Вистината за ЕУ која се премолчува

Член од
24 април 2008
Мислења
10.524
Поени од реакции
11.595
Изборите ти се само параван за обичниот народ. Во позадина истите луѓе ги влечат конците, независно ти кого си изгласал. Ваљда си доволно голем и знаеш што им се случува на тие што не следат наредби од Брисел... пилотски грешки им се случуваат.
Сепак останува фактот дека имаме право на избор, дали изборите се параван или не, тоа е друга приказна, имаме право на избор и треба да го искористиме, наместо да молчиме, треба да собереме потписи за распишување на референдум на кој ќе гласаме дали сакаме Република Македонија да стане полноправна држава членка на ЕУ или не, да излеземе да гласаме на истиот тој референдум и да го искажеме своето лично мислење.

Данска и Шведска на референдум му кажаа НЕ на еврото и до денешен ден не го користат како своја национална валута, туку си ги користат своите национални валути, Данска до денешен ден ја користи данската круна како своја национална валута, а Шведска до денешен ден ја користи шведската круна како своја национална валута.

Франција, Холандија и Ирска на референдум му кажаа НЕ на Европскиот Устав, иако истиот подоцна им беше подметнат под друго име - Лисабонски Договор, но сепак останува фактот дека имаме право на избор, денес велиме дека изборите се чисто само параван за обичниот народ, но кога ќе останеме без демократија доколку воопшто Република Македонија стане полноправна држава членка на ЕУ, не дај Боже, ќе плачеме по истите тие избори и по истата таа демократија од кои ќе бидеме лишени.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Со влез во ЕУ ќе биде крај за нас...коа ќе ни лупнат едни стандарди а ваму плативе мизерни, ќе биде :tapp:
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Maкедонија може многу да добие доколку ја смени својата политика. Но како ке ја смени? Зошто? Кога цел народ е во канџите на еден човек.(па нека се и двајца)
Секој зборува и ја знае вистината и правдата, но кога ке дојде судниот момент да одлучи дали ке живее како што живеел до тогаш, дали нешто ке се промени во неговото општество, на крај сепак го одлучува тоа што досега му правело лошо. Ни треба нова политика, ни треба нова крв, ни треба луѓето со канџите да ги “пратиме во неповрат“ Но зошто на народот му е страв? Кога само со ризик се добива. Мора работите да ни се сменат
Мора нова, невина крв, која без страв ке им се спротистави на колонијалистите и капиталистите уредени во навидум моќни и совршени организации, и да ги игнорира алчноста кон капиталот и конечно да почне до максимум да го користи нашиот потенцијал. Зошто се плашиме?
Мора промени! ( но не оние Обамините)
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
istava tema samo se otvara zatvara na forumov veke 5 g coek duri ke se zbuni isto , taka da jas eve veke 3-4 god pisam deka eu i nato bi bile najgolemo zlo za mkd za sto se dogovorite za vlez vo eu mislite deka toa se samo dnevno politicki prasanja od tipot imate sloboda vo mediumi nemate sloboda vo mediumi , a be niv bas gi briga za toa ima nema tie gledat da te iscedat na posten nacin kako sto ja iscedija grcija spanija i italija im dadoa da probaat od medot ama im gi sobraa pcelkite pa taka sea nema koj da pravi med e sega kaj sme nie vo celava prikazna e toa odi vaka makedonija ke mora da uveze od eu neznam kolku litri vino makedonija od eu ke mora da uveze sirenje kaskaval makedonija ke mora da zema krediti od ebr makedonija nema da smee da proizveduva poveke od 10 000 t piperki ,10 000 patlizat . ete toa e eu za toa se pregovara da ne mislite se pregovara ima ili nema demokratija
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
istava tema samo se otvara zatvara na forumov veke 5 g coek duri ke se zbuni isto , taka da jas eve veke 3-4 god pisam deka eu i nato bi bile najgolemo zlo za mkd za sto se dogovorite za vlez vo eu mislite deka toa se samo dnevno politicki prasanja od tipot imate sloboda vo mediumi nemate sloboda vo mediumi , a be niv bas gi briga za toa ima nema tie gledat da te iscedat na posten nacin kako sto ja iscedija grcija spanija i italija im dadoa da probaat od medot ama im gi sobraa pcelkite pa taka sea nema koj da pravi med...
И дојде крајот на таа приказна. Дојде јајцето до газот. Сега е или-или:

http://forum.kajgana.com/threads/Крај-на-приказната-за-еврото-ќе-го-биде-или-не.55726/#post-4554153
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
--- надополнето: Nov 13, 2011 7:48 AM ---
Со влез во ЕУ ќе биде крај за нас...коа ќе ни лупнат едни стандарди а ваму плативе мизерни, ќе биде :tapp:

Ерик:

„Гледај, пази… нико више у Словенији не верује у Европску Унију, у тај сан, а прошло је пар месеци, пошто ће сад 50.000 људи да отпусте, јер све творнице, не све, се затварају, селе се у Румуњску, у Хондурас човече! Где је то! И у Кину, разумеш?“​
Јешић кратко реплицира:

„На срећу, долазе и у Србију неке?!!“​
Затим Ерик завршава:

„Па.. и.. да, и то ћу да ти кажем на крају… а ја као Словенац не могу да радим у Европску Унију још 7 година, јер… тако то иде, и то ћете ви да сазнате овде. А кад следећи пут путујеш у Словенију, купи си : „Господарски Весник“…. ти причаш о неким партнерима из Словеније, где се главни директори, који овде улажу, у ту земљу, хвале, пребацивају, хвалисају… како колонизирају Србију и цео балкан! Тако.. па купи тај Весник… па онда…“​
Оволику количину поштења, искрености, жеље и воље да се каже истина, и раскринка лаж, одавно нисам чуо, одавно! Једно велико браво и хвала Словенцу Ерику Валенчићу!!
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
не си го гледаме дворот и каква ни е чергата,а плукаме по ЕУ,имаме рекордна невработеност и најниски плати во регионот и викаме дека кај нас тек допрва поарно ќе биде отколку во ЕУ.........несомнено ЕУ премногу политички почна да делува,а првенствено за она што беше создадена - економски развој и просперитет дојде во втор план..........како и да е кога ние ќе се подсредиме може да говориме за лошите особини на ЕУ,пошто сме 50 години назад од нив - немаме право на тоа
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Бриселски спринт кон диктатура


КАКО ЌЕ СЕ СПАСУВА ЕУ ОД ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА?
Пред само три години Западот беше синоним за просперитет, за демократија, за висок стандард, уредени општества, спокоен живот. САД како национален бренд за извоз ги имаа „Кока-кола“, Пентагон и Волстрит, а човештвото веруваше во американскиот сон што е еквивалент за земски рај. Низ светот мечтателите веруваа дека постојат слобода, правда и права и дека демократиите од Западот се гаранти на овие вредности. Пред само три години ЕУ беше доживуван како ексклузивен клуб на држави-членки. Членството во оваа организација се сметаше за привилегија. Брисел беше европска престолнина со институции пред кои трепереа премиерите и министрите на земјите-аспиранти за зачленување во тоа ексклузивно друштво.

Три години потоа, ништо од тоа што ви го кажувале или во кое сте верувале не е така. Обратно е. Западот банкротира политички, економски, културно, социјално, образовно, организациски, сé на сé вредносно. Падна системот што беше заснован на мноштво грешки, лаги и нереални проекти и проекции.

Денес и последниот талибанец и бомбаш-самоубиец од Средниот Исток се увери дека извозниците на најдобриот несовршен политички модел - демократијата први се откажаа од нејзините темелни вредности.
Во услови на голема криза, која не успеваат да ја решат, политичарите ладнокрвно посегнаа по познатите тоталитарни алатки за ограничување на слободната граѓанска волја. Кој ќе поверуваше дека Западот ќе воведе разни видови цензура и рестрикции врз глобалните мрежи исто како НР Кина, која на таков начин го штити својот политички систем и се брани од пропаганда. Дека токму ЕУ, едноподруго, ќе суспендира основни демократски алатки како што се слободни избори и референдуми. Денес бирократијата во Брисел веќе прогласува подобни и неподобни влади на своите држави-членки. Таа инспирира и организира пад на легитимно избрани влади. Веќе е секојдневие да гледаме масовни судири, односно вистински улични војни меѓу невооружен народ (во транзицискиот политички новоговор означени како хулигани) и народната полиција, која се финансира, нели, со народни пари. Кој можеше да замисли дека надуениот француски претседател Саркози на самитот на 20-те најголеми светски економии ќе ги моли Кинезите, Русите и Индијците како ортодоксен комунист, братски да и подарат на Западна Европа дел од своите вишоци на пари. И конечно, тешко дека кој било можел да си претстави кинески функционер што стандардно изгледа како восочна фигура, да им прати на „западњаците“ нестандардна политичка порака со следнава содржина: „Вие занимавајте се со своите проблеми, а ние ќе се занимаваме со својот бизнис“.

24/7/365Х67

Ова е почеток на новото време. ЕУ е брод што тоне заради премногу бунга-бунга политика. Тоа што Западот банкротира на секој можен начин се должи на серија лоши решенија, непромислени дејства и секако недомаќинлак и лошо управување. Грција, античкиот демократски темел на западниот систем, клапна прва. Делумно поради староста, а повеќе поради лошата државна политика, пропадна во дупка, разоткривајќи му на светот дека не само Грција туку и ЕУ почива на гнили темели. Државите-членки главно се презадолжени држави, кои на своите жители, наместо просперитетна иднина, им изработеле животен век на должници. За само три години Европа ја замени својата 36-часовна работна недела со 24/7/365 Х67 години, колку што сега трае работниот век на Европејците. Експресно се вративме во времето на канцеларот Бизмарк. Негов изум беше 67-годишниот работен век. Со темпото со кое се распаѓаат најголемите европски економии брзо треба да чекаме враќање во минатото и преку воведување ангарија. Тоа е античко-средновековна задолжителна бесплатна работа за секој работоспособен жител. Му доаѓа нешто како апдејтиран концентрационен логор на кој на влезот ќе пишува „Работата облагородува“, а излез нема. Особено бесплатната. Најавите за стагнација и криза во ЕУ беа многубројни, а ги конкретизира неодамна и Ангела Меркел. Вели, една деценија, а веројатно и подолго, кризата нема да ја напушти зоната на Европската Унија.

Значи, работите стојат од лошо полошо. И секако дека ќе треба да се поправаат. Прашањето е кој да ги поправа. Политичарите и нивната експертска логистика не се во состојба да го сторат тоа, зашто „пукаат со стара артилерија“ како и нашиот двојно ресетиран СДСМ. Вообичаено е дека оној што ја дотерал својата фирма, своето семејство до банкрот, не може да ги врати ни семејството ни работата во нормала.
А под нормала не подразбираме (барем мноштвото луѓе) имплементирање „решенија“ од типот финансиски фашизам, банкарски деспотизам, корпоративен тероризам. А носителите на стариот поредок, заговорниците на неменливоста се борат грчевито да го одржат она што го создале и себеси како лидери, водства, главен тек. Можат ли? Не.

УНИЈА ЗА ЗАЕМИ

Европа, односно ЕУ, денес се наоѓа во двојна криза. Таа е и убиец и жртва. Убиец е зашто ја ликвидира европската идеја за содружништво на нации во мир и соживот, и тоа за сметка на формирањето бирократска наднационална структура со ненормални, тоталитарно скроени ингеренции што се обидуваат да го регулираат реалниот живот на реалните луѓе со кои немаат допирни точки, да ги униформираат нациите, културите и традициите, и со креирање на еврозоната, односно на создавање финансиски систем без јасна политичка подлога. Денешната ЕУ нема ништо заедничко со онаа на големите визионери како Шуман и Гоце. Оваа повеќе личи на креација на свет на неограничено ропство што е склепан од група супербогати садисти во некој европски Кумровец.

Во исто време, жителите на земјите-членки на ексклузивниот клуб се и најголеми жртви. ЕУ воедно е и колатерална штета во глобалната валутна војна во која загина од пријателски оган на Вашингтон, кој прави сé да го одржи доларот како светско платежно средство. А еврото го смета за конкуренција. Не е случајно што драмолетката во која главна улога имаше Папндреу елитата на САД (политичка, банкарска, медиумска) ја дочека насмеана до солзи. Фалиментото на еврото е добар бизнис за другата страна на Атлантикот.

Додека се замајуваме со драмска изведба на лидерот на ПАСОК, Андреас Папандреу, со неговата едиповска судбина, додека се бавтаме со Танталовите маки на Меркел и Саркози да ги спасат своите политички душички и банки, Брисел, лулката на евробирократизмот и евродиктатурата, ни подготвува договор со кој слободните луѓе ќе станат и формалноправно робови на централизирани финансиски институции и банки. Операцијава може да се каже дека е монструозна. Најкратко и најдобро тоа го има опишано лордот Александер Хескет, бивш министер и истакнат член на владејачката конзервативна партија на Обединетото Кралство. Кратко: Ако се усвои овој „спасоносен“ договор на Европскиот совет на министри, секоја земја-членка на ЕУ ќе мора да се обврзе нејзината нација со своите народни пари да ги исплаќа долговите на други држави. Во споредба со „дебатата“ што две години ја наметнува пропагандната машинерија на Бихаќка за „забегано“ трошење на националниот буџет за духовни градби што сепак не можат еднократно да се исфрлат како измет на една генерација (остануваат видливи, употребливи и приспособливи низ времето), овој европски проект е еквивалент на Хитлеровата доктрина за поделба на работите преку конц-логори и крематориуми во кои катаден ќе согорува вишокот работна сила без капацитет да произведува каква било нова вредност. Бирократите од Брисел далеку од очите на шашардисаната Европа, предлагаат нов базичен закон, односно договор за воспоставување некаков европски механизам за стабилност (ЕСМ). Односно, еден вид воспоставување унија за заеми. Како да не им беше доволна јамката наречена еврозона, сега прекутрупа предлагаат спас од колапсот така што на бесилката и придодаваат и гилотина.

ВОВЕД ВО ЕВРОДИКТАТУРА

Предлог-законот веќе е кај европратениците на прво читање. Еден Господ знае како ќе го прочитаат оние што единствени во Европа живеат како бубрег во лој. На сите други им е совршено јасно во кој правец некои европски структури го туркаат континентот. Кваката во овој спасоносен „хуман и солидарен“ проект за спас на Европа е во следниве неколку „детали“:

Членот 8 од предлог-договорот вели: „Се формира фонд од 700 милијарди евра“. Арно ама никаде не се вели дека тоа е стриктно ограничена сума. Туку се додава дека „бордот на ЕСМ, составен од гувернери, може да одлучува да ја смени одобрената сума, како и да го промени членот 8“. Кој утврдил 700 милијарди почетен капитал во ова тело? Кој, како и од каде ќе ги набави овие пари? Дали значи дека оваа сума е само почетна инвестиција на некои невидливи акционери? Овие прашања висат, одговори нема кој да даде, а единствено што е сигурно е дека жителите на ЕУ мора да плаќаат неповратно и безусловно.
Во чл. 9 од овој интересен предлог-договор стои дека „земјите-членки безусловно и неповратно ќе прифатат да уплатат средства по барање на ЕСМ, и тоа во рок од 7 дена“. Неверојатно! Каква прецизност и резолутност! Вака формулираниот член едноставно кажува дека пред опасноста за наплата на затезни камати, Брисел ги брише националните парламенти што повеќе нема да имаат функција на законодавци, ами на формални аминувачи на зададени обврски „од горе“. Ете ви ја асоцијацијата со Це-Ка и воведувањето диктат на „демократскиот централизам“.

Во чл.27/став 4. од овој предлог-договор стои дека „сопственоста, имотите и фондовите на ЕСМ имаат имунитет од каква било истрага, конфискација, реквизиција, експропријација и други облици контрола од страна на извршна, судска, административна или законска акција“. Тоа значи дека ЕСМ е надвор од законот и дофатот на влади, процедури и демократски донесени национални закони на земјите-членки на Унијата. На ваков начин се инсталира финансово-банкарски апсолутизам како форма на владеење. Нема транспарентност, одговорност и такви дреболии за ова тело што ја става Европа под принудна управа.

Иако Македонија не е земја-членка на ЕУ, токму поради тоа што многу сака да застане рамо до рамо со земјите-должници, ќе биде интересно да ги слушнеме првите домислувања на нашите истакнати и гласни евроентузијасти од рангот на Теута Арифи, Радмила Шеќеринска, Гордан Калајџиев, Кире Наумов, а особено од Али Ахмети, кој еве веќе десет години не може да ги убеди своите сонародници уредно да си ги плаќаат давачките кон нивната држава, а камоли да плаќаат данок во крв на еврозоната.

Членот 30/став 1 вели: „Гувернери, директори на банки и нивни заменици и други членови на ЕСМ ќе имаат имунитет врз нивните документи и дејства“. Со други зборови, на дечкиве им се гарантира нетранспарентност до даска. Како такви, тие нема да подлежат на каква било одговорност пред која било институција. Можат да прават што сакаат, да редат и преуредуваат колку и кога ќе им ќефне. Не одговараат за ништо и пред никого.

Овој договор начелно требаше да биде донесен во 2013 година. Но поради експлозијата на должничката криза, неговото носење се збрза за 2012 година, а сега, по грчката драмолетка изведена во чест на самитот Г20 во Кан, е ставен на т.н. брза бриселска пруга, со намера да се протури и изгласа до 31 декември оваа година.

Прашањето е каква иднина ќе има ЕУ без суверени демократии, а констатацијата е дека со вакви предлози ЕУ станува роб на една институција што дури и не е избрана на избори. Ова го нарекуваат бриселски спринт кон диктатура и ропство и е состојба што го турка континентот во хаос, бунтови, сиромаштија, па и во војни. Овој обид на некои структури набрзинка да ја укинат демократијата и да инсталираат нов поредок можеби и нема да успее поради вклучениот аларм во земјите-членки на Унијата, ама имајќи на ум дека кризата не само што ќе се продлабочува туку и ќе потрае повеќе од декада, мора да се калкулира со уште подраматични, побезобразни и поорганизирани идеи за „спас“. Процесот е веќе почнат. Брисел преку испаничените национални лидери на европските земји веќе забрани референдуми, успешно пучира влади како онаа на Словачка. Уценува и казнува држави чии демократски избрани политичари ги штитат интересите на своите граѓани, брише народи, наложува како да се планира трошењето на буџетите. Како и да е, терминот евроскептицизам веќе не соодветствува на новосоздадената ситуација и имплицитните намери на некои невидливи европски фигури.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1111111936451&id=9&prilog=0&setIzdanie=22429
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.213
не си го гледаме дворот и каква ни е чергата,а плукаме по ЕУ,имаме рекордна невработеност и најниски плати во регионот и викаме дека кај нас тек допрва поарно ќе биде отколку во ЕУ.........несомнено ЕУ премногу политички почна да делува,а првенствено за она што беше создадена - економски развој и просперитет дојде во втор план..........како и да е кога ние ќе се подсредиме може да говориме за лошите особини на ЕУ,пошто сме 50 години назад од нив - немаме право на тоа
куќата се прави од темелите а не од покривот. имаме голема невработеност ,ама и не сме големи должници. ако ја споредиш ирска како економско чудо, видија сега во какви гомна е. наивно е да мислиш дека економија или држава се прави преку ноќ. неможеш да ги стигниш преку ноќ некои кои биле јаки економии додека ние бевме колонија.
европа да дава кредити , фондови за патишта, за земјоделие , за незнам што , на изглед одма ке накрениме, убави патишта, нови коли, субвенции. и после што. тие пари треба да се вратат и тоа со камата.
ние само си ја плаќаме цената на претходните генерации кои беа учени да живеат на кредит, наместо да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа. затоа имаме голема невработеност, немаме фабрики , бренд име со кој би извезувале.а брендот не се добива преку ноќ. видини го само дефицитот во трговска размена. што ние би извезувале за да генерираме работни места. е сега пошто немаме бренд увезуваме брендови( странски инвеститори), но сепак на крајот кајмакот си го берат тие, ние работие за плата.
ме сваќаш сега што сакам да кажам.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.524
Поени од реакции
11.595
не си го гледаме дворот и каква ни е чергата,а плукаме по ЕУ,имаме рекордна невработеност и најниски плати во регионот и викаме дека кај нас тек допрва поарно ќе биде отколку во ЕУ.........несомнено ЕУ премногу политички почна да делува,а првенствено за она што беше создадена - економски развој и просперитет дојде во втор план..........како и да е кога ние ќе се подсредиме може да говориме за лошите особини на ЕУ,пошто сме 50 години назад од нив - немаме право на тоа
Грешка си батка, Република Македонија е држава кандидат за полноправно членство во ЕУ, а мене како граѓанин на Република Македонија ме засега тоа и морам да обрнам внимание на тоа што ме чека кога мојата држава ќе стане полноправна членка на таа меѓународна организација на економски и политички интереси.

Токму затоа што Република Македонија е држава кандидат за полноправно членство во ЕУ, имаме право да говориме за позитивните и негативните карактеристики на ЕУ уште сега, додека сеуште не сме влегле во ЕУ, Норвешка на секои неколку години распишува референдум на кој ги прашува Норвежаните дали сакаат Норвешка да стане полноправна држава членка на ЕУ и на секој референдум Норвежаните одговараат со НЕ.

Со самата кандидатура на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ следува дебата околу истото тоа членство, дебата која од 2004 кога Република Македонија поднесе апликација за добивање на статус држава кандидат за полноправно членство во ЕУ, па се до денешен ден, воопшто не е одржана.

Кога треба да дискутираме за позитивните и негативните карактеристики на ЕУ, кога веќе ќе бидеме дел од ЕУ и кога ќе не експлоатираат како робови ?

Ако тоа е твојот став, тогаш со среќа, тоа си е твој став и никој нема право да го менува, може некој да се обиде да те убеди да го смениш твојот став, но твојот став можеш само ти да го смениш и никој друг.

Мојот став од друга страна, е дека мораме уште сега да започнеме со дебата на која ќе дискутираме за позитивните и негативните карактеристики на ЕУ, како што вели Најџел Фараж, ако за време на Студената Војна, Европа беше поделена на источна Европа и западна Европа, денес во ЕУ, Европа е поделена на северна Европа и јужна Европа.

А богами теоријата држи вода и тоа како само, сите ние возиме возила претежно произведувани во северна Европа, сите ние мигрираме исклучиво во државите во северна Европа во потрага по подобар живот, сите ние ги учиме нордиските јазици (германски, норвешки, шведски, англиски, француски), кои се говорат исклучиво во северна Европа, така да, со оваа нова поделба се врши асимилација и експлоатација на народите од јужна Европа, меѓу кои спаѓаме и ние, а тоа е повеќе од доволна причина за да се откажеме од било какво членство во ЕУ.

Јас сум им благодарен на гејците бидејќи не блокираат и се надевам дека ќе продолжат да не блокираат, бидејќи и самите гејци станаа пример за тоа што им следува на државите кои се полноправни членки на ЕУ, факт е тоа дека на своја сметка се презадолжувале, но исто така факт е и тоа дека европските банки биле свесни дека Грција нема да може да плаќа толкави кредити и долгови, но сепак и дозволиле да се задолжува, бидејќи ќе профитираат од таквите задолжувања, без разлика дали Грција на крајот ќе банкротира или ќе се спаси.

Кристално истото не чека и нас со полноправното членство во ЕУ, актуелната влада на Република Македонија не задолжува во ММФ и Светската Банка за реализацијата на проектот Скопје 2014, за плати и пензии, како и за други некапитални инвестиции, а со влезот во ЕУ, било која влада на Република Македонија ќе може да не задолжува до бескрај колку сака.

А кога ќе биде вистинско време за да дискутираме за позитивните и негативните карактеристики на ЕУ, кога ќе ни пристигне сметката од задолжувањата и ќе останеме без работа ?

И вака состојбата е никаква, уште полоша ли треба да стане за да ни влезе памет во глава и се освестиме ?

ЕУ се стреми кон тоа да стане нова Европска Империја, а за наше добро, најдобро ќе биде никогаш да не станеме дел од таа империја.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.213
на грците треба свеќа да им палиме за здравје што не блокираја досега . како што тргнала работата со еврото и унијата можи и ке се крстиме во нив.
зошто норвешка би влегла во еу. не убав им е животот , немаат стандард, економијата не им чини?
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
на грците треба свеќа да им палиме за здравје што не блокираја досега . како што тргнала работата со еврото и унијата можи и ке се крстиме во нив.
зошто норвешка би влегла во еу. не убав им е животот , немаат стандард, економијата не им чини?
И ова има врска со нас бидејќи.... На нас ни е убав стандардот и ние не треба да влеземе? Или си тролаш?
--- надополнето: Nov 13, 2011 11:18 AM ---
Бриселски спринт кон диктатура
Ова се пишува на форум во земја каде партијата на власт ги контролира сите медиуми, и дури кога сака некој да критикува во Брисел, праќа новинари таму да контрираат. Копиљарке, држи ми го копилево се вика ова.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
а зошто Норвешка би влегла во ЕУ ?? со последното проширување ЕУ ништо не доби,ами на свој грб да ги носи “ѓупците“ од источна Европа,целосно ги сваќам норвежаните.....ама ние реално сме на дното од Европа и баш се прашувам која е загубата ако влезиме во тоа друштво(не по секоја цена се разбира)......со самото зачленување добиваш статус на стабилна и сигурна држава за инвестиции,доволно е ова што го добиваме за СЕ друго да тргни од мртва точка
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
а зошто Норвешка би влегла во ЕУ ?? со последното проширување ЕУ ништо не доби,ами на свој грб да ги носи “ѓупците“ од источна Европа,целосно ги сваќам норвежаните.....ама ние реално сме на дното од Европа и баш се прашувам која е загубата ако влезиме во тоа друштво(не по секоја цена се разбира)......со самото зачленување добиваш статус на стабилна и сигурна држава за инвестиции,доволно е ова што го добиваме за СЕ друго да тргни од мртва точка
Што се тоа инвестиции?

Кога странски корпорации ти ги купат профитабилните фирми за ефтини пари и потоа ти ги продаваат тие производи и услуги по повисоки цени?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.524
Поени од реакции
11.595
а зошто Норвешка би влегла во ЕУ ?? со последното проширување ЕУ ништо не доби,ами на свој грб да ги носи “ѓупците“ од источна Европа,целосно ги сваќам норвежаните.....ама ние реално сме на дното од Европа и баш се прашувам која е загубата ако влезиме во тоа друштво(не по секоја цена се разбира)......со самото зачленување добиваш статус на стабилна и сигурна држава за инвестиции,доволно е ова што го добиваме за СЕ друго да тргни од мртва точка
Се може да мрдне од мртва точка и без Република Македонија да стане полноправна држава членка на ЕУ, факт е тоа дека ние си имаме проблеми со криминал, корупција, невработеност и сиромаштија, но ништо од тоа не е доволна причина за да се откажеме од сопствените слободи и права кои ни се загарантирани со Уставот на Република Македонија, а кои ќе бидат засенети со Лисабонскиот Договор, доколку Република Македонија стане полноправна држава членка на ЕУ, не дај Боже.

Ако ти ги делиш луѓето на супериорни, односно на луѓе кои живеат во ЕУ, и на инфериорни, односно на луѓе кои живеат надвор од ЕУ, тоа си е твој став и никој не може да го смени, било кој може само да се обиде да те убеди да го смениш твојот став, но на крајот, само ти можеш да го смениш твојот став.

Јас од друга страна не ги делам луѓето на супериорни и инфериорни, ги делам на разумни и неразумни, а и разумните и неразумните ги има и во државите кои се полноправни членки на ЕУ и во државите кои не се полноправни членки на ЕУ.

Доказ за тоа е се поголемата доверба која ја добиваат евроскептичките и анти-ЕУ движењата во државите кои веќе се полноправни членки на ЕУ.

Во Финска, политичката партија Вистински Финци, која е ултраконзервативна, десничарска и евроскептичка партија, од партија на која до неодамна и се потсмеваа неразумните луѓе како тебе, на неодамнешните парламентарни избори 2011 во Финска го освои третото место со само 3 пратеници помалку од второрангираните социјалдемократи и со само 5 пратеници помалку од прворангираната Партија на Националната Коалиција.

Во Британија, Партијата за Независност на Обединетото Кралство (United Kingdom Independence Party - UKIP) на Најџел Фараж, која исто така е ултраконзервативна, десничарска и евроскептичка партија, од партија на која до неодамна и се потсмеваа неразумните луѓе како тебе, на неодамнешните локални избори 2011 во југоисточна Англија го освои второто место после владејачката Конзервативна Партија на чело со Дејвид Камерон, а пред опозициската Лабуристичка Партија на чело со Ед Милибанд, која го освои третото место.

Во Германија, довербата во Ангела Меркел и нејзината Христијанско-Демократска Унија никогаш не била помала, но за нивна среќа, наредните парламентарни избори треба да се одржат дури во 2013, така да, Меркел и нејзините демохристијани имаат временски период од 2 години за да ја вратат довербата на германскиот народ во нив.

Како што веќе спомнав, разумни и неразумни луѓе има и во државите кои се полноправни членки на ЕУ и во државите кои не се полноправни членки на ЕУ.

Во државите кои се полноправни членки на ЕУ, разумните луѓе веќе почнаа да превземаат мерки против евробирократската диктатура која се заканува да завладее со речиси цела Европа, редно време е и ние, разумните луѓе во државите кои не се полноправни членки на ЕУ, да превземеме мерки против истата таа диктатура.

За тебе не знам, но за мене знам дека економскиот и социјалниот стандард не е доволна причина за да се откажам од моите слободи и права кои ми ги гарантира Уставот на Република Македонија, без разлика колку криминална и корумпирана е државата и без разлика колкави се невработеноста и сиромаштијата, слободите и правата кои ги уживам во оваа држава ги задоволуваат моите човечки потреби, а за решавање на економските и социјалните проблеми, си имам своја глава која ја користам за да размислам како сам да ги решам истите тие економски и социјални проблеми, наместо некој друг од надвор да ми ги решава во замена за моето откажување од моите човекови слободи и права.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom