Се надевав дека пред да почнете да пишувате, би прочитале барем малце. Не знам од кај ги извадивте дефинициите за вештерки, али како Wicca осеќам должност да ви објаснам малце поубаво.
Прво, ќе ви кажам нешто за историјата на вештерството, подобро познато како Старата Традиција, кај оние кои всушност го практикуваат истото. Кога Империјата почнала да ја завладува Европа, почнала да го шири Христијанството насекаде низ неа. Христијанството, како и да е, било дел само од богатите и видните фамилии - оние кои имале пари да платат за крштевки, да поканат свештеник во новокупената куќа и слично. За останатите маси, останала онаа стара религија која ја имале пред тоа, нешто слично на грчките верувања.
Полека, ова почнало да се развива. Во она што припадниците на Старата Традиција го нарекуваат, темните времиња, Христијаните, предводени од своите свештеници, кои сфатиле дека таа сеуште постои и тоа многу, почнале да веруваат дека сите кои не практикувале Христијанство се всушност пагани и треба да бидат уништени. Тука почнало палењето на клада и слично, при што многу невини луѓе биле исто така погубени.
Е сега, некаде во 1800тите, Gardner, кој се смета за татко на Старата Традиција, оформил група од истомисленици, coven, со која започнале, не да ја шират нивната религија, туку едноставно, да ја практикуваат сами за себе. Напишале и книга, наречена Book of Shadows, која и други групи како нив почнале да ја користат. Тоа всушност било книга за начините на кои се практикува вештерството, нештата во кои се верува, и слично.
Бидејќи оваа религија била многу поврзана со природата, во хипи-времињата таа почнала на големо да се прифаќа низ целиот свет. Оние кои и припаѓале, започнале за себе и за религијата да го користат терминот Wicca, за да се ослободат од стереотипите кои доаѓаат со зборот вештер и вештерка.
Значи, прво и основно, Wicca е религија!!! Има Бог и Божица во кои се верува, иако некои насоки (има повеќе насоки, односно подрелигии, наречени традиции) ја обожуваат само Божицата. Богот е Сонцето, а Божицата е месечината, таа е онаа која ја заживува природата, и се грижи за истата. Во Wicca, природата е дел од нас и ние сме дел од природата. Тоа е многу многу битен детал! Постојат повеќе насочувања, но нема правила - главното насочување е, дека може да се прави БИЛО ШТО све додека не се повредуваат другите!
Wicca не е само магија. Wicca е верување, односно религија. Wicca има и обичаи, и обреди, исто како и било која религија, но е многу послободна, бидејќи е поотворена - можат да се направат било какви комбинации. Wicca може да се практикува било каде, нема особен храм или место, и Wicca може секој да ја практикува на различен начин. Има осум големи празника, а и Wicca има нова година - на 31 Октомври. Се нарекува Самхаи, и вечерта се прави глува вечера, кога се поставува маса, за живите и за мртвите, и се јаде во тишина, за еден последен пат заедно. За обично практикување на Wicca, потребен е само еден олтар. Олтарот обично се наоѓа во куќата на една/еден Wicca, и може да седи таму цело време, или пак да се мести по потреба. Се состои од две свеќи, за Богот и за Божицата, Wicca нож, чаша со вода, и малку земја - за да има оган, вода, земја и воздух. Олтарот мора да стои на север, и до него се пристапува од северната страна.
Е сега, за магијата. За било која магија, треба едноставно многу верба. Wicca ја користи магијата на поинаков начин од кои замислувате - повеќе како медитација и практикување на религијата. Потребно е многу учење за да почне да се користи магијата - не може само да се постави олтарот како што пишува во некоја книга и да се прочитаат зборовите. Мора да се сфатат истите, па тогаш, може една/еден Wicca и сам/а да си напише магија. Повторно, со магија може да се прави све, све додека не се повредува или не се влијае на некој друг!
За повеќето припадници на Wicca, добар почеток за магијата е медитација и вежбање на поместување на тела само со користење на енергијата во воздухот и со нашата енергија. Учењето на ова е тежок и долг процес, но се стигнува таму.
Не секоја Wicca користи магија. Тоа не е и целата поента на Wicca, иако е голем дел од неа.
Значи, вештерки постојат! И вештери!... Повеќето не личат на маќеата од Снежана и не можат да направат магија со мрдање на носот ко Никол Кидман у филмот, но вештерки постојат! Повеќето од нив не се занимаваат со црна магија, не затоа што не сакаат (има такви што сакаат) туку затоа што тоа е многу многу многу работа, и многу многу многу емоции. Како и да е, битен факт, вештерството не е ни малку поврзано со Сатана или било што слично. Вештерството има Бог и Божица, или само Божица, и дури и оние кои користат црна магија, сеуште ја користат истата палејќи свеќи за нив, а не за Сатана или којзнае што.
Значи, неколку забелешки за она што го напишавте пред ова -
cyberlady - Вештерките не се моќни жени што комуницираат со светец или ѓавол! Вештерките се мажи и жени што комуницираат со природата. Единствено нешто со кое може да искомуницираат, освен природата, се Богот и Божицата, и тоа далеку од тоа дека можат да направат муабет со нив.
darkos85 - Вештерство не се вика вештерство ради вештина. Вештерството го добило своето основно име од латински збор што значи Стара Традиција. Тоа е све. Вештерството не е вештина, туку верување.
Acid - злобни жени и мажи кои се занимаваат со хемија, отрови, жаби, пајаци и змиски отров може постојат, но тие не се вештерки ни нешто блиску до тоа. Прво, вештерките воопшто не користат змиски отров, второ, многу малку од нив се злобни.
А, да... И заборавете на метлите! Никој нема да полета со метла без разлика на све! Вештерките се нормални луѓе кои поминуваат покрај вас секој ден и никад не би ни помислиле дека се вештерки. Не верувајте во она што сте го виделе во Снежана, во Charmed или Bewitched. Ако више барате нешто слично на она што вистински постои во Wicca, или ѕирнете што се дешава во книги (како Maiden Moon), или барем погледнете ја приказната за Willow и Tara во Buffy the Vampire Slayer. Можеби е глупава серијата, али најблизок пристап до она што навистина се нарекува Wicca.
Ако имате прашања, слободно!