Виктор Карамарков од Скопје е серискиот убиец - бројот на убиени сеуште непознат!

Статус
Затворена за нови мислења.
M

marsovka

Гостин
Еве уште нешто за прочитате.
Код:
http://tocka.com.mk/vest.php?vest=15103
Хорор филмовите – инспирација на серискиот убиец
Скопје, 10 ноември - Холивудскиот хорор филм „Candyman“ во кој маж со остра рѓосана кука касапи жени, била инспирацијата на Виктор Карамарков, кој своите жртви ги бирал како ликот Расколников од култното дело „Злосторство и Казна“ на Фјодор Достоевски.



Осомничениот сериски убиец Виктор Карамарков (28), во неговата населба Ѓорче Петров 2 за соседите од поодамна е познат под прекар од хоророт „Candyman“- Шеќерко .„Да, многу добро го познавам Виктор или како што уште го викаме „Шеќерко“, по некој си стар хорор филм кој како што велат децата му бил омилен“, вели еден постар сосед на семејството Карамарков.

Полициската истрага за убиствата на четирите постари жени, што му се припишуваат на Карамарков, официјално започнала веднаш по првото убиство кое се случи на втори март годинава, под кодно име „Расколников“. Според полициски извори вклучени во истрагата поврзаноста на Виктор Карамарков со култниот лик од делото на Достоевски, излегла на виделина во текот на истрагата, кога било утврдено дека осомничениот сериски убиец има профил на високо интелигентен маж, чиј омилен лик бил Расколников.

Соседите на Виктор се единствени во констатацијата дека се уште не можат да поверуваат дека „интелигентното момче кое не газеше на мравка ги извршило грозоморните убиства“.

„Подобро дете од Виктор немаше во целата населба. Го држев во своите раце уште како бебе. Го познавам премногу добро и не верувам дека тој можел да ги изврши убиствата“, вели негов близок сосед, кој инсистираше да остане анонимен.

Соседите исто така се едногласни дека Виктор се издвојувал од другите деца според високиот степен на интелегенција и почитувањето кон постарите лица.

„Целиот негов живот се испретумба по враќањето од војска, кога почна да се дрогира и да краде“, вели анонимен сосед.

Тоа време почнале поплаките од соседите, кои пријавувале во полиција дека им недостасуваат предмети од домовите и дворовите, но никогаш доказите не воделе кон Виктор.

Близок до семејството раскажува дека во една прилика Виктор се појавил на неговата врата, со здравствена книшка во раката барајки пари за лекување на неговата болна мајка. Измамениот го пуштил Виктор во својот дом и додека му давал симболична сума на Карамарков, тврди дека му украл фото апарат и видео камера. Пријателите на измамениот неколку дена по настанато го барале Виктор низ градот, со цел во најмала рака барем да си го добијат назад снимениот материјал, но разбрале дека камерите биле продадени за „смешна сума“.

Виктор често „оперирал“ во градскиот парк во Скопје, каде според очевидци пресретнувал млади лица, физички послаби од него од кои изнудувал пари и предмети кои потоа ги препродавал за да купи дрога. Во еден таков инцидент, Виктор бил претепан од жртвите што имал намера да ги ограби и откако бил приведен од полицијата неуспешно се обидел да избега од полициското комбе.


„Таков човек треба да лежи во затвор“ – вели нашиот извор чиј идентитет сакаше да не биде откриен.

Се погласни тој период станувале и кавгите со мајка му, за која соседите тврдат дека Виктор ја тепал.

„Тврдам дека не е точно оти бил малтретиран од својата мајка. Напротив ми личеше дека таа е жртвата. Се што имаше во домот продаде за да го спаси својот син од дрогата. Три пати го однесе Виктор на лекување во Центарот за одвикнување од зависности во Кисела Вода“, вели еден од соседите.

Истиот сосед додава дека ноќта кога полицијата го уапсила Виктор Карамарков по последното од серијата убиства на постари жени, токму неговата мајка ги повикала Алфите за да го уапсат.

Друг сосед вели дека доколку Виктор се развивал во нормално семејство сигурно денес ќе бил научник, а не зависник од дрога и ситен криминалец кој завршил како осомничен сериски убиец.

„Со мои очи го имам видено Виктор како се дрогира со иглата в раце. Познати ми се голем број негови кражби, кои ги вршеше со години наназад. Последен пат го видов пред неколку месеци кога дознав дека ретко навраќа дома и преспива во социјалните станови кои неделава беа предадени на социјално загрозените лица“, вели еден од соседите на Карамарков.

Индиректна причина за убиствата и целокупното однесување на серискиот убиец Виктор Карамарков, според психологот Станислав Петковски веројатно е осаменоста.

„Осаменоста предизвикува такви појави, секоја болка двојно повеќе ја чувствува. Од друга страна растел само со самохрана мајка во специфични околности. Значи немало балансирање помеѓу друг родител. Фактот дека напаѓал постари, немоќни жени, потврдува дека некаде има бес кон женски родител“, појаснува за Макфакс, клиничкиот психолог Станислав Петковски.

Според него, убиствата и останатите криминални активности што ги извршил Карамарков, веројатно не би се случиле доколку тој бил опкружен со нормално друштво.

„Но еднаш кога ќе се влезе во криминалните води нема враќање“, смета Петковски.
„Првото убиство е импресионирачко, сигурно бил шокиран дека воопшто може да го изврши, второто повторно го извршил за да види дали може, додека третото веќе е рутина“, појаснува психологот.

Петковски смета дека Карамарков убиствата не ги правел импулсивно, а доколку останел на слобода веројатно ќе продолжел да убива.

Извор: Макфакс


se прашувам како овој човек шетал на слобода кога бил апсен неколку пати О.о
зар не бил осудуван ?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
овакви девијантни појави треба да се спречат но превентивно ..
каде се институциите да влијаат ...
многу е лесно да се каже Смртна казна како шо гледам повеќето рекоа и со право некој ги нарече џелати ... многу е лесно да обвиниш ...
но скоро никој не се обиде да свати и да ги воочи причините зошто се создаваат убијци, наркомани, курви, педофили итн ... и да пак ќе се повторам Општеството/ситемот е виновно ....
и после некои ќе ми се нарекуваат „верници“, христијани бла бла ... човек кој не знае да прости не е човек ... човек кој неможе да разбере и свати е само зомби кое си се води по некој кодекс на правила и не навлегува во суштината на работите ...

Да се осуди некој и презре за неговиот злостор е лесно не треба многу напор и ум но да се прости тоа е веќе нешто друго.
токму така Чоузен ...

едит: никој не ги оправдува постапиките на Виктор ... ни пак ја во ниту еден пост ...
само сакам да посочам на причините зошто постојат такви луѓе ...
а гледам скоро никој не се обидува да разбере .. посебно не мамините галеничиња кои осудуваат без око да им трепне ...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Некаде се спомена првенец на генерација? Еве една од причините, веројатно не му било овозможено да продолжи понатаму да се надградува и продолжи со образованието.

Офф. Познавам исто така човек кој е многу интелегентен и одличен талентиран ученик, но заради некои комплекси и проблеми во семејството, човекот не искористи многу прилики кои му се пружаа во текот на животот. Сега моментално е пропаднат пијаница.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Нема секира, но знае да биде насилен. Мислам дека не е од тој аршин, но го споменав во контекст како сличен проблем во смисла, односи семејство.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Како и кaде?
Италијански криминолог од 18-19 век, за името не ми текнува. Истакнал своевремено теза дека во човекот уште од самото раѓање постои "хромозом 15" кој всушност го тера човекот да биде криминално битие.
Но сепак, во поново време е отфрлена таа теза, нормално со повеќе истражувања во кривичното право.
 

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Најчесто сериските убијци се лица кој имаат некоја траума од нивното детство.Злоупотребувани на било кој начин од нивните родители но и не мора да значи. Во овој случај мислам дека убиецот во старите жени ја препознавал својата мајка немоќта на старите лица го прави да се чуствува дека тој ја контролира ситуацијата израснат бес татко најверојатно долг период барем додека е на школување мајката е таа која го контролирала . Мислам дека жените ја преставуваат неговата мајка бидејќи веќе неколку луге го препознаа дека им доагал на врата за пари и мажи и жени некој од нив се помлади некој се постари . Значи нема убиено ниту една млада особа или машка особа што говори дека ги избирал постарите и изнемоштени лица одкако ќе ја одбере жртвата сама старица најверојатно се враќал после некое време затоа што мислам дека не шетал со секира по куќите ако е така значи имал најмалку два пати личен контакт со жртвата . Ме збунува тоа што го крадел само златото кое е на жртвата затоа го поставувам прашањето кога веќе убил зошто се задоволувал само со злато кое на црно би имало многу мала вредност ствано е чудно дека не земал ништо друго. Што би говорело дека главен мотив е убиството а дури после стекнување на материална корист секако дека земањето на златото има некоја врска само незнам каква можеби поврзаност мегу него и жртвата. Исповедувањето во црква говори дека е свесен за убиствата мислам дека не бара покајание за гревовите туку сака да има некоја посебна врска со господ. Интересен момент е и заклучувањето на вратите.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.556
Поени од реакции
33.803
Италијански криминолог од 18-19 век, за името не ми текнува. Истакнал своевремено теза дека во човекот уште од самото раѓање постои "хромозом 15" кој всушност го тера човекот да биде криминално битие.
Но сепак, во поново време е отфрлена таа теза, нормално со повеќе истражувања во кривичното право.
Kaко и да му е името, нема кредибилитет. Врз која основа дедукцијава? Без технологијата и потребните алатки? Ако се повикуваме на слични глупости од толку назад, да веруваме и дека земјата е рамна, да ги палиме сите со епилепсија мислејќи дека се вештерки.

Sweet.

Зборот ми е околу хипокритичните. Океи што го класифицираат како болен, ментален, псајхоу ама остај што затворот не му е доволно, туку и смртна казна. Нели болните се лечеа? Контрадикторноста во постот на гладиус е идиотска. Као докажано дека е болен а сака да го убива. How can you sleep at night?
 
Член од
2 ноември 2009
Мислења
72
Поени од реакции
2
Poremetuvanje na Psihata od pregolema OSAMENOST.... e rezultat na seto ova... ina4e golem udel ima DROGATA iako site znaeme deka POGOLEMIOT DEL OD KRAZBITE se izvrseni od NARKOMANITE...... potreba e za pari taa e jbg....... I seto ova najgolem del go pravi DROGATA..... taa e pricina za site ovie raboti MISLIS NA EDNO (kako da najdes pari.... gi troses na edno I ZIVEES ZA TOA EDNO) se drugo sto ti e zamisleno vo zivotot ti preostanuva na vtora ili treta raka
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.710
Поени од реакции
4.909
Зборот ми е околу хипокритичните. Океи што го класифицираат како болен, ментален, псајхоу ама остај што затворот не му е доволно, туку и смртна казна. Нели болните се лечеа? Контрадикторноста во постот на гладиус е идиотска. Као докажано дека е болен а сака да го убива. How can you sleep at night?
Многу лесно оди процедурава . Тим на психијатри одлучува дали во моментот на убиствата разликувал добро од зло ,ако не ја знае разликата го праќаат во душевната болница-затвор во Демир Хисар ,ако бил свесен дека прави злодело-воовој случај убива ,ќорката и ајт.
Така постапија адвокатите на Фрицл ,сакаа да го извадат на таа карта-не разликувал демек добро од зло..т.е. мислел дека со тортурата уствари прави добро дело.
 
D

DartWader

Гостин
Прво, типот е инспириран од лик од руската книжевност. Тоа му доаѓа исток, не запад. Што значи нема вестернификација овде.
Второ, ниту Европа ниту Америка не се криви што се раѓаат луѓе со психички проблеми.
Тоа е дело на природата и никој не може да одговара за постапките на таковиот (не)човек, освен самиот тој. __________________
Осомничениот сериски убиец Виктор Карамарков (28), во неговата населба Ѓорче Петров 2 за соседите од поодамна е познат под прекар од хоророт „Candyman“- Шеќерко .„Да, многу добро го познавам Виктор или како што уште го викаме „Шеќерко“, по некој си стар хорор филм кој како што велат децата му бил омилен“, вели еден постар сосед на семејството Карамарков.

Нема ништо од запад ????:tv:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Симптоматично е што свесно ги избирал жртвите. Стари, осамени жени, под претпоставка дека имаат некоја заштеда или поголема количина накит. Значи во никој случај не може неговата одбрана да се вади на тоа дека е неспособен за сторување кривично дело, т.е дека е непресметлив. Иако сметам дека пред се неговата одбрана ќе се обиде да издејствува некакво олеснување, намалување на евентуалната доживотна казна, мислам дека нема да им успее.
Во кривичното право има еден институт- Actio libera in causa, кој всушност значи дека сторителот е виновен и покрај тоа што може и сам да се доведе во состојба на непресметливост. Што значи, и да бил издрогиран при вршење на убиствата, пак ќе биде способен за казнување бидејќи сам се довел во таква остојба со цел да изврши убиство.
Штета, али така на крај секогаш излегуваат јаките фрустрации од минатото.

Kaко и да му е името, нема кредибилитет. Врз која основа дедукцијава? Без технологијата и потребните алатки? Ако се повикуваме на слични глупости од толку назад, да веруваме и дека земјата е рамна, да ги палиме сите со епилепсија мислејќи дека се вештерки.

Као докажано дека е болен а сака да го убива. How can you sleep at night?
Да де, напутена е таа теза, но била порано валидна, сепак убиство си е убиство, дали е сторено пред 300 год. или денес. Ете ти го мојот нов пост прочитај го, има за овој психово. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom