Вистината за ЕУ која се премолчува

Член од
24 април 2008
Мислења
11.044
Поени од реакции
12.585
Епа ајде, о голем експерту, кажи ги тие многу подобри патишта.
Ајде.
Па, потпишување на билатерални договори за заедничка меѓусебна слободна трговија со сите држави со кои одржуваме редовни дипломатски односи е добар почеток за сето тоа.

Всушност, актуелната влада на Република Македонија веќе ни ги покажува тие подобри патишта, со субвенционирање на земјоделците со народни пари, а не со пари од ЕУ, со намалување на даноците за малите и средните претпријатија, со давање на бенефиции за странските инвеститори, само Џонсон Контролс во Штип планира да вработи околу 1500 луѓе, само Кромберг и Шуберт во Битола планира да вработи околу 2500 луѓе, ова за мене воопшто не е ситна пара, намалување на невработеноста, а притоа невработената маса да не се прелее во странство, воопшто не ми делува на мене како ситна пара.

А тоа што ти не си научил дека Рим не бил изграден преку ноќ е твој проблем, за жал, многумина размислуваат како тебе, верувајќи дека ако денес станеме дел од ЕУ, веќе утре ќе се намали невработеноста, а појма немаат ни што е тоа ЕУ, ни кога, ни каде, ни како, ни зошто била формирана, ни кои биле нејзините првични права и обврски, ни кои се нејзините сегашни права и обврски.

Или наједноставно кажано, поради таквите како тебе невработените и постарите плачат и кукаат по ЕУ иако појма немаат какви последици ни следуваат од евентуалното членство во истата таа ЕУ, не дај Боже, се однесуваат како да не ни е можно грчко сценарио и на нас, а факт е тоа дека многу повеќе е можно ако Македонија стане дел од ЕУ, не дај Боже, отколку сега кога сме надвор од ЕУ и во најлош можен случај може да банкротираме, но за разлика од Грција, Ирска, Португалија, Шпанија и Италија кои не можат да коваат свои монети и да печатат свои банкноти, Македонија има своја валута од која може кога сака да кова свои монети и да печати свои банкноти, а не да чека на милост и немилост од Европската Централна Банка - ЕЦБ, па некој од надвор да и го контролира банкротот.

Аргентина банкротираше во 2002, па еве, денес е една од најголемите економски сили во Јужна Америка.

Исланд банкротираше во 2009, па сепак до денешен ден на референдум, граѓаните на Исланд одбиваат да им ги исплатат на европските банки парите кои им ги должат, додека на Папандреу во Грција предоцна му текна да го стави на маса прашањето за распишување на референдум на кој гејците би гласале дали да ја прифатат или одбијат економската помош од ЕУ, поради што денес Грција ќе мора да го слуша диктатот од Брисел, наместо самата да си го контролира сопствениот банкрот.

Е во тоа ти е разликата помеѓу Македонија во ЕУ, не дај Боже, и Македонија надвор од ЕУ, дај Боже.

Бес коментар. Ти осекаш ли се бае шо говориш:pos::tapp:
Секако дека знам за што зборувам, бидејќи користам факти како аргументи за да го поткрепам своето лично мислење, а не најразни приказни чиешто сценарио на хартија е една верзија, но сценариото кое се спроведува во пракса е сосема спротивна верзија.
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Епа ајде, о голем експерту, кажи ги тие многу подобри патишта.
Ајде.
--- надополнето: Nov 21, 2011 6:05 PM ---
Да им кажеме на ЕУ да си ги соберат парталите и да си идат и со себе нека си ги носат своите милијарда евра вложени во Македонија.
Најдобро е така, да ги избркаме како што го избркавме Фуере затоа што ни ги покажуваше грешките и неправилностите, но нас не ни треба никој, ние немаме никакви грешки и недостатоци.
Политичарите на ЕУ се корумпирани бирократи, па што се тогаш нашите? Покорумпирани од нашите тешко да има било каде на планетава.
Милијардите евра ќе си ги задржиме за војната што ни ја исценираа ценетите твои ЕУ крати, а за друг пат реков и погоре, секој кој што и е конкуренција на ЕУ е подобра опција за нас, било кој само ЕУ да не е. А Фуере како и секој ЕУ бирократ да му дадеш некое евро "грешките" ќе ти ги фали како најголеми достигнувања, а може и Талер да го прашаме за некој совет по однос на тоа прашање нели?

И на крај, која е поентата од тие милијарди што наводно ЕУ нас ни ги дава?? кога македонските граѓани ќе мора да ги враќаат тие пари со камата. Лаик сум за економија ама доволно да знам дека никој не ти дава ништо за џабе.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Да бе, да, сегашниов пат е фантастичен.
Сегашниов пат со кој имаме 1.5 милијарди евра трговски дефицит годишно.
Најефтина работна сила во Европа а огромна невработеност.
Фирми кои не можат ни на домашниот пазар да бидат конкурентни, не па на странскиот.

Според тебе, и ние да не треба да банкротираме за да ни тргне?
 
Да, и тоа е интересен факт.

Зоран Талер и препорачуваше на Мирка Велиновска да прочитала по некоја книга, за да подоцна се открие дека истиот тој Талер примал мито и се соочува со затворска казна доколку се докаже дека навистина примал мито.

Ерван Фуере на нас ни мудруваше заради нашата економска состојба и заради нашата политичка атмосфера, а види ја неговата родна Ирска, во 2010 постапи согласно со диктатот на евробирократите од Брисел и не распиша парламентарни избори, дури оваа година, 2011, имаше парламентарни избори во Ирска, дури откако Ирска ја прифати економската помош од ЕУ без да ги праша сопствените граѓани на референдум дали ја прифаќаат истата таа помош или не, и дури откако се согласи да танцува според музиката на евробирократите од Брисел.

Британското ѓубре Денис Мекшејн од лабуристичката партија на Тони Блер, односно на Ед Милибанд, ни мудруваше во 2004 со часовникот велејќи дека ако излеземе да гласаме на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, часовникот ќе се врател назад за Македонија, а ако не излеземе да гласаме на референдумот, тогаш часовникот ќе продолжел напред за Македонија, а истото тоа британско ѓубре Денис Мекшејн денес се соочува со обвиненија за финансиска проневера, неговото членство во лабуристичката партија е суспендирано додека не докаже на суд дали е виновен или невин во врска со обвиненијата за кои го теретат, ако се докаже дека е виновен, го чека затворска казна.

Како се одвиваат работиве, секој евробирократ кој ќе ни го пратат од Брисел испаѓа или будала или криминалец.

И ние сакаме со вакви луѓе да си имаме работа ?

И после на мене ми велат дека немало покорумпирани политичари од нашите, хаха, колку смешно. :pos: :pos: :pos:

Да бе, да, сегашниов пат е фантастичен.
Сегашниов пат со кој имаме 1.5 милијарди евра трговски дефицит годишно.
Најефтина работна сила во Европа а огромна невработеност.
Фирми кои не можат ни на домашниот пазар да бидат конкурентни, не па на странскиот.

Според тебе, и ние да не треба да банкротираме за да ни тргне?
Банкрот дури и да ни се случи, последиците кои ќе ги трпиме како банкротирана држава надвор од ЕУ, колку и да бидат тешки и неподносливи, сепак ќе бидат ништо во споредба со тоа што допрва ги чека гејците, кои допрва ќе научат што е тоа невработеност.

Банкротот е најлошото можно сценарио, кое сепак нема да биде толку ужасно доколку ни се случи како на држава која не е дел од ЕУ, ќе се соочиме со сопствените долгови и ќе ги плаќаме истите со свои пари, а не со пари кои ќе ни ги даде ЕУ, кои ќе мораме да ги враќаме или директно како пари, или индиректно со продавање или давање под концесија на македонските патишта, реки, езера, или било што друго што е од огромна вредност, го имаме, но не го почитуваме и не го цениме, а ако го изгубиме, не дај Боже, дури тогаш ќе дознаеме што се сме имале и сме дозволиле да ни го одземат, не дај Боже.
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Ако не се лажам Ирска е најголем должник од сите ЕУ членки... ама важно Фуере нас не советувал за доброто на Македонија бидејќи е експерт нели. :pos:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.044
Поени од реакции
12.585
Ако не се лажам Ирска е најголем должник од сите ЕУ членки... ама важно Фуере нас не советувал за доброто на Македонија бидејќи е експерт нели. :pos:
Не, најголем држава должничка од државите членки на ЕУ е Грција, чиј што национален долг изнесува над 144% од нејзиниот БДП.

А националниот долг на Ирска изнесува околу 65% од нејзиниот БДП, што значи дека Ирска можеше да се спаси и без да бара економска помош од ЕУ, но ирските политичари се алчници и себичњаци, баш како што има спомнато во еден свој говор британскиот европарламентарец Најџел Фараж, па затоа ја оставија Ирска на милост и немилост на евробирократите од Брисел.

А нема да ме изненади ако испадне дека и Фуере е алчник и себичњак како ирските политичари, како што вели Фараж.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.307
Поени од реакции
26.212
Ако не се лажам Ирска е најголем должник од сите ЕУ членки... ама важно Фуере нас не советувал за доброто на Македонија бидејќи е експерт нели. :pos:
Фуере нема никаква допирна точка со економија. Тој е неостварен политичар во Ирска, кој беше испратен во Македонија да си лечи фрустрации и мислеше дека овде може да изиграва премиер. Повторуваше секој ден ко ненормален права, А1, демократија, ЕУ, име, решение и на крај го доби тоа што го заслужи -- пензија и уништена дипломатска кариера. :icon_mrgr:
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
4
Поени од реакции
1
Едно нешто можам да ви кажам - смрт за ЕУ да живее нов Словенски Унија. Што и да е кај роднини и блиски секогаш ќе е најдобро.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Милијардите евра ќе си ги задржиме за војната што ни ја исценираа ценетите твои ЕУ крати, а за друг пат реков и погоре, секој кој што и е конкуренција на ЕУ е подобра опција за нас, било кој само ЕУ да не е. А Фуере како и секој ЕУ бирократ да му дадеш некое евро "грешките" ќе ти ги фали како најголеми достигнувања, а може и Талер да го прашаме за некој совет по однос на тоа прашање нели?

И на крај, која е поентата од тие милијарди што наводно ЕУ нас ни ги дава?? кога македонските граѓани ќе мора да ги враќаат тие пари со камата. Лаик сум за економија ама доволно да знам дека никој не ти дава ништо за џабе.
Зашто си затвараш очите и не видиш,дека сите проблеми на Западниот Балкан доjдаха от разпада на Jгославиja. Па некои служби баш от истата ви изценираха воjната,зашто не видиш,дека само на старото подрачие на Jгославиja се клочат работите и уште државите се чудат вамо,тамо, ама како. Се уште само на това подрачие има незатворени и нерешени прашаниja како проблемите на БиХ, КС и РМ?
Ти имаш представа дека фондовите на ЕУ не се вракjaт ?
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Е па, очигледно има некакво лудило во Европскиот Парламент, освен Фараж, ги има уште 26 европратеници кои се членови на коалицијата За Слободна и Демократска Европа, Дерек Кларк, Стјуарт Егњу, Џерард Батен, Џон Бафтон и ред други.

Или нешто не е во ред во Европскиот Парламент, или нешто не е во ред кај Британците бидејќи им даваат мандат на овие луѓе за да ги претставуваат во Европскиот Парламент.
Британските грагани имат право да дадат мандат на коjто сакат - това е нивно право. Фактот,дека цел европарламент му се смее е показателен и кога ни покажуваш Фараж,види другите депутати што му кажуват
http://www.europarl.europa.eu/wps-europarl-internet/frd/vod/player?date=20111116&language=en
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.044
Поени од реакции
12.585
Британските грагани имат право да дадат мандат на коjто сакат - това е нивно право. Фактот,дека цел европарламент му се смее е показателен и кога ни покажуваш Фараж,види другите депутати што му кажуват
http://www.europarl.europa.eu/wps-europarl-internet/frd/vod/player?date=20111116&language=en
Во ред е да му се смеат, пред вистината можеш или да молчиш или да се смееш бидејќи не постојат аргументи со кои можеш да ја оспориш.

А не се само Британците, парламентарната група Слободна и Демократска Европа има членови и од други политички партии од други држави, Сампо Терхо од Финска, Бастијан Белдер од Холандија, Франк Ванхеке од Белгија и ред други.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Во ред е да му се смеат, пред вистината можеш или да молчиш или да се смееш бидејќи не постојат аргументи со кои можеш да ја оспориш.

А не се само Британците, парламентарната група Слободна и Демократска Европа има членови и од други политички партии од други држави, Сампо Терхо од Финска, Бастијан Белдер од Холандија, Франк Ванхеке од Белгија и ред други.
Само да припамтим,дека Фарадж не сакал да живее во униja доминирана от Германиjа и праша зашто били проливали крв. :)
Този човек заборава,дека неговата држава беше наjголемиот колонизатор во света.

А зашто не кажеш дека Лисабонскиот договор сега може да се менува, преди уште да е имплементиран?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.044
Поени од реакции
12.585
Само да припамтим,дека Фарадж не сакал да живее во униja доминирана от Германиjа и праша зашто били проливали крв. :)
Този човек заборава,дека неговата држава беше наjголемиот колонизатор во света.

А зашто не кажеш дека Лисабонскиот договор сега може да се менува, преди уште да е имплементиран?
Е па тоа и ми е поентата, јас не сакам да живеам во било каква унија доминирана од било која држава, не само Германија или Франција или Британија, немам ништо против заедничкиот слободен пазар, немам ништо против заедничката слободна трговија, но сум против било каква доминација од било која страна, тоа предизвикува зависност од туѓ капитал и централизирана економија, а во такви околности, доволен е еден инцидент за да целата структура се распадне како кула од карти, а тоа е опасно за сите држави и економии кои се дел од таквата структура.

Да, Лисабонскиот Договор може да се менува, но Европската Комисија на Баросо и Советот на Европа на ван Ромпуј не се заинтересирани за било какви измени на Лисабонскиот Договор.

Тоа е исто како што и Грција може да ја напушти евро-зоната, но ја уценуваат дека за тоа ќе мора да ја напушти и ЕУ, што е тотална глупост ако се земе во предвид фактот дека и Британија, Шведска и Данска се полноправни членки на ЕУ, а истовремено не се членки и на евро-зоната, исто како и Чешка, Полска, Унгарија, Романија, Бугарија, Литванија и Летонија не се членки на евро-зоната, а истовремено се полноправни членки на ЕУ.

Така и Лисабонскиот Договор може да претрпи измени, но евробирократските банди на Баросо и на ван Ромпуј не се заинтересирани за било какви измени, освен ако истите тие измени не им донесат уште повеќе моќ на нив двајцата и на нивните евробирократски банди, се разбира.
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Зашто си затвараш очите и не видиш,дека сите проблеми на Западниот Балкан доjдаха от разпада на Jгославиja. Па некои служби баш от истата ви изценираха воjната,зашто не видиш,дека само на старото подрачие на Jгославиja се клочат работите и уште државите се чудат вамо,тамо, ама како. Се уште само на това подрачие има незатворени и нерешени прашаниja како проблемите на БиХ, КС и РМ?
Ти имаш представа дека фондовите на ЕУ не се вракjaт ?
А кој имаше интерес од распад на Југославија? Си го гледал the weight of chains документарецот? Иако е малку од просрпска гледна точка сепак има валидни аргументи а тоа е дека Германија и западот односно сегашна ЕУ најмногу профитираа на трагедијата на бившите ЈУ земји, од каде што следи логичниот заклучок за главниот виновник и иницијатор на распадот. И сега ќе не интегрирале откако 20 години си играат кур-ташак со нас ќе ми извините на речникот.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Е па тоа и ми е поентата, јас не сакам да живеам во било каква унија доминирана од било која држава, не само Германија или Франција или Британија, немам ништо против заедничкиот слободен пазар, немам ништо против заедничката слободна трговија, но сум против било каква доминација од било која страна, тоа предизвикува зависност од туѓ капитал и централизирана економија, а во такви околности, доволен е еден инцидент за да целата структура се распадне како кула од карти, а тоа е опасно за сите држави и економии кои се дел од таквата структура.

Да, Лисабонскиот Договор може да се менува, но Европската Комисија на Баросо и Советот на Европа на ван Ромпуј не се заинтересирани за било какви измени на Лисабонскиот Договор.

Тоа е исто како што и Грција може да ја напушти евро-зоната, но ја уценуваат дека за тоа ќе мора да ја напушти и ЕУ, што е тотална глупост ако се земе во предвид фактот дека и Британија, Шведска и Данска се полноправни членки на ЕУ, а истовремено не се членки и на евро-зоната, исто како и Чешка, Полска, Унгарија, Романија, Бугарија, Литванија и Летонија не се членки на евро-зоната, а истовремено се полноправни членки на ЕУ.

Така и Лисабонскиот Договор може да претрпи измени, но евробирократските банди на Баросо и на ван Ромпуј не се заинтересирани за било какви измени, освен ако истите тие измени не им донесат уште повеќе моќ на нив двајцата и на нивните евробирократски банди, се разбира.
Фактот,дека изпракjaш свои представници во европскиот парламент, фактот дека ке изпратиш своj комисар, фактот дека ке имаш право на вето... за каква диктатура или доминациja може да зборуваме?
Абе дечко, ти дали знаеш дека те сакат да менуват Лисабонскиот договор? Баш истите тиja.
Да ,тези држави не са членки на еврозоната, но никога не са влегували во неja па да излегуват. Ти дали си свестен дека нема процедура за излаз от еврозоната,а има процедура за излаз от ЕУ?
Стварно зборуваш без да знаеш за што зборуваш.
--- надополнето: Nov 21, 2011 9:32 PM ---
А кој имаше интерес од распад на Југославија? Си го гледал the weight of chains документарецот? Иако е малку од просрпска гледна точка сепак има валидни аргументи а тоа е дека Германија и западот односно сегашна ЕУ најмногу профитираа на трагедијата на бившите ЈУ земји, од каде што следи логичниот заклучок за главниот виновник и иницијатор на распадот. И сега ќе не интегрирале откако 20 години си играат кур-ташак со нас ќе ми извините на речникот.
След като светот се промени и заврши стедуната воjна - Jгославиja стана непотребна. Сите знаеме дека влиjaнието во Jгославиja беше договорено да е 50%-50% уште на срештата во Jaлта.
Тиja, кои ja создадоха-те ставиха краja на Jгославиja. Просто Jгославиja не им беше потребна повеке + помогна национализмот внатре. Факт е дека проблемите на това подрачие са обврзани со този разпад. Другите големи проблеми са во разпаднатиот европски дел на СССР-пример Молдавиja.
Факт е дека само на това подрачие тлеjaт проблеми се уште,кои беха создадени со този разпад и никоj ден денес не сака да ги реши. 20 години подоцна вие се уште делите имоти, амбасади, заеми и така натаму...проблемите седат и чекат. Чека Косово, чека БиХ,чека РМ, решава се спорот - Словениja-Хрватска. Това подрачие генерира многу повеке проблеми,отколкото имаше капацитет да реши. Еве го резултат днес.
Зашто никоj не се запраша, како можаха Словениja и Хрватска да стигнат дотамо, а другите што прават?!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.044
Поени од реакции
12.585
Фактот,дека изпракjaш свои представници во европскиот парламент, фактот дека ке изпратиш своj комисар, фактот дека ке имаш право на вето... за каква диктатура или доминациja може да зборуваме?
Абе дечко, ти дали знаеш дека те сакат да менуват Лисабонскиот договор? Баш истите тиja.
Да ,тези држави не са членки на еврозоната, но никога не са влегували во неja па да излегуват. Ти дали си свестен дека нема процедура за излаз от еврозоната,а има процедура за излаз от ЕУ?
Стварно зборуваш без да знаеш за што зборуваш.
Кое е тоа право на вето ?

Дали кај тебе, во Бугарија, која го има ратификувано Лисабонскиот Договор, ти било дозволено да го искористиш твоето право на глас за да гласаш на референдум за или против ратификацијата на Лисабонскиот Договор од страна на Бугарија ?

Одговорот е НЕ, бидејќи бугарскиот парламент го ратификуваше Лисабонскиот Договор без притоа да ги праша граѓаните на Бугарија на референдум дали ја прифаќаат ратификацијата на договорот или не.

Единствено Ирците рекоа НЕ, но тоа не беше задоволителен одговор за Брисел, поради што бараа втор референдум, кој се одржа кон крајот на 2009, кога Ирска веќе беше во криза, поради што Ирците, уценети дека нема да примат економска помош од ЕУ доколку повторно гласаат против ратификацијата на Лисабонскиот Договор, на вториот референдум рекоа ДА.

Ако во твојата родна татковина не ти го дале правото на вето, како ќе ти го дадат во Брисел, кој е 1700 километри оддалечен од Софија ?

Зошто нема процедура за излегување од евро-зоната ?

Што е тоа, некој клуб со доживотно членство ?

Каква е таа демократија, дај те молам објасни ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom