Вести од светот на модата

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Pussycat Dolls ја промовираа нивната колекција надолна облека

Познатата музичка група Pussycat Dolls одлучиле да го капитализираат своето име потпишувајќи се на линија долна облека која ја креирала основачката на нивната група Robin Antin. Сексипилните пејачки оваа долна облека ќе ја промовираат на нивната најнова турнеја.














 
Член од
14 април 2007
Мислења
793
Поени од реакции
6
pa mislam deka ova treba tuka da stoi:)
konecno e izmisleno olesnuvanje za zenskite sto ne znaat dobro da se sminkaat i koj sekogas docnat za iskacanje zosto im treba podolgo vreme da se nasminkaat (kako na mene). izmisleni se lepenki koj ima senka na niv i samo se lepat za ocniot kapak i gotovo e so stavanje na senka:))

http://www.coloronpro.com/instant-makeup-pack5.html
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Почина Ив Сен Лоран



Познатиот моден креатор Ив Сен Лоран, една од најистакнатите фигури во светот на модата, почина во неделата во Париз на 71-годишна возраст, по долго боледување, јавија агенциите.

Ив Сен Лоран, роден во Оран, во Алжир, во 1936 година, како 17-годишно момче ја освои првата награда на конкурсот на Меѓународниот секретаријат за волна. Набрзо се вработува кај познатиот француски дизајнер Кристијан Диор, а веќе со наполнети 21 година, во 1957 година кога Диор почина, е избран за негов наследник.

На почетокот на 60-тите години од минатиот век ја основа сопствената куќа за висока мода.

Ив Сен Лоран е признат како првиот дизајнер кој во 1966 година го лансираше модерниот концепт на луксузна женска конфекција, во колекциите под називот „Лев брег“, како првиот чекор кон производството на луксузна стока наменета за поширокиот пазар.

Големиот креатор, нападнат од болеста, во 2002 година се повлече од јавниот живот, а неговата модна марка сега е во сопственост на француската компанија ППР.
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Наоми Кемпбел нападнала полицаец

Супермоделот Наоми Кемпбел била обвинета дека на аеродромот Хитроу нападнала службено лице - полицаец, изјавило денеска британското обвинителство.

37 годишната Наоми Кемпбел идниот месец треба да се појави пред лондонскиот суд, а обвинителот ја обвинува за пет кривични дела поврзани со минатомесечниот инцидент.

Наоми била уапсена со лисици и била извадена од авионот на новиот Терминал 5 на Хитроу поради тоа што направила скандал говорејќи погрдни зборови на посадата на авионот. Инцидентот се случил поради тоа што и исчезнала една ташна. Манекенката не престанала со својата хистерија и наводно удрила полицаец.

Кемпбел е позната по тоа дека физичи се пресметува со своите помошници и службеници. Доколку биде осудена би можела да добие до шест месеци затвор и максимална казна од 5.000 фунти.

 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Супермоделот Руслана Коршунова се самоуби

Преубавиот модел се фрлил од деветиот кат од својот апартман во Менхетен


Само еден ден пред својот 21 роденден, казакстанскиот модел си го одзел животот, засега од непознати причини.

- Не се забележани никакви траги на насилство во еднособниот апартман во кој живеела сама – изјавила полицијата за Њујорк Пост, но истрагата сеуште е во тек.

Зеленооката убавица била на насловните страни на „Вог“, „ЕЛ“, а работела и за познатите модни дизајнери Дода Карен, Марк Џејкоб, Кристијан Диор.

http://img240.imageshack.us/img240/1408/ruslanakorshunova10bo0.jpg
http://img.photobucket.com/albums/v293/foxglove_icons/model/5.jpg
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Pharrell ги отстранува тетоважите

Продуцентот Pharrell Williams, фронтменот на NERD, изјави дека испробува нова техника на отстранување на трајните тетоважи со ставање на нова кожа врз стариот боди арт.
„- Во главно е како да добиваш трансплантација на кожа, само што не ја земаш од газот или нозете. Тие дури ја „одгледуваат’’ кожата за тебе’’ - објаснува тој.
А за цената, изјавува: „-Ќе биди малку „солено’’, но сепак вреди. Имам оган на рацете, не оди веќе, сега сум возрасен човек.’’
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Се самоуби Руслана Коршунова

Казахстанката, позната по насловните страници на многу магазини, меѓу кои и Вог, вчера падна од својот стан, на деветтиот кат на една зграда на Менхетн. Најверојатно станува збор за самоубиство, а полицијата се‘ уште го истражува случајот.

20-годишната манекенка Руслана Коршунова почина во саботата околу 14 часот, откако паднала од зградата во Вотер Стрит во финансискиот кварт на Менхетен, објавија американските медиуми.

Тие цитираа неименувани полициски извори кои наведуваат дека во станот немало знаци на борба, па се претпоставува дека станува збор за самоубиство.
Засега не е познато ни дали во станот била пронајдена проштална порака. Истрагата е се уште во тек.
Нејзината агенција ИМГ не сакаше да ја коментира трагичната смрт на својата манекенка.


„Беше многу мила личност, секогаш се смееше. Никогаш ја немам видено разочарана“, рече Махмуд Накеб, портирот на зградата во која живеела Руслана. Тој додаде и дека во станот се вратила видно расположена околу 5 часот утрото.

Руслана има настапувано на ревиите на познати дизајнери, меѓу кои Марк Џејкобс, Нина Ричи и други. Британскиот Вог во 2005 година ја прогласи за „лице што возбудува“.
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Заговор:Коршунова убиена од мафијата

Самоубиството на 20-годишната манекенка Руслана Коршунова предизвика лавина од теории на заговор. Се шпекулира дека прекрасната Казахтанка била жртва на мафијата.

Њујоршкиот моден магазин BlackBook објави дека одредени луѓе од модната индустрија тврдат дека Руслана премногу сакала да прекине со работата како модел, меѓутоа тоа не и го дозволувала париско-њујоршко-московската мафија која ги контролира тинејџерските модели.


Во една од теориите на заговор, со смртта на Коршунова се поврзува и рускиот енергетски гигант – Газпром. Се наведува дека манекенките, воглавно од источна Европа биле ескорт девојки на челниците од оваа корпорација.

Дека Коршунова се самоубила не веруваат ни нејзините бројни пријатели. Сепак полицијата наведува дека во нејзиниот стан нема траги на провала или борба, така што се укажува на самоубиство.


Коршунова во саботата вечерта се фрли од својот стан на деветти спрат. По падот преку неа поминале два автомобили. Обдукцијата покажа дека причина за смртта се тешки внатрешни повреди здобиени од падот.


Руслана неколку месеци пред смртта на разни интернет форуми пишувала дека е изгубена и дека не знае дали некогаш ќе се пронајде, но во некои моменти за себе пишувала дека е кучка и вештерка. Во една порака напишала и дека „сонува да лета“.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Наградата за најдобра фризура на годината која што ја доделува магазинот In Touch Weekly ја доби музичката ѕвезда Ријана. Нејзината боб фризура го врати овој вид на шишање повторно во мода.

Меѓу топ 5 се најде и фризурата на Џенифер Анистон - иако и е истата веќе 12 години. Од останатите на топ 5 се најдоa Гвинет Палтроу, американската глумица и пејачка Ванеса Худгенс и австралијката Исла Фишер.



Од петтото до десеттото место на оваа листа се најдоа Кејт Холмс, Жизел, Чарлиз Терон, Викторија Бекам и Кејт Хадсон.



1.


2.



3.


4.


5.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
[/IMG] vanityfair.jpg
Sporeed magazinot Vanity Fair najdobro obleceni zeni se:
Ivanka Trump
Michelle Obama,soprugata na kandidatot za pretsedatel na SAD Barack Obama
Carla Bruni-Sarkozy
Kate Middleton,devojkata na princot William
Sarah Jessica Parker
Fran Lebowitz, Americanska avtorka
Iris Apfel
Tilda Swinton, akterka
Evelyn Lauder, fotografka
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Victoria Secret за ''JQ"

Најплатените модели во светот Хајди Клум, Адријана Лима, Каролина Куркова ќе ја красат насловната страница на септемврискиот број на JQ, а со тоа атрактивните убавици на реномираниот бренд ќе ја презентираат новата колекција со животински принтови.












 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Првата дама на Франција е прогласена за најдобро облечена жена за изминатата година.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Дубаи гради остров на модата

Дубаи гради остров на модата

Можеби најлуксузниот град на светот Дубаи, наскоро во комплексот на вештачки острови The World ќе додаде и едно ново, во потполност посветено на модата.

На островот ќе бидат изградени вили тематски посветени на одредени модни правци, бутици на најпознатите светски креатори и модни куќи, а на богататите луѓе од целиот свет ќе им бидат на располагање и стрчњаци кои ке држат курсеви за историјата на модата и ќе даваат совети за подобар изглед.

Една цела четврт на модниот рај, кој ќе се вика Isla Moda, предвидена е само за гламурозни ноќни клубови.

Се очекува дека Isla Moda ќе стане центар на модната индустрија, која ќе ја обедини светската дизајнерска елита, бидејќи на островот, покрај луксузните одмаралишта, ќе бидат изградени и студија со идеални услови за работа на модните магнати. Во склад со тоа осмислен е и статусот на VVIP - Very Very Important Person, koj ќе овозможува пристап до најексклузивните модни случувања.

Изградбата започнува оваа година, а ако се оди по планот, вљубениците во модата ќе добијат идеално место за живеење.

 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Мадона го одбра ,,Живанши" за својата турнеја

Необично и револуционерно. Ова е пораката на дизајнерот Рикардо Тици кој ќе ја облече Мадона за нејзината турнеја „Sticky and Sweet“.

Поп - иконата го одбра брендот Живанши како најсоодветен за нејзиниот стајлинг, а понудените креации ги опфаќаат речиси сите развојни фази на „материјалната девојка“.
Taa се пресоблече дури осум пати во костими на „Живанши“.


еве фотографии од првиот концерт во Кардиф:






 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Алесандра Амбросио роди ќерка


„Ангелот“ на Викторија сикрет, 27-годишниот супермодел Алесандра Амбросио во родниот Бразил роди девојче.

- Сакаме да ги информираме сите наши роднини и пријатели дека малата Ања Луиз Амбросио Мазур се роди на 24 август во 7 часот и 32 минути наутро, изјави Алесандра.

Таа додаде дека кога се родило девојчето заедно со сопругот бизнисменот Џејми Мазур почувствувале многу силна љубов за која не знаеле ниту дека постои.

Алесандра и Мазур се веќе три години во врска.

После бременоста и породувањето, Амбросио изрази желба да се види на ревијата за долна облека на Викторија сикрет оваа година во Њујорк.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom