Вести од светот на модата

Ч

Чек Он Ит

Гостин
Ја сакаат Никол Кидман во „Плејбој”



Хју Хефнер, сопственикот на најпознатиот машко списание во светот "PlayBoy", ја наговара славната актерка Никол Кидман да позира разголена за "пристоен" хонорар. Загреаниот дедо Хефнер кој што има 80 години, изјави дека уште пред седум години Кидман...

...го маѓепсала кога ја видел без облека во претставата "Сината соба", кога критичарите нејзиниот настап го коментирале како "театарска Вијагра".

Тој фантазира да ја сними Кидман за насловната страница за неговиот "PlayBoy", како таа во едната рака држи цигара, а во другата соблечени гаќички.

Ако славната актерка го прифати предлогот за разголеното позирање, нејзиниот нов сопруг Кејт Урбан, не би можел ништо да и забележи затоа што тој и самиот се сликаше без облека за женскиот часопис "PlayGirls" во 2001 година, рече Хефнер.

Стариот плејбој ги "испука" сите американски убавици, па сега за снимање во неговото списание сака да ги наговори и другите секси Австралијанки како Кајли Миног и Наоми Вотс.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
60-тиот Кански Филмски Фестивал

Шеесетиот Кански Филмски фестивал е во тек и повторно ги покани светски познатите ѕвезди да зачекорат на црвениот тепих.
Веќе неколку дена со ред се проектираат филмови од познати режисери, се додека не се доделат Златните Палми.

60-тиот Кански Филмски Фестивал го отвори моделот Ева Херцигова, а хостеса беше Дајан Кругер.
Досега на црвениот тепих зачекорија Софи Марсо,Леонардо Ди Каприо, Анџелина Џоли и Бред Пит,како и U2 кои на 19 мај одржаа мини концерт,пред презентацијата на филмот U2 3D.

Како и секогаш,битен дел од овој фестивал е и модата.
Впрочем, и самиот Кански Филмски Фестивал е спонзориран од Chopard - познатата марка на скап накит.

Бред Пит и Анџелина Џоли


Миша Бартон во Диор


Дајен Кругер во Шанел


Елизабет Харли и дизајнерот Марио Валентино


Ева Херцигова и нејзиниот свршеник


Софи Марсо


Леонардо Ди Каприо во Армани
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
`Ангелче` напиша:
60-тиот Кански Филмски Фестивал

Шеесетиот Кански Филмски фестивал е во тек и повторно ги покани светски познатите ѕвезди да зачекорат на црвениот тепих.
Веќе неколку дена со ред се проектираат филмови од познати режисери, се додека не се доделат Златните Палми.

60-тиот Кански Филмски Фестивал го отвори моделот Ева Херцигова, а хостеса беше Дајан Кругер.
Досега на црвениот тепих зачекорија Софи Марсо,Леонардо Ди Каприо, Анџелина Џоли и Бред Пит,како и U2 кои на 19 мај одржаа мини концерт,пред презентацијата на филмот U2 3D.

Како и секогаш,битен дел од овој фестивал е и модата.
Впрочем, и самиот Кански Филмски Фестивал е спонзориран од Chopard - познатата марка на скап накит.

Бред Пит и Анџелина Џоли


Миша Бартон во Диор


Дајен Кругер во Шанел
*можда малце офтопик ама мораф!
Анџелина изглеа како нозете да и се најпространиот дел од телото О___________________О. Ја промашила малце темата.

Миша Бартон штотуку имала добар утрински секс, завиткана у чаршафот сварила кафе па седнала у кола и стасала на фестивалот.

Последнава подоборо да не ја коментирам.....многу подобро!
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Почина Џанфранко Фере

Светот на модата жалеше последниве неколку недели заради смртта на познатиот италијански моден дизајнер Џанфранко Фере.
Познат во модниот свет како “архитектот на модата’’, Фере стана познат по својата работа за “Диор’’, во периодот од 1989 до 1996, кога ја објави својата сопствена модна линија.
Фере кој ќе во Август ќе направел 63 години,почина од компликации на мозочниот тумор.
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Lesna mu zemja ama aj da se raduvame na zivite.
Roberto Cavalli esenva ke praj mini kolekcija za lanecot HM ,posto HM se eftini ke ima designirna obleka za masata.
Na Madona kolekcijata za Hm bese ziv promasaj po moe ama aj ke vidime sto ke napravi cicko Robert.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Да претпоставам шо ќе направи? Тигрести дезени,златни ланци,сандали,ремени,ташни,и некои други останати кич-срања,бапш во негов стил. Кавали сакс!
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Брејкинг њуз!


Познатата марка Емилио Пучи (Emilio Pucci) оствари соработка со луксузната американска марка на фармерки Seven For All Mankind.
Дизајнерот кој работи за Пучи, Matthew Williamson, ќе дизајнира ограничена количина на обоени фармерки. Фармерките ќе се продаваат во бутиците на Пучи,по цена од 200 долари по пар.

Риси Витерспун
е именувана како првиот глобален амбасадор на Авон. Освен што ќе учествува во рекламните кампањи и во развојот на продажбата на производите,таа и хонорарно ќе работи за Авон Фондацијата која работи против ракот на дојката,семејно насилство и итни хуманитарни иницијативи.

Утре,на Медисон Сквер во Њу Јорк Сити, Бијонс ќе има перформанс во склоп на рекламната кампања која таа ја работи за новиот парфем на Армани, Diamonds. 20 “амбасадори’’ на брендот, ќе дистрибуираат примероци од парфемот на публиката.

На Хајди Клум не и се допаѓа многу атмосферата што ја создале нејзините нови соседи,Бекамови. Откако се преселиле на Hollywood Hills(каде што Клум живее со својот сопруг и децата), тие донеле медиа-хаос од минатиот месец откако се вселиле. “- Не можеше ни да се вози,имаше тотален застој во сообраќајот од папараците кои седеа пред нивната куќа и ги чекаа да излезат.’’ - изјави супермоделката
на Шоуто на Џеј Лено.

Сара Џесика Паркер
изјавила дека сите облеки и аксесоари што ги зачувала од “Сексот и градот’’ ги чува како музејски антиквитети во подрум-плакар со регулатор на температурата.

Профитот на Булгари се зголемил за 8,9%,односно за 318 милиони долари и тоа само во првата половина на оваа година.
 
Ч

Чек Он Ит

Гостин
Актерката наоѓа време да купува ... Дизајнерката најавува нова колекција ...



Актерката сеуште наоѓа време да купува меѓу лудилото ...
Лохан не е сеуште загубена ...

Уапсена во алкохолна состојба се поголеми се изгледите дека таа би можела да се соочи со затворска казна. Пред инцидентот, сепак, таа го задржала својот гламур во нејзиниот неповторлив стил, славејќи го нејзиниот 21 роденден на плажа во Малибу во бикини на Ron Herman и сини Louis Vuitton сандали со платформа, со нејзините роднини и пријатели во приватна куќа. Таа подоцна била забележана во продавница на брендот Ron Herman во Лос Анџелес, каде купила блуза со Hysteric Glamour натпис која ја носела подоцна вечерта (погоре). Сега се што треба да прави е да избегнува носење на портокалови одела, иако сме доста сигурни дека таа (НЕ) би можела да го изоси со стил.



Нова колекција на светски познатата Стела МекКартни ...
Ooh la la, Stella ...

Уште една недела, уште една соработка на Stella McCartney - дали оваа девојка некогаш сопира ? Супер-мајката сега го насочува нејзиното внимание кон lingerie collection,во соработка со компанијата за долна облека, чии клиенти го вклучуваат и Elle Macpherson Intimates.Со емпатија кон природниот секси изглед и модерни дизајни колекцијата ќе биде направена од ''Luxurious fabrics'', вклучувајки органски памук и свила, со потпис на МекКартни палетата на бои овојпат се состои од: розево, крем, плаво и бисерно сиво. Што има Стела да каже за оваа колекција, 'Ова е природна прогресија (напреднување) за мене. Долната облека ми е опсесија, јас бев инспирирана за колекција за долна облека од пред многу, многу години и се до сега мојата инспирација ја користев за колекцијата во Св. Мартинс односно ја користев секогаш во мојата работа.' Првата колекција ќе биде во продавниците во Јануари 2008.
 
Ч

Чек Он Ит

Гостин
Хајди Клум полугола за „Џордаш“



Топ-моделката Хајди Клум е ново заштитно лице на џинсот на „Џордаш“. На рекламите, кои за оваа модна куќа ги сними холивудскиот режисер Брет Ретнер во хотелот „Шато Мармон“ во Лос Анџелес, Клум носи само класични темнотегет фармерки „џордаши“.
Всушност, сите нови промотивни спотови и реклами на „Џордаши“ се базираат на контроверзната телевизиска реклама од 1979 година во која главната хероина јава коњ во топлес. Поради бурните реакции, тогашниот маркетиншки спот беше повлечен и забранет за прикажување. По 28 години, Хајди се појавува во слична реклама, со таа разлика што на нозете носи фармерки. - Со својот успешен живот како манекенка, но и мајка, Хајди го обединува сето она што се очекува од жена која треба да го претставува брендот „џордаши“ - изјавија претставници од модната куќа. Клум, која во почетокот од нејзината модна кариера ја нарекоа Телото, поради нејзината совршена става, денес е успешна телевизиска водителка, мајка на три деца, но се уште активно се занимава и со манекенство.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Париска Модна Недела - Day 7

Колекцијата на Стефано Пилати за YSL, презентирана минатата вечер во Grand Palais, ги отвори колекциите за пролет-лето и ги наговести новите трендови на модната писта. Лале-сукњите, долгите волнени фустани и неутралните тонови беа само дел од неговата креативна визија во работата за оваа марка.




Истиот ден малку порано, на ревијата на Stella McCartney во првите редови се најдоа Kanye West, Lily Allen и Sir Paul McCartney, за да бидат сведоци на целосното предавање на „зелените вибрации’’ на кои дизајнерката им се предава оваа сезона.
Дизајнерката ја одржа својата ревија во ботаничка градина, изобилувајќи со кокетни шарени фустанчиња и шарк-принтовите, со кои таа изненадува, овој пат одбегнувајќи ги спортските линии типични за неа.







Celine беше изненадувањето на денот со колекцијата на свечените red carpet фустани, најчесто корсети и во добро познатата А-линија.





Откако бурниот моден ден заврши, сите побрзаа кон бутикот на Роберто Кавали за да се информираат за новите купени парчиња на Викторија Бекам и Џејд Џегер, или пак на BoomBox забавата, или пак на свеченото соаре приредено од дизајнерот на ташни Corto Moltedo, синот на основачите на Bottega Veneta - Vittorio и Laura Moltedo, пред да се подготват за Chanel, Sonia Rykiel, Rue Du Mail и Alexander McQueen денес.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Cavalli за H&M

Roberto Cavalli е новиот дизајнер на најновата колеција на H&M.
Колекцијата ќе содржи секси фустани со анимал принтови,сатен, тексас и лажно крзно со потписот на Кавали.
Колекцијата ќе биде во продажба од 8 ноември.




ALEXANDER McQueen за Puma

ALEXANDER McQueen дизајнира линија на патики за колекцијата
есен-зима на Puma. Направени од луксузна сива кожа, патиките изгледаат како мешавина на „висока мода и улична’’, според McQueen.



Pepsi во мода?

Пепси лансира колекција на женска облека за пролет-лето,базирана на архивата на компанијата на слики и слогани, како и мешавина од трендовите за оваа сезона.
Колекцијата содржи голем избор на тексас, блузички како и јакни и вентијаги.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
:vozbud:Погледнете кој му е другарче на Том Форд! На тој Том Форд, да:vozbud:!

http://profile.myspace.com/index.cfm?fuseaction=user.viewprofile&friendID=160455292

Д уан енд онли, Петар Ѓошев :nesvest:!

Лол, како шо видов јас има таму и некое бате од Саудиска Арабија или од уџум исто така. За џабе галамата,сто посто нешто автоматски се Адд-оваат контакти и профили.Енивеј. :)
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Лол, како шо видов јас има таму и некое бате од Саудиска Арабија или од уџум исто така. За џабе галамата,сто посто нешто автоматски се Адд-оваат контакти и профили.Енивеј. :)
Па баш затоа што е зафрканција го напишав во веќе постоечка тема само како обичен пост. Значи, ни Г од галама.:smir:
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
TopShop во САД

Првата продавница на TopShop во САД, ќе биде отворена на улицата Бродвеј, во Њу Јорк, наредната година.
Phillip Green, сопственикот, планира глобално завземање на пазарот.
Планира да отвори повеќе продавници во Северна Америка, од Лас Вегас до Бостон, две на Менхетен, а исто така и Париз, Милано, Јужна Африка, Австралија, Бразил, Индија и Кина.


Daria Werbowy за Pepe Jeans

Не очекувајте уште една ад-кампања од Сиена Милер за Pepe Jeans, бидејќи сега е заменета од моделот Daria Werbowy.
Како бонус, вклучен е и Ештон Качер.


Viktor&Rolf колекција за Samsonite

Viktor&Rolf ќе ја работат најновата Black Label колекција за добро познатата марка на ташни и куфери - Samsonite.
Travel колекцијата ќе содржи куфери, куферчиња за шминка, како и патни торби.


Tiffany and Co. го добиваат спорот против eBay

Tiffany and Co., добро познатата марка на ексклузивен,скап накит го доби спорот што го водеше со аукциската страна eBay, во 2004.
Tiffany and Co. ги обвини eBay за продавање на лажен накит со нивното име.


Jessica Stam се слупа! :pos:


Познатата манекенка Jessica Stam падна на ревијата на Chloe, откако евентуално се засопна од нејзината друга нога и незгодните високи чевли на дебела потпетица.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom