Ветеринарно катче

Член од
3 април 2011
Мислења
31
Поени од реакции
2
ве молам за помош било каква.
сабајле во незгода моето 2месечно маче со нога беше прегазено од комшијата(ненамерно) она само се пика под нозе. мачево почна неприродно да мрда без да испушта глас, истече малце крв од уста. нешто како епилептични напади добиваеше. го однесов на доктор му даде вештачка храна и лек за нерви за да се смири и ми рече да го оставам да се одмара во темно. вика ако нема скршеница ке преживее. ве молам за било каква инф , совет , или мислење што би било. инаку мачето сега одмара и цело време менува положба но очите му се затворини бидејки е под лекови и забрзано дише. ве молам за помош. благодарам однапред
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285

Чим ти рекле да го чуваш во темно, ондак ваљда претпоставуваат потрес на мозок. Но крварењето од уста ме загрижува, ако има потрес, по правило треба да крвари од нос. Кај го прегази? На стомак ли? На глава? Повеќе инфо...
--- надополнето: 31 мај 2012 во 15:21 ---
Хмммм, прв пат слушам ова, цел живот чувам кучиња, сум вадела и легла ама прв пат сум ги процистувала дури после 40 дена, па фала богу здрави, прави и се било во најдобар ред.
И јас сум ги прочистувала, на месец, месец и пол. Ова на 15 дена.... не знам кој би можел да го препорача. Не само што е беспотребно, туку е и нелогично.
 
Член од
3 април 2011
Мислења
31
Поени од реакции
2
Чим ти рекле да го чуваш во темно, ондак ваљда претпоставуваат потрес на мозок. Но крварењето од уста ме загрижува, ако има потрес, по правило треба да крвари од нос. Кај го прегази? На стомак ли? На глава? Повеќе инфо...
Па на главчето едноставно секунда беше. Човеков поминуваше ова рипаше по нозе и го прегази, он не ни го виде и мачево ни глас не пушти. Јас се тешам дека си го каснало јазичето па затоа имаше крф. Инаку сега збрзано дише, не верувам дека има скршеница. Бидејки бегаше од светлина додека го носев на лекар не приметив дали и од нос крвареше. Е сега приметив дека и на газето во тој момент му истече малце крв но сега нема ништо. леле помагај
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Шо да помагам, ете си бил на вет. Тоа дека од газето имало крв, ти е исто доказ дека и на мешето било згазено, нема од што друго да има крв освен ако не пробало да се лиже на газето па така да ја пренело крвта. Ќе го оставиш да мирува, и не знам дал ти кажаа на вет, ќе земеш една коцка мраз, ќе ја заврзиш во некоја не премногу дебела ткаенина и ќе му ја ставаш по минутка две на челото, односно над носето. Тоа прави го на пола саат- саат. И внимавај со тоа седативи чуда и врагови, тоа е малечко, можеш проблем да направиш. Можам да ти препорачам да му даваш потечна храна, по можност јогурт, за да му се смири стомачето и да му се изрегулира столицата, а воедно и јогуртот е богат со калциум, па ќе му помогне побрзо да зазадрави.
Забрзаното дишење е поради болките, а можеби и му е премногу топло во просторијата кај што си го ставил/а, внимавај да биде поладно и потемно.
 
L

Lu

Гостин
Па затоа реков да прашам за различни мислења од искусни одгледувачи дали е подобро да се делува превентивно порано,иако знам после 40 дена дека се прочистуваат, фала поздрав.
Првото прочистување се прави на 1 месечна возраст.
Прочисти ги кутрињата со апче, во зависност од производителот најчесто 1 апче се дозира на 10 кила телесна тежина ... па ако кутрињата се од расата Мопс (бидејќи гледам на аватарот имаш Мопсови) треба на кутрињата да има дадеш сосема мала ронка од апчето.
 
Член од
15 август 2006
Мислења
18
Поени од реакции
2
mackata mi se poboli ne sakase ni da jade ni da pie voda ja odnesovme na veterinar i i dadoa infuzija i sega samo lezi cudno mjauka i brzo dise dali se toa dobro ako moze pobrzo odgovor
 
L

Ligeia

Гостин
mackata mi se poboli ne sakase ni da jade ni da pie voda ja odnesovme na veterinar i i dadoa infuzija i sega samo lezi cudno mjauka i brzo dise dali se toa dobro ako moze pobrzo odgovor
Жешко му е.Без паника.Ако нема други посериозни симптоми како повраќање,течење крв од носот или дијареа веројатно само дехидрирало од жештината.
 
Член од
15 август 2006
Мислења
18
Поени од реакции
2
Sve sve samo vo Struga macainja i kucinja na veterinar ne!
Pojma nemaat glupavi stvorenja.
 
Член од
4 август 2009
Мислења
75
Поени од реакции
3
Може некој да ми објасни како се користи Неопитроидот ?? и дали ке помогне за остранување крлежи ???
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Може некој да ми објасни како се користи Неопитроидот ?? и дали ке помогне за остранување крлежи ???
Се попрскува кучето со нопитроид,и после мислам дека се банња,ама ен сум нај сигурен :)
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Може некој да ми објасни како се користи Неопитроидот ?? и дали ке помогне за остранување крлежи ???
Ќе помогне но не во таа мера како што тоа ефикасно го прави соодветна ампула за кучето. Јас имам користено, се попрскува и се распространува низ кучето. Најубаво првин со ампула да се исчисти и одкога ќе помине дејството на ампулата да се искористи неопитроидот како против мера да не закачи, воедно помага и за буви и такви гадинки.
 
Член од
4 август 2009
Мислења
75
Поени од реакции
3
Ќе помогне но не во таа мера како што тоа ефикасно го прави соодветна ампула за кучето. Јас имам користено, се попрскува и се распространува низ кучето. Најубаво првин со ампула да се исчисти и одкога ќе помине дејството на ампулата да се искористи неопитроидот како против мера да не закачи, воедно помага и за буви и такви гадинки.
Фала :)
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.121
Поени од реакции
9.746
Е па вака.....кучето од сабајле ни јади ни пие. А веќе извесно време лежи омалаксано и не можи да стани. Пред некоја година со друго куче ми се случи истото ова па кучето ми умре. Тоа што сакам да прашам е......дали е можно да е отруено? Односно веројатно е ама ајде....:place:
 
Кај го чуваш, дома или надвор?
Ако е отруено, ќе заприметиш знаци на грчење на мускули, може и пена да појави на уста. Тоа значи, ако мислиш дека е затруено идење на вет одма и ќе му го исперат желудникот.
Поверодостојно мене ми е, да е дехидрирано, ако го чуваш надвор, или да има добиено сончаница. Лади го со мраз во пределот на главата, особено на носот на горната страна, не на ноздрите. Стави го во поладна просторија, ако го чуваш дома, а ако го чуваш надвор, изолирај му ја куќичката од горештиниве, бар за тоа има милион начини. Гледај да има обезбедено цело време вода, можеш и почесто да му ја менуваш за да му биде ладна. Обавезно изолирана куќичка, дал под сенка, дал со добра изолација. Можеш и со мраз да го премачкуваш по устата, да не отиде скроз. Најчесто дехидрација се јавува кога телото губи повеќе течности отколку што внесува. Најчеста причина за тоа е повраќање или пак дијареа. А најбрзиот начин за дехидрација е топлотниот удар, кој што мора да го лечи ветеринар.
 
Можно е....баш сега тоа си мислев. Овие ненормалните го оставиле врзано надвор на сонцето па сосема е возможно да се работи за такво нешто. Во секој случај фала ќе видам како ќе оди работата
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 21:20 ---
И уште неколку прашања имам. :) Најдов лепче во најлонче кое кучето не го изело а е наше (мислам од дома) е сега дали му дале уште некое така со најлонче не знам пошто никој не признава (нормално кој сака вината да ја превземи). Лично не верувам дека тоа е проблем пошто ќе го исфрлеше досега а и не е толку "глупаво" да изеди лепче во најлонче.
Ме интересира дали е можно некој да му дал лепче или нешто со некој тељ внатре или некоја жица, карфица итн итн. Со соседите сме во крајно лоши односи па не би ме чудело ништо. Само еднаш пробав и јас да ликвидирам така едно куче па безуспешно заврши обидот. Сакам сите опции да ги имам во предвид. Сепак да се надеваме дека е од сонцето пошто во спротивно ќе "летаат глави".
П.С ти си нешто ветеринар, студираш или??? Гледам доста познавања имаш (y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom