Вистината за ЕУ која се премолчува

Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
џабе е, не зимат они пари од епл, гугл, мајкрософт
нека барат пари на друго место

во меѓувреме нека видат некоја банка да не и требаат пари, да ја спасуваат
индустријата не е важна, банките нека ги спасат они
има од каде евтино да се увезува, не мора ништо да се произведува
 
B

Bafra

Гостин
џабе е, не зимат они пари од епл, гугл, мајкрософт
нека барат пари на друго место

во меѓувреме нека видат некоја банка да не и требаат пари, да ја спасуваат
индустријата не е важна, банките нека ги спасат они
има од каде евтино да се увезува, не мора ништо да се произведува
Проблемот е што на многу банки им требаат пари, а ЕЦБ неможе па на сите да дава :D
 
B

Bafra

Гостин
Да цитирам еден лик од The big short "In a few years people are going to be doing what they always do when the economy tanks. They will be blaming immigrants and poor people".
Имигрантите се константа. Без разлика кои се, какви се и колку заслужуваат. Кој друг ќе им прави друштво, ќе видиме :)

Се слагам и за јавниот долг и за одржливоста на пензиските фондови. Ама тоа не им е најголемата грижа, ќе им беше ако си го исчистеа дворот на време. Проблемот е што ниту еден од структурните слабости и проблеми на ЕУ, кои дојдоа до израз (или беа предизвикани) во текот на финансиската криза од 2008-2011 не е решен. Закопани длабоко под површината, под многу регулаторен red tape и шминката на монетарната политика. Секој политичар во земјите членки, а најмногу Меркелица не сака ни да помисли да си го ризикува стекнатиот политички капитал и носи тешки непопуларни одлуки, па секои избори само ги туркаат проблемите до следниот циклус и се надеваат дека некој друг ќе биде таму кога ќе експлодираат. И така златен статус кво, што сите ќе се согласиме да го крстиме опоравување на економијата. :)
Во меѓувреме, светот околу нив се менува а ЕУ си останува истата бавна, нереспонзивна организација без насока и без визија. Ни знаат што се, ни знаат што сакаат да бидат, ни имаат абер да одлучуваат. Макрон влеа малце надеж, ама резултатите од изборите во Германија пак ја одземаа. Штета за нив што реалниот свет не се води по ЕУ-време. Дали ќе бидат вакви политички потреси, дали ќе биде нова глобална рецесија, која веројатно брзо ќе ја дочекаме, испитот ги чека.

Да ме прашаше некој пред 7-8 години, убеден бев дека е неминовно ЕУ да се помести од мртва точка и полека да почне да се приближува кон некоја квази-федерација. Едноставно, економската логика и заедничкиот пазар ќе најдат начин да го заобиколат секој политички bottleneck. Ама очигледно толку сум разбирал и ја. Не сум ги проценил правилно, мотивите и способностите на националните политички елити, кои си имаат своја посебна игра. Како и да е, сите овие “лидери“ на чело со германскиот ќе одговараат, ако не на политичката сцена, тогаш пред историјата, за тоа што повеќе од 10 години си играат курташак со перспективата на една цела генерација Европјани. Благодарение на нив ЕУ денес повеќе личи на пациент приклучен на апарати. Е сеа прашање е дали некој ќе го исклучи или сите ќе чекаат да снема струја.

Али ајде назад на тема, утре би требало да биде доста интересен ден. :)
http://standard.mk/volfgang-shojble-predupreduva-za-nova-finansiska-kriza/

Кое лицемерно шупче Шојбле.
Па уште се секирал тој на 75год :tapp:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.767
UK официјално сега е надвор од ЕU или уште не?
 
S

silmarillion

Гостин
Да да ќе отвореа сите фабрики за автомобилска индустрија во Словачка да немаа прозападна НАТО политика. Ајде вакви старкељи што неможат да се помират со новото време уште малце им е престојот тука,мирисаат на земја. До вчера плачеа кога Русите им се истопорија со тенкови преку ноќ и сеа НАТО гоу хоум.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.245
Поени од реакции
22.913
Далеку од тоа.
Се шушка и втор референдум..
Многу ќе загубат без ЕУ а се надева на "и волкот сит и овците н број".
Втор референум се "шушка" уште утрото по Брегзит.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.305
Така де. Ќе имаат нови референдуми се додека не „одлучат“ дека не излегуваат од ЕУ. За тоа време овде кај нас, Османи најавува дека воопшто немало потреба од референдум... http://youtu.be/tLt0dpMgjjQ?t=23
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Така де. Ќе имаат нови референдуми се додека не „одлучат“ дека не излегуваат од ЕУ. За тоа време овде кај нас, Османи најавува дека воопшто немало потреба од референдум... http://youtu.be/tLt0dpMgjjQ?t=23
Мислам дека и ланскиот референдум (за излегување од ЕУ) не е обврзувачки.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.003
Поени од реакции
12.481
Мислам дека и ланскиот референдум (за излегување од ЕУ) не е обврзувачки.
Не беше обврзувачки, но пратениците во британскиот Парламент гласаа во корист на резултатите од референдумот, со што референдумот беше прифатен како обврзувачки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom