен но сум playful, fun, знам да се нашалам, да се искритикувам, отворен, јас можам и да им кажам да другарките кога сум напален дека сум толку напален и сите би ве ебел од еднаш, но има разлика во начинот на кој што го кажуваш тоа. Ако јас сум мртов сериозен, ќе изгледам како намќор, секоја негативна реакција ако може да ме скрши јас ќе почнам да се лутам поради тоа што сум искрен а тие не го ценат тоа а со тоа повеќе негативни реакции предизвикувам и придонесувам да не сум пожелен во нивна околина. Штом се лутиш заради тоа што си искрена тоа значи дека ти ги гледаш другарите повеќе како непријатели.
Јас на пример кога ќе претерам со шалење и ќе кажам нешто што ќе навреди некој, нема да останам на дистанца и јас да терам инат да чекам да се покори, туку ок брат се шалам извини, не знаев дека така ќе влијае врз тебе и другпат нема да го направам тоа. Може че продолжи да се лути па на некој fun начин ќе почнам да се шалам и го насмеам по што ќе се смири. Луѓето се многу кревки суштества треба да го имаш тоа на ум.
Истото го прифаќам кога и некој ќе ме навреди мене, го сфаќам тоа, ќе нагласам дека ми пречи, ќе покажам малку сериозност, но еј, ние сме другари од мали, ќе се скараме ќе се степаме, пак сме тука.. го прифаќам него со сите негови маани знаејќи дека и јас ги имам .. сите ги имаме.

И ова да го нагласам, никогаш не очекувај за возврат нешто кога ќе направиш нешто за некој другар.. тоа се чита како манипулација, и предизвикува одбивни чувства.
 
Можам и ја да бидам и забавно искрена, а и сериозно искрена.
Проблемот е што сериозно искреноста за сваќаат како заебанција.
А заебанцијата крајно сериозно.
Вака или така, секогаш на средина.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Полн сум другари :icon_lol:, стварно многу дружељубив сум а и немам никакви проблеми со предавства нож во гради или грб, затоа што искрено пристапувам :icon_lol:.

Имам еден другар тој од детство ми е и само тој побудала од мене, највероватно ќе го прочита ова а можи и не оти не му многу јасен форумов :icon_lol:. После ќе поминам кафе да варит :icon_lol:.

Друг братучед ми ми е другар бе и тоа голем и си почитувам некои негови другарчина и искрено пристапувам и добивам добар одглас затоа што не гледам да им ебам сестрите :icon_lol:. Него гледам да се дружиме најадиме и напијаме.

После комшииве се тука екипата за на трибина толку не коментирам повеќе :icon_lol:....
 
B

BrunoFresh

Гостин
Не е прав пријател некој кој ќе ти се смее и ќе те подржува во се. Правиот пријател прво ќе те ислуша, а потоа ќе постане најголемиот критичар. Ако треба и ќе почне да се расправа, али нема да ти дозволи да направиш нешто за што знае дека ќе се каеш. Затоа што правиот пријател толку добро те познава.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Ако ти се налутила за дечко, значи не ти ни била најдобра другарка. Јас на мојата мојот дечко и го дадов па никому ништо :)
Тоа беше врска од типот ноќе да си се јавевме една на друга ќе си помогневме, се знаеше за мене и што не треба и што не знае никој. Филмот пукна кај дечкото зошто тој правеше некој проблем а јас што кажував се за мене немав право да знам. Одлепив и го отерав, па ја остави, да ја сакал не би ја оставил за туѓо однесување, ако некој те остави за мала работа само малата работа ја чекал. Ама тоа е. Девојката многу ми се има најдено... Мислам дека ќе и помине за некоја година. She is my person...
 
L

lady fairy

Гостин
И јас на една мојот и го дадов, за на крај мене да ме откачат :rolleyes: и пак да се остават :LOL: . Да не веруваш :).
Е сега ми останаа малку ама лојални, барем уште така мислам.
 
Член од
11 мај 2013
Мислења
576
Поени од реакции
731
Многу ретко денеска има вистински пријатели.Повеќето се од корист и слично.Јас искрено до мене имам 2-3ца кои досега не ме разочарале во ниедно поле,а до мене се прилично долги години.Единствено заради нив уште имам надеж дека вистински пријатели постојат,меѓутоа се многу голема реткост.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Доволни ми се пријателчињата што ми шетаат низ паметот :cool:
Другарство...Тоа е погрешно разбрано. Неможе и нетреба од некого да очекуваш дека кога ти е тешко дека другарот ќе се појави како супермен и ќе те спаси. Другари се за забава, за да си го поминеш слободното времето забавно. На тој начин ќе имаш другари секогаш. Ако од некој очекуваш за се нешто да ти се наоѓа тогаш за брзо време ќе го загубиш другарот...а тој ќе прави тажни фаци како што вие правите сега :)
Некој од вас ги изгубиле пријателите од користољубие но неуспеале да го видат тоа...а некој пак избегале од своите користољубиви пријатели.А тој пак што неочекува ништо од никого...нема вакви проблеми.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
ДОДЕКА ИМААТ ИНТЕРЕС ОД ТЕБЕ СИТЕ ТИ СЕ ПРАВАТ ПРИЈАТЕЛИ! ВО ДЕНЕШНО ВРЕМЕ РЕТКО ДА ИМА ВИСТИНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО
 
Член од
14 мај 2013
Мислења
3
Поени од реакции
2
Искрено многу ретко се наоѓа човек кој можеш да го наречеш пријател. Не им верувам на луѓето бидејќи премногу пати ми дале добра причина за тоа. Непостои некој кој вечно ќе ти биде верен и ќе биде тука за тебе.

We're born alone, we live alone, we die alone. :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Кратко и јасно нема пријатели а ни другари!
Сум имал 30 другари сме биле заедно 20 години и од нив останаа само 3-ца за секојдневно дружење.
Пријател или личност за да ми помине времето и зa шетање имам стотици такви. На ниеден од нив не можам да им кажам некоја тајна затоа што веднаш ја кажуваат на други.
За мене најдобар пријател и другар е брат ми. Се тепаме, се караме но пак си се сакаме и помагаме. :D :love:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom