<H1>Берлин гневен на Папандреу</H1>
Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле изјави дека никако не може да го разбере потегот на владата во Атина, која го поддржа барањето за наплата на компензација за жртвите и преживеаните од масакрот на нацистичката војска во 1944 година
Берлин и Атина повторно разменија остри тонови, откако владата на премиерот Јоргос Папандреу го поддржа барањето за наплата на компензација од Германија на роднините на 218 грчки жртви и преживеаните од масакрот на германската нацистичка војска во март 1944 година, во селото Дистомо, пишува „Обсервер“.
Досега ниту една од претходните грчки влади не се осмели да го покрене ова прашање, не сакајќи да дојде во судир со Германија. Решението на сегашната влада на ПАСОК да бара нова компензација за злосторство извршено пред повеќе од 60 години, според лондонскиот неделник, ќе предизвика натамошно влошување на и онака лошите билатерални односи меѓу двете земји од ЕУ и од еврозоната.
Во изјавата за „Обсервер“, грчкиот премиер нагласил дека во барањето за компензација за злосторствата на нацистите, нема ништо антигерманско и дека станува збор за историјата и за правото на луѓето кои биле жртвувани за нивната земја. Владата во Атина го поддржа и барањето против Германија да биде поднесена тужба пред Меѓународниот суд на правдата, за да се наплати компензацијата.
Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле налутено реагирал на решението на грчката влада, изјавувајќи дека Берлин никако не може да го разбере овој потег на владата во Атина. Тој нагласил дека ако дојде до судење пред Меѓународниот суд, Германците нема да го загубат спорот. Владата на Меркел смета дека прашањето околу компензацијата за масакрот од 1944 година е разрешено уште во 1960 година, со договорот за исплата на штета меѓу двете влади. Тогаш германската влада има исплатено отштета од денешни 60 милиони евра, но сега Грција бара отштета од 165 милиони евра.
Германската влада и канцеларката Ангела Меркел неколкупати досега остро ја критикуваа Грција за неразумното трошење и за огромниот долг што е создаден во земјата, поради кој ЕУ и ММФ мораа итно да интервенираат со 110 милијарди евра за спасување на грчката држава од банкрот и на еврото од целосно пропаѓање, при што Германија беше земјата која даде најмногу пари. Меркел на еден од претходните самити на ЕУ се судри јавно со Папандреу кога побара земјите од еврозоната што ја спасуваа Грција да имаат увид во тоа како земјата ги троши парите и како се однесува, доколку сака да биде дел од монетарната унија, што грчкиот премиер го оквалификува како ограничување на демократијата
Рани куче да те лае.
Само нека продолжат они сами да си ја копаат дупката......
--- надополнето ---
ММФ и порачува на Грција да продава имот, Атина не се согласува
Продавајте пристаништата, плажи, банки, грчката електро дистрибуција и други државни недвижности за да го отплатите долгот – ова претставниците на ММФ, Европската унија и Европската централна банка и го порачаа на Грција.
Тие соопштија дека грчката влада се согласила на приватизација на државни имоти во вредност од 50 милијарди евра до 2015та.
-Целта е целосна приватизација во висина од 50 милијарди евра за периодот 2011-2015, од кои барем 15 милијарди евра во 2011-2012, вели Сервас Дерус, претставник на ЕУ.
Оваа изјава го изненади грчкиот премиер, но предизвика и реакции во внатрешноста на земјата. Имаме потреба, но имаме и граници, ова е неприфатливо беше одговорот на Папандреу.
-Побаравме да ни помогнат и ги исполнуваме во целост нашите обврски, но не побаравме од никој да се меша во внатрешните работи на земјат, додаде грчкиот премиер.
-Жал ни е за погрешните впечатоци, одговорија претставниците на Тројката, по реакцијата на Папандреу.
Тие доцна синоќа соопштија дека Грција е на добар пат. Сепак Сервас Дерус, претставникот на ЕУ за Грција во интервјуто за весникот Вима, останува на ставот дека Грција треба да продава државни имоти.
Ваквиот развој на настаните повторно ги подгреа гласините за предвремени избори. Се шпекулира и со датуми, 3 април, веднаш по завршувањето на мартовскиот ЕУ самит.
Според последните анкети на јавното мислење владејачката ПАСОК останува на прво место со поддршка од 38%, а опозициската Неа Димократија 8% помалку, односно 30%.
Заборавиле дека го дадоа газот под кирија.
Тек сега им почнува "транзиција"