Абе види, искреноста се цени но тоа иде заедно со духот на расположение кој го носиш.
ЈАс на пример сум искрен но сум playful, fun, знам да се нашалам, да се искритикувам, отворен, јас можам и да им кажам да другарките кога сум напален дека сум толку напален и сите би ве ебел од еднаш, но има разлика во начинот на кој што го кажуваш тоа. Ако јас сум мртов сериозен, ќе изгледам како намќор, секоја негативна реакција ако може да ме скрши јас ќе почнам да се лутам поради тоа што сум искрен а тие не го ценат тоа а со тоа повеќе негативни реакции предизвикувам и придонесувам да не сум пожелен во нивна околина. Штом се лутиш заради тоа што си искрена тоа значи дека ти ги гледаш другарите повеќе како непријатели.
Јас на пример кога ќе претерам со шалење и ќе кажам нешто што ќе навреди некој, нема да останам на дистанца и јас да терам инат да чекам да се покори, туку ок брат се шалам извини, не знаев дека така ќе влијае врз тебе и другпат нема да го направам тоа. Може че продолжи да се лути па на некој fun начин ќе почнам да се шалам и го насмеам по што ќе се смири. Луѓето се многу кревки суштества треба да го имаш тоа на ум.
Истото го прифаќам кога и некој ќе ме навреди мене, го сфаќам тоа, ќе нагласам дека ми пречи, ќе покажам малку сериозност, но еј, ние сме другари од мали, ќе се скараме ќе се степаме, пак сме тука.. го прифаќам него со сите негови маани знаејќи дека и јас ги имам .. сите ги имаме.
И ова да го нагласам, никогаш не очекувај за возврат нешто кога ќе направиш нешто за некој другар.. тоа се чита како манипулација, и предизвикува одбивни чувства.