Вистината за ЕУ која се премолчува

Член од
7 март 2009
Мислења
1.163
Поени од реакции
829
Џандарот шведски најјак е, вика не се мешале многу многу кога ги палеле колите за да не кркале камења :icon_lol:.
Епа таму такво е општеството,се толерира се и сешто,од педери кои "парадираат" со дечиња во рацете,до ултра-фанатици кои мислат дека тоа е Џамахирија,а не една од најкултурните и најсредени европски држави! Се разбира дека швеѓаниве ќе кркаат камења кога и самиот наталитет одамна им е во опаѓање,тие можат да се претворат наскоро во малцинство во сопствената држава! Штета за една од најубавите држави во ЕУ,оние кои биле низ Германија и Скандинавијата во 80-те години на минатиот век ќе ви кажат дека тогаш тоа биле прекрасни земји,а денес ситуацијата пополека се менува кон полошо(така и им треба кога прифаќаат секаква БАГРА од ориентот и пробуваат да ги интегрираат во сопственото општество!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.178
Поени од реакции
18.251
ЕВРОПСКИ ПРОБЛЕМИ
Што ѝ донесе ЕУ на Полска
Не е изненадување тоа што расте отпорот кон ЕУ во Полска дури и кај оние што безалтернативно го поддржувале членството во таа наднационална организација. На пример, еден од најголемите поборници на „придружувањето“ на Полска кон ЕУ, Лех Валенса, јавно призна дека не се исполниле неговите надежи.
Полска уште во 1989 година го потпиша Договорот со ЕЗ за трговија и соработка. Исто така, повеќе од две децении оваа земја од речиси 40 милиони жители има право да ги користи бриселските фондови.
Договорот за асоцијација со ЕУ Полска го потпиша во 1991 година. Датумот за почеток на преговорите за членство Варшава го доби веќе во 1997 година, а преговорите ги почна во 1998. Тие завршија во 2002 година. Конечно, Полска во 2003 го потпиша и договорот за пристапување со Брисел и на 1 мај 2004 стана членка на ЕУ.
Сепак, социјалните и економските параметри на Полска во тој „европски“ период 1992-2012 се (како и во другите источноевропски земји) претежно негативни.
На пример, стапката на невработеност во Полска двојно се зголеми во периодот 1992-2012. Додека во 1992 била 6,1, во 2012 станала 12,6.
Стапката на невработеност во Полска ќе била и повисока ако стотици илјади луѓе не ја напуштеле таа држава по пристапувањето во ЕУ во 2004 година (во 2002 стапката на невработеност во Полска достигнала 18,1%). Повеќето Полјаци отишле во Германија, околу 322.000, додека остатокот од Велика Британија, Ирска и Италија. Од друга страна, според истакнатиот полски весник „Газета виброча“, бројот на имигрантите е и повисок. Според овој извор, во периодот од 2004 година до јуни 2006 година емигрирале 2 милиони Полјаци. Полскиот весник овој процес го нарекува најголем миграциски бран во поновата европска историја.
Полјаците во западните земји главно работат како слабо платени занаетчии, наставници, инженери, медицински сестри, водоводџии, архитекти, куќни помошнички и возачи. (Според една анкета спроведена од страна на „Газета виброча“, околу 84 отсто од Полјаците се срамат што нивните сонародници одат во светот.)
Сепак, и покрај ваквиот лош социјален статус во Западна Европа, според истражувањата спроведени меѓу имигрантите, околу 60 отсто не сакаат да се вратат во Полска.
Во овој контекст, во Полска по влегувањето во ЕУ дошло дури и до недостиг од квалификувани кадри. Во извештајот на Светската банка од 2006 година се наведува дека во Полска има недостиг од работници (и се предупредува дека тоа влијае на развојот на економијата). Исто така, според податоци на полското Министерство за економија, економската миграција на Полјаците во периодот од 2006 до 2025 година ќе предизвика кумулативен пад на БДП од 45%.
Во исто време, додека траел егзодусот (и невработеноста), Полска се задолжувала со речиси неверојатна брзина. Ако во 1992 должела 48 милијарди долари, во 2005 тие се зголемиле на 76 милијарди.
Надворешниот долг на Полска продолжил да расте дури и по влегувањето на оваа земја во ЕУ. Поточно, на 31 декември 2006 година долгот изнесувал 121 милијарда долари. Шест години подоцна (во декември 2012 година) надворешниот долг на Полска достигнал 310 милијарди долари.
Отплатата на таквиот колосален надворешен долг неизбежно довела до зголемување на буџетскиот дефицит. По потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и пристапување кон ЕУ во 1992 година, тој бил 2,5 милијарди долари, а во 2012 – 10 милијарди долари.
Исто така, укинувањето на царинските давачки поради примената на Спогодбата за асоцијација довело и до појава на надворешнотрговски дефицит во Полска. Во 1992 година Полска имала суфицит од околу 100 милиони долари. Во 2012 година забележан е дефицит од 14 милијарди долари.
Веројатно ова зголемување на надворешнотрговскиот дефицит (како и буџетскиот дефицит и должничката криза придружена со социјални немири во јужните земји на еврозоната), довело до негативен став на Варшава во врска со усвојување на еврото како официјална валута. Полска се откажа од првичниот план да го воведе еврото во 2012 година. Полскиот министер за финансии, Јачек Ростовски, дури и изјави дека Полска нема да го воведе еврото најмалку до 2015 година.
На новите членки од Источна Европа и на Полска на 30 декември 2002 во Копенхаген им беше забрането во период од најмалку 10 години да имаат повеќе од 25% субвенции во однос на субвенциите што ЕУ им ги дава на старите членки. Омиленото оправдување на поддржувачите на ЕУ беше дека тоа е тежок, но неопходен услов, за слободна трговија, која доведува до пониски цени на храната.
Но ни тоа „жртвување“ на сопственото земјоделство не довело до намалување на цените на храната во Полска. Напротив, по пристапувањето во ЕУ на 1.5.2004 година поскапеле речиси сите прехранбени производи: шеќерот - 50 проценти, пилешкото месо - 40 отсто, свинското - 30 отсто, јајцата - 30 проценти. Се проценува дека трошоците за исхрана на едно четиричлено семејство во 2004 година се зголемиле за најмалку 20 проценти, од 730 на 880 злоти.​
Во исто време, додека Полска се задолжувала и го губела работоспособното население, ветената помош од т.н. европски фондови главно одела кај странски компании. На пример, австрискиот професор Хофбауер наведува дека најголем дел од средствата од фондот ФАРЕ се исплаќаат за проекти на ФИАТ во Полска.

Исто така, по влегувањето во ЕУ, Брисел волунтаристички ги блокираше ветените пари. На пример, во јануари 2013 година се блокирани 890 милиони наменети за Полска. Одлуката е донесена поради наводното создавање „картел“-компании што градат патишта во Полска. Варшава протестирала против ваквиот третман од Брисел.

Исто така, и ветената помош за Полска ќе биде сè помала ако се земе предвид фактот дека ЕУ првпат во својата историја го намалува буџетот (буџетот за периодот 2014-2020 ќе биде за 3% помал од оној за 2007-2013). Полска беше меѓу земјите што се противеа на тој предлог. Ваквиот став на Варшава е разбирлив ако е познато дека мнозинството од оние што барале да се намали буџетот тоа го образложувале со фразата дека треба да се намалат субвенциите за „сиромашните земји и региони во“ ЕУ.

Со оглед на претходните податоци, не е изненадување тоа што расте отпорот кон ЕУ во Полска дури и кај оние што безалтернативно го поддржувале членството во таа наднационална организација. На пример, еден од најголемите поборници на „придружувањето“ на Полска кон ЕУ, Лех Валенса, јавно призна дека не се исполниле неговите надежи: „Ние отсекогаш верувавме дека Запад по крајот на комунизмот ќе донесе некој вид Маршалов план, за да им помогне на овие земји тука. Но тоа не се случи. Затоа кај нас и понатаму постои длабок сомнеж кон ЕУ... всушност ќе ни бидат потребни силни нерви. Јас, на пример, денес повторно би им рекол на луѓето: излезете на улици - овојпат на нашата земја ѝ оди лошо, затоа што Унијата не нè сфаќа сериозно.“
Но веќе не постои ни моќниот синдикат на Валенса, кој би можел да излезе на улица и да протестира против ЕУ. Синдикатот „Солидарност“ на европскиот пат од 10 милиони членови спадна на 0,8 милиони. Во овој контекст и беше можно згаснувањето на познатата полска бродоградба (и отпуштањето на работниците што некогаш ја сочинуваа основата на „Солидарност“).​
Исто така, бродоградилиштата во Гдиња и Шечин беа продадени токму поради барањата на ЕУ. Исто така, познатото бродоградилиште во Гдањск поради барањата на ЕУ беше принудено да отпушти околу 3/4 од работниците...
Извор: ФСК
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.087
Поени од реакции
12.642
Морам да признаам дека и јас сакам нешто вакво, да се задолжам не до грло, туку до чело и на крајот државата да ми даде пари за да ги платам сопствените долгови.

