Јас и кафето- е тоа е страст која никогаш нема да испари. Во кафето има цела поезија, некогаш не си го погодил, некогаш самото кафе не е добро, некогаш не си го погодил моментот за пиење, некогаш премноогу ладно го пиеш а некогаш ќе се изгориш, прав љубовник.
Кога пијам кафе а во позадина добро музиче или добро друштво се ми е ок. А уште си ги барам шољите за кафе на мојот живот.
А штета што во Скопјево ретко на кое место прават стварно добро кафе.