10 трикови за коса како на Клаудија Шифер
http://imageshack.us
Познатата германска манекенка позната е не само по својата витка фигура, туку и по долгата и негувана плава коса која уште пред 18 години стана нејзин заштитен знак.
Ако и вие имате долга коса, тогаш вие најдобро си знаете колку труд треба да се вложи во нејзиното одржување. Тука не е крајот, затоа што треба да се избегне досадниот изглед на распуштена коса која виси без никаков облик и идеја, или уште полошо, да се држи секојдневно фатена во опаш. Тоа е, доколку уште не знаете, вистински терор за вашата коса.
Затоа боженствената Клаудија одлучи да ги открие тајните со кои успева секогаш да изгледа одлично, со како што вели таа, многу малку труд. Тоа секако треба се испроба. Одговорот, вели Клаудија, лежи во постојано применување нови идеи.
1. Направи благи завојки
Намотајте ја косата околу топли навојувачи, оставете ги на косата околу 30 мин и потоа тргнете ги.
Дополнителен совет: Не ја чешлајте косата, само благо поминете со прстите низ неа и краевите ставете малку серум.
2. Гламурозна фризура за вечерно излегување
За вечерното излегување секогаш треба да се има посебна фризура, која бара повеќе труд.
Најефективно е да го зголемите волуменот, а најдобриот совет за тоа го даде стилистот на Клаудија. Значи, прво навалете ја главата надоле и на косата нанесете малку восок. Потоа ‘зафрлувајќи’ ја косата наназад, вратете ја главата право, и во рацете ставете малку детска пудра и од внатрешната страна на косата пројдете со прстите преку прамените и на тој начин ќе створите впечаток на поголем волумен.
Дополнителен совет: Не се грижете, никој нема да забележи што сте направиле.
3. Натапирај го коренот на косата
За оваа фризура никако не смееш да користиш чешел, туку земете четка која има гумено перниче затоа што е многу пофлексибилна и понежна за косата, па и ќе го избегнете електрицитетот. Се што треба да направите е да чешлате од челото накај темето.
Дополнителен совет: Ова е фантастично. Ќе добиете полн изглед на врвот на главата и се тоа без многу труд.
4. Направите неколку мали плетенки
Доволно се две три плетенки, па немојте да претерувате или да ги направите до лицето, затоа што во тој случај ќе има спротивен ефект. Најдобро е да ги направите малку позади ушите и тоа многу тенко и не претерано уредно. Дури и кога ќе ги тргнете ластичињата ќе изгледате доволно cool.
5. Изглед за празниците
Многубројните спрејови кои на косата даваат разбушавен изглед кој потсеќа на летните деновии сол во косата твојата коса сепак можат да ја направат млитава и вез сјај. Меѓутоа, Клаудиниот мал трик ќе ви го даде секогаш посакуваниот сјај. Доволно е да во боцата во која е распрскувачот да измешаш малку вода и лимунов сок и тоа да го попрскаш на сува коса.
Дополнителен совет: Ова навистина делува, а и покрај тоа, ќе изгледаш како да си поминала цела недела на плажа.
6. Лежерна пунџа
Ако имаш малку подебелко лице, ќе изгледаш послабо ако ја подигнеш косата и оставиш неколку ‘несмасни’ прамени околу лицето. Наведнете ја главата надоле, соберете ја косата во опаш и направете лежерна пунџа, прицврстете ја и извлечете неколку прамени да останат на лицето.
Дополнителен совет: Не се плашете да извлечете малку подебели прамени од оние на кои си навикнала.
7. Користете шноли кои одговараат со бојата на вашата коса
Клаудија често знае да стави шнолички со боја на мед во косата над ушите со што би го ослободила лицето а косата би ја повлекла малку наназад. И бидејќи шнолите се скоро иста боја како што и е косата, таа изгледа отмено и што е најважно никогаш неуредно.
Дополнителен совет: Над ушите ставете шноли во облик на буквата Х и за неколку секунди ќе го промените вашиот изглед.
8. Одлучи се за низок опаш
Доколку сакаш да изгледаш малку посериозно, најдобро е да направите низок опаш во висина на вратот, никако во висина на ушите, бидејќи ќе постигнеш сосема друг ефект. Опашот секако врзи го со проѕирна гумичка или со боја на косата.
Дополнителен совет: Брза и практична фризура со која во секоја ситуација може да изгледате одлично.
9. Променете го ‘раздељакот’
Ако ви досади секогаш истата распуштена коса, а не сте спремни на драстични промени, тогаш ова е една од најлесните и најбезболни промени. Затоа Клаудија веќе некое време прави раздељак на средина на главата а не на страна како порано.
Дополнителен совет: Добро е затоа што потсеќа на 60-тите и многу е попрактично да имаш раздељак на средина затоа пто кога работиш секогаш можеш да ја ставиш косата од страна позади уштеи, за да не ви пречи.
10. Опушти се
Најважно од се, порачува Клаудија, е да на робувате на сопствената коса: ”Најубаво изгледаш кога не се трудиш премногу, кога изгледаш природно”. Затоа таа сака да ја пере косата навечер, да стави потоа серум, и да оди на спиење. Наутро само нечно ја прочешлува со прстите и ”тоа е совршен изглед за викенд” тврди Клаудија.