Ова е само уште еден доказ за тоа каков неуспех е еврото како валута и за тоа каква лага е ЕУ, треба да го славиме секој ден што го живееме надвор од оваа голема лага.

http://www.idividi.com.mk/vesti/ekonomija/868384/index.html

Европа тајно ја спасила Грција

Извор: МИА

Објавена на 26 08 2013 10:57:18

Лондон, 26 август 2013 (МИА) - Европската унија тајно и доставувала пари на Грција, додека земјата се соочувала со кризата, а нејзините банки се распаѓале и тоа се случувало со тајни летови, со кои на земјата и биле доставени над десет милијарди евра, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.



Парите се пренесувале со помош со големи авиони „Боинг“. Летовите биле карго, а авионите го носле знакот Маерск и биле бојадисани со боите на грчкото национално знаме.

- Доставките почнале во 2011 година и се спроведувале до Атина и до Ларнака. Тие не биле ништо друго освен таен воздушен мост, додава весникот.

- Целта на мисијата не била спасување на луѓе, а летовите не наликувале на познатите „воздушни мостови“ до Берлин по војната, туку нивна задача била да се заштити и да продолжи економскиот експеримент на една мултинационална валута. Тоа биле тазе испечатени книжни банкноти, кои требало да стигнат до Грција со цел земјата да може да застане на нозе, пишува „Дејли мејл“.

Во написот се цитира висок функционер, кој тврди дека тоа било направено, бидејќи Грција буквално останала без пари во јуни 2011 година.

- Бил активиран таен план, со тоа што Грците повлекувале по една до две милијарди евра на ден од банките. Грција требала да испраќа воени авиони до Италија, каде ги преземала испечатените банкноти, изјави истиот функционер.

До јуни 2012 година потребата за книжни банкноти во Грција тројно се зголемила, а целта на операцијата не била само да се одржи социјалната стабилност во земјата, туку и да се заштити еврото.

- Европските партнери беа загрижени...воздушниот мост беше првата етапа од мисијата, следуваа десетици, ако не и стотици превози со товарни камиони и бродови, со кои се пренесувале новите книжни банкноти до континенталниот дел на Грција и до нејзините острови, пишува весникот.

Тајната операција продолжила без никој да забележи, а вредноста на книжните пари, кои цуркулираат во Грција е двојно зголемена од 19 милијарди евра во 2009 година на 40 милијарди евра во септември 2011 година. До летото 2012 година вкупната сума изнесувала 48 милијарди евра, од кои последните десет милијарди евра, а можеби и повеќе во земјата стигнале со помош на тие тајни летови, тврди британскиот весник.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во Полска остана само неписменото население и сега тешко им е. Немојте да бидете неписмени, неписмен никој не сака, не ЕУ и свети ЕУ да се формира. Кад тад образованието и вложувањето во себе ќе ви се исплати.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.178
Поени од реакции
18.251
Во Полска остана само неписменото население и сега тешко им е. Немојте да бидете неписмени, неписмен никој не сака, не ЕУ и свети ЕУ да се формира. Кад тад образованието и вложувањето во себе ќе ви се исплати.
Познато од негде...или веќе блиску? (n)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Познато од негде...или веќе блиску? (n)
Пред да влезе Полска во Еу, сите Еу држави ги преместија погоните таму и во Кина. За ефтина неписмена раја. Така Полска пред да влезе во ЕУ остваруваше досега најголем извоз - суфицит што би рекле. Кога влезе во ЕУ си стаса и ратата за членство ништо не е без пари. И ги тргнаа царините од кои праеше пари и ја оставија со неписмените. Ссите високо едуцирани кадри се префрлија Скандинавија, Англија, Германија и Франција. Остана Полска да „извезува“ Германски производи и Белгиски :D

Ист концепт кој и го спремаат на нашата земја. Само научете ги чекорите и после е лесно, кај сите има шема.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ove godine u proračun Europske unije Hrvatska mora uplatiti 220 milijuna eura, a iduće gotovo 550 milijuna
Ako Europska komisija odluči Hrvatsku kazniti zbog "lex Perkovića" blokadom pristupa novcu iz europskih fondova, postat ćemo prva nova članica koja je više uplatila europskom proračunu nego povukla iz fondova EU.

Blokada svih projekata

http://www.vecernji.hr/vijesti/blokadom-fondova-zamrznuli-bi-nam-250-milijuna-eura-clanak-603294
А колко има на разполагане?
--- надополнето: 30 август 2013 во 00:16 ---
За 2013 година имат на разполагане 655 милиона евра.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.087
Поени од реакции
12.642
А колко има на разполагане?

За 2013 година имат на разполагане 655 милиона евра.
Но само ако ги уплатат тие 220 милиони евра, во спротивно нема да им ги исплатат во целост тие 655 милиони евра, или можеби воопшто нема да им ги исплатат.

До година ќе мораат да уплатат 550 милиони евра, а во годините потоа сигурно уште повеќе.

Ова е исто како да сум инвестирал веќе еднаш во приватна фирма, но нема да ми исплатат дивиденда доколку не инвестирам повторно наредната година.

А што ако не можам да инвестирам повторно наредната година, а истовремено очајнички ми требаат парите од дивидендата ?

ЕУ е вистински рекетарски клуб, без разлика какви се бенефициите кои следуваат од членството.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ангела Меркел: На Грција местото никогаш не и било во еврозоната!
Во политичката кампања Меркел ги користи често Грците, како земја пример која не треба да биде во Еврозоната. И повторува дека ЕУ и валутата евро ќе бидат посилни со поголема одговорност од земјите членки.

Каква анти - грчка кампања се прави во Германија, човек по цел ден политика да гледа :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Vcera na gosti dojde bratucedka mi so nejzina drugarka od Polska koja dosla preku programa za razmena na studenti. Po muabetot sto go pravevme zakluciv deka megu nas i Polska nema golema razlika vo pogled na postkomunistickiot period.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Vcera na gosti dojde bratucedka mi so nejzina drugarka od Polska koja dosla preku programa za razmena na studenti. Po muabetot sto go pravevme zakluciv deka megu nas i Polska nema golema razlika vo pogled na postkomunistickiot period.
Колку е животниот стандард во Полска моментално имаш информација?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Жити мене парите со авиони ги пренесувале че си пукам в колено :icon_lol:. Нема хартиени пари процентот нивни едноцифрен е, се елекотронско дигитално виртуелни валути кои што се пренесуваат не со авиони туку со стискање ентер :icon_lol:. Така да вреќи со пари камиони авиони на друг кажете му ја :icon_lol:....
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
[Ne ote="leandra, post: 6079938, member: 4868"]Колку е животниот стандард во Полска моментално имаш информација?[/quote]

Ne znam no po informaciite koi gi dobiv:
-za vrabotuvanje mozes da dobies rabota so dokazuvanje deka mozes da rabotis, no zastapen e i sistemot na vrabotuvanje so vrski vo solidna mera (sepak stapkata na nevrabotenost e mnogu pomala od nasata, no toa se menuva so to a sto mnogu domasni kompanii go prefrluvaat svojot biznis go Kina).
-cenite na produktite, gorivata, smetkite itn se pokacuvaat a platite im se isti (ne znam kolku iznesuva prosecna plata vo Polska)
-prehranbenata industrija se odrzuva blagodarenie na germancite koi naracuvaat i kupuvaat polska hrana koja e poevtina od germanskata
-postoi golemo nezadovolstvo kaj narodot koe se poveke se zgolemuva so sekoja nova vlada
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
[Ne ote="leandra, post: 6079938, member: 4868"]Колку е животниот стандард во Полска моментално имаш информација?
Ne znam no po informaciite koi gi dobiv:
-za vrabotuvanje mozes da dobies rabota so dokazuvanje deka mozes da rabotis, no zastapen e i sistemot na vrabotuvanje so vrski vo solidna mera (sepak stapkata na nevrabotenost e mnogu pomala od nasata, no toa se menuva so to a sto mnogu domasni kompanii go prefrluvaat svojot biznis go Kina).
-cenite na produktite, gorivata, smetkite itn se pokacuvaat a platite im se isti (ne znam kolku iznesuva prosecna plata vo Polska)
-prehranbenata industrija se odrzuva blagodarenie na germancite koi naracuvaat i kupuvaat polska hrana koja e poevtina od germanskata
-postoi golemo nezadovolstvo kaj narodot koe se poveke se zgolemuva so sekoja nova vlada[/quote]


Пред да влезе Полска во Еу го почнаа префрлањето на Германските капацитети во Полска, ради ефтина работна сила и даночни олеснувања. Истото се случи со Холандски и Белгиски фирми. Ваљда по разбегувањето на вишокот работна сила низ Еу од Полска, сфатиле дека сепак поефтина опција за производство им е Кина.

Таква огромна земја со големи ресурси и население да се бори за леб тоа значи дека имаат влади како нашите. Таква корупција има горе, тоа е зачудувачки. Мито и корупција владее. Затоа и се таму каде што се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom