Намерно ке го започнам постов семантички...Пријателство и пријатели има, другарство и другари нема.. Пријателите денес се само наши ,,бизнис партнери", a како расте пријателството така расте и опасноста. Секое пријателство во позадина носи нешто со себе, само прашање на време е кога тоа ке излезе на површина или дали на време ке ја оцениме личноста... И од пријателството може да се роди другарство, но од другарството пријателствто не, се раѓа ривалство.. Главниот проблем настанува кога и двајцата ке сватиме колку сме си пријатели еден на друг... Свакаме дека различно мислиме.... А другарството... Е тоа е друга тема
Другарството е или од самото детство како што кажа
sankerce или во текот на животот да пронајдеш ептен сродна душа... Како роден брат или сестра.. А може и повеќе од тоа... Тоа другарство се чува како капка вода на дланка
Секој во животот треба да има барем еден кој ке го разбере нашето минато или живеел со него, некој кој ке верува и ке не поддржува во нашата иднина, ке ја дели со нас во добро и лошо, ке бидеме меѓусебна поткрепа и најважното од се е да не прифати такви какви што сме во сегашноста, без разлика на образование, општествен статус, финансиска моќ, сексуална ориентација...
За моја несреќа, а за туѓа среќа ги имам осетено последиците од ,,вистинските пријателства", а некои не се ни забораваат бидејки раните никако да заздрават... Затоа го споменав поимот другарство и другар... За мене вистинско пријатеслство е другарството иако споредбата е црно и бело.. Тоа е богатството кое го поседувам... Другарите кои се бројат на една рака