Виктор Карамарков од Скопје е серискиот убиец - бројот на убиени сеуште непознат!

Статус
Затворена за нови мислења.

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Еј, прво не ми мешај политика. Ниту една партија не е крива за изопаченоста на човечкиот ум.
Од никој не треба да се бара отчет. Злоделата се извршени, невини животи се одземени.
И без разлика што секој човек има различен начин на вентилирање на проблемите и фрустрациите, никој од страна не е виновен за да биде убиен.
За среќа моја, не сум насилен за да претепувам луѓе на улица, или пак не сум се нашол во ситуација за да ме претепаат. Тоа не го менува фактот дека чинот како чин е дивјачко однесување, било тоа претепување или не дај боже убивање.
Многу луѓе умираат од тие проблеми, ама само оние со забегана психа ќе фатат секира за да си олеснат.
Поубаво у глава да си ја збрцал сам, отколку да мавне по невини. 70 годишна старица која си дочекала семејство и пензија не е должна да одговара за нечиј неуспех.
А за ваквите постапки си постојат казни. Според мене, смртната е единствено решение за овие како него.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

А кој мислиш дека е крив за изопаченоста на човечкиот ум? Дедо Мраз? Тажниот кловн, баба рога или старо купуем? Системот е крив, односно политичката партија. Зошто во модерна америка има најмногу вакви случки, зашто системот (партијата) е репресивна и делува убиствено по човечката психа.

И кој си па ти, или било кој друг да даде суд или да каже сигурно зошто типов ги убил сите тие луѓе. Сите светски закони овие луѓе ги ослободуваат всушност, ги ставаат во лудница и потоа државата се грижи за нив, бидејќи и самата не успеала да ги изведе на правиот пат. Некој мора да сноси одговорност, точно, но тоа што човекот не може да расудува како и сите ние не го прави кирв, го прави само различен.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Болните луѓе треба да се лечат.

Не стреламе болни од свински грип, нема да стреламе ни по болни у умот, без оглед што се убијци.

Разните карамарковци се производ на FAIL ДЕНЕШНИЦАВА, ОПШТЕСТВОТО, немоќта на социјалниот систем, треба да се супраат во некоја институција, а не да се бесат, во меѓувреме, државата и народот треба да си клаат прсто на умо и да продумаат кај е утнато та вакви грозоморија ни се случуваат и да преземат мерки за да се сузбие сево ова никаквило.

П.С. Гладиус, ВикторГГ, без меѓусебно препукување и директни чет муабети.
 
Тебе дома никој не ти дошол од партија да ти чепка во семејните односи, како ниту пак што дошол некој да ти пробуричка во мозокот и да ти пореоемти нешто. Докажано е дека убијците (посебно овие сериските) имаат пореметување кое потекнува уште од самото раѓање.
Јас кажав што е мое мислење, и не реков дека тоа треба да се прифати како точно.
Тука ќе те прашам јас тебе, па кој си ти да кажуваш дека партиите го прават психопатот она што е?
И не мешајте политика со болести.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Болните луѓе треба да се лечат.

Не стреламе болни од свински грип, нема да стреламе ни по болни у умот, без оглед што се убијци.

Разните карамарковци се производ на FAIL ДЕНЕШНИЦАВА, ОПШТЕСТВОТО, немоќта на социјалниот систем, треба да се супраат во некоја институција, а не да се бесат, во меѓувреме, државата и народот треба да си клаат прсто на умо и да продумаат кај е утнато та вакви грозоморија ни се случуваат и да преземат мерки за да се сузбие сево ова никаквило.

П.С. Гладиус, ВикторГГ, без меѓусебно препукување и директни чет муабети.
Ајде болдот!
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да ти беше Виктор брат ќе му ја исечеше главата, џелату?
Јас не. Знам дека немаше да ми биде сеедно затоа што ќе ми беше брат.
Меѓутоа you get what you deserve. Ако се донесе закон за смртна казна, нема јас што да се бунам. Кој пак мене ќе ме праша тогаш.
Затворска казна од 20 години не е решение за убиство. Токму тоа на некој начин дава сила. Не дека ако има смртна казна психопати нема да постојат, ама сепак бројот сигурно ќе се намали.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
темата не е дали да се воведе или не смртна казна, ниту пак дали после 20 години робија е фер или не и дали е доживотната казна решение или не, туку е друго, плиз гоу бек то ит!
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Јас не. Знам дека немаше да ми биде сеедно затоа што ќе ми беше брат.
Меѓутоа you get what you deserve. Ако се донесе закон за смртна казна, нема јас што да се бунам. Кој пак мене ќе ме праша тогаш.
Затворска казна од 20 години не е решение за убиство. Токму тоа на некој начин дава сила. Не дека ако има смртна казна психопати нема да постојат, ама сепак бројот сигурно ќе се намали.
Пред некое време на Дискавери имаше епизода од серијалот за "луѓе кои биле киднапирани во други земји" -човеков беше киднапиран од една екстремистика исламска фракција.. да не ја објаснувам причата.. беше 13 дена во заложништво се спремаа утредента да го убијат..
член од групата-преведувачот му помогна да избега од островот.. киднапираниов Британец целиот збунет го прашува "Зошто ми помогна и зошто го ризикуваше животот за мене-комплетен странец?" а овој му одговори
"Верувам дека сите луѓе на светов сме браќа деца на еден Бог".

Ако луѓето околу себе ги гледаме како странци некрвно сврзани со нас тогаш сме навистина за жалење.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Пред некое време на Дискавери имаше епизода од серијалот за "луѓе кои биле киднапирани во други земји" -човеков беше киднапиран од една екстремистика исламска фракција.. да не ја објаснувам причата.. беше 13 дена во заложништво и се спремаа утредента да го убијат..
член од групата-преведувачот му помогна да избега од островот.. киднапираниов Британец целиот збунет го прашува "Зошто ми помогна и зошто го ризикуваше животот за мене-комплетен странец?" а овој му одговори
"Верувам дека сите сме браќа деца на еден Бог".

Ако луѓето околу себе ги гледаме како странци некрвно сврзани со нас тогаш сме навистина за жалење.
Кажи му го тоа на оној кој веќе убил.
Поентата ми е дека навистина е жално млад ум да пропадне само затоа што имал семејни проблеми кои ете можеби биле резултат на промените во општеството.
Меѓутоа, постапките не му се правдаат. Не може некој да се оправда дека убивал затоа што бил исфрустриран од минатото.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Јасно.
Значи доволно е некој во полициска станица да го признае делото, и после МВР да достави до медиумите твое цело име и твоја фотографија за потоа истите да ја донесат пресудата. Виктор Карамарков е серискиот убиец!
Нема судија, нема докази, нема ништо. Имаме изјава и новини.

Да се разбереме... најмалку што правам е да бранам некого, бил или не бил сериски убиец. Целава фарса со правдата во земјава ме иритира.
Same here.Дечково може стварно е сериски убиец,но едно признавање не е доволен доказ дека тој е убиецот.Сведоци сме какви местенки има во денешно време,од каде ќе знаеме дали не е принуден да признае нешто такво?Може некој му се заканува,или принуден е од х причини да признае нечие злосторство!Не зборам конкретно за овој случај туку општо,само оваа тема ми се најде овде да се искажам:smir:

Дечково очигледно пати од некој социопатски синдром па извршил вакви злосторства.Во сета несреќа пак,добро што се водел по Злосторство и казна,а не по некоја друга каде жртви се децата :)
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Кажи му го тоа на оној кој веќе убил.
Поентата ми е дека навистина е жално млад ум да пропадне само затоа што имал семејни проблеми кои ете можеби биле резултат на промените во општеството.
Меѓутоа, постапките не му се правдаат. Не може некој да се оправда дека убивал затоа што бил исфрустриран од минатото.
Виктор ќе го плати долгот ќе ја издржи казната што ќе му биде препишана.

Треба да се осудат лошите постапки но не е и да се мрази самиот човек зошто тој е Божја креација неговиот живот вреди милјарда пати повеќе од нашиот.
Отприлика тоа би била равенката на Љубовта која ретко кој на планетава ја разбира и применува.
Да се осуди некој и презре за неговиот злостор е лесно не треба многу напор и ум но да се прости тоа е веќе нешто друго.

Во Љубовта нема математика,не се прави прорачун дали личноста има капацитет да се смени тоест дали се исплати да и дадеме шанса.
Затоа е Најголема.
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Убивал според Романот Злосторство и Казна од Достоевски, само требаше да ја продолжи книгата и самиот да се предаде, во секој случај станува збор да интелегентна но пореметена личност
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Не е решение само тој да се стави на клада, има могу пред него што треба да одат на групно бесење на плоштад.

Првин на листата е мајка му која е носечка во неговиот развој заедно и како единка во општество, нека не кажува дека не го малтретирала, кога тоа, кога бил 18 години не го тепала така? Не е воспитување во стапот ( доволно го "воспитала"). После мајката следуваат сите тие што не ја подготвиле нејзе дека не е лесно да се биде самохрана мајка и дека не треба да се продава за да го издржува,(зошто очигледно е дека таа не е била свесна за ништо и што значи да бидеш родител). Понатаму следуваат сите жени на мажите што оделе со нејзе зошто незнаеле ниту еден маж да задоволат ко што треба па имал потреби од други на страни да плаќа. На листата се сите наставници, професори што не успеале да приметат ништо кај тоа дете кое веќе било со нарушено ментално здравје.

Листата можеме да ја обликуваме и надополнуваме по желба, но ако одиме на отстранување на монструмите во општеството, треба да ја отстранеме целата цивилизација, зошто зачетокот на проблемот кај него и кај сите ко него не е зошто тој трипал од дрогата, не е ни златото причина.
Сакате да го обесат? Нека го. Само тоа ќе реши проблемот? Ќе биде навистина поука за сите? За кои сите, за родителите и општеството или за кого?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom