- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.044
- Поени од реакции
- 12.585
Па, потпишување на билатерални договори за заедничка меѓусебна слободна трговија со сите држави со кои одржуваме редовни дипломатски односи е добар почеток за сето тоа.Епа ајде, о голем експерту, кажи ги тие многу подобри патишта.
Ајде.
Всушност, актуелната влада на Република Македонија веќе ни ги покажува тие подобри патишта, со субвенционирање на земјоделците со народни пари, а не со пари од ЕУ, со намалување на даноците за малите и средните претпријатија, со давање на бенефиции за странските инвеститори, само Џонсон Контролс во Штип планира да вработи околу 1500 луѓе, само Кромберг и Шуберт во Битола планира да вработи околу 2500 луѓе, ова за мене воопшто не е ситна пара, намалување на невработеноста, а притоа невработената маса да не се прелее во странство, воопшто не ми делува на мене како ситна пара.
А тоа што ти не си научил дека Рим не бил изграден преку ноќ е твој проблем, за жал, многумина размислуваат како тебе, верувајќи дека ако денес станеме дел од ЕУ, веќе утре ќе се намали невработеноста, а појма немаат ни што е тоа ЕУ, ни кога, ни каде, ни како, ни зошто била формирана, ни кои биле нејзините првични права и обврски, ни кои се нејзините сегашни права и обврски.
Или наједноставно кажано, поради таквите како тебе невработените и постарите плачат и кукаат по ЕУ иако појма немаат какви последици ни следуваат од евентуалното членство во истата таа ЕУ, не дај Боже, се однесуваат како да не ни е можно грчко сценарио и на нас, а факт е тоа дека многу повеќе е можно ако Македонија стане дел од ЕУ, не дај Боже, отколку сега кога сме надвор од ЕУ и во најлош можен случај може да банкротираме, но за разлика од Грција, Ирска, Португалија, Шпанија и Италија кои не можат да коваат свои монети и да печатат свои банкноти, Македонија има своја валута од која може кога сака да кова свои монети и да печати свои банкноти, а не да чека на милост и немилост од Европската Централна Банка - ЕЦБ, па некој од надвор да и го контролира банкротот.
Аргентина банкротираше во 2002, па еве, денес е една од најголемите економски сили во Јужна Америка.
Исланд банкротираше во 2009, па сепак до денешен ден на референдум, граѓаните на Исланд одбиваат да им ги исплатат на европските банки парите кои им ги должат, додека на Папандреу во Грција предоцна му текна да го стави на маса прашањето за распишување на референдум на кој гејците би гласале дали да ја прифатат или одбијат економската помош од ЕУ, поради што денес Грција ќе мора да го слуша диктатот од Брисел, наместо самата да си го контролира сопствениот банкрот.
Е во тоа ти е разликата помеѓу Македонија во ЕУ, не дај Боже, и Македонија надвор од ЕУ, дај Боже.
Секако дека знам за што зборувам, бидејќи користам факти како аргументи за да го поткрепам своето лично мислење, а не најразни приказни чиешто сценарио на хартија е една верзија, но сценариото кое се спроведува во пракса е сосема спротивна верзија.Бес коментар. Ти осекаш ли се бае шо говориш