Прво, и ова само сакам да го споменам, не знам каде гледаш фалење. Она што ме прашаа, тоа си кажав. Сигурна сум дека секој праи нешто што другите не праат, па што? Не глеам којзнае што посебно во тоа.
Сега, кога веќе зборуваме и за темата...
Wicca е исто што и вештерка. Само што вештерки биле нарекувани тие жени и мажи тогаш, Wicca се нарекувани денес. Нема ама баш НИКАКВА разлика.
Ова мислев дека веќе го напишав, но еве го пак. Во среден век, под обвинение дека се вештерки/вештери биле убивани многу луѓе кои едноставно не им се допаѓале на власта или на народот околу кој живееле. Законски не можеле да им направат ништо, па вештерството го користеле само како изговор. Многумина од нив никогаш не ни имале допир со вештерство.
И не, вештерка не значи вешта жена. Така е зборот кај нас, и можеби кај нас го добил значењето од тие два збора, но не е така во било кој друг јазик. И ова мислам дека го напишав порано, но некои од највлијателните и најголемите Wicci, односно вештери во случајов, биле МАЖИ. Уште од постари времиња. Така да, ако веќе сакате да читате за вештерство/Wicca побарајте некоја книга како Maiden Moon, а не Феминизам за Почетници. Ќе научите многу повеќе баш за она што го барате.
И последно, немало посебни направи за мачење вештерки. Вештерките биле палени на клада, бидејќи било верување дека така прво се пали нивниот зол дух, а потоа им умира телото, и сето тоа им е простено на оние кои го извршуваат. Ако убиеле вештер/вештерка на друг начин, злиот дух ќе останел таму. Така верувале луѓето тогаш, така да...
И тоа